Хонориј (9 септември 384 - 15 август 425) бил римски цар а подоцна и цар на Западното Римско Царство. Познат и како Флавијан Хонориј. Со Римското Царство управувал од 393 до 395 година, а со Западното Римско Царство од 395 до 423 година. Тој е малиот син на Теодосиј I и брат на Аркадиј, кој управувал со источното царство попознато како Византија. Тој станал конзул само на двегодишна возраст. Во 393 година бил прогласен за соцар. Неговото царување се карактеризира со пад на Западното Римско Царство и нејзините територии. Кога тој умрел, својата империја ја оставил на работ на пропаста си. По смртта на татко му, тој со брат му ја поделил империјата на два дела. Кога станал цар, тој имал само десет години. Починал во 423 година без да остави наследник. Негов наследник е Валентијан III.

Хонориј
Honorius steel engraving.jpg
Роден 9 септември 384
Починал 15 август 425