Галерија на икони (Куманово)
Галерија на икони - Куманово — музеј на икони во црквата „Св. Никола“ во центарот на градот Куманово.[1]
Црквата „Св. Никола“ во која е сместена галеријата | |
Основан | 2001 |
---|---|
Место | Куманово, Македонија |
Тип | духовен |
Фонд | икони |
Сместена е на катот во црквата. Отворена е во јануари 2001 г. по повод 150-годишнината од нејзината изградба. Во неа се изложени многу икони од различни запуштени цркви и манастири во Кумановскиот крај кои датираат помеѓу XVI и XIX век.
Застапени цркви и манастири
уредиИконите се донесени од различни места како Забелскиот манастир, Карпинскиот манастир, црквите Градишкиот манастир, „Свети Ѓорѓи“ во Младо Нагоричане, „Св. Никола“ во Павлешенци, „Св. Јован Опсечен“ во Режановце, „Св. Спас“ во Довезенце, „Св. Илија“ во Никуљане, „Св. Никола“ во Колицко, „Св. Илија“ во Живиње, „Св. Петка“ во Мургаш и „Св. Петка“ во Пезово.
Има и икони од цркви „Св. Никола“ и „Св. Троица“ во самото Куманово.
Застапени иконописци
уредиМеѓу авторите се иконописци и живописци како Дичо Зограф, Величко Костов, Зафир Василков, Димитар Андонов Папрадишки, Јосиф Мажовски и хаџи Коста Крстев.[1][2]
-
„Архангел Михаил“, прва четвртина на XIX век
-
„Света Петка“, прва четвртина на XIX век
-
„Света Петка“, 1898, Јосиф Мажовски
-
„Свети Никола“
-
„Свети Ѓорѓи“
-
„Света Петка“
-
„Свети Теодор Тирон“
-
„Крштение Господово“, 1866/8 г., дар од Стаменко Ракиџија
-
„Рождество Христово“, 1860-те, дар од Димитар и децата
-
„Свети 40 маченици“, 1868 г., дар од Денко Спасин
-
„Свети Никола“, втора половина на XIX век
-
„Свети Никола“ од „Св. Никола“ во Колицко, втора половина на XIX век
-
„Свети Симеон Столпник“ од „Св. Никола“ во Колицко, втора половина на XIX век
-
„Свети Никола“ од „Св. Илија“ во Живиње, втора половина на XIX век
-
„Свети Илија“ од „Св. Илија“ во Никуљане, 1898, Јосиф Мажовски
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 „Галерија на икони - црква Свети Никола“. Visit Kumanovo. Посетено на 3 јануари 2018.
- ↑ „Галерија на икони“. Галерија на икони од Кумановскиот крај во црквата Св. Никола, Куманово. Посетено на 14 април 2014.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Галерија на икони (Куманово) на Ризницата ?
- Страница за Галеријата на икони во Куманово и нејзините експонати (архивирано)