Флавиј Аркадиј (латински: Flavius ​​Arcadius) (377 / 378-1 мај 408) бил цар на Источното Римско Царство во периодот од 395 до 408 година. Во некои историски извори, Аркадиј е претставен како првиот византиски цар.

Аркадиј
Византиски цар
Биста на царот, која денес се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул.[1]
На престол383 – 395
ПретходникТеодосиј I
НаследникТеодосиј II
Роден(а)377/8
Шпанија
Починал(а)1 May мај (30 или 31)
СопружникЕлија Евдоксија
ДецаФлацила
Елија Пулхерија
Аркадија
Теодосиј II
Марина
Полно име
Флавиј Аркадиј
ДинастијаТеодосиева династија
ТаткоТеодосиј I
МајкаЕлија Флацила
Вероисповедхристијанство

Аркадиј бил најголемиот син на Теодосиј I и Елија Флацила. Роден во Шпанија, непосредно пред стапувањето на Теодосиј на престолот, Аркадиј ја добил титулата август од својот татко во јануари 383 година и станал негов соцар и наследник. Помалиот брат Хонориј исто така бил прогласен за август во 393 година. Откако Теодосиј I Велики починал во јануари 395 година Римското Царство била поделена за последен пат на источна на чело со Аркадиј и западна на чело со Хонориј.

Управување

уреди

Додека брат му бил под влијание на Стилихон, Аркадиј бил под влијание на еден од своите министри - Руфин. Некои сметаат дека Стилхон имал амбиции да ги контролира и двата браќа, па затоа тој се посочува како нарачател на убиството на Руфин од страна на готски наемници во 395 година. Во исто време, тој бил под влијание и на неговата сопруга, Елија Евдоксија. На оваа ситуација се спротивставил Јован Златоуст, патријарх на Цариград.

Востание на Готите

уреди

Притиснати од Хуните на североисток, готските федерати во Мизија и Панонија ја обновиле својата агресија против Римското Царство. Во 395-400 година еден од вестготските главатари, Аларих I, кренал востание на федератите против империјата и неколку години ги ограбувал Тракија, Илирик и Грција, по што се насочил на запад кон Италија. Соочен со оваа закана Руфин одбил воено помош на западниот регент Стилихон, стравувајќи од неговите амбиции да ги контролира и двајцата императоори. Сепак Стилихон ја одбранил успешно империјата и во 397 година постигнал превласт над Аларих, по неколку години воени дејствија во Илирија.

По наредба на Руфин, војниците на Источната империја биле вратени во Цариград, наместо да се борат со непријателот, но тоа довело до соборување и убиството на великодостојникот од готските платеници, Гаинас во ноември 395 година. Во секој случај новиот советник на Аркадиј станал Евтропиј, кој го зазел местото на Руфин. Во овој период имало неколку обиди за опсада и заземање на Константиноопол.

Истовремено, Гаинас успеал да обезбеди поддршка од повеќето готски војници и застанал на чело на нов бунт против царот (396 година). Обединетите сили на неколку остроготски и вестготски главатари ја ограбиле Тракија и околината на Цариград и дури за некое време преминале во Мала Азија. Од тогаш датираат првите документи на Хуните во римска територија.

На крајот на краиштата, царот Аркадиј бил принуден да ги прифати Готите во Цариград и да го објави Гаинас за новиот magister militum во 399 година, откако Евтропиј станал доста непопуларен. Присуството на варварите-аријаните во главниот град, сепак наскоро предизвикало масовен народен бунт, во кој биле убиени околу 7.000 готски платеници по наредба на Аркадиј. Во немирите била запалена царската палата. Тогаш, со помош на друг готски војвода - Фравита, Гаинас и неговите војници биле протерани од градот во почетокот на 400 година. На следната година остатоците од готската бунтовничка армија била уништена во Мизија од Хуните, кои склучиле сојуз со источната империја.

По уништувањето на готската закана, во Цариград бил изграден Форум на Аркадиј.

Последни години

уреди

Аркадиј бил под влијание на својата сопруга Елија Евдоксија, која во 399 година го убедила на нејзиниот сопруг да го отпушти Евтропиј. Елија Евдоксија која влегла во конфликт со Јован Златоуст, наводно поради тоа што самиот тој имал голема контрола над Аркадиј. Јован Златоуст морал да побегне од градот. Кога населението дознало дека нивниот омилен патријарх е осуден, луѓето се кренале на бунт пред вратите на Големата палата и предизвикале пожар, уништувајќи голем дел од црквата Света Софија и дел од сенатот на плоштадот Августајон. Во 404 година починала Евдоксија, а населението на Цариград оваа прерана смрт на Евдоксија ја протолкувале како казна за лошиот однос со Јован Златоуст.

Во остатокот од своето управување Аркадиј бил под влијание на Антемиј, преторијански префект кој склучил примирје со Стилихон на запад. Самиот Аркадиј не бил ангажиран во управувањето на империјата, бидејќи сакал да остане побожен христијанин. Аркадиј починал на 1 мај 408 година и бил погребан со неговата сопруга во црквата на Светите Апостоли. Во негово време бил изграден форумот каде се наоѓал столб. Негов наследникстанал седумгодишниот Теодосиј II.

Наводи

уреди
  1. Lenaghan, J. (2012). „Portrait head for insertion of Emperor, Arcadius (?). Constantinople. Late fourth to early fifth century“. Last Statues of Antiquity. LSA-337.

Надворешни врски

уреди

Предлошка:Римски цари