Црква „Св. Троица“ - Куманово
Света Троица — македонски православен храм, кој се наоѓа во строгиот центар на градот Куманово, во непосредна близина зад Домот на културата „Трајко Прокопиев“ и висококатницата. Според изгледот на градбата, црквата најверојатно е изградена во дваесеттите години на XX век[1]. Таа е понова црква изградена по отоманското владеење, втора во центарот на Куманово, покрај соборниот храм Свети Никола.
Света Троица
| |
Поглед на црквата Света Троица во Куманово | |
македонска православна црква | |
Епархија | Кумановско-осоговска |
Архијерејско намесништво | Кумановско-кратовско |
Местоположба | |
---|---|
Место | Куманово |
Општина | Куманово |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свето Тројство |
Изградба | 1920-ти |
Архитектонски опис |
Манастир Св. Троица
уредиМанастирот Св. Троица се наоѓа во с. Скачковце, Куманово.
Крстовите на манастирот Св. Троица
уредиНа 14 октомври, на празникот Покров на Пресвета Богородица, пред очите на сведоци, на стеблото на еден од дабовите во манастирот „Св. Троица“, почнал да се појавува триаголник. Потоа од него се формирал крст. Малку подоцна, вчудовидените сведоци виделе дека тоа се повторило и на стеблата на уште два даба. Ова не е прво чудо, велат, но првпат успеале нешто да снимат.
Мистерија
уредиОва не е прво чудо што се случило во манастирот, имало и други, кратко ни рече свештеникот Стојан Пајковски-Пајко, кога слушна за што сме дојдени. Повеќе сака да зборува за манастирот отколку за чудото. Подоцна, неговата сопруга ни објаснува дека тој има обичај да каже: „Тоа се божји работи, вие вршете ги човечките“.
На 14 октомври, на празникот Покров на Пресвета Богородица, три крста се појавиле на старите дабови дрвја во манастирскиот двор, сите три свртени кон светиот крст, кој тука стои повеќе од десет века.
- Беше попладне, точно 3.18 часот. Најпрвин на стеблото на едниот даб се појави триаголник, како знак на Светото тројство, а потоа од него произлезе крст. Го викнав мајстор Љубе, кој беше во близината. Гледавме како крстот се формира на кората на дрвото. Набргу уште два крста се појавија на другите два даба. Не е првпат, ама овој пат успеавме да снимиме и фотографии - раскажува Марина, сопругата на поп Стојан.
Случајно дознавме за ова од посетител на манастирот. Ни се чинеше неверојатно, па моравме да се увериме самите. Изненадувачки за нас, „Св. Троица“ во селото Скачковце е еден од најубаво уредените манастири во Македонија. Бргу ги најдовме дабовите врз чија кора се има нафатено зеленкасто-сива боја, од која се двојат создадените крстови. Гледаме со недоверба, со раката ги допираме крстовите, бараме трага од некое средство со кое се издлабени, ама попусто.
Домаќините како да ја претчувствуваат недовербата и со насмевка велат: - Кој верува - верува, кој не - здравје!
Нè канат на кафе, го пиеме, но се враќаме назад уште еднаш, бараме потврда за нашата недоверба, ама никако не ни оди. На еден од крстовите се искорнати две-три парчиња од кората на дабот, но тоа очигледно е сторено од некои посетители. Недовербата полека исчезнува, а зачуденоста расте. Сме слушале за вакви работи низ светот, сме чуле за слични чуда и тука во Македонија, но многу од нив можеле да се толкуваат различно. За ова немаме објаснување и не ни останува ништо друго освен да веруваме во сведоштвото.
Внукот на бегот
уредиВпрочем, стариот крст (според преданието за него и ридот го носи името Крстно место), од памтивека, во Кумановско и многу пошироко е познат по исцелителната моќ за телесни или психички проблеми на верниците. За тоа постојат повеќе преданија. Едно од најстарите е поврзано со самиот почеток на османлиското владеење во Македонија. Внукот на бегот од Куманово бил парализиран. По принесените дарови, по клекнувањето пред крстот и молитвите на бегот, детето се исправило и почнало да се движи како никогаш да не било парализирано. За возврат, поради чудесната моќ на крстот, бегот дозволил верниците од селото Скачковце (во тоа време Али Факли, што во слободен превод значи село што скока, поради расфрлените куќи во околината), слободно да го слават Денот на крстот, кој во календарот е обележан како прв ден по Духовден. Во дозволата бегот напишал дека славјето треба да почне пред зајдисонце, кога сонцето ќе биде на три остени над заодот. Тоа најверојатно е и времето кога неговото внуче се кренало на нозе.
Прота Пајковски, кој е и ктитор на манастирскиот комплекс, многу од чудата ги чува во себе и за себе. И од нив ќе го издвои тоа што се случило пред пет години.
- Една квечерина, штотуку дојдов од Скопје, кога возобновениот крст како да пламна со невиден оган. Отидов до крстот. Огнот растеше, а јас отидов и со раката го допирав, го галев. Немаше никаква жештина. Тогаш ми се јави татко ми, стар човек во деветтата деценија од животот. Мислел дека сè уште патувам, па ми рече: „Доаѓај побрзо, крстот ти е во пламен, сите очи од селото се свртени натаму!“. Му реков дека веќе сум тука. Потоа огнот го снема, а крстот си остана како ништо да не се случило - раскажува отецот.
Неговата сопруга, онака патем, ни зборува за скопска брачна двојка, атеисти, од кои лекарите, дури и со сите денешни можности, кренале раце дека можат да имаат пород. Некако дошле во манастирот, кога кај крстот им се јавиле ликовите, најпрвин на св. Сисое, а потоа и на самиот Исус. Сопругот клекнал и ја бакнал земјата. Денес имаат детенце.
Отецот Пајковски вели дека првите записи за ова свето место, наречено големо светилиште, датираат од 16 век, а обновата на крстот и изградбата на манастирскиот комплекс ќе овозможат тоа да остане така и долго по нас.
Молитва и копач
уредиПриказната за крстот и воопшто за комплексот е вистинска реткост за нашето време. Сè почнало пред повеќе од две децении, кога прота Пајковски се вратил во Македонија по мисијата меѓу Македонците во Австралија. Тогаш, Пајковски, кој е роден во Скачковце во 1951 година, побуден од верски чувства и, како што самиот вели, од локален патриотизам, решава да ја исполни својата дамнешна желба, да го возобнови стариот крст, кој им донел здравје, среќа и радост на многу негови поклоници. За почеток, имотот што татко му му го дал како оставина од предците и тој што самиот го купил од соселаните и го препишал на МПЦ. Веднаш потоа почнал со изградба на големиот крст, кој денес се гледа оддалеку. Во неговата основа го вградил стариот крст, поточно тоа што низ вековите останало од него. Како симбол на дванаесетте апостоли, кои Господ ги испратил низ светот, градбата ја извишил 12 метри. На денот на осветување на крстот, во своето обраќање до верниците Пајковски ветил дека тука ќе изгради и манастирски комплекс, кој ќе ги отсликува рајот и убавината на Земјата. Тоа се случило во 1997 година. Три години подоцна ветувањето било остварено.
Во изградбата, од проектирањето, преку подигањето на манастирскиот комплекс до создавањето на фреските и иконите, сè им било доверено на врвни стручњаци.
Денес комплексот се протега на 20 хектари. Не треба многу за човек да се увери дека отецот навистина се вложил и себеси за да го овековечи земниот рај. Покрај крстот, црквата иконописана со сите македонски светци и конаците, Пајковски ја изградил и сета инфраструктура, вклучувајќи и сопствени извори на вода. Тука се и 4.000 зимзелени дрвја, 300 корени разнобојни цвеќиња, старите дабови, кои се украс самите за себе, а единствениот парк го сочинуваат и прекрасно уредените тревници. Среде сето тоа, распослани се повеќе видиковци со простор за седење за 300 луѓе. На еден од нив работел мајсторот Љубе, сведок на појавувањето на крстовите на 14 октомври. Крај нив, на отворен простор ќе најдете повеќе чешми, фонтани, скари и фурни. Тука се и живеалиштата за егзотични птици, гулаби и живина, но и забавен парк за децата.
Прота Пајковски се надева дека пред да го заврши својот земен живот ќе успее во рамките на комплексот да изгради и етно-населба со 20 куќички. Како ктитор, до црквата веќе го подготвил и својот вечен дом.
Годишно комплексот го посетуваат илјадници паталци и намерници, како и 5-10 илјади ученици од сите краишта на Македонија.
Така и му прилега на местото што го создал отец кој наутро и навечер држи молитви и Библија, а преку ден копач и мотика.
Наводи
уреди- ↑ „Во Куманово се одржа свечена литургија во храмот "Св. Троица" -Кумановци ја одбележаа 100-годишнината на својата црква“. Утрински Весник. Посетено на 2011-02-14.[мртва врска]