Историја на Грција
Стара Грција
уредиПриродни услови и население
уредиГрција се наоѓала на јужниот дел на Балканскиот Полуостров. Таа излегувала на три мориња: Јонско, Егејско и Средоземно. Нејзиниот брег бил разгранет со многу полуострови, заливи и острови, од кои најголем е островот Крит. Територијата на Грција географски е поделена на северна - Епир и Тесалија; средна - Атика и Беотија и јужна - Пелопонез. Грција била планинска земја, највисокиот врв се наоѓал на планината Олимп (3.000 м). Според тоа, таа била без услови за развој на земјоделство. Во Грција било развиено сточарството, морепловството и трговијата. Според старогрчкиот историчар Тукидид (460-369 п.н.е.), најстари жители на елада биле Каријците и Лелегитите, кои ја развивале цивилизацијата на островот Крит. Најзначаен центар на островот Крит бил градот Кносос, а според легендата тука живеел кралот Минос. Според Минос, и културата развивана на овие простори била наречена Минојска или Критска, а била развивана од 2600-14 век п.н.е.. Во почетокот на XX век п.н.е., од север во Грција се населиле Ахајци, кои продреле во најјужните предели на Грција, го освоиле островот Крит и ја уништиле критската култура. На Пелопонез бил изграден градот Микена кој станал центарна новата Микенска цивилизација (1600-13 век п.н.е.). Околу 12 век п.н.е. во северот на Грција се населиле Јонци, Дорци и Еолци, кои го покориле и асимилирале домородното население кое имало поразвиена култура, ја прифатиле и ја развиле уште повеќе. Тие се нарекле Хелени, а земјата Хелада, а подоцна го добиле името Грци од Римјаните.
Хомеровото време (1200-800 г.п.н.е.)
уредиЗа Хомеровото време најмногу информации се исцрпени од еповите „Илијада“ и „Одисеја“, напишани од слепиот поет Хомер. Во Хомеровото време, Хелените сè уште живееле во родовско уредување, на чело на родот стоел старешина - Базилеј. Постоело народно собрание - Агора, во кое влегувале сите мажи способни за војување. Постоел и Совет на старешини - Буле. Но, со развој на производствените сили, родовите почнале да се распаѓаат на семејства, кои се обединувале во селски општини - Деми. По своето богатство се истакнувале родовските и воените старешини прераснувајќи во аристократи, а постоел и народ - Демос, составен од слободни луѓе и робови.
Создавање на градови-држави
уредиСо развојот на производствените сили елинското општество сè повеќе се раслојувало на богати и сиромаси. Богатите за да ја зачуваат власта над сиромасите создале државен апарат, но планинската природа на Грција не давала можност за економско и политичко обединување на Хелените. Тука не се создала единствена држава, како на стариот исток, туку се создале повеќе мали држави (околу 100). Тие ја опфаќале територијата на еден град со околината, и се наречени градови-држави (полиси). Секој полис ги задоволувал потребите на своето население, и затоа секоја држава ја чувала својата самостојност и била против обединување во една држава. Полисите често војувале меѓу себе. На чело на град-држава се наоѓал Базилеј, кој бил врховен војсководец, свештеник и судија. Тој се советувал со советот на старешини и со народното собрание. Најзначајни градови-држави биле: Атина, Спарта, Теба, Коринт, Мегара и други.
Грчка колонизација
уредиПричините за колонизација биле од економско и социјално потекло. Во Грција немало доволно обработлива земја, што предизвикало голема пренаселеност во градовите и појава на глад. Во периодот од VII-VI век п.н.е. била извршена колонизација во три правци: на запад кон јужна Италија и Сицилија, на север кон Тракија и Јадранско Море и на исток кон Мраморно и Црно Море. Поради големиот број грчки колонии во Јужна Италија, Римјаните оваа област ја нарекле „Голема Грција“. Грчките колонии се развиле во независни држави - полиси, но не ги прекинале врските со својот роден крај. Тие станале посредници за снабдување на својот роден крај со суровини и храна. Развојот на трговијата овозможил многу полиси да израснат во трговски и политички центри. Во тој поглед, особено се истакнал градот Милет, кој се наоѓал на Малоазискиот брег, и кој и самиот имал свои колонии на Црното и Средоземното Море. Така Хелените со колонизацијата станале господари на Црното, Средоземното, Јадранското и Јонското Море.
Под Римско Царство
уредиВизантиско Царство
уредиПоделба на Римското Царство
уредиВо текот на третиот век од нашата ера на Римското Царство и се заканувале три видови на кризи: инвазии, граѓански војни, како и проблеми во економијата на земјата[1]. Во таква ситуација градот Рим изгубил многу од своето значење како административен центар.
Царот Диоклецијан создал нов тип на административен систем (кој бил наречен тетрархија) [2]. Системот се состоел од двајца ко-императори или, како што уште се нарекувале, августи кои владееле со источниот и со западниот дел од империјата, и од двајца цезари. Цезарите ја делеле власта со августите и во даден момент (при смрт на августите) требало да ја заземат нивната позиција. По абдикацијата на Диоклецијан и Максимијан системот на тетрархија не се задржува уште долго. Константин Велики го заменува овој систем со системот на династичко наследување на престолот на империјата.
За да може подобро да се брани Римското Царство од напади, кои вообичаено доаѓале од исток, Константин Велики во 330 г. го преместува главниот град на империјата од Рим во градот Византиум кој бил стратешки позициониран на бреговите на Босфор каде се вкрстувале патиштата кој воделе од исток на запад. Константин, исто така, извршил голем број реформи кои довеле до стабилизација на империјата во периодот кој следел[3]. Тој го стабилизирал ковањето на пари (зладниот солидус кој бил воведен во оптек станал стабилна и ценета валута[4]), но исто така иницирал и промени во структурата на армијата. Во текот на владеењето на Константин Велики империјата ја зацврснала својата воена моќ. Освен тоа периодот на владеење на овој император претставува период на просперитет на Римското Царство.
Во текот на периодот на владеење на Константин христијанството не станало единствена религија во империјата, туку претставувал религија која била во милост на царот, со оглед на тоа што царот ја поддржувал, а христијанските заедници добивале извесни привилегии поради тоа. Константин го востановил принципот дека царот не треба да ги решава прашањата од религиски интерес, туку дека треба да помага во нивното решавање со свикување на собори за таа цел (како што бил Првиот собор во Никеја) и на таков начин се поставил себеси на врвот на црковната хиерархија.[5]
Состојбата во која се наоѓала Римското Царство во 396 г. може да се опише како резултат на работата на Константин Велики. Принципот на династичко наследство на престолот на империјата поминал толку лесно што по смртта на царот Теодосиј I, многу лесно империјата била препуштена на владеење на неговите синови Аркадиј (на Исток) и Хонориј (на Запад). Теодосиј е последниот император кој владее со целата Римско Царство.[6]
Источното Римско Царство било поштедено од тешкотиите со кои се соочувало Западното царство во текот на третиот и четврток век, што било резултат на подобро зацврснатата урбана култура, подобрите финансиски ресурси кои овозможувале зачувување на мирот и просперитетот на државата, но исто така и ангажирање на странски платеници во војската. Понатаму, Теодосиј II ги изградил ѕидините на Цариград кои успешно го бранеле градот од различните напаѓачи сè до 1204 година кога за првпат одбраната на градот била совладана од крстоносците. За да ги смири амбициите на Хуните на Атила тој им исплатил околу 300 кг злато. Тој исто така го поттикнувал развојот на трговијата на Цариград со Хуните и со другите соседни земји.
Неговиот наследник Марцијан одбил да ги продолжи да им исплаќа злато на Хуните, но тоа не ја погодила империјата затоа што вниманието на Атила било насочено кон Западното Римско Царство. По смрт на Атила, во Источното царство настанал период на просперитет, додека пак, Западното царство пропаѓа. За година кога Западното Римско Царство престанува да постои се смета 476 година кога Одоакар го принудува Ромул Августус, последниот император на Западното Римско Царство, да се откаже од круната.
За да се повратат изгубените позиции во Италија, царот Зенон преговара со Источните Готи (од Мизија) на Теодорих кого го испраќа во Италија да владее таму како ’’magister militum per Italiam’’ (главен командант за Италија). По падот на Одоакар, Теодорих, кој младоста своја ја поминал во Цариград, управува со Италија, односно со Кралството на Источните Готи, независно од Цариград. Сепак, царот во Зенон во Цариград смета дека тој има некаква номинална надмоќ над западните земји.
Под Османлиско Царство
уредиПоголемиот дел од територијата на денешна Грција, под власта на Отоманското Царство била во периодот од 15 век па сè до прогласувањето на независност во 1821. Овој период од историјата на Грција е познат како Tourkokratia (грчки: Τουρκοκρατία ", турско владеење"). Византиското Царство, која владеела со поголемиот дел од грчкиот свет, постоела во период од околу 1100 години. Нејзината престолнина Цариград на неколкупати била опседнувана како од крстоносците, така и од Османлиите.
По покорувањето на Србија, Османлиите во 1453 година го зазеле градот Цариград, и веднаш по тој голем успех се упатиле во внатрешноста на Грција. Така во 1458 година ја зазеле и Атина. Грците власта на Пелопонез ја задржиле уште само две години. Во 1460 година, полуостровот бил во рацете на Венецијанската Република и Џеновската република, но веќе во 1500 година поголемиот дел од полуостровот и разните помали острови припаѓале на Османлиите. Високите планини во Грција биле скоро недопрени, па тоа им претставувало единствено засолниште на Грците. Во 1571 година бил заземен Кипар. Венецијанската Република Крит го држал до 1670 година. Јонските острови биле само на кратко во владеење на Османлиите (Кефалонија 1479-1481 и 1485-1500), и практично останале под власта на Венеција.
Османлиска Грција била поделена во шест санџаци, и секој бил управуван од страна на санџакбеј, близок соработник на султанот кој престолнината на Османлиското Царство ја преместил во Цариград. Пред оваа поделба, Османлиите во империјата поделбата ја вршиле врз основа на религијата. На Цариградската патријаршија и било признаено првото да биде духовен водич на сите христијани во земјата, без разлика од каде потекнуваат. Патријархот бил одговорен пред султанот за однесувањето на православното население. Во првите векови од владеењето, Цариградската патријаршија го помагала црковното дело и училиштата и во голем степен се спротивставувала за напорите на Османлиите да го потурчат христијанското население на Балканскиот Полуостров.
Тајната грчка националистичка организација наречена "Пријателско општество" била основана во Одеса во 1814 година. Членовите на организацијата планирале дигање на востание со поддршка на богатите грчки егзилски заедници во Велика Британија и САД. Тие, исто така, добиле поддршка во Западна Европа, како и од Русија. Организацијата ја поддржувал и Јоанис Каподистријас, кој бил руски министер за надворешни работи. Тој станал водач на востанието. На 25 март (сега грчки Ден на Независноста) 1821 година, православниот епископ Германос од Патра го означил почетокот на востанието.[7][8]
Востанието било застапено во цела Грција, вклучително и делови во Македонија, Крит и Кипар. Некои од првите грчки активности биле преземени против невооружените отомански населени места. Околу 40% од турските и албанските муслимански жители на Пелопонез непосредно биле убиени, а останатите биле депортирани.[9]
На 11 мај 1832 година, Грција конечно била признаена како суверена држава. Јоанис Каподистријас, кој бил шеф на непризнаена Грција од 1828 година, бил убиен во октомври 1831 година. За да се спречи натамошното експерименти во републиканската влада, западните сили инсистирале земјата да стане монархија. Така, Отон I бил избран за првиот монарх на земјата.
Кралство Грција
уредиВладеењето на Отон I траело 30 години пред тој и неговата сопруга, кралицата Амалија, да заминат на ист начин како што и дошле во земјата, преку британскиот воен брод. Во раните години на неговото владеење, група на баварски регенти владеела во негово име, и тие станале доста непопуларни, бидејќи тие се обиделе да ги наметнат германските идеи и да ги држат најзначајните државни канцеларии за Германците. Сепак, тие ги поставиле темелите на грчкиот административен, армиски, правосуден и образовен систем. Регентството го вовел германскиот јазик како службен јазик на администрацијата и скоро сите административни и државни служби ги пополнило со Баварци. Ова управување во историјата на Грција е познато како „ксенократија“ (управување на странците). Отон бил искрен во својата желба да ѝ даде на Грција добра влада, но тој имал два големи недостатоци во очите на Грците: неговата римокатоличка вера и бракот со кралицата Амалија која не можела да му роди деца. Ова значело дека не можел да биде крунисан како крал на Грција со православен обред, ниту да воспостави династија.
Баварските регенти владееле до 1837 година, кога биле отповикани на инсистирање на Велика Британија и Франција. Отон потоа назначил грчки министри, иако официјалните претставници на Баварија сè уште управувале со поголемиот дел од администрацијата и армијата. Во тоа време, Грција сè уште немала законодавство и устав. Незадоволството се зголемило до избувнувањето на револуцијата од 3 септември 1843 година во Атина. Отон се согласил да додели устав и да свика национално собрание кое се состанало во ноември истата година. Грчкиот Устав од 1844 година тогаш основал дводомен парламент кој се состоел од Собрание и Сенат. Моќта тогаш преминала во рацете на група грчки политичари, од кои повеќето биле команданти во Војната за независност против Османлиите.
Грчката политика во 19 век била насочена кон решавање на националното прашање. Мнозинството Грци продолжиле да живеат под османлиска власт, а Грците сонувале да ги ослободат сите и да ја реконструираат државата што ги опфаќа сите грчки земји, со Цариград како главен град. Овој проект бил познат како Голема Идеја и бил поддржан од речиси сите континуирани бунтови против отоманската власт на териториите каде се зборувало на грчки, особено на Крит, Тесалија и Македонија.
Кога започнала Кримската војна во 1854 година, Грција забележала можност да добие територија под контрола на отоманската власт, која имала големо грчко население. Грција, како православна нација, имала значителна поддршка од Русија, но руската влада одлучила дека е премногу опасно да й се помогне на Грција да ги прошири своите граници[10]. Владата на Отон наредила преместување на грчките чети во Тесалија и Епир и Македонија, области над кои грчката влада имала претензии[11]. Во реонот на Арта избувнало и востание. По отворениот ултиматум од страна на Цариград, Виена, Париз и Лондон, заедно со воведување на втора блокада на атинското пристаниште, Отон се откажал од понатамошна интервенција. По завршувањето на Кримската војна, авторитетот на Отон I започнал прогресивно да се намалува. Многу политичари го обвиниле во неактивност за време на војната, што ја лишило Грција од евентуални бенефиции на сметка на Турција. Во 1861 година еден млад студент се обидел да изврши атентат над кралицата. Во февруари 1862 година избувнало востание во Навплион, а во октомври истата година и во Артскиот Залив, Патрас и Месолонгион на кое се приклучиле граѓаните на Атина, вклучувајќи ја и атинската војска. Движењето завршило со победа, кралот и кралицата биле принудени да ја напуштат земјата и да се упатат кон Баварија, а во Грција се формирало регентство и нова влада.
Грците потоа побарале од Британија да го испрати синот на кралица Викторија принцот Алфред како свој нов крал, но на ова било ставено вето од другите сили. Наместо тоа, младиот дански принц бил прогласен за крал под името Георги I. Ѓорѓи I бил многу популарен избор како уставен монарх, и тој се согласил дека неговите синови ќе бидат преобратени во православната вера. Како награда за Грците за усвојување на про-британски крал, Британија им ги отстапила Јонските острови во Грција.
На повик на Велика Британија и кралот Георги, Грција го прифатила подемократскиот грчки устав од 1864 година. Во март 1864 година бил донесен нов устав, изработен по модел на белгискиот устав. Според него, народот имал висок суверенитет, законодавната власт се состоела од Национално собрание, право на глас имале мажите кои наполниле 21-годишна возраст и имале имот. Извршната власт му припаѓала на кралот, но кралските наредби станувале валидни само по одобрувањето им од ресорниот министер. Сепак, грчката политика остана силно династичка, како што отсекогаш била. Семејните имиња, како што се Заимис, Ралис и Трикупис, постојано се менувале како премиери.
Партиите биле главно поделени на либерали, предводени од Харилаос Трикупис, а подоцна и од Елефтериос Венизелос, и конзервативци, првично предводени од Теодорос Делијанис, а подоцна и од Трасивулос Заимис. Трикупис и Делијанис доминирале во грчката политика во доцниот 19 век, наизменично менувајќи се на власт. Трикупис ја фаворизирал соработката со Велика Британија во надворешните работи, создавајќи инфраструктура и домашна индустрија, поголеми заштитни тарифи и прогресивно социјално законодавство, додека популистичкиот Делијанис зависел од промовирањето на грчкиот национализам и Големата идеја.
Грција останала многу сиромашна земја во текот на XIX век. Земјата немала суровини, инфраструктура и капитал. Земјоделството главно било на ниво на егзистенцијата, а единствените важни извозни артикли биле рибизли, суво грозје и тутун. Некои Грци се збогатиле како трговци и сопственици на бродови, а Пиреј стана главно пристаниште, но малку од ова богатство пристигнало кај грчкиот селанец. Грција имала големи долгови кон финансиските куќи во Лондон.
До 1890-тите години Грција била буквално пред банкрот. Сиромаштијата била распространета во руралните средини и на островите и поради тоа голем дел од Грците од руралните средини емигрирале во САД. Во руралните средини немало образование. Сепак, постоел напредок во градењето на комуникациите и инфраструктурата, а во Атина биле изградени административни згради. И покрај лошата финансиска состојба, во 1896 година Атина била домаќин на Олимписките игри, што се покажало како голем успех.
Парламентарниот процес многу се развил во Грција за време на владеењето на Георги I. Првично, кралската привилегија за избор на неговиот премиер останала но истото довело до владина нестабилност, и истата траела сè до воведувањето на принципот на dedilomeni на парламентарната доверба во 1875 година.
Друго политичко прашање во Грција од 19 век било прашањето за грчкиот јазик. Грчкиот народ зборувал на модерниот денешен грчки јазик, но голем дел од образованите елити го виделе ова како селски дијалект и биле решени да го обноват славниот старогрчки јазик. Последователно, владините документи и весници биле објавувани на Катаревуса, форма што само неколку обични Грци можеле да ги прочитаат. Либералите се залагале за признавање на модерниот како национален јазик, но конзервативците и Православната Црква се спротивставувале на сите такви напори. Ова прашање продолжило да ја прогонува грчката политика до 1970-тите.
Меѓутоа, сите Грци биле обединети во својата решеност да ги ослободат грчките провинции на Отоманското Царство. Особено на Крит, Критскиот револт (1866-1869) ја подигнал националистичката страст. Кога избувнала војната меѓу Русите и Османлиите во Руско-турската војна (1877-1878), грчката политика застанала на страната на страната на Русија, но Грција била премногу сиромашна и премногу загрижена поради можната британската интервенција, поради кое таа официјално не влегла во војната. Сепак, во 1881 година, Тесалија и делови од Епир биле отстапени на Грција како дел од Берлинскиот конгрес.
Грците на Крит продолжиле со редовни револуции, а во 1897 година, грчката влада под Теодорос Делијанис објавила војна на Османлиите. Во Грчко-турската војна од 1897 година, грчката војска била поразена од страна на Османлиите. Меѓутоа, преку интервенцијата на Големите сили, Грција изгубила само малку територија долж границата со Турција, додека Крит бил основан како автономна држава на чело со принцот Георги.
Националистичкото расположение кај Грците во Отоманското Царство продолжило да расте, и до 1890-тите најголема пречка станала Македонија. Тука, Грците се натпреварувале не само со Османлиите, туку и со Бугарите во т.н. Борба за Македонија.
Во јули 1908 година, избувнала Младотурската револуција. Искористувајќи ја османлиската внатрешна криза, Австроунгарија ја анектирала Босна и Херцеговина а Бугарија прогласила независност. На Крит, месното население, предводено од младиот политичар Елефтериос Венизелос, прогласил Еносис, сојуз со Грција, предизвикувајќи уште една криза. Но грчката влада, предводена од Димитриос Ралис, не можела да ја искористи оваа ситуацијата и да го признае присоединувањето на Крит.
Добиениот Државен удар Гуди на 15 август 1909 година претставува пресвртница во модерната грчка историја. Бидејќи воените конспиратори биле неискусни во политиката, побарале од Венизелос, кој имал беспрекорни либерални ингеренции, да доје во Грција како свој политички советник. Венизелос брзо се етаблирал како моќна политичка личност, а неговите сојузници победиле на изборите во август 1910 година. Венизелос станал премиер во октомври 1910 година, воведувајќи период од 25 години каде што неговата личност ќе доминира во грчката политика. Венизелос иницирал голема реформска програма, вклучувајќи нов и либерален устав и реформи во сферите на јавната администрација, образованието и економијата.
Во пролетта 1912 година, серија билатерални договори меѓу христијанските балкански држави (Грција, Бугарија, Црна Гора и Србија) довеле до формирање на Балканска лига, која во октомври 1912 година објавила војна на Отоманското Царство. Во Првата балканска војна, Османлиите биле поразени на сите фронтови, а сојузниците побрзале да зграбат толку територија колку што можеле во тој момент. Грците го окупирале Солун непосредно пред Бугарите, а исто така зеле и голем дел од Епир со Јанина, како и Крит и Егејските Острови.
Договорот од Лондон (1913) ја завршил војната, но никој не останал задоволен. Во јуни 1913 година Бугарија ја нападнала Грција и Србија, започнувајќи ја Втората балканска војна, но била поразена. Според договорот од Букурешт (1913) Грција се проширила на јужниот дел на Епир, јужната половина на Македонија, Крит и Егејските острови, освен Додеканези, која била окупирана од Италија од 1911 година. Овие придобивки речиси двојно ги зголемиле териториите и населението на Грција.
Во март 1913 година, еден анархист, Александрос Схинас, го убил кралот во Солун и неговиот син дошол на престолот како Константин I. Константин бил првиот грчки крал роден во Грција, а прв кој е роден православен. Неговото име било избрано во духот на романтичниот грчки национализам (Мегали идеја), поврзувајќи се со византиските цареви. Освен тоа, како главен командант на грчката армија за време на Балканските војни, неговата популарност била огромна, со конкуренција само со онаа на Венизелос како негов премиер.
Прва светска војна и криза (1913-1922)
уредиКога Првата светска војна избувнала во 1914 година, кралот и неговиот премиер Венизелос претпочитале да задржат неутралност, и покрај грчкиот договор за сојуз со Србија, кога Србија била нападната од Австроунгарија како прва воинствена акција на конфликтот. Но, кога сојузниците побарале грчка помош во Галиполската операција од 1915 година, нудејќи го Кипар, нивните разграничувачки ставови станале очигледни: Константин бил образован во Германија, бил во брак со Софија од Прусија, сестра на кајзерот Вилхелм, и бил убеден во победа на Централните сили. Венизелос, од друга страна, бил жесток англофил и верувал во сојузничка победа.
Бидејќи Грција, поморска земја, не можела да се спротивстави на моќната Британска морнарица, кралот Константин се залагал за континуирана неутралност, додека Венизелос активно барал грчки влез во војната на сојузничката страна. Венизелос поднел оставка, но победил на грчките избори од 1915 година и повторно ја формирал владата. Кога Бугарија влегла во војната како германски сојузник во октомври 1915 година, Венизелос ги повикал сојузничките сили во Грција (Солунски фронт), за што повторно бил отпуштен од Константин.
Во август 1916 година, по неколку инциденти во кои двете страни во војната ја зафатиле сè уште теоретски неутралната грчка територија, офицерите на Венизелос се кренале во Солун под контрола на сојузничките, а Венизелос формирал посебна влада таму позната како Движење за национална одбрана на Грција. Константин тогаш владеел само со она што била Грција пред Балканските војни (Стара Грција), а неговата влада била предмет на повторени понижувања од сојузниците. Во ноември 1916 година Французите ја окупирале Пиреја, ја бомбардирале Атина и ја принудиле грчката флота да се предаде. Ројалистичките трупи пукале кон нив, што довело до битка меѓу француските и грчките кралски војници. Имало и немири против приврзаниците на Венизелос во Атина (Ноемвријана).
По Февруарската револуција во Русија во 1917 година, царската поддршка за неговиот братучед Константин била отстранета, а во јуни 1917 година Константин бил принуден да ја напушти земјата, без да отстапи, а вториот негов син Александар станал крал, но останатото кралско семејство и најистакнатите ројалисти го следеле во егзил. Венизелос во тој период бил водач на површно обединета Грција во војната и тоа на сојузничката страна, но поделбата на грчкото општество на венизелисти и антивенизелисти, таканаречената Национална шизма, станала поцврста.
Грчко-турска војна (1919-1922)
уредиСо крајот на војната во ноември 1918 година, Отоманското Царство било пред својот крај, а Грција очекувала сојузниците да ги исполнат своите ветувања. Низ мала мерка преку дипломатските напори на Венизелос, Грција ја обезбедила Западната Тракија според Нејскиот мировен договор во ноември 1919 и Источна Тракија и зоната околу Смирна во Западна Анадолија (веќе под грчка администрација како Окупација на Измир од 1919 година) според договорот од Севр од август 1920 година. Иднината на Цариград била оставена да биде решена. Но, во исто време, Турското национално движење се зголемило во Турција, предводена од Мустафа Кемал (подоцна Мустафа Кемал Ататурк), кој формирал соперничка влада во Анкара и ја започнал војната против грчката армија.
Во овој момент, се чинело дека исполнувањето на Мегали Идејата е мошне близу. Сепак, расцепот во грчкото општество бил голем, а на Венизелос му бил направен обид за атентат од страна на двајца поранешни офицери на ројалистите. Уште повеќе изненадувачки, Либералната партија на Венизелос ги загубила грчките избори од ноември 1920 година, а на грчкиот референдум во 1920 година, грчкиот народ гласал за враќање на кралот Константин од прогонство по ненадејната смрт на кралот Александар.
Обединетата опозиција, која претходно водела кампања за крај на кампањата во Мала Азија, наместо да се повлече, таа ја интензивирала војната. Сепак, ројалистичката реставрација имала сериозни последици: многу ветерани и офицери биле отпуштени или ја напуштиле армијата, додека Италија и Франција по враќањето на Константин на престолот, своја поддршка започнале да даваат на Мустафа Кемал. Конечно, во август 1922 година, турската војска го разбила грчкиот фронт и ја освоила Смирна во операција што довела до катастрофалниот Голем пожар на Смирна.
Грчката војска се евакуирала не само од Анадолија, туку и од Источна Тракија и островите Имброс и Тенедос, во согласност со условите на договорот од Лозана. Размена на население меѓу Грција и Турција била договорена меѓу двете земји, која опфаќала над 1,5 милиони христијани и речиси половина милион муслимани. Оваа катастрофа го означил крајот на Голема идеја и ја оставила Грција финансиски исцрпена и деморализирана.
Република и монархија (1922-1940)
уредиКатастрофата ја продлабочила политичката криза. Армијата која се вратила од фронтот го принудила на кралот да се повлече повторно од функцијата во 1922 година, во корист на неговиот првороден син, Георги II. Револуционерниот комитет на чело со полковниците Стилијанос Гонатас (наскоро премиер) и Николаос Пластирас, се занимавале со „лов против ројалистите“, кулминирајќи со т.н. Судење на шестемина.
Грчките избори од 1923 година биле одржани за да се формира Национално собрание чија прва задача била да изготви нов устав. По неуспешниот обид за Државен удар на Леонардопулос-Гаргалидис, на 25 март 1924 година, Народното собрание донело одлука за промена на државното управување и Грција била прогласена за претседателска република, кралот Георги II заминал од земјата, а Александрос Папанастасиу станал прв премиер на Втората Грчка Република. На референдумот кој бил одржан подоцна, формално кралската династија била укинета.
Меѓутоа, новата република била изградена на нестабилни темели. Настанал националниот раскол, бидејќи монархистите, со исклучок на Јоанис Метаксас, не го признале републиканскиот режим поддржуван од страна на Венизелистите. Армијата, која имала голема моќ, станала главен фактор на кој требало да се смета.
Грција станала дипломатски изолирана и ранлива, како што покажал инцидентот од Крф во 1923 година, а економските основи на државата биле во рушевини по една деценија војна и ненадејно зголемување на населението во земјата за една четвртина. Меѓутоа, бегалците донеле нов дух во Грција. Тие сега биле осиромашени, но пред 1922 година многумина биле претприемачи и добро образовани. Приврзаниците на Венизелос и Републиката, ја радикализиралет и одиграле водечка улога во поќчетоците на Комунистичката партија на Грција.
Во јуни 1925 година, генерал Теодорос Пангалос извршил државен удар и владеел како диктатор една година сè додека не бил соборен од друг државен удар, на чело со Георгиос Кондилис, кој ја обновил републиката. Во меѓувреме, Пангалос успеал да ја вовлече Грција во краткотрајна војна со Бугарија, предизвикана од т.н. Петрички инцидент и направил неприфатливи отстапки во Солун и нејзината внатрешност во Југославија, во обид да ја добие својата поддршка за неговата реваншистичка политика против Турција.
Во 1928 година, Венизелос се вратил од егзил. По убедливата победа на грчките избори во 1928 година, тој формирал влада. Ова бил единствениот кабинет на Втората република што го извадил својот целосен четиригодишен мандат, а работата што ја оставила зад себе била доста значителна. Заедно со домашните реформи, Венизелос ги обновил грчките меѓународни односи, дури и иницирал грчко-турско помирување со посетата на Анкара и потпишувањето на Договорот за пријателство во 1930 година.
Големата депресија ја погодила и Грција, која и така била сиромашна земја и зависна од земјоделскиот извоз. Работите биле влошени со затворањето на патот за емиграција во САД. Големата невработеност и последователните социјални немири резултирле со зацврстување на Комунистичката партија на Грција. Венизелос бил принуден да го одложи враќањето на грчкиот национален долг во 1932 година, па истата година бил соборен од власр и наследен од страна на монархистичката коалициона влада предводена од Панагис Цалдарис од Народната партија.
Два неуспешни воени удари на Венизелистите следеле во 1933 и 1935 година, во обид да се зачува Републиката, но тие имале спротивен ефект. На 10 октомври 1935 година, неколку месеци по сузбивањето на обидот за државен удар од 1935 година, Георгиос Кондилис, поранешниот венизелист, ја укинал републиката преку друг државен удар и монархијата била обновена. На референдумот од 1935 година 97,88% од гласовите гласале за враќање на монархот, а кралот Георги II го испочитувал истото.
Кралот веднаш го отпуштил Кондилис и го назначил професор Константинос Демерцис за привремен премиер. Венизелос во меѓувреме, во егзил, побарал да се стави крај на конфликтот над монархијата, во поглед на заканата за Грција од подемот на Фашистичка Италија. Неговите наследници Темистоклис Софулис и Георгиос Папандреу се согласиле со тоа а реставрацијата на монархијата била прифатена. Грчките избори во 1936 година резултирале со победа на Либералите, при што комунистите држеле рамнотежа во паламентот. Во исто време, серија смртни случаи ја оставиле грчката политичка сцена во неред: Кондилис почина во февруари, Венизелос во март, Демерцис во април и Цалдарис во мај. Патот на Јоанис Метаксас бил отворен, кој го наследил Демерцис како привремен премиер.
Метаксас, пензиониран ројалистички генерал, верувал дека е неопходна авторитарна влада за да се спречи социјалниот конфликт и да се смири моќта на комунистите. На 4 август 1936 година, со поддршка на кралот, тој го суспендирал парламентот и го воспоставил режимот од 4 август. Комунистите биле потиснати и либералните водачи влегле во внатрешно прогонство. Режимот на Метаксас промовирал разни концепти како што биле „Третата хеленска цивилизација“, римскиот поздрав, Националната организација на младите и воведување мерки за добивање поддршка.
И покрај овие напори, режимот немал широка популарна база или масовно движење кое го поддржувало. Грчкиот народ бил генерално апатичен, без активно спротивставување на Метаксас. Метаксас, исто така, ја подобрил одбраната на земјата во подготовките за претстојната европска војна, и ја изградил т.н. линија на Метаксас. И покрај неговото аспирирање на фашизмот и силните економски врски со обновената Нацистичка Германија, Метаксас следел политика на неутралност, со оглед на традиционално силните врски на Грција со Велика Британија, засилени со личната ангрофилија на кралот. Во април 1939 година, италијанската закана одеднаш се приближила кога Италија ја анектирала Албанија, при што Британија јавно ги гарантирала границите на Грција. Така, кога Втората светска војна избувнала во септември 1939 година, Грција останала неутрална.
Втора светска војна
уредиИ покрај оваа прогласена неутралност, Грција станала цел на експанзионистичката политика на Бенито Мусолини. Провокациите против Грција започнале кога на 15 август 1940 година италијанските сили го уништиле бродот Ели. Италијанските војници ја преминале границата на 28 октомври 1940 година, започнувајќи ја Грчко-италијанската војна, но биле запрени од решителна грчка одбрана која на крајот ги вратила во Албанија.
Метаксас починал во јануари 1941 година. Неговата смрт ги зголемила надежите за либерализација на неговиот режим и враќање на парламентарното владеење, но кралот ги укинал овие надежи кога го задржал механизмот на режимот. Во меѓувреме, Адолф Хитлер неволно бил принуден да ги пренасочи германските трупи за да го спаси Мусолини од пораз, а на 6 април 1941 година ја нападнал Грција преку Југославија и Бугарија. И покрај помошта од Британија, Германците го освоиле поголемиот дел од земјата до крајот на мај. Кралот и владата побегнале на Крит, каде што останале до крајот на Битката за Крит. Потоа кралот се префрлил во Египет, каде била основана грчка влада во егзил.
Окупираната земја на Грција била поделена во три зони (германска, италијанска и бугарска) и во Атина бил формиран марионетен режим. Членовите биле или конзервативци или националисти со фашистичка наклонетост. Тројцата премиери биле Георгиос Цолакоглу, генерал кој го потпишал примирјето со Вермахтот, Константинос Логотетопулос и Јоанис Ралис, кој ја презел функцијата кога германскиот пораз бил неизбежен и имал за цел првенствено борба против левичарското движење на Отпорот. За таа цел, тој ги создал т.н. Тагмата асфалиас.
Грција имала големи последици за време на Втората светска војна, бидејќи Германците го присвоиле најголемиот дел од земјоделското производство во земјата и ги спречиле рибарите да работат. Како резултат на тоа, и поради тоа што британската блокада првично ги спречила странските хуманитарни напори, следел Големиот грчки глад. Илјадници Грци починале, особено во зимата на 1941-1942 година. Во планините на грчкото копно, во меѓувреме, се појавиле неколку грчки движења на отпорот, а до средината на 1943 година, силите на Оската ги контролирале само главните градови и поврзувачките патишта, додека во планините била основана Слободна Грција.
Најголемата група на отпорски движења, Народноослободителниот фронт (ЕАМ), била контролирана од страна на Комунистичката партија на Грција, како и Грчката народно-слободителна армија (ЕЛАС), предводена од Арис Велучиотис, а граѓанската војна наскоро избувнала токму помеѓу нив и некомунистичките групи како што била Народна Републиканска Грчка Лига (ЕДЕС) на чело со Наполеон Зервас. Прогонетите влади во Каиро повремено се поврзувалр со движењето на отпорот и практично немале влијание во окупираната земја. Дел од ова се должело и на непопуларноста на кралот во самата Грција, но и покрај напорите на грчките политичари, британската поддршка обезбедила задржување на чело на владата во Каиро.
Како што се приближувал германскиот пораз, така различните грчки политички фракции се состанале во Либан во мај 1944 година под британско покровителство и формирале влада на национално единство на чело со Георгиос Папандреу, во која ЕАМ била претставена од шест министри.
Граѓанска војна (1946-1949)
уредиГраѓанската војна во Грција била една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата поддршка што во тоа време и ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните системи на владеење. По повлекувањето на Германија, герилската армија на ЕАМ-ЕЛАС делотворно го контролирал поголемиот дел од Грција, но нејзините водачи не сакале да ја преземат контролата врз земјата, бидејќи знаеле дека советскиот премиер Јосиф Сталин се согласил дека Грција ќе биде во британската сфера на влијание, откако ќе заврши војната. Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада поддржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и грчките комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), поддржувана од самата Комунистичка партија на Грција.
Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротивставувале помеѓу себеси, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротивставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална сè до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина. Поразот на комунистите во Граѓанската војна во Грција, поддржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и зацврстување на влијанието на САД во Егејско Море до самиот крај на Студената војна.
Граѓанската војна резултирала со 100.000 убиени и предизвикала катастрофални економски нарушувања. Покрај тоа, најмалку 25.000 Грци и неодреден број македонски Словени биле или доброволно или насилно евакуирани во земјите на Источниот блок, додека 700.000 биле раселени лица во земјата. Многу повеќе емигрирале во Австралија и во други земји.
Поствоен период (1950–1973)
уредиПо крајот на граѓанската војна, Грција се обидела да се приклучи кон западните демократии и станала членка на НАТО во 1952 година.
По Граѓанската војна (1946-49), партиите во парламентот биле поделени на три политички идеологии, центар, леви и десни партии.
Во почетокот на 50-тите години, силите на Центарот (ЕПЕК) успеале да се здобијат со сила и под раководство на стариот генерал Н. Пластирас владееле околу половина од четиригодишниот мандат. По ова следеле серија на влади со ограничена маневрираност и несоодветно влијание на политичката сцена. Оваа влада, како и оние што следеле, постојано била под американско покровителство. Поразот на ЕПЕК на изборите од 1952 година, покрај зголемувањето на репресивните мерки што се однесувале на поразените од Граѓанската војна, го означил и крајот на општата политичка позиција што ја претставувала, имено политичкиот консензус и општественото помирување.
1960-тите години започнал периодот кога грчката економија брзо се развивала и била структурирана во рамките на европските и светските економски случувања. Една од главните одлики на тој период е зачленувањето на емјата во Европската економска заедница, во обид да се создаде заеднички пазар. Релевантниот договор бил договорен во 1962 година.
Стратегијата за развој, усвоена од земјата, била отелотворена во организираните петгодишни планови; сепак нивната ориентација била неопределена. Просечната годишна емиграција, којашто го апсорбирал вишокот работна сила и придонел за екстремно високи стапки на раст, го надминал годишниот природен прираст на населението. Приливот на големи количини на странски приватен капитал бил олеснет и потрошувачката била проширена.
Врв на развојот во земјата бил регистриран во производството, главно во текстилната, хемиската и металуршката индустрија, чија стапка на раст достигнала 11% во текот на 1965-70 година. Другата голема област каде што се случиле очигледни економски и социјални последици, било градежништвото. Политиката на αντιπαροχή (antiparochi), грчки изум што подразбирал концесија на градежното земјиште во замена за учество во изградба на станбени згради, го фаворизирало создавањето на класа мали и средни изведувачи од една страна и го регулирал станбениот систем и имотниот статус од друга страна. Меѓутоа, исто така оваа програма станала одговорна за уништувањето на голем дел од традиционалната неокласична архитектура на земјата.
Воена хунта (1967-1974)
уредиЗемјата продолжила со влегување во нова политичка криза. Поради тоа биле закажани избори кон крајот на април 1967 година. На 21 април 1967 година група десничарски полковници предводени од полковникот Јоргос Пападопулос ја презеле власта во државниот удар и воспоставиле воена хунта. Граѓанските слободи веднаш биле потиснати, а биле формирани и посебни воени судови, додека пак политичките партии биле распуштени.
Неколку илјади осомничени комунисти и политички противници биле затворени или протерани на оддалечените грчки острови. Наводната американска поддршка за хунтата се смета дека е причина за зголемување на антиамериканизмот во Грција за време на и по суровото владеење на хунтата. Раните години на хунтата исто така забележала значителен пресврт во економијата, со зголемени странски инвестиции и големи инфраструктурни проекти. Хунтата била широко осудена во странство, но внатре во земјата незадоволството започнало да се зголемува дури по 1970 година, кога економијата забавила.
Дури и вооружените сили, основачите на режимот, не дале целосна поддршка. Во мај 1973 година, планираниот удар на Хеленската морнарица бил потиснат, но истиот довел до бунт на ХНС Велос, чии службеници побарале политички азил во Италија. Како одговор, водачот на хунтата Пападопулос се обидел да управува со режимот преку контролирана демократизација, укинување на монархијата и прогласување на себеси за претседател на Републиката.
Транзиција и демократија (1973-2009)
уредиНа 25 ноември 1973 година, по крвавото задушување на Атинското политехничко востание на 17 јули, Димитриос Јоанидис го соборил Пападопулос и се обидел да ја продолжи диктатурата и покрај немирите што предизвикале востанието. Обидот на Јоанидис во јули [1974] година за соборување на архиепископот Макариј III Кипарски, претседателот на Кипар, ја довело Грција на работ на војна со Турција, која го нападнала Кипар и окупирала дел од островот[12].
Високи грчки воени офицери потоа ја повлекле својата поддршка од хунтата, која се распаднала. Константин Караманлис се вратил од егзил во Франција за да формира влада на национално единство сè додека изборите не би можеле да се одржат. Караманлис работел на намалување на ризикот од војна со Турција и, исто така, ја легализирал Комунистичката партија, која била нелегална уште од 1947 година[12]. Неговата новоорганизирана партија, Нова демократија (НД), победила на изборите одржани во ноември 1974 година и тој станал премиер.
По референдумот од 1974 година што резултирал со укинување на монархијата, новиот устав бил одобрен од парламентот на 19 јуни 1975 година. Парламентот го избрал Константинос Цацос за претседател на Републиката. На парламентарните избори од 1977 година, Нова демократија повторно освоила мнозинство места. Во мај 1980 година, премиерот Караманлис бил избран да го наследи Цацос за претседател. Јоргос Ралис го наследи Караманлис за премиер.
На 1 јануари 1981 година Грција станала десетта членка на Европската заедница (денес Европска Унија)[13]. На парламентарните избори што се одржале на 18 октомври 1981 година, Грција ја избрала својата прва социјалистичка влада кога ПАСОК, предводена од Андреас Папандреу, освоила 172 места од 300 места. На 29 март 1985 година, откако премиерот Папандреу одбил да го поддржи претседателот Караманлис за втор мандат, судијата на Врховниот суд Христос Сарцетакис бил избран за претседател од страна на грчкиот парламент.
Грција имала два круга парламентарни избори во 1989 година кои создале слаба коалициона влада со ограничени мандати. Партиските водачи ја повлекле својата поддршка во февруари 1990 година, а изборите се одржале на 8 април. Нова демократија, предводена од Константин Мицотакис, освоила 150 места на тие избори, а потоа добила уште две други. Сепак, поделбата меѓу Мицотакис и неговиот прв министер за надворешни работи, Андонис Самарас, во 1992 година, довело до разрешување на Самарас и евентуален колапс на владата на НД. На новите избори во септември 1993 година Папандреу се вратил на власт.
На 17 јануари 1996 година, по долготрајна болест, Папандреу поднел оставка и бил заменет како премиер на поранешниот министер за трговија и индустрија Костас Симитис. За неколку дена, новиот премиер морал да се справи со големата грчко-турска криза за островите Имија / Кардак. Симитис подоцна победил на реизборот на изборите во 1996 и 2000 година. Во 2004 година Симитис се повлекол и Јоргос Папандреу го наследил како водач на ПАСОК[14].
На изборите во март 2004 година, ПАСОК бил поразен од Нова демократија, предводена од Костас Караманлис, внук на поранешниот претседател. Владата ги закажала предвремените избори во септември 2007 година (нормално, изборите требало да се одржат во март 2008 година), а Нова демократија повторно била мнозинска партија во парламентот. Како резултат на тој пораз, ПАСОК направил партиски избори за нов водач. Во тој натпревар, Јоргос Папандреу бил реизбран за претседател. Сепак, на изборите во 2009 година ПАСОК станала мнозинска партија во Парламентот и Јоргос Папандреу станал премиер на Грција. Откако ПАСОК го изгубил мнозинството во парламентот, НД и ПАСОК се приклучиле на помалиот народен православен собир во голема коалиција, ветувајќи ја својата парламентарна поддршка за влада на национално единство на чело со поранешниот потпретседател на Европската централна банка, Лукас Пападемос.
Економска криза (2009-денес)
уредиОд крајот на 2009 година стравувањата од криза на должничкиот долг се развиле меѓу инвеститорите во врска со способноста на Грција да ги исполни должничките обврски поради силниот раст на нивото на државниот долг[15][16]. Ова довело до криза во земјата.
На 2 мај 2010 година, земјите од Еврозоната и Меѓународниот монетарен фонд се договориле за заем од 110 милијарди евра за Грција, услов за спроведување на строги мерки на штедење. Во октомври 2011 година, водачите на Еврозоната, исто така, се согласиле за предлогот за отпис на 50% од грчкиот долг кон приватните кредитори, зголемувајќи го ЕФСФ на околу 1 трилион евра и барајќи од европските банки да постигнат 9% капитализација за да го намалат ризикот во други земји. Овие мерки на штедење се покажале крајно непопуларни кај грчката јавност, предизвикувајќи демонстрации и граѓански немири.
По изборните избори во мај 2012 година, кога партијата Нова демократија станала најголема партија во грчкиот парламент, Самарас, водачот на НД, бил повикан од грчкиот претседател Каролос Папуљас да се обиде да формира влада[17]. Сепак, по тешки преговори со другите партии во парламентот, Самарас официјално објавил дека се откажува од мандатот за формирање влада. Задачата му била предадена на Алексис Ципрас, водач на СИРИЗА (втора по големина партија), која исто така не била во можност да формира влада[18]. Откако и ПАСОК, исто така, не успеала да преговара за успешен договор за формирање на влада, итните преговори со претседателот завршиле со закажување нови избори, додека Панајотис Пикраменкос бил назначен за премиер во владата.
Гласачите уште еднаш излегле на гласање во јуни 2012 година. Нова демократија била повторно победничка и тоа во посилна позиција со 129 места, во споредба со 108 на изборите во мај. На 20 јуни 2012 година, Самарас успешно формирал коалиција со ПАСОК (предводена од поранешниот министер за финансии Евангелос Венизелос) и Демократска левица.
На изборите во јануари 2015 година, победила партијата на СИРИЗА, а Алексис Ципрас бил избран за нов премиер на земјата.
Наводи
уреди- ↑ Bury (1923), 1
* Fenner, Economic Factors Архивирано на 18 јуни 2008 г. - ↑ Bury (1923), 1
- ↑ Gibbon (1906), III, 168 PDF (2.35 MiB)
- ↑ Esler (2000), 1081
- ↑ Bury (1923), 163
- ↑ „Byzantine Empire“. Encyclopaedia Britannica.
- ↑ „Greek Independence Day“. www.britannica.com. Посетено на 2009-09-09.
The Greek revolt was precipitated on 25 март 1821, when Bishop Germanos of Patras raised the flag of revolution over the Monastery of Agia Lavra in the Peloponnese. The cry “Freedom or Death” became the motto of the revolution. The Greeks experienced early successes on the battlefield, including the capture of Athens in June 1822, but infighting ensued.
- ↑ McManners, John (2001). The Oxford illustrated history of Christianity. Oxford University Press. стр. 521-524. ISBN 0192854399.
The Greek uprising and the church. Bishop Germanos of old Patras blesses the Greek banner at the outset of the national revolt against the Turks on 25 март 1821. The solemnity of the scene was enhanced two decades later in this painting by T. Vryzakis….The fact that one of the Greek bishops, Germanos of Old Patras, had enthusiastically blessed the Greek uprising at the onset (25 март 1821) and had thereby helped to unleash a holy war, was not to gain the church a satisfactory, let alone a dominant, role in the new order of things.
- ↑ Jelavich, p. 217.
- ↑ Orlando Figes, The Crimean War(2010 pp 32-40, 139
- ↑ Spencer C. Tucker (2009). A Global Chronology of Conflict. ABC-CLIO. стр. 1210.
- ↑ 12,0 12,1 Clogg, Richard. A Concise history of Greece.
- ↑ EU members - Chronology - Ministère des Affaires étrangères Архивирано на 24 март 2012 г.
- ↑ PM Simitis resigns as PASOK president, initiates election of new party leader Архивирано на 17 февруари 2012 г.
- ↑ George Matlock (16 February 2010). „Peripheral euro zone government bond spreads widen“. Reuters. Посетено на 28 April 2010.
- ↑ „Acropolis now“. The Economist. 29 April 2010. Посетено на 22 June 2011.
- ↑ „Samaras tries to form Greek coalition“. Rthk.hk. Архивирано од изворникот на 10 август 2013. Посетено на 14 мај 2012.
- ↑ Petrakis, Maria. „Greek Government Mandate to Pass to Syriza as Samaras Fails“. Bloomberg. Посетено на 14 May 2012.