Бабјак (растение)

(Пренасочено од Лопен)
Бабјак (растение)

Бабјак или лопендвегодишна билка, род познат со 250 видови од семејството струпници. Карактеристични се за Европа и Азија, со огромна разновидност на Средоземјето.[3][4] Четири видови на бабјакот се ендемски во Македонија.

Бабјак
Лиснобрановиден бабјак, Verbascum sinuatum
Научна класификација [ у ]
Царство: Растенија
клад: Скриеносеменици
клад: Евдикоти
клад: Астериди
Ред: Усноцветовидни
Семејство: Scrophulariaceae
Род: Verbascum
Л.
Типски вид
Verbascum thapsus [1]
Л.
Синоними[2]
  • Celsia Л.
  • Rhabdotosperma Хартл
  • Staurophragma Фиш. и К. А. Меј.

Опис

уреди
Влакна на лист од бабјак под микроскоп.

Бабјаците се двегодишни билки. Во првата година се развиваат лисјата, а втората година стеблото, кое е исправено и високо до 2 метри. Долните лисја се големи и влакнести, а цветовите се со жолта боја и се сместени на горниот дел на билката. Бабјакот расте на суви и необработени места.

Лековитост

уреди

За лек се користат исушени цветови. Бабјакот се употребува како средство против кашлица, бронхитис, воспаление на дишните органи, грип, туберкулоза, болки во желудникот и цревата, хемороиди, чиреви и поткожни чиреви. Не смеат да употребуваат бремени жени, доилки и болни од рак.[5]

Видови

уреди

Следните видови се прифатени од списокот на растенија (The Plant List):[6]

Наводи

уреди
  1. Nathaniel Lord Britton & Addison Brown (1947). An Illustrated Flora of the Northern United States, Canada and the British Possessions from Newfoundland to the Parallel of the Southern Boundary of Virginia, and from the Atlantic Ocean Westward to the 102d Meridian. 3 (2. изд.). New York Botanical Garden. стр. 173.
  2. „USDA GRIN Taxonomy“. Посетено на 13 јануари 2018.
  3. Sotoodeh, Arash (2018). „Focusing on three Verbascum L. taxa (Scrophulariaceae) of the Flora of Iran“. Adansonia. 40 (13): 171. doi:10.5252/adansonia2018v40a13. S2CID 198148731.
  4. Sotoodeh, Arash (2015). Histoire biogéographique et évolutive des genres Verbascum et Artemisia en Iran à l'aide de la phylogénie moléculaire. France: Université Toulouse III - Paul Sabatier.
  5. Живко Најдовски; Лековити растенија - Ваш чудесен лек, Скопје
  6. Verbascum. The Plant List. Посетено на 13 јануари 2018.