Вера Которка
Вера Теодосиева-Трајковска или повеќе позната како Вера Которка (2 април 1925 во Куманово — 11 јуни 1944 во месноста Локвен, Осоговски Планини) — македонска партизанка и учесничка во НОБ.[1]
Вера Которка | ||
Родена | Вера Теодосиева-Трајковска 2 април 1925 Куманово, Кралство Југославија | |
---|---|---|
Починала | 11 јуни 1944 (возраст: 19) м. Локвен, Осоговски Планини, Окупирана Македонија убиена | |
Националност | Македонка | |
Занимање | партизанка |
Животопис
уредиВера е родена на 2 април 1925 година во Куманово.
Како ученичка на кумановската гимназија била примена за член на Сојузот на комунистичката младина на Југославија. Без страв говорела за Народноослободителната борба на југословенските народи. Тоа го забележaле властите и почнале да ја прогонуваат. Заради тоа преминала да живее во илегала, но нејзината активност не престанала и продолжила да работи на партиските задачи.[2]
Таа била една од поистакнатите партизани, и знаела три јазици: германски, италијански и француски.[3]
Во 1941 година земала учество на состаноците на Комунистичката партија на Југославија кои се одржувале во куќата на Денко Цеков, а подоцна се преселиле и во нејзината куќа. Кон крај на 1941 година заедно со Бранислав Димковски-Мишо го издавале весникот „Солидарност“ и таа станала негов уредник, а земала учество и во издавањето и на весникот „Дедо Иван“, за кој со другарките обезбедувале хартија и техника. Од 1942 година во нејзината куќа се чувала и архивата на КПЈ-Куманово.[2]
Таа била борец на Трета македонска ударна бригада (МУБ), а како припадник на одредот на Христијан Тодоровски-Карпош се истакнала во повеќето тешки и крвави борби за слободата на денешна Македонија. Го загубила животот на 19-годишна возраст во месноста Локвен на Пониква од бугарскиот фашистичкиот окупатор, кратко пред ослободувањето на земјата.[2]
Во нејзина чест училиштето во Клечевце го носи нејзиното име.
Галерија
уреди-
Споменикот на Вера Которка на Пониква
Наводи
уреди- ↑ Marija Jovanoviḱ (1976). Zbornik na dokumenti za učestvoto na ženite od Makedonija vo narodnoosloboditelnata vojna i revolucijata 1941-1945. Institut za nacionalna istorija.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „76 години од загинувањето на храбрата кумановка Вера Которка“. KumanovoNews. Посетено на 2023-12-10.
- ↑ Ивановски, Никола (2019-03-08). „ЖЕНИ ХЕРОИ: Вера Которка – Жената херој од Куманово“. Кумановски Муабети (англиски). Посетено на 2023-12-10.