Втора грчка република
Втора грчка република (грчки: Β΄ Ελληνική Δημοκρατία) е историографски термин за политичкиот режим во Грција во периодот помеѓу 1924 и 1935[1]. Следеше после периодот на уставна монархија под монарсите од династијата Глуксбург, и траела до нејзиното отфрлање со воен пуч со која била обновена монархијата. Втората република го означува вториот период во современата грчка историја во кој Грција не била водена од крал, при што собранијата и привремените влади за време на Грчката револуција се сметаат за Прва република.
Грчка република Ἑλληνικὴ Δημοκρατία Ellīnikī́ Dīmokratía | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1924–1935 | |||||||||
Химна: Химна кон слободата Ὕμνος εἰς τὴν Ἐλευθερίαν | |||||||||
Главен град | Атина | ||||||||
Говорени јазици | грчки | ||||||||
Вероисповед | православие | ||||||||
Уредување | Парламентарна република | ||||||||
Претседател | |||||||||
• 1924–1926 | Павлос Кунтуриотис | ||||||||
• 1926 | Теодорос Пангалос | ||||||||
• 1926–1929 | Павлос Кунтуриотис | ||||||||
• 1929–1935 | Александрос Зајмис | ||||||||
Премиер | |||||||||
• 1924 (прв) | А. Папанастасиу | ||||||||
• 1933–1935 (последен) | Панагис Цалдарис | ||||||||
Legislature | Парламент | ||||||||
• Upper Chamber | Senate | ||||||||
• Lower Chamber | Chamber of Deputies | ||||||||
Историски период | Interwar period | ||||||||
• Прогласување на републиката | 25 март 1924 | ||||||||
13 април 1924 | |||||||||
• Диктатурата на Пангалос | 24 јуни 1925 | ||||||||
• Изборна победа на Венизелос | 5 јули 1928 | ||||||||
март 1935 | |||||||||
• Kondylis coup | 10 октомври 1935 | ||||||||
11 ноември 1935 | |||||||||
4 август 1936 | |||||||||
Валута | Драхма | ||||||||
|
Втората република била прогласена на 25 март 1924[2], како последица на поразот на Грција во Грчко-турска војна (1919-1922), за кој била обвинувана ројалистичката влада. За време на нејзиното кратко постоење, Втората република се покажала за нестабилна. Грчкото општество и понатаму останало поделено, како и по Националниот раскол, помеѓу прорепубликанските Венизелисти и монархистите претставени од Народната партија, кои одбивале дури и да ја признаат легитимноста на Републиката.
Расколот во општеството се проширил и на културни и социјални прашања како разликите за употребата на грчкиот јазик до архитектонските стилови. На оваа поларизација било додадено и дестабилизирачкото вклучување на војската во политиката кое резултирала со неколку удари и обиди за државен удар. Економијата била во пропаст после една декада на војување како и неможноста да се поддржат 1.5 милион бегалци кои пристигнале со размената на население со Турција.
И покрај напорите на реформистичката влада на Елефтериос Венизелос во 1928–1932, Големата депресија имала катастрофално влијание врз грчката економија. Победата на Народната партија во 1933, и двата неуспешни државни удари од страна на Венизелистите, го отвориле патот за повторно стапување на власт на кралот Георги II.
Надворешни врски
уреди- Hellenic Parliament - Constitutional History of Greece
- Greece during the Interwar Period, 1923-1940, from the Foundation of the Hellenic World
- ↑ „Newspaper of the Government - Issue 456“. Government Newspaper of the Kingdom of Greece. 10 October 1935. Посетено на 18 August 2012.
- ↑ „Newspaper of the Government - Issue 64“. Government Newspaper of the Hellenic State. 25 March 1924. Посетено на 18 August 2012.