Карпош (населба во Куманово)
село во Општина Куманово
- За истоимените борци, видете Карпош и Христијан Тодоровски-Карпош. За населбите Карпош во Скопје, видете Карпош (Скопје). За други значења видете Карпош (појаснување).
Карпош е приградска населба во североисточниот дел на Куманово, административно во состав на Општина Куманово. Населението се состои од околу 5.433 жители, најголемиот дел Македонци и Срби. Меѓу народот е позната под името „Рајкова куќа“, народното име го добила по некој човек кој се викал Рајко а неговата куќа била единствена во тој крај во тоа време. Населбата е оддалечена околу 3 km од центарот на Куманово, а во неа се наоѓа основното училиште „Магдалена Антова“. На влезот на населбата Карпош е поставен крст по повод 2000 години од христијанството во Македонија.
Етничкиот состав на населението е следниот: [1]
Националност | 1994. год. | 2002. год. |
---|---|---|
Македонци | 4.080 (89,9%) | 4.907 (90,3%) |
Срби | 454 (10,0%) | 503 (9,3%) |
останати | 6 (0,1%) | 22 (0,4%) |
ВКУПНО | 4.540 | 5.433 |
Наводи
уредиОваа статија поврзана со Куманово е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
- ↑ „Попис на Македонија“. Завод за статистика на Македонија. 2002.