Градски парк (Куманово)
Градски парк — јавен парк во Куманово кој воедно е и најголемиот парк во градот. Паркот има површина од околу 29,400 м2 и е најстариот во градот.[1] Паркот се наоѓа на десниот брег на Липковска Река.[2]
Градски парк | |
---|---|
Западниот дел на паркот во 2022 година | |
Вид | Градски парк |
Место | Куманово, Македонија |
Координати | 42°8′29.04″N 21°42′55.39″E / 42.1414000° СГШ; 21.7153861° ИГД |
Површина | 2,90 хектари |
Отворен | 1930-ти |
Географија и местоположба
уредиГрадскиот парк се наоѓа во северниот дел на Куманово. Јужно од градскиот парк се наоѓа Градскиот стадион Куманово, додека на запад од него се наоѓа Стадионот „Башкими 1947“. Југоисточно од паркот е Автобуската станица Куманово.[1]
Историја
уредиПаркот бил изграден за време на Кралството Југославија, во 1930-тите.[1] Порано, кај паркот се наоѓала Градската плажа, изградена 1948 година. Откако започнала индустријализацијата на Куманово во погорното течение на Липковска Река (кај Бедиње) истата таа ја изгубила чистотата и со тоа плажата престанала да биде користена.[2]
Во 2022 година било спроведено обновување на паркот со пари обезбедени од Владата на Македонија.[3]
Галерија
уреди-
Кошаркарско игралиште
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 С. Николиќ (24 март 2022). „Во Куманово се гради смарт парк од 180 илјади евра, ќе треба и стражарска служба да го чува од вандали“. sdk.mk. Архивирано од изворникот 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Александра Максимовска (24 јули 2018). „Стариот градски парк во Куманово-мини воздушна бања“. lokalno.mk. Архивирано од изворникот на 6 декември 2022. Посетено на 6 декември 2022.
- ↑ „Продолжи уредувањето на стариот градски парк во Куманово“. Канал 5. 10 септември 2022. Архивирано од изворникот 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.