Каролос Папуљас
Каролос Папуљас (грчки: Κάρολος Παπούλιας; роден на 4 јуни 1929 во Јанина - 26 декември 2021 година) е грчки политичар и моментален претседател на Грција. Претходно, Папуљас бил Министер за надворешни работи на Република Грција.
Каролос Папуљас Κάρολος Παπούλιας | |
---|---|
Претседател на Грција | |
На должноста | |
Стапил 12 March 2005 | |
Премиер | Костас Караманлис Јоргос Папандреу |
Претходник | Костис Стефанопулос |
Министер за надворешни работи | |
На должноста 26 јули 1985 – 2 јули 1989 | |
Претходник | Јоанис Караламбопулос |
Наследник | Цанис Цанетакис |
На должноста 13 октомври 1993 – 2 јануари 1996 | |
Претходник | Михалис Папаконстантину |
Наследник | Теодорос Пенгалос |
Лични податоци | |
Роден(а) | 4 јуни 1929 Јанина, Грција |
Починал(а) | 26 декември 2021 година |
Партија | ПАСОК |
Сопружник | Марија Папуљија |
Деца | Фани, Вики и Ана |
Живеалиште | Претседателска палата (официјална) |
Установа | Атински универзитет |
Професија | Правник |
Вероисповед | Грчка Православна црква |
Потпис | |
Портал | Претседател на Грција |
Папуљас е роден во градот Јанина. Тој е син на генералот Григорис Папуљас. Папуљас студирал на правниот факултет во Атина, како и на Миланскиот универзитет. Тој поседува диплома по меѓународно право од универзитетот во Келн.
Како поранешен шампион во атлетика и одбојка, тој бил претседател на спортскиот сојуз на Грција во продолжение на 25 години. Тој бил еден од основачите на ПАСОК и близок соработник со Андреас Папандреу.
Извршувал неколку државни функции, и тоа:
- Заменик-министер за надворешни работи (1981 - 1984)
- Министер за надворешни работи (1985 - 1989)
- Заменик-министер за одбрана (1989 - 1990)
- Министер за надворешни работи (1993 - 1996)
Во текот на декември 2004 година, тогашниот премиер Костас Караманлис и претседателот на опозициската партиа ПАСОК, Јоргос Папандреу, го номинирале Папуљас за претседате на Грција. Така, со голема поддршка од страна на парламентот, тој на 8 февруари 2005 година бил избран за претседател, заменувајќи го Костис Стефанопулос.
„Каролос Папуљас“ на Ризницата ? |