КК Куманово 2009
ЛигаПрва лига мажи
Основан1946; пред 78 години (1946)
СалаПеро Наков
Сала Капацитет300
МестоКуманово
Бои на клуботсина и бела
         
ПретседателВиктор Божиновски
ТренерГоран Димитријевиќ
Прваци1 Прва кошаркарска републичка лига
Дресови
Домашен jersey
Team colours
Домашен
Гостински jersey
Team colours
Гостински


Историја

уреди

Клубот бил формиран во 1946 година. Таа година, Куманово требал да се натпреварува во првата сезона на Првенството на Македонија чиј првак требал да го даде патникот во втората сезона на елитната Југословенската лига. Но во последен момент, со непознати причини, учеството го откажало екипата на Куманово.[1]

Клубот своите најголеми успеси ги доживеал во сезоната 1979/80, кога ја освоил титулата шампион на СР Македонија и така добил право на настап во Првата југословенска лига. Но, поради немање соодветна сала, клубот го изгубил правото на учество во лигата. Поради тоа, во 1980 година се изградила новата Спортска сала со капацитет од 4,150 гледачи, која била изградена како подарок на градот од фирмата „ИСКРА“-КУМАНОВО. Претходно, до 1980 година, клубот играл во салата „Соколана“, изградена во 1931 година.

Настапи во македонската кошаркарска лига

уреди

Во Првата македонска кошаркарска лига, КК Куманово го постигнал најголемиот успех во сезоната во сезоната 2001-2002, кога бил вице-шампион. Сепак, веќе во 2003 година, поради финансиски причини, клубот се распаднал, но во 2009 година повторно бил обновен. Исто така, голем успех на КК Куманово било учеството во финалето на Купот на Македонија 2013.

Во февруари 2015 година, „Куманово“ учествувал на завршниот турнир на Купот на Македонија, каде загубил од Работнички.[2] Исто така, клубот играл во финалето на првенството на Македонија, каде во финалето претрпил три порази од МЗТ Аеродром и така станал вицепрвак во Првенството.[3][4][5]

Меѓународни настапи

уреди

БИБЛ лига

уреди

Во сезоната 2014/2015, КК Куманово се натпреварувал во групата „Б“ од регионалната лига „БИБЛ“. Во првото коло, Куманово бил поразен во Пеќ од истоимениот тим со 88-89.[6] Во третото коло, КК Куманово ја остварил првата победа, кога на домашен терен го совладал црногорскиот клуб Сутјеска со 97-87. Најдобри стрелци за домашниот тим биле Вукашин Мандиќ, со 29 бода и Александар Костоски, со 16 бода.[7] Потоа, на домашен терен, Куманово го совладал тимот на „Рилски спортист“ со 89-82 (24-20, 22-14, 23-31, 20-17), а најефикаен во тимот биле Александар Костоски, со 29 бода и Саша Аврамовиќ, со 24 бода.[8] На гостувањето во Тиват, КК Куманово ја победил екипата на Теодо со 74-70, а најдобар кошаркар бил Александар Костоски, со 24 бода, 8 скока и 5 асистенции.[9] Во следното коло, на домашен терен, тимот на КК „Куманово“ претрпел неочекуван пораз од Пеќ со 83-93. Најефикасни во тимот на Куманово биле Вукашин Мандиќ, со 23 бода и Урош Луковиќ, со 20 бода и 10 скока.[10] Во седмото коло, на домашен терен, КК Куманово загубил од Теодо од Тиват со 76-93, по што тренерот Игор Михајловски си дал неотповиклива оставка.[11] Во последното коло од првата фаза на лигата, на гостински терен, КК Куманово ја победил екипата на Рилски Спортист со 95-90, со што се пласирал во втората фаза од лигата.[12]

Во втората фаза, КК Куманово настапувал во групата Ц, заедно со екипите на Пеќ, ЦСМ У Крајова и Морнар. Во првото коло, на домашен терен, тимот на Куманово остварил победа против Крајова со 81-79, со кошот на Синиша Аврамовски, постигнат на седум секунди пред крајот. Најефикасен стрелец во тимот на домаќините бил Александар Костовски со 19 бода.[13] Во третото коло, на свој терен, тимот на Куманово го победил Морнар од Бар со 92-84, со што го обезбедил пласманот во следната фаза од лигата. Најефикасин играчи на средбата биле Урош Луковиќ, со постигнати 26 бода, 11 скока, четири асистенции, две украдени топки и три блокади, како и Саша Аврамовиќ, со 20 бода, четири скока и пет асистенции.[14][15] Куманово ја забележал и четвртата победа во втората фаза, овојпат на гостувањето во Крајова, каде славел со 75-74 (43-34). Најдобри на средбата биле Костовски со 23 бода и Вукашин Мандиќ со 17 бода и осума скока.[16] По втората фаза, тимот на Куманово се пласирал во четврт-финалето, каде загубил од Рилски Спортист.[17]

Моментален состав

уреди
број име висина см позиција години државјанство пристигнал
во (година)
претходен клуб
10 Горјан Марковски 196 Бек /
Крилен центар
28   Македонија 2019 Фени Индустри
Ненад Стојановски 197 Крилен центар 24   Македонија 2021
Марио Стефановски 17   Македонија 2020
23 Ѓорѓи Георгиевски 190 Бек 22   Македонија 2020 Куманово 2009
8 Дамјан Робев 193 Бек /
Крилен центар
24   Македонија 2020 Вардар
18 Иван Волкановски 209 Центар 21   Македонија 2020 МЗТ Уни Банка (II)
14 Милош Јовановиќ 192 Бек 17   Македонија 2020 Mладински состав
28 Стеван Глигоријевиќ 205 Крилен центар 24   Србија
  Македонија
2020 Работнички
Никола Јосимовски 17   Македонија 2020
Ненад Стефановски 18   Македонија 2020
Урош Миљановски 18   Македонија 2020
Лука Димитриевски 16   Македонија 2020
13 Јован Црниќ 195 Бек 26   Србија 2020 Андрезие  
17 Кори Рос 191 Бек 29   САД 2020 Црн Дрим
12 Александар Андрејевиќ (к.) 207 Центар 30   Србија 2020 Леотар  
9 Отис Ливингстон 180 Разигрувач 24   САД 2021 Хорсенс  
16 Бранислав Ѓекиќ 208 Крилен центар
/ Центар
29   Србија 2021 Спарс  

Извор:Кошаркарска федерација на Македонија Архивирано на 29 октомври 2020 г. eurobasket.com

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Миодраг Мицковиќ (25 март 2020). „Спортски времеплов: Кошарка на фудбалски терен“. ekipa.mk преку web.archive.org. Архивирано од изворникот на 2020-03-25. Посетено на 25 март 2020.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  2. Сашко Ѓ. Димовски, „Отпишаните „старци“ го возвратија ударот“, Утрински весник, година XVI, број 4718, вторник, 24 февруари 2015, стр. 19.
  3. МЗТ е старо-нов шампион: Аеродром слави четврта титула![мртва врска] ekipa.mk 2 јуни 2015
  4. „Јане Сандански“ дочека да слави: МЗТ со „метла“ удри печат на четвртата титула по ред! sportmedia.mk 2 јуни 2015
  5. Македонска кошаркарска федерација - официјално мрежно место (пристапено на 6.6.2015)
  6. „Куманово поразено во Пеќ, под сенката на Голема Албанија“, Дневник, година XVIII, број 5594, петок, 17 октомври 2014, стр. 25.
  7. „Михајловски добро диригира со Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5605, понеделник, 31 октомври 2014, стр. 22.
  8. „Куманово предводен од Костоски му го нанесе првиот пораз на Рилски“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 26.
  9. „Кожув и Куманово сигурни во БИБЛ“, Дневник, година XVIII, број 5617, петок, 14 ноември 2014, стр. 25.
  10. „Кожув славеше во Бар, Пеќ се радуваше во Куманово“, Дневник, година XVIII, број 5640, петок, 12 декември 2014, стр. 26.
  11. „Тежок пораз за Куманово, Михајловки си даде оставка“, Дневник, година XIX, број 5673, петок, 23 јануари 2015, стр. 24.
  12. „Кожув и Куманово во втората фаза од БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5679, петок, 30 јануари 2015, стр. 22.
  13. „И Куманово тргна победнички во БИБЛ“, Дневник, година XIX, број 5685, петок, 6 февруари 2015, стр. 23.
  14. „Кумановци го потопија Морнар“, Утрински весник, година XVI, број 4715, петок, 20 февруари 2015, стр. 22.
  15. „Кумановци му зедоа мерка на Морнар во БИБЛ-лигата“, Дневник, година XIX, број 5697, петок, 20 февруари 2015, стр. 20.
  16. „Кумановци поприсебни во драмата во Крајова“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 19.
  17. „Кожув во полуфиналето од БИБЛ-лигата ќе игра со Сигал“, Дневник, година XIX, број 5727, петок, 27 март 2015, стр. 27.