Зенон

појаснителна страница

Зенон од Елеја (околу 460 г.) бил старогрчки философ, ученик на Парменид. Тој си поставил задача да ги одбрани противниците на неговиот учител. Всушност, тој настојувал да ја покаже апсурдноста (бесмисленоста) на познанието кое се темели на сетилните податоци и да се докаже, индирекно, дека она што го тврди разумот е над она што ни го покажуваат сетилата. Преку неговите апории (безизлез) докажувал дека поимот движење е апсурден, невозможен. Така, ако стрелата се движи кон целта, таа мора да прејде половина од патот, па половина од половината, па половина од таа половина итн., па бидејќи секогаш ќе има колку и да е мали половини од половините ќе произлегува дека стрелата никогаш нема да стаса на целта (апорија дихотомија, делење на две). Ниту брзиот Ахил, ако и' даде предимство на желка од 10 м, никогаш не ќе ја стаса, зашто кога тој ќе претрча 10 м, желката ќе мине неколку дециметри, кога тие ќе ги мине Ахил, желката ќе се помрдне за некој сантиметар итн, до бесконечност Ахил не ќе ја стаса желката (апорија Ахил и желката).

Наводи

уреди
  • Учебник по филозофија за четврта година по гимназиско образование.