Вујадин Станојковиќ

Вујадин Станојковиќ (српски: Вујадин Станојковић; 10 септември 1963 во Куманово) — македонски и поранешен југословенски фудбалер и тренер. Неговото семејство е од Речица каде што тој израснал.

Вујадин Станојковиќ
Лични податоци
Роден на 10 септември 1963(1963-09-10)(61 г.)
Роден во Куманово, СР Македонија, СФРЈ
Висина 1,78 м.
Позиција Одбрана
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985 ФК Куманово 18 (3)
1986–1989 ФК Вардар 96 (7)
1989–1993 ФК Партизан 110 (9)
1993–1996 ФК Дегерфрос 46 (3)
1997–1998 ФК Трелеборг 34 (1)
Репрезентација
1988–1992 Југославија 21 (1)
1994–1995 Македонија[1] 7 (0)
Тренер на екипи
1998-2000 ФК Македонија Ѓорче Петров (директор)
2004-2005 ФК Вардар
2006-2009 Македонија (асистент)

Како дефанзивец настапувал 21 пат (во период помеѓу 1988 и 1992) за фудбалската репрезентација на Југославија и постигнал еден гол, вклучувајќи и два настапи на Светското првенство во фудбал во 1990 година. Помеѓу 1994 и 1995 година тој настапил 7 пати за ново создадената репрезентација на Македонија.

По повлекувањето од фудбалот, Вујадин Станојковиќ бил директор на ФК Македонија Ѓорче Петров. Тој исто така бил помошен тренер на македонската фудбалска репрезентација. Во 2004 бил именуван за тренер на ФК Вардар.

Статистика

уреди
Сезона Клуб Земја Натпревари Голови
1985/86 ФК Куманово   Југославија 18 3
1985/86 ФК Вардар   Југославија 4 0
1986/87 ФК Вардар   Југославија 27 4
1987/88 ФК Вардар   Југославија 32 1
1988/89 ФК Вардар   Југославија 33 2
1989/90 ФК Партизан   Југославија 27 2
1990/91 ФК Партизан   Југославија 32 1
1991/92 ФК Партизан   Југославија 24 1
1992/93 ФК Партизан   Југославија 27 5
1993 ФК Дегерфрос   Шведска 14 3
1994 ФК Дегерфрос   Шведска 25 0
1995 ФК Дегерфрос   Шведска 7 0
1996 ФК Дегерфрос   Шведска 23 2
1997 ФК Трелеборг   Шведска 25 1
1998 ФК Трелеборг   Шведска 9 0
Вкупно 324 25

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди