Тетрархија (од грчки: τετρα-четири i αρχη-влада, власт) претставува систем на владеење во кој власта се дели помеѓу четворица владетели.

Четирите тетрарси - прегрнати во обид да се прикаже еднаквоста на владетелите и единството на Царството. Скуптурата потекнува од Цариград (дат. од IV век). Се наоѓала на царевигратскиот Капитол. Денес се наоѓа на југозападниот агол на базиликата Св. Марко во Венеција, каде била пренесена во 1204 како плен од Четвртата крстоносна војна
Карта на Римското Царство на кое се покажани диоцените на четворицата тетрарси.

Терминот тетрархија обично се однесува на системот на тетрархиска власт која римскиот цар Диоклецијан (284 — 305 година), првиот цар во времето на доминатот, ја вовел во 293 година.[1] Тој сметал дека повеќе не било можно да се управува со Царството од еден центар. Воведувањето на тетрархијата се смета за крај на Кризата на третиот век.

Според идејата на Диоклецијан власта ја делеле 4 владетели (тетрарси) (2 августа и 2 цезара). Првиот состав на тетрархијата совладател бил:

Августи:

Цезари биле:

Престолнина на Диоклецијан била Никомедеја (денешен Измир) во Мала Азија. Ова била главната база од која Царството се бранело од напади кој доаѓале од надвор (преку Балканот и на исток од Сасанидското Царство).

Престолнина на Максимијан бил Медоланум (денешно Милано), а не Рим. Негов главен домен на влијание бил Апенинскиот Полуостров и Африка. Надворешните граници на Цасрството кои се бранеле од овој дел не биле толку големи.

Престолнина на источниот цезар Галериј бил градот Сирмиум (денешна Сремска Митровица во Војводина, Србија),

Престолнина на западниот цезар Констанциј I Хлор бил град Аугуста Треворорум (денешен Трир, во Германија), во близина на реката Рајна која ја означувала стратешки важната граница за Царството.

Иако власта во системот на тетрархија била поделена јавниот имиџ на четирите цари бил многу важен за да се прикаже дека постои само едно Царството. Ова станало особено важно по граѓанската војна од третиот век. Тетрарсите биле прикажувани на идентични во сите официјални портрети од тоа време. Монетите кои датираат од периодот тетрархијата го прикажуваат секој цар со идентична слика - само натписите втиснати на монетите укажуваат на тоа за кој од четирите цари е прикажан.

Овој систем на владеење е укина во 324 година кога Константин Велики станал единствен владател во Империјата.

Последици

уреди

Иако овој систем траел само до 313 година многу аспекти од тетрархијата преживеале. Регионалната поделба на империјата продолжува во форма на Преторијански префектури, од кои секоја е управувана од Преторијански префект и била административно поделена на диоцени.

Идејата за две половини, на истокот и на западот, повторно се појавила и на крајот резултирала со постојан de facto поделба во две одделни Римски империи по смртта на Теодосиј I. Треба да се каже дека Империјата никогаш не била формално поделена. Царевите на Исток и на Запад законски владееле како коцари.

По падот на Рим во 476 година Источниот дел од царството (денес познат под називот Византија) останал како единствен директен наследник Римското Царство.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди