Грчка народноослободителна армија

(Пренасочено од ЕЛАС)

Грчката народноослободителна армија (ЕЛАС, на грчки: Ελληνικός Λαϊκός Απελευθερωτικός Στρατός, ΕΛΑΣ, Еллиникόс Лајикόс Апелефтеротикόс Стратόс) е воено крило на левичарскиот Националноослободителен фронт (ЕАМ) за време на окупацијата на Грција во текот на Втората светска војна.

Грчка народноослободителна армија
Учесник во Грчка граѓанска војна
Период на делувањедекември 1941 – 15 февруари 1945
ВодачиАрис Велокиотис
Стефанос Сарафис
Андреас Симас
Бројност77,535 борци од кои 6,000 Македонци
50.000 (резервен состав), од кои речиси половина биле Македонци.
Дел одНародноослободителен фронт
ПротивнициНацистичка Германија,

Кралство Италија,
Тагмата асфалиас,
Народна Републиканска Грчка Лига,
ЕККА,
Британска армија,

Грчка жандармерија
Штабот на ЕЛАС во Вермион, Каракамен, со воената советска мисија, 1944 година

Раководена од Комунистичката партија на Грција. Активна е од декември 1941 до 1945, кога со Договорот од Варкиза потпишан меѓу водачите на ЕЛАС и привремената влада е договорено нејзиното разоружување.

Оформување

уреди

Во почетокот на октомври, 1941 година бил формиран воен центар за отпор со задача да ги проучи проблемите на организацијата на народноослободителната војска во водењето на партизанската војна. Во втората половина на декември 1941 година бил формиран и Централниот комитет на ЕЛАС. ЦК на ЕЛАС бил реорганизиран во Главен воен штаб на народно ослободителното движење и одиграл значајна улога во организирањето и раководењето на ЕЛАС. Во редовите на активниот состав на ЕЛАС служеле 77.535 борци, од кои 6.000 Македонци.[1]

Организирани биле во десетина дивизии, еден корпус, 6 полка и други единици. Покрај активниот состав, бил организиран и резервен составод околу 50.000 борци, од кои речиси половина биле Македонци.[1]

Иако ЕЛАС за време на Граѓанската војна во Грција води опуртунистичка политика спрема македонското малцинство, Македонците сепак влегуваат во редовите на ЕЛАС и се борат против фашистичката окупација. Под притисок на сè поголемиот број на Македонци борци за создавање на самостојни батаљони составени само од Македонци, ЕЛАС се согласува со создавањето на СНОФ, а во 1946, бивши кадри на СНОФ, ја формираат македонската воено-политичка организација НОФ

Распуштање на ЕЛАС

уреди

Врз оснона на склучениот договор од Варкиза меѓу грчката влада и ЦК ЕАМ, со наредба од 15 февруари 1945 година, Флавниот штаб на ЕЛАС извршил демобилизација на борците.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 175–176. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува |author1= (help)