ОУ „Крсте Петков Мисирков“ - Куманово
Општинско основно училиште Крсте Петков Мисирков — основно училиште во Куманово, Општина Куманово.[1] Училиштето ја дели зградата со ООУ „Браќа Миладиновци“. Наречено е по македонскиот филолог, кодификатор, славист, историчар, етнограф - Крсте Петков Мисирков.
ООУ „Крсте Петков Мисирков“ | |
---|---|
Заедничката зграда на ООУ „Крсте Петков Мисирков“и ООУ „Браќа Миладиновци“
| |
Место | |
Општина: | Куманово |
Нас. место: | Куманово |
Адреса: | Ул. „Народна Револуција“ бр. 43 |
Местоположба | |
Основни информации | |
Основано: | 1948гимназија) | (како
Директор: | Александар Саздевски |
Настава на: | македонски |
Контактни информации | |
Мреж. место | https://kmku.edu.mk/ |
Е-пошта | krstemisirkov@kmku.edu.mk krstemisirkov@yahoo.com |
Телефон | 31 42 42 31 |
Историја
уредиКако резултат на приливот на поголем број ученици во гимназијата „Гоце Делчев“ во септември 1948 година, од неа биле издвоени 11 паралелки со 480 ученици со дел од наставниот кадар, и со тоа била створена неполната гимназија „Крсте Мисирков“.[2]
Младите книжевници од 1959 година издаваат свое списание „Пламенче“.[2]
Училиштето поседува свој кабинет по информатика уште од 1986 година.[2]
Во првата половина на 2010-тите, во училиштето имало 45 паралелки во кои биле опфатени 1.180 ученици. Образовно-воспитната работа во 45-те паралелки ја извадуваат 60 наставници.[2]
Учество на натпревари
уредиОсвоени награди
уредиДвапати е добитник на Ноемвриската награда, како највисока награда на Собранието на Општината за покажаните резултати и тоа во 1971 и 1988 година. Прво од училиштата во Општината е добитник на највисока републичка Награда „Климент Охридски“ која се доделува за осебени заслуги за постигнати во образованието, здравството и културата што се во интерес на Република Македонија.[2]
Познати личности кои учеле во ова училиште
уредиПознати личности кои предавале во ова училиште
уредиЗбратимени училишта
уредиУчилиштето е збратимено со училиштата:[2]
- ОУ „Кочо Рацин“ - Прилеп
- ОУ „Доситеј Обрадовиќ“ - Врање, Србија
- ОУ „Петар Петровиќ-Његош“ - Зрењанин, Србија
Галерија
уреди-
Главниот влез
-
Северозападното крило на зградата
-
Северозападното крило на зградата
-
Југозападното крило на зградата
-
Спомен плоча во чест на настан кој се случил во зградата на училиштето за време на Априлската војна
-
Биста на Крсте Петков Мисирков
-
Биста на Крсте Петков Мисирков
-
Кошаркарското игралиште
Наводи
уредиНадворешни врски
уредиОваа статија училиште во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |