Ноемвријана
Ноемвријана (грчки: Νοεμβριανά, „Ноемвриски настани“) — политички спор во Грција во периодот од 18 ноември - 20 ноември 1916 година, помеѓу ројалистичката влада на Грција и силите на Сојузниците во врска со прашањето на неутралноста на Грција за време на Првата светска војна.
Ноемвријана | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Прва светска војна и Национална шизма | |||||||
Поглед кон Атина за време на „Номевријана“, декември 1916 година |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Грција
| Франција Обединето Кралство |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Јоанис Метаксас Виктор Дусманис | Dartige du Fournet | ||||||
Сила | |||||||
20,000 | 3,000 | ||||||
Жртви и загуби | |||||||
82 убиени | 194 убиени |
Уште од почетокот на Првата светска војна, двете страни имале спротивставени ставови. Безусловното предавање на граничната тврдина Рупел во мај 1916 година на Централните сили, главно составени од бугарски војници, бил првиот настан што доведе до Ноемвријана. Сојузниците стравувале од можноста за таен пакт меѓу грчката кралска влада и Централните сили. Таквиот сојуз би ја загрозил сојузничката армија во Македонија, која била околу Солун од крајот на 1915 година[1]. Интензивните дипломатски преговори меѓу кралот Константин I и сојузничките дипломати се одржувале во текот на летото. Кралот сакал Грција да ја задржи својата неутралност, позиција која би ги поддржувала плановите на Централните сили на Балканот, додека сојузниците сакале демобилизација на грчката армија и предавање на воената материја која била еквивалентна на она што било изгубено кај тврдината Рупел како гаранција за неутралноста на Грција[2]. До крајот на летото 1916 година, неуспехот на преговорите, заедно со напредокот на бугарската војска во источна Македонија довеле до воен удар од страна на воени офицери на Венизелистите во Солун со поддршка на сојузниците. Поранешниот премиер Елефтериос Венизелос, кој од самиот почеток ги поддржувал сојузниците, формирал привремена влада во Северна Грција. Тој започнал да формира армија за ослободување на областите изгубени од Бугарија, но тоа делотворно ја поделило Грција на два ентитета[3].
Вклучувањето на грчката војска заедно со сојузничките сили, како и поделбата на Грција, предизвикало неколку анти-сојузнички демонстрации во Атина. Кон крајот на октомври бил постигнат таен договор меѓу кралот и сојузничките дипломати. Притисокот од воените советници го натеро на кралот да го повлече овој договор. Во обид да ги спроведе барањата, еден мал контингент на сојузниците влегле во Атина на 18 ноември 1916 година. Сепак, тие се сретнале со организираниот отпор по кое следувале и судири. Еден ден по состанокот на сојузниот контингент евакуиран од Атина, ројалистите започнале да протестираат низ градот, насочувајќи ги приврзаниците на Венизелос. Немирите продолжиле три дена, а инцидентот станал познат како Ноемвријана во Грција, која според календарот во нов стил се случил во текот на месец декември. Инцидентот предизвикал длабока поделеност меѓу венизелистите и ројалистите, доближувајќи сè до она што станало познато како Национална шизма[4].
Следејќи ја Ноемвријана, сојузниците, решени да го отстранат Константин I, воспоставиле поморска блокада за да ги изолираат областите што го поддржувале на кралот. По оставката на кралот на 15 јуни 1917 година, Грција била обединета под нов крал, синот на Константин I, Александар, и раководството на Елефтериос Венизелос. Така, Грција се вклучила во Првата светска војна на страната на сојузниците. До 1918 година, мобилизираната грчка војска обезбедила бројна супериорност која им била потребна на сојузниците на Македонскиот фронт. Сојузничката војска наскоро потоа ги поразила силите на Централните сили на Балканот, по што следело и ослободувањето на Србија и завршувањето на Првата светска војна.
Наводи
уредиНадворешни врски
уреди- Ноемвријана на Ризницата ?