Кефалонија (грчки: Κεφαλλονιά, Κεφαλονιά) е грчки остров кој припаѓа на Јонските острови. Ова е најголемиот остров во архипелагот во кој спаѓа. На административна поделба на Грција, Кефалонија припаѓа на истоимената област. Главен град и најголемo место на целиот остров и на префектурата е Аргостоли.

Кефалонија
Κεφαλονιά
Kefaloniá
Округ
Асос, Кефалонија
Асос, Кефалонија
Кефалонија меѓу Јонските Острови
Кефалонија меѓу Јонските Острови
ОкругЈонски Острови
СедиштеАргостоли
Управа
 • градоначалинкАлександрос Парисис
Површина
 • Вкупна786,58 км2 (303,70 ми2)
 • Земјишна773 км2 (298 ми2)
 Целосната површина ги содржи другите острови кои се дел од округот Кефалонија
Население (2011)
 • Вкупно35.801
 • Густина46/км2 (120/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Поштенски број280 xx
Повикувачки број267x0
Регистарски кодΚΕ
Мреж. местоkefallonia.gov.gr

Округот Кефалонија е основан во 2011 година на местото на поранешната префектура. Се состои од една општина, општината Кефалонија, која го вклучува островот Кефалонија и околните острови и корални гребени. Зафаќа површина од 781 км2 и население од 37.000.

Историја

уреди
 
Пештерата Мелисани на острвот
 
Познатата плажа Миртос

Се верува дека островот е наречен според митолошката фигура Кефалус, кој му помогнал на Амфитрион од Микена во војната против Тафијците и Телебоите. За возврат добил остров.[1]

Кефалонија била сметана за Хомеровата Итака, домот на Одисеј, а не островот кој денес го има тоа име. Роберт Битлстоун сметал дека полуостровот Палики за време на бронзеното доба бил посебен остров, и дека токму тој дел од Кефалонија бил островот Итака на Хомер.[2]

Среден век

уреди

За време на средниот век, островот бил центар на византиската управна единица тема Кефалонија до 1185 година.[3] По 1185 година, островот влегол во состав на Кралство Сицилија, а кога последниот владетел Леонардо III Токо бил поразен, островот го освоиле Отоманците во 1479 година.[4] Турците го изгубиле островот во 1500 година, кога Кефалонија по Отоманско-венецијанската војна,[4] станал дел од Венецијанската Република. Со Кампоформискиот мировен договор било побарано од Венецијанската Република да ги предаде Јонските Острови на Франција.

Во 1596 година Венецијанците ја изградиле тврдината Асос, која денес е туристичка атракција. Од 16 до 18 век островот бил најголем извозник на бобинките налик на грозје, Коринтски рибизли, заедно со Закинтос, и имал голема флота. Населените места биле градени главно на повисоко, поради напади од пирати кои пловеле по Јонското Море во текот на 1820-те години.

Британско владеење

уреди

Во 1798 година, Французите биле приморани владеењето со островот Кефалонија да го препуштат на руските и турските флоти. Од 1799 до 1807 година, островот Кефалонија бил дел од Републиката на седум острови, под Отоманското Царство, но заштитени од Русија.

Во 1807 година, Јонските Острови биле вратени на Франција, но во септември 1809 година Велика Британија ги презела островите. Со Парискиот договор од 1815 година било решено дека Кефалонија станува британски протекторат. По неколку години се формирала група на отпор, која на почеток ги поддржувала Грците во борбата за независност од Турција, а подоцна се свртела против Британците. До 1848 година движењето на отпорот учествувало во престрелки со британската армија во Аргостоли и Ликсури, што довело до полиберални закони како и слобода на печатот. Сепак, движењето на отпорот имало за цел спојување со Грција, што се случило во 1864 година кога британскиот принц Вилијам од Данска станал првиот крал на Елините.

Обединување со Грција

уреди

За време на Втората светска војна, островот Кефалонија бил окупиран од силите на Оската. До 1943 година, окупатори биле претежно Италијанци (околу 12.000 војници) и мал број на Германци (околу 2.000).

Во август 1953 година серија на земјотреси го погодиле островот и предизвикале големи штети. Најсилниот земјотрес се случил на 12 август 1953 во 11:24 по месно време, со магнитуда од 7,3 степени според Рихтеровата скала.

Население

уреди

Населението во 1896 година изнесувало околу 70.000 жители, а на пописот во 2011 - 35.801 жители.[5]

Година Население
1879 68,321[6]
1896 70,077[7]
1920 55,030[8]
1940 58,437[9]
1961 39,793[10]
1981 41,319[11]
2001 34,544[12]
2011 35,801[5]

Клима

уреди

Кефалонија има топли и сончеви лета и благи дождливи зими. Во зима може да има снег на повисоките врвови, со просечно 156 mm дожд. Во лето има многу малку или воопшто нема дожд.

Климатски податоци за Argostoli (1981–2010)
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 14.3
(57.7)
14.1
(57.4)
15.7
(60.3)
18.5
(65.3)
22.9
(73.2)
27.0
(80.6)
29.5
(85.1)
29.9
(85.8)
26.9
(80.4)
23.5
(74.3)
19.0
(66.2)
15.5
(59.9)
21.5
(70.7)
Сред. дневна °C (°F) 11.3
(52.3)
11.1
(52)
12.3
(54.1)
14.9
(58.8)
19.7
(67.5)
22.6
(72.7)
25.1
(77.2)
25.7
(78.3)
23.0
(73.4)
19.9
(67.8)
15.9
(60.6)
12.6
(54.7)
17.8
(64)
Прос. ниска °C (°F) 8.3
(46.9)
8.0
(46.4)
9.0
(48.2)
11.2
(52.2)
14.5
(58.1)
18.2
(64.8)
20.6
(69.1)
21.6
(70.9)
19.1
(66.4)
16.3
(61.3)
12.8
(55)
9.7
(49.5)
14.2
(57.6)
Прос. дожд мм (ин) 93.1
(3.665)
100.0
(3.937)
66.6
(2.622)
49.7
(1.957)
20.4
(0.803)
10.5
(0.413)
1.3
(0.051)
5.6
(0.22)
31.3
(1.232)
94.7
(3.728)
155.9
(6.138)
150.0
(5.906)
779.1
(30.672)
Прос. бр. дождливи денови (≥ 1.0 mm) 9 9 9 5 3 1 0 1 3 7 11 12 70
Извор: meteo-climat-bzh[13]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. Robert L. Fowler, 'The myth of Kephalos as aition of rain-magic' (Pherekydes FrGHist 3F34), in Zeitschrift für Papyrologie und Epigraphik 97 (1993), pp. 29–42
  2. Gatopoulos, Derek (March 27, 2007). „Engineers to Help Find Homer's Ithaca“. USA Today, Associated Press. Посетено на 2007-03-28.
  3. Harrison, Dr. David (December 2013). „The Hidden Mysteries of Kefalonia; Crusaders, Byzantium and Venetians“ (PDF). Knight Templar Magazine. стр. 25–27. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-11-09. Посетено на 3 November 2018.
  4. 4,0 4,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име EB1911.
  5. 5,0 5,1 Detailed census results 2011 Архивирано на 25 декември 2013 г. (грчки)
  6. „Detailed census results 1879“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-25. (145 MB) (грчки) (француски)
  7. „Detailed census results 1896“ (PDF). (53 MB) (грчки) (француски)
  8. „Detailed census results 1920“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-05-30. (88 MB) (грчки) (француски)
  9. „Detailed census results 1940“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-24. (47 MB) (грчки) (француски)
  10. „Detailed census results 1961“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2014-10-24. (35 MB) (грчки) (француски)
  11. „Detailed census results 1981“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-05-04. (13 MB) (грчки)
  12. „Population & housing census 2001 (incl. area and average elevation)“ (PDF) (грчки). National Statistical Service of Greece. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-21.
  13. „moyennes 1981/2010“.

Надворешни врски

уреди