Грчка граѓанска војна
Граѓанската војна во Грција (грчки: Ελληνικός εμφύλιος πόλεμος [елиникос емфилиос полемос]) е една од првите воени конфликти кој се случиле во периодот по завршувањето на Втората светска војна, кој траел од 1946 до 1949 година. Победата над комунистите било благодарение на идното грчко членство во НАТО, како и големата поддршка што во тоа време ѝ ја давала САД на Грција. Ова всушност претставува и започнување на Студената војна од страна на истокот и западот предводени од различните системи на владеење.
Грчка граѓанска војна | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Дел од Студената војна | |||||||
Владина единица со топ-хаубица |
|||||||
|
|||||||
Завојувани страни | |||||||
Кралство Грција
Поддржано од: | Привремена Демократска Влада
партизаните од НОФ |
||||||
Команданти и водачи | |||||||
Маркос Вафијадис Никос Захаријадис |
Граѓанската војна главно се водела помеѓу вооружените сили на грчката влада поддржувана од страна на САД и Велика Британија од една страна, и грчките комунисти и членовите на најголемата во тоа време антинацистичка организација (ЕЛАС), поддржувана од самата Комунистичка партија на Грција.
Првата фаза од граѓанската војна се одвивала помеѓу 1942 и 1944 година. Левите и десните ориентации на партиите се спротивставувале помеѓу себеси, кое доведувало и до братоубиствена војна. Втората фаза која започнала во 1944 година, социјалистите кои контролирале голем дел од територијата на Грција, се спротивставиле на грчката влада која дотогаш била во бегство, надвор од Грција, поточно во Каиро. Третата фаза која започнала и завршила во 1946, била избрана десно ориентираната влада, под доста напрегнати услови, борејќи се против вооружаните територии на комунистите. КПГ останала како легална сè до 1948 година, кога и била забранета од страна на Атина.
Поразот на комунистите во Граѓанската војна во Грција, поддржувани од Југославија и Албанија, довело до пристапување на Грција во НАТО и зацврстување на влијанието на САД во Егејско Море до самиот крај на Студената војна.
Заднина
уредиКорените на Граѓанската војна лежат во окупацијата на Грција од страна на Германија и Бугарија од 1941 до 1943. Кралот Јоргос Втори и неговата влада побегнаа во Египет каде целата влада се образуваше во егзил кој ги признавале западните сојузници, но не и Советскиот Сојуз. Западните сојузници активно го охрабруваа кралот Јоргос дури и го присилуваа да именува умерени министри. Некој од левицата тврдеа дека владата е нелегитимна, бидејќи имала корени од диктатурата на генералот Јоанис Метаксас од 1936 до 1941.
Германците поставиле колаборационистичка влада во Атина но ни оваа влада немала легитимна поддршка. Марионетскиот режим исто така бил поткопан и од лошата економска политика која предизвикувала неконтролирана инфлација. Некои високо рангирани офицери им служеле на Германците и почнале да се појавуваат паравоени одреди кои попознати се како Сигурносни баталјони. Овие одреди никогаш не биле користени против западните сојузници само против комунистите.
Недостатокот од легитимна влада создаде вакуум во власта, кој бил исполнет со неколку обиди за отпор. Најголем од нив бил Народноослободителниот фронт (ЕАМ) кој бил основан во септември 1941. ЕАМ и неговото воено крило Грчка народноослободителна војска (ЕЛАС) биле создадени од Комунистичката партија на Грција.
Востанието прво избило во Источна Македонија каде Германците им дозволиле на бугарските трупи да ја окупираат грчката територија.
Договорот од Варкиза
уредиБританската интервенција
уредиМонархо-фашистичкиот терор
уредиНародноослободителен фронт (НОФ)
уредиНародноослободителен фронт (НОФ) била политичка и воена организација на Македонците од Егејска Македонија (Грција). Организацијата била активна во периодот 1945-1949, односно непосредно пред и за време на Граѓанската војна.
Слободни територии во Северна Грција
уредиМакедонците во Демократската армија
уредиПоразот на ДАГ
уредиОд вкупно 50.000 загинати, 20.000 биле Македонци.[1]
На 7 октомври 1949 година во Бурели, Албанија, уапсени се 11 раководители и активисти на НОФ: Паскал Митревски, Павле Раковски, Минчо Фотев, Вера Николова – Баљова и други.
Прогонот
уредиПрогонети биле повеќе од 50.000 македонски бегалци, од кои 30.000 заминале во Југославија, а 20.000 во источноевропските земји. Од нив 5.479 се настанале во Полска, 4.000 во Романија, 3.800 во Чехословачка, 3.299 во Унгарија, 2.954 во СССР и 103 во Бугарија.[2]
Грчката граѓанска војна како мотив во уметноста
уреди- „На граница“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.[3]
Галерија
уреди-
Борци на ДАГ
-
Борци на ДАГ во Преспа
-
Борци на ДАГ во селото Езерец, Хрупишта
-
Борци на ДАГ
-
Борци на ДАГ
-
Борци на ДАГ спроведуваат избори
-
Борци на ДАГ во ровови
Наводи
уреди- ↑ Ристо Кирјазовски „Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во Источна Европа“, „Култура“, Скопје, 1989, 165 стр.
- ↑ Ристо Кирјазовски „Македонската политичка емиграција од Егејскиот дел на Македонија во Источна Европа“, „Култура“, Скопје, 1989, 165-166 стр.
- ↑ Блаже Конески, Поезија. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2011, стр. 41-42.