Георги (принц на Грција)
Принц Георги (грчки: Πρίγκιπας Γεώργιος; 24 јуни 1869 - 25 ноември 1957) бил вториот син на Георги I, крал на Грција, и Големата кнегиња Олга Константиновна. Тој ја имал титулата принц на Грција и Данска, и главно се памети поради тоа што го спасил животот на идниот цар на Русија, Николај II во 1891 година во Јапонија. Тој служел како висок комесар на Крит за време добивањето на Грција независност од Отоманското Царство.
Принц Георги | |
---|---|
Георги, принц на Грција и Данска | |
Почивалиште | Кралски гробишта, Грција |
Сопружник | Марија Бонапарт |
Деца | Петар Евгенија |
Династија | Династија Шлезвиг-Холштајн-Сондербург-Гликсбург |
Татко | Георги II |
Мајка | Олга Константиновна |
Во Грција
уредиОд 1883 година, Георги живеел во еден дворец во близина на Копенхаген, заедно со принц Валдемар, помалиот брат на неговиот татко. Во 1896 година, заедно со неговите браќа бил вклучен во организацијата на Летните олимписки игри кои за првпат се одржиле во Атина. Тој бил претседател на поткомитетот за поморски спорт.
И покрај тоа што Грција својата независност од Отоманското Царство ја добила во текот на 1820-тите, Крит сепак останал во рацете на Отоманците. Во текот на 19 век имало голем број на бунтови и протести на островот. Грчките сили заедно со Големите сили во 1897 година успеале да воспостават контрола над островот. Принцот Георги во тоа време бил избран за Висок комесар на заедничкиот муслимано-христијански совет. Но, со ова не се согласувал Елефтериос Венизелос, кој бил водич на движењето за повторно обединување на Крит со Грција. Во времето на востанието, голем број од тамошната жандармерија останала на страната на принцот. Но, по одржаните избори, во 1906 година пеинцот бил сменет од страна на поранешниот грчки премиер Александрос Зајмис, а принцот бил принуден да го напушти островот. Во 1908 година Крит бил припоен кон Грција.
Во 1912 година, принцот се вратил од Париз во Атина, пристапувајќи во поморска служба, и подготвувајќи се за војна против Турција. Но истата година се случило и убијството на неговиот татко, Георги I, па принцот заминал за Копенхаген.
Семејство
уредиНа 21 ноември 1907 година, во Париз, принцот се оженил за Марија Бонапарт. Тие имале две деца: Петар и Евгенија.