Евангелос Венизелос

Евангелос Венизелос (грчки: Ευάγγελος Βενιζέλος; р. 1 јануари 1957) — грчки политичар, поранешен заменик-премиер и министер за финансии на Грција од 17 јуни 2011 година до март 2012 година[1]. Тој е член на Грчкиот парламент и моментален претседател на партијата ПАСОК.

Евангелос Венизелос
Ευάγγελος Βενιζέλος
Венизелос во 2014 г.
Вицепремиер и Министер за финансии
На должноста
17 јуни 2011 – 21 март 2012
Претходник Јоргос Папаконстантину (како министер за финансии)
Наследник Филипос Сакинидис
Министер за одбрана
На должноста
7 октомври 2009 – 17 јуни 2011
Претходник Евангелос Меимаракис
Наследник Панајотис Беглитис
Министер за култура
На должноста
21 ноември 2000 – 10 март 2004
Претходник Теодорос Пангалос
Наследник Костас Караманлис
Министер за развој
На должноста
19 јануари 1999 – 13 април 2000
Претходник Васо Папандреу
Наследник Никос Кристогулакис
Министер за култура
На должноста
25 септември 1999 – 19 јануари 1999
Претходник Ставрос Бенос
Наследник Елисавет Папацои
Министер за правда
На должноста
22 јануари 1996 – 30 август 1996
Претходник Јоанис Потакис
Наследник Анаргирос Фатурос
Министер за транспорт и врски
На должноста
15 септември 1995 – 22 јануари 1996
Претходник Атанасиос Цурас
Наследник Харис Кастанидис
Лични податоци
Роден(а) 1 јануари 1957(1957-01-01)(67 г.)
Солун, Грција
Националност Грк
Партија Сегрчко социјалистичко движење
Сопружник Василики Бакацелу
Установа Универзитет Аристотел, Солун
Професија правник
Вероисповед Грчка Православна црква
Портал www.evenizelos.gr

Роден е во Солун. Тој е професор по Уставно право на Правниот факултет на Аристотеловиот универзитет во Солун. На прашањето на новинарот Марк Драгумус дали Евангелос има некаква роднинска врска со Елефтериос Венизелос, тој кажал дека нема никаква врска со него и Венизелос жестоко реагирал дека тој го променил своето име[2][3] .

Евангелос Венизелос за пратеник од редовите наз ПАСОК бил избран во 1993 година, 1996 и 2000 година. Тој е член на парламентарната комисија за ревизија на Уставот на земјата. Освен ова, тој бил и член на комисијата за национална одбрана и надворешни работи, на јавната администрација, јавниот ред и правда и за европски прашања.

По парламентарните избори од 2007 година, во која ПАСОК бил поразен, Венизелос ја објавил својата кандидатура за водач на ПАСОК. На партиските избори во 2007 година, тој бил поразен од актуелниот водач на партијата, Јоргос Папандреу, добивајќи 38,18% од гласовите против 55,91% за Папандреу.[4].

По реконструкција на владата на Папандреу, на 17 јуни 2011 година станал заменик-премиер и министер за финансии на Грција. На 18 март 2012 година, Венизелос бил избран за претседател на ПАСОК по поразот на неговата партија на изборите и по повлекувањето на Папандреу[5].

Наводи

уреди
  1. „Ανακοινώθηκε το νέο υπουργικό σχήμα“ (грчки). ana-mpa.gr. 17 June 2011. Архивирано од изворникот на 2011-06-20. Посетено на 17 June 2011 work=ANA-MPA. Недостасува права црта во: |accessdate= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. Mark Dragoumis (2007-01-12). „Education is not possible in universities at the mercy of 'rebeloi'. Athens News. Архивирано од изворникот на 2007-10-12. Посетено на 2007-09-29.
  3. Mark Dragoumis (2007-10-05). „Pasok's lost cause: 'Always oppose - never propose'. Athens News. Архивирано од изворникот на 2007-10-11. Посетено на 2007-10-11.
  4. "George Papandreou wins PASOK leadership election with 55.91 pc", Athens News Agency (hri.org), November 15, 2007.
  5. „Greek socialists vote for finance minister as new leader“. Kathimerini. Athens. 18 March 2012. Посетено на 18 March 2012.