Пиреј
Научна класификација
Царство: Растенија
Нерангирано: Скриеносеменици
Нерангирано: Монокотиледони
Нерангирано: Комелиниди
Ред: Тревовидни
Семејство: Треви
Род: Пиреј
Вид: Пиреј
Научен назив
Elymus repens
(L.) Gould
Синоними
  • Agropyron repens (L.) P.Beauv.
  • Elytrigia repens (L.) Desv. ex Nevski
  • Triticum repens L.
Корица на романот „Пиреј

Пиреј или коштрева (науч. Elymus repens) — мошне застапено повеќегодишно растение од семејството на тревите (Poaceae) автохтоно во Европа, Азија, на Арктикот и во северна Африка. Пренесено е и во други северни краишта со умерена клима, како фуражна култура и за спречување на одрони.

Пирејот во целиот свет се смета за инвазивен коров.[1] и е многу тежок за отстранување бидејќи ризомите се преплетуваат со корените на другите растенија. Дополнителна потешкотија задава фактот што секој откинат ризом потоа се развива во посебно растение.

Опис

уреди

Растението има ползечки ризоми со чија помош се брзо се шири низ тревнатите површини. Има сплеснати влакнести листови со исправени цветни шилести класчиња. Стебленцата растат до висина од 40–150 см. листовите се прави, со должина од 15–40 см и широки 3–10 мм при основата на растението, а оние повисоко на стебленцата се широки по 2–8,5 мм. Цветните класчиња се долги 10–30 см со боцки долги 1–2 см, широки 5–7 мм, а дебели 3 мм и имаат 3-8 цветчиња. Плевата е долга 7–12 мм и обично нема осил или има мошне краток.

Цвета од крајот на јуни до крајот на август (на северната полутопка).[2][3][4] [5][6]

Таксономија

уреди

Според најновата класификација, пирејот има три подвида, од кои едниот има уште еден свој вариетет:[1][2][3]

  • Elytrigia repens subsp. repens — речиси целиот ареал.
    • Elytrigia repens subsp. repens var. repens — без осил или, ако го има, е многу краток.
    • Elytrigia repens subsp. repens var. aristata (Döll) P.D.Sell — има осил, долг до 15 мм.
  • Elytrigia repens subsp. elongatiformis (Drobow) Tzvelev (syn. Elytrigia elongatiformis (Drobow) Nevski) — средна и југозападна Азија, и крајот на југоисточна Европа (Украина).
  • Elytrigia repens subsp. longearistata N. R. Cui — западна Кина (Синѓанг).

Познато е дека постојат и пиреи вкрстени со разни сродни треви, како што е гускината трева Elytrigia juncea (Elytrigia × laxa (Fr.) Kerguélen), Elytrigia atherica (Elytrigia × drucei Stace), and with the јачмен species Hordeum secalinum (× Elytrordeum langei (K. Richt.) Hyl.).[2]

Екологија

уреди

Листовите се значајни како фуражна култура за разни тревопасни животни.[3] Семките ги јадат неколку вида на птици што живеат во тревести предели, особено стрнарките и ѕвингалките.[7] Со листовите се хранат и гасениците на некои видови пеперутки.

Културно значење

уреди

Поради неговата истрајност и неистребливост, во македонската култура и книжевност пирејот го симболизира македонскиот народ. Најпознато дело на оваа тематика е романот „Пиреј“ (1980) од Петре М. Андреевски. Во чест на писателот и на значењето на оваа симболика, секоја година се одржува културната манифестација „Славење на пирејот“ во неговото родно место Слоештица, Демирхисарско.[8]

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Germplasm Resources Information Network: Elymus repens (L.) Gould subsp. repens
  2. 2,0 2,1 2,2 Flora of NW Europe: Elytrigia repens
  3. 3,0 3,1 3,2 Flora of China: Elytrigia repens
  4. Webster Third International Dictionary (Könemann, 1993) ISBN 3-8290-5292-8
  5. Fitter, R., Fitter, A., & Farrer, A. (1984). Collins Guide to the Grasses, Sedges, Rushes and Ferns of Britain and Northern Europe. Collins ISBN 0-00-219128-8.
  6. Hubbard, C. E. Grasses. Penguin Books, 1978
  7. Snow, D. W. & Perrins, C. M. (1998). The Birds of the Western Palearctic Concise Edition. OUP ISBN 0-19-854099-X.
  8. „„Славење на пирејот" во Слоештица“. Нова Македонија. 27 август 2012. Посетено на 26 јуни 2013.

Надворешни врски

уреди