Јоргос Ралис (грчки: Γεώργιος Ράλλης) (роден на 25 декември 1918 во Атина - починал на 15 март 2006 во Атина) бил грчки политичар, Министер за надворешни работи на Република Грција во периодот од 10 мај 1978 до 9 мај 1980 година и Премиер на Грција од 10 мај 1980 до 21 октомври 1981 година.

Јоргос Ралис
Γεώργιος Ιωάννου Ράλλης
173 Премиер на Република Грција
На должноста
10 мај 1980 – 21 октомври 1981
Претходник Константин Караманлис
Наследник Андреас Папандреу
Министер за надворешни работи
На должноста
10 мај 1978 – 9 мај 1980
Претходник Панајотис Папалигорас
Наследник Константинос Мицотакис
Лични податоци
Роден(а) 26 декември 1918(1918-12-26)
Атина, Грција
Починал(а) 15 март 2006(2006-03-15) (возр. 87)
Атина, Грција
Партија Нова Демократија
Сопружник Лена Ралис
Владина зграда. Пристигнување на Георгиос Ралис од Грција по повод Евро самитот.
Владина зграда. Пристигнување на Георгиос Ралис од Грција по повод Евро самитот.

Во текот на 1939 година завршил на правниот факултет во Атина. Слкедната 1940 година учествувал во Втората светска војна, во т.н. Грчко-италијанската војна. По крајот на војната, тој се вратил во Атина и започнал да работи како адвоикат.

На Парламентарните избори во 1950 година бил избран за пратеник, и од тогаш, со исклучок во 1958 година, бил секогаш избиран на таа позиција.