Фудбалска репрезентација на Македонија

Фудбалската репрезентација на Македонија — државната фудбалска екипа на Македонија, раководена од Фудбалската федерација на Македонија. Најчесто, македонската фудбалска репрезентација ги игра домашните натревари во Национална арена „Тоше Проески“ во Скопје.

 Македонија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)Црвени Лавови
Црвено-Жолти Рисови
СојузФФМ
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторМакедонија Благоја Милевски
КапитенЕнис Барди
Најмногу настапиГоран Пандев (122)
Најдобар стрелецГоран Пандев (38)
Домашен стадионНационална арена „Тоше Проески“
ФИФА кодMKD
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално74 (21 октомври 2021)[1]
Највисок46 (октомври 2008)
Најнизок166 (март 2017)
Прв меѓународен натпревар
Словенија Словенија 1 - 4 Македонија Македонија
(Крањ, Словенија; 13 октомври 1993)
Најголема победа
Лихтенштајн Лихтенштајн 1- 11 МакедонијаМакедонија
(Ешен-Маурен, Лихтенштајн; 9 ноември 1996)
Најлош пораз
 Македонија 0 - 5  Белгија
(Скопје, Македонија; 7 јуни 1995)
 Македонија 0–5 Словачка 
(Скопје, Македонија; 7 октомври 2001)
 Унгарија 5–0 Македонија 
(Будимпешта, Унгарија; 14 ноември 2001)
 Чешка 6–1 Македонија 
(Теплице, Чешка; 8 јуни 2005)
 Англија 7-0  Македонија
(Манчестер, Англија; 19 јуни 2023)

Историја на македонската репрезентација

уреди

Почетоците на фудбалот во Македонија датираат уште од почетокот на XX век. Македонскиот фудбалски сојуз бил формиран 14 август 1949 во Скопје, како дел од Фудбалскиот сојуз на Југославија. Најпознати играчи од Македонија кои играле во репрезентацијата на Југославија се: Кирил Симоновски - Џина, Благоја Видиниќ, Методија Спасовски, Андон Дончевски, Дарко Панчев, Илија Најдоски и други.

Првиот свој натпревар, фудбалската репрезентација на Македонија го одиграла на 13 октомври 1993 година, во Крањ, против репрезентацијата на Словенија која ја победила со резултат 4:1. Притоа, Македонија настапила со следниов состав: Зоран Мицевски, Кире Грозданов (од 63. минута, Неџмедин Мемеди), Зоран Јовановски, Драган Канатларовски, Илија Најдоски, Чеде Јаневски, Зоран Бошковски (од 86. минута, Ванчо Мицевски), Љупчо Марковски, Дарко Панчев, Бобан Бабунски (од 12. минута, Горан Георгиевски, а од 73. минута, Саше Милошевски) и Тони Мицевски. Селектор на репрезентацијата бил Андон Дончевски. Уште во третата минута, Зоран Бошковски - Чоко го постигнал првиот гол во историјата на македонската репрезентација, во 37. минута Дарко Панчев зголемил на 2:0, а три минути подоцна, Словенија намалила на 1:2, со голот на Пате. Потоа, во 48. минута, Чеде Јаневски зголемил на 3:1, а конечниот резултат го постигнал Драган Канатларовски, во 51 минута.[2]

Во 1994 година, Македонија станала членка на ФИФА, на УЕФА и на Балканската Фудбалска Федерација. Националната репрезентација со официјални активности започнала во 1994 година, во квалификациите за ЕП 1996, кога Македонија била во групата со: Ерменија, Белгија, Кипар, Данска и Шпанија. Оттогаш наваму, Македонија учествува во сите натпревари на УЕФА и ФИФА.

Стадион

уреди

Националната арена Филип II Македонски во Скопје е стадионот на кој македонската фудбалска репрезентација ги игра натпреварите на домашен терен. Поранешното име на стадионот е "Градски стадион". Стадионот е изграден во 1947 годинаа, денешнната форма започнал да ја добива во 1978 година, кога започнала изградба на јужната трибина, која била завршена за две години. Во 2009 година, завршила реконструкцијата на северната трибина.

 
Национална Арена „Филип II Македонски

На 12 август 2009 година, по повод 100-годишнината од фудбалот во Македонија, пред 30.000 гледачи, фудбалската репрезентација на Македонија одиграла пријателски натпревар на реновираниот стадион, против тогашниот европски шампион Шпанија. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 2:3, иако македонската репрезентација на полувремето водела со 2-0, со двата гола на Горан Пандев. На 24 април 2011 година, во употреба биле пуштени источната и западната трибина, со што комплетно завршила првата фаза од реконструкцијата. Максималниот капацитет на стадионот изнесува 36.400 гледачи.

Асови на македонскиот фудбал

уреди

Македонската репрезентација на ранг-списокот на ФИФА

уреди

1994 година

уреди

На 17 мај 1994 година, репрезентацијата на Македонија за прв пат се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 147. место, со само 3 одиграни натпревари. Потоа, на декемвриската ранг-листа, Македонија се искачи на ФИФА ранг листа и се нашла на 90 место со 15 бода.

1995 година

уреди

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 94. место со 22 бода, што е за 4 места послабо од 1994 година.

1996 година

уреди

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

1997 година

уреди

Во декемвриската ранг - листа репрезентацијата на Македонија се нашла на рангирањето на ФИФА и тоа на 86. место со 29 бода, што е за 4 места подобар пласман од 1995 година.

2014 година

уреди

По завршувањето на квалификациите за СП во Бразил, репрезентацијата на Македонија паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, објавена во октомври 2013 година, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6]

Истовремено, на првото рангирање на фудбалските репрезентации за 2014 година, спроведено од страна на ФИФА, македонската фудбалска репрезентација го зазела 84. место, со вкупно 425 бодови.[7]

Во март 2014 година, фудбалската репрезентација на Македонија се искачила на 82. место на ранг-списокот на ФИФА, со вкупно 421 бод, што претставувало подобрување за едно место во споредба со претходното рангирање.[8]

На ранг-списокот на ФИФА од август 2014 година, Македонија била на 76. место, со 407 бодови, со што паднала за две места во споредба со рангирањето од јули.[9]

На ранг-списокот на ФИФА, објавен на 18 септември 2014 година, репрезентацијата на Македонија забележала пад од дури 36 места. Притоа, на ова рангирање, Македонија го зазела 112. место во светот, со 286 бодови. Тоа претставувало најголем пад на списокот на ФИФА во историјата на македонската репрезентација. Истовремено, тоа било најлошото рангирање на репрезентацијата од 1994 година, кога била пласирана на 117. место.[10]

Еден месец подоцна, во рангирањето на ФИФА, објавено во октомври 2014 година, Македонија повторно се вратила меѓу првите 100 репрезентации во светот. Имено, по победата над Луксембург од 3:2 и поразот од Украина од 0:1 во рамките на квалификациите за ЕП 2016, Македонија собрала 340 бода и напредувала за 13 места на ранг-листата, пласирајќи се на 99. место.[11]

Во ноември 2014, по поразот на домашен терен од Словачка, македонската репрезентација паднала за четири места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 103. место, со 324 бодови. На тој начин, за вторпат по 1994 година, Македонија завршила на трицифрено место во рангирањето на ФИФА, откако на крајот од 2011 година го зазела 103. место.[12]

Најпосле, во последното рангирање на ФИФА за 2014 година, објавено на 18 декември, македонската репрезентација напредувала за три места во споредба со претходниот месец и го зазела 100. место, со 324 бода.[13]

2015 година

уреди

Во февруари 2015 година, репрезентацијата на Македонија се нашла на 104. место на списокот на ФИФА, со освоени 320 бодови.[14] Потоа, на мартовската ранг-листа, Македонија паднала за четири места и се нашла на 108. место со 308 бода, при што влегла во групата на десетте најслаби европски репрезентации.[15] Во јуни 2015 година, Македонија направила скок од пет места и се нашла на 100. место на ранг-списокот на ФИФА, со 321 бод.[16] На ранг-списокот на ФИФА од август 2015 година, со освоени 311 бода, репрезентацијата на Македонија била пласирана на 103. место во светот.[17]

2016 година

уреди

Во рангирањето на ФИФА во ноември 2016 година, македонската репрезентација назадувала за седум места, заземајќи го 162. место, со 138 бода. Од појавувањето на меѓународната фудбалска сцена, тоа бил најлошиот пласман на македонската репрезентација.[18]

Настапи на квалификации за светски првенства

уреди

Како дел од Кралството Југославија и СФРЈ, Македонија учествувала на следниве светски првенства во фудбал:

Откако Македонија е самостојна држава, македонската фудбалска репрезентација сè уште се нема квалификуванo на завршницата на некое светско првенство во фудбал:

  • 1998 - не се квалификувала
  • 2002 - не се квалификувала
  • 2006 - не се квалификувала
  • 2010 - не се квалификувала
  • 2014 - не се квалификувала
  • 2018 - не се квалификувала

Квалификации за СП во фудбал 1998

уреди

Група 8

Tабела

Бр Тим Pts Pld W D L GF GA GD
1   Романија 28 10 9 1 0 37 4 33
2   Ирска 18 10 5 3 2 22 8 14
3   Литванија 17 10 5 2 3 11 8 3
4   Македонија 13 10 4 1 5 22 18 4
5   Исланд 9 10 2 3 5 11 16 -5
6   Лихтенштајн 0 10 0 0 10 3 52 -49

Квалификации за СП во фудбал 2002

уреди

Група 4

Tабела

Тим Pld W D L GF GA GD Pts
  Шведска 10 8 2 0 20 3 17 26
  Турција 10 6 3 1 18 8 10 21
  Словачка 10 5 2 3 16 9 7 17
  Македонија 10 1 4 5 11 18 -7 7
  Молдавија 10 1 3 6 6 20 -14 6
  Азербејџан 10 1 2 7 4 17 -13 5

Квалификации за СП во фудбал 2006

уреди

Група 1

Tабела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Холандија 12 10 2 0 27 3 +24 32
  Чешка 12 9 0 3 35 12 +23 27
  Романија 12 8 1 3 20 10 +10 25
  Финска 12 5 1 6 21 19 +2 16
  Македонија 12 2 3 7 11 24 −13 9
  Ерменија 12 2 1 9 9 25 −16 7
  Андора 12 1 2 9 4 34 −30 5

Квалификации за СП во фудбал 2010

уреди

Група 9

Tабела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Холандија 8 8 0 0 17 2 +15 24
  Норвешка 8 2 4 2 9 7 +2 10
  Шкотска 8 3 1 4 6 11 −5 10
  Македонија 8 2 1 5 5 11 −6 7
  Исланд 8 1 2 5 7 13 −6 5

Квалификации за СП во фудбал 2014

уреди

Квалификациските натпревари за пласман на светското првенство во Бразил 2014 година, Македонија ги завршила на последното место, што претставува најслаб пласман на квалификациските циклуси за европските и светските првенства во историјата на репрезентацијата. Притоа, од вкупно 10 одиграни натпревари, таа остварила две победи (против Велс во Скопје 2:1 и против Србија во Скопје 1:0), еднаш играла нерешено, а претрпила дури седум порази. Во рамките на квалификацискиот циклус, репрезентацијата постигнала 7 голови, а примила 16. На две средби пред крајот на квалификациите, селекторот Чеде Јаневски ненадејно се повлекол од својата функција и бил заменет со Зоран Стратев. По завршувањето на квалификациите, репрезентацијата паднала за 11 места на ранг-списокот на ФИФА, заземајќи го 86. место со 430 бодови.[6][19]

На последниот натпревар, одигран во Јагодина, Македонија била поразена од Србија дури со 5:1, што предизвикало расправии помеѓу играчите и негодување на македонската спорстка јавност. Уште за време на натпреварот, на теренот започнале расправии помеѓу голманот Томе Пачовски и напаѓачот Агим Ибраими, кои продолжиле на полувремето во соблекувалната, кога играчите се навредувале и расправале, а Ибраими го соблекол дресот и барал да биде заменет. Како потврда за нарушените односи, по натпреварот, капитенот Николче Новески изјавил: „Ова веќе не личи на ништо“; напаѓачот Дарко Тасевски на својот фејсбук-профил напишал „Приватна репрезентација“; селекторот Стратев изјавил дека „...од овој избор на играчи, некои не заслужуваат да го облечат државниот дрес“; а Горан Пандев, во интервјуто за „Македонски спорт“ порачал: „Не можам повеќе да молчам и да гледам како тонеме. Ова што се случува со репрезентацијата е една голема срамота... Како резултат на сето ова се повлекувам од понатамошните настапи во дресот со државниот грб...“. Покрај Пандев, како последица на нарушените односи, и неколку играчи најавиле дека повеќе нема да настапуваат за репрезентацијата.[19][20][21]

По неуспехот на квалификациите за СП во Бразил, на 12 декември 2013 година бил ангажиран нов селектор на репрезентацијата - Бошко Ѓуровски, кој потпишал двегодишен договор, со примена од 1 јануари 2014 година.[22]

Група А

Tабела[23]

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Белгија 10 8 2 0 18 4 +14 26
  Хрватска 10 5 2 3 12 9 +3 17
  Србија 10 4 2 4 18 11 −7 14
  Шкотска 10 3 2 5 8 12 −4 11
  Велс 10 3 1 6 9 20 −11 10
  Македонија 10 2 1 7 7 16 −9 7

Настапи на европски првенства

уреди

Како дел од СФРЈ, Македонија била застапена на следниве европски првенства во фудбал:

Како и на светските првенства, откако е самостојна држава, Македонија се нема квалификувано на завршницата на некое европско првенство во фудбал:

Квалификации за ЕП во фудбал 1996 Англија

уреди

Група 2

Табела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Шпанија 10 8 2 0 25 4 +21 26
  Данска 10 6 3 1 19 9 +10 21
  Белгија 10 4 3 3 17 13 +4 15
  Македонија 10 1 4 5 9 18 −9 7
  Кипар 10 1 4 5 6 20 −14 7
  Ерменија 10 1 2 7 5 17 −12 5

Квалификации за ЕП во фудбал 2000 Холандија и Белгија

уреди

Група 2

Табела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Југославија 8 5 2 1 18 8 +10 17
  Ирска 8 5 1 2 14 6 +8 16
  Хрватска 8 4 3 1 13 9 +4 15
  Македонија 8 2 2 4 13 14 −1 8
  Малта 8 0 0 8 6 27 −21 0

Квалификации за ЕП во фудбал 2004 Португалија

уреди

Група 7

Табела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Англија 8 6 2 0 14 5 +9 20
  Турција 8 6 1 1 17 5 +12 19
  Словачка 8 3 1 4 11 9 +2 10
  Македонија 8 1 3 4 11 14 −3 6
  Лихтенштајн 8 0 1 7 2 22 −20 1

Квалификации за ЕП во фудбал 2008 Австрија и Швајцарија

уреди

Група Е

Табела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Хрватска 12 9 2 1 28 8 +20 29
  Русија 12 7 3 2 18 7 +11 24
  Англија 12 7 2 3 24 7 +17 23
  Израел 12 7 2 3 20 12 +8 23
  Македонија 12 4 2 6 12 12 0 14
  Естонија 12 2 1 9 5 21 −16 7
  Андора 12 0 0 12 2 42 −40 0

Квалификации за ЕП во фудбал 2012 Полска и Украина

уреди

Група Б

Табела

Tим Pld W D L GF GA GD Pts
  Русија 10 7 2 1 17 4 +13 23
  Ирска 10 6 3 1 15 7 +8 21
  Ерменија 10 5 2 3 22 10 +12 17
  Словачка 10 4 3 3 7 10 −3 15
  Македонија 10 2 2 6 8 14 −6 8
  Андора 10 0 0 10 1 25 −24 0

Квалификации за ЕП во фудбал 2016 Франција

уреди

Во квалификациите за ЕП 2016, Македонија била во групата „Ц“, заедно со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург. Претходно, во извлекувањето на учесниците во квалификациите, Македонија била сместена во петтиот барабан.[9]
На првиот квалификационен натпревар, одигран во Валенсија на 8 септември 2014 година, Македонија претрпела убедлив пораз од Шпанија со 5:1.[10]
Во второто квалификациско коло, одиграно на 9 октомври 2014 година во Скопје, репрезентацијата на Македонија ја забележала првата победа во групата, одигрувајќи 3:2 против Луксембург. Притоа, прва во водство дошла Македонија, со голот на Александар Трајковски во 20. минута. Потоа, Стефано Бенси и Давид Турпел го довеле во водство тимот на Луксембург, така што на полувремето резултатот бил 1:2. Во вториот дел, во 66. минута, Адис Јаховиќ го изедначил резултатот со гол од пенал и најпосле, во последната минута на судиското продолжение, Бесарт Абдурахими дал гол за победа на Македонија.[24]
На 12 октомври 2014 година, во третото квалификациско коло, Македонија ѝ гостувала на Украина во Лавов. Притоа, Македонија загубила со 0:1, а единствениот гол го дал Сидорчук во 45. минута. На почетокот од второто полувреме, Јармоленко промашил пенал за Украина.[25][26][27]
Во четвртото коло, одиграно на домашен терен, Македонија изгубила од репрезентацијата на Словачка со 0:2 при што двата гола биле постигнати во првото полувреме: најпрвин погодил Јурај Кучка во 25. минута, а вториот гол го дал Адам Немец 38. минута.[28]
На 27 март 2015 година, во Скопје, македонската репрезентација ја дочекала репрезентацијата на Белорусија. Натпреварот се одиграл пред само 5.000 гледачи, а главен судија бил Ентони Тејлор. Репрезентацијата на Македонија настапила во следниов состав: Пачовски, Ристевски, Шиков, Марковски, Георгиевски, Положани (во 30. минута бил заменет со Барди), Хасани, Трајковски, Ибраими, Абдурахими (во 75. минута го заменил Блажевски), Велкоски (во 63. минута бил заменет со Тодоровски). Веќе во 9. минута, Македонија повела со голот на Трајковски, но подоцна, гостите успеале да направат целосен пресврт: во 44. Калачев го изедначил резултатот, а во 82. минута, Корниленко го постигнал победничкиот гол за гостите. Така, на крајот, Македонија загубила со 1:2.[29]
На 14 јуни 2015 година, македонската репрезентација ѝ гостувала на репрезентацијата на Словачка. Натпреварот се одиграл пред само 10.675 гледачи и тоа бил првиот настап на репрезентацијата под водство на новиот селектор Љубинко Друловиќ. Репрезентацијата на Македонија настапила во следниов состав: Пачовски, Тодоровски, Димитровски, Мојсов, Трајковски (во 56. минута го заменил Ивановски), Муарем (во 82. минута го заменил Велковски), Ибраими (во 89. минута бил заменет со Абдурахими), Хасани, Трајчевски, Адеми, и Жута. Веќе во 8. минута, Словачка повела со голот на Салата, во 39. минута, Хамшик го постигнал вториот гол за домаќините, а во 69. минута, Адеми го постигнал единствениот гол за Македонија. Така, на крајот, Македонија загубила со 1:2.[30]
На 5 септември 2015 година, македонската репрезентација изгубила на гостински терен од репрезентацијата на Луксембург, со резултат 0:1. Натпреварот се одиграл пред 1.675 гледачи, а главен судија бил Ли Еванс од Велс. Победничкиот гол за Луксембург го постигнал Себастијан Тил во 92. минута, а претходно, во 84. минута Абдурахими не успеал да го реализира досудениот пенал за Македонија. На овој натпревар, Македонија играла во следниов состав: Пачовски (голман), Мојсов (од 37. минута, Ристевски), Шиков, Трајковски (од 74. минута, Илијоски), Ибраими (од 80. минута, Ашковски), Ристовски, Глигоров, Петровиќ, Жута, Абдурахими и Ивановски.[31]
Неколку дена подоцна, на 9 септември, во Скопје, репрезентацијата на Македонија играла против Шпанија и претрпела пораз од 0:1 (0:1), а победничкиот гол за шпанската репрезентација го постигнал голманот Томе Пачовски, кој во осмата минута, по едне центаршут на Хуан Мата, си постигнал автогол. Македонската репрезентација настапила во следниот состав: Пачовски (голман), Брдаровски, Ристевски, Шиков, Жута, Петровиќ, Глигоров, Ашковски (од 76. минута, Барди), Хасани, Радески (од 85. минута, Ибраими) и Ивановски (од 68. минута, Трајковски).[32]
Во последниот натрпевар од квалификациите, на 12 октомври 2015 година, во Борисов, пред само 2.000 гледачи, репрезентацијата на Македонија одиграла нерешено (0:0) со репрезентацијата на Белорусија. Македонија играла во следниов состав: Митов (голман), Нилсон, Брдаровски (од 73. минута, Абдурахими), Шиков, Мојсов, Жута, Ристовски, Петровиќ, Стјепановиќ (од 81. минута, Алими), Ибраими (од 86. минута, Несторовски), Трајковски и Тричковски.[33] На тој начин, репрезентацијата на Македонија се пласирала на последното место во својата квалификациска група, со само четири освоени бодови.

Пријателски натпревари

уреди
29.02.2012
19:05 UTC+1
Луксембург   2 – 1   Македонија Јоси Бартхел , Луксенбург
Гледачи: 787
Судија: Рајмонд Крангле (Северна Ирска)
Девил Маурис   56'90' Report Ферхан Хасани   24'

26.05.2012
18:00 UTC+1
Португалија   0 – 0   Македонија Д-рМагалхаес Песоа , Леирија
Гледачи: 19,220
Судија: Алан Кели (Република Ирска)
Report

29.05.2012
19:00 UTC+1
Ангола   0 – 0   Македонија Антонио Коимбра да Мота , Есторил
Гледачи: 200
Судија: Педро Проенца Оливеира Алвес Гарсија (Португалија)
Report

15.08.2012
20:30 UTC+1
Македонија   1 – 0   Литванија Национална Арена Филип 2 , Скопје
Гледачи: 7.000
Судија: Халис Ожкиа (Турција)
Пандев Горан   54' Report

14.11.2012
18:00 UTC+1
Македонија   3 – 2   Словенија Национална Арена Филип 2 , Скопје
Гледачи: 3.000
Судија: Груоќ Данило (Србија)
Тасевски Дарко   54'
Јаховиќ Адис   41'
Ибраими Агим   51'
Report Печник Нејс   49'63'

14.12.2012
17:15 UTC+1
Полска   4 – 1   Македонија Мардан Спорт Арена , Анталија
Гледачи: 20
Судија: Хусеин Гочек (Турција)
Аркадиуш Милик   12'
Павловски Симон   23'
Једзечук Артур   64'
Валдемар Собота   79'
Report Дејан Блажевски   87'

На 5 март 2014 година, на стадионот „Филип Втори“ во Скопје, Македонската фудбалска репрезентација одиграла пријателски натрпевар против репрезентацијата на Летонија. Тоа бил првиот настап на Македонија под водството на селекторот Бошко Ѓуровски. Пред само 2 000 гледачи, Македонија извојувала победа од 2:1, со головите на Јован Костовски и Агим Ибраими од пенал, додека Даниел Георгиевски постигнал автогол. На мечот судела судиската тројка од Албанија, предводена од главниот судија Лоренс Јемини. На овој натпревар бил промовиран новиот капитен на репрезентацијата, голманот Томе Пачовски. Притоа, од повиканите 20 фудбалери, на теренот настапиле дури 17, вклучувајќи ги и дебитантите Крсте Велковски и Кире Ристевски. Боите на Македонија ги бранеле следниве фудбалери: Пачовски, Георгиевски, Попов, Шиков (заменет со Ристевски), Мојсов, Тричковски (заменет со Велковски), Демири (заменет со Спировски), Стјепановиќ (заменет со Муарем), Костовски (заменет со Б. Ибраими), А. Ибраими, Хасани (заменет со Ивановски).[34]

На 26 мај 2014 година, на „Куфштејн Арената“ во Куфштејн, Австрија, Македонската фудбалска репрезентација одиграла пријателски натрпевар против репрезентацијата на Камерун. Натпреварот завршил со пораз на Македонија од 0:2 (0:0), а стрелци на головите за Камерун биле Вебо во 52 минута и Чупо-Мотинг во 84 минута. Македонската репрезентација го започнала натпреварот во следниов состав: Пачовски, Грнчаров, Попов, Тодоровски, Ристевски, Абдурахими, Спировски, Бабунски, Ибраими, Тричковски и Трајковски, а капитенската лента ја носел Бобан Грнчаров. Натпреварот го судел Роберт Шоргенхофер, помошни судии биле Винсауер и Штаундингер, додека четврти судија бил Лехнер, сите од Австрија.[35]

Четири дена подоцна, на 30 мај 2014, со почеток во 19,00 часот, во Риети, Италија, македонската репрезентација одиграла уште еден пријателски натпревар, овојпат против селекцијата на Катар, при што натпреварот завршил нерешено, со резултат 0:0.[36]
На 30 март 2015 година, на речиси празниот стадион во Скопје, Македонија одиграла пријателски натпревар против репрезентацијата на Австралија. Притоа, натпреварот завршил нерешено 0:0, во целосно мирна и неинтересна игра, во која речиси не биле создадени никакви прилики за гол.[37]

Селектори

уреди
Селектор Кариера Натпревари Победи Нерешени Порази Гол раз Пријателски Кв Ев Кв Св
  Дончевски, АндонАндон Дончевски 13/10/1993–15/11/1995 17 3 5 7 23:24 7 10 0
  Хаџиевски, ЃокоЃоко Хаџиевски 27/3/1996–9/6/1999 28 10 7 11 42:37 13 5 10
  Канатларовски, ДраганДраган Канатларовски 5/9/1999-28/3/2001 18 3 3 11 15:26 10 3 5
  Јовановски, ЃореЃоре Јовановски 2/6/2001-10/1/2002 13 0 6 7 9:26 8 0 5
  Илиевски, НиколаНикола Илиевски 27/3/2002–30/7/2003 15 3 6 6 25:25 9 6 0
  Канатларовски, ДраганДраган Канатларовски 20/8/2003–13/2/2005 16 5 5 6 17:15 8 2 6
  Сантрач, СлободанСлободан Сантрач 4/3/2005–25/8/2005 4 1 0 3 4:12 0 0 4
  Бабунски, БобанБобан Бабунски 1/9/2005–16/2/2006 2 1 1 0 2:1 1 0 1
  Јонуз, МирсадМирсад Јонуз 11/11/2005–20/11/2005 2 1 0 1 2:2 2 0 0
  Катанец, СречкоСречко Катанец 16/2/2006–6/4/2009 27 9 7 11 28:29 11 12 4
  Јонуз, МирсадМирсад Јонуз 6/6/2009–19/6/2011 0 0 0 0 0:0 0 0 0
  Костов, ВлаткоВлатко Костов 7/9/2010-7/9/2010 1 0 1 0 2:2 0 1 0
  Бабунски, БобанБобан Бабунски 10/8/2011–10/8/2011 1 1 0 0 1:0 1 0 0
  Тошак, ЏонЏон Тошак 2/9/2011–13/8/2012 7 1 3 3 4:8 3 4 0
  Седловски, ГоцеГоце Седловски 15/8/2012–19/8/2012 1 1 0 0 1:0 1 0 0
  Јаневски, ЧедеЧеде Јаневски 20/8/2012–27/9/2013 0 0 0 0 0:0 0 0 0
  Стратев, ЗоранЗоран Стратев 28/9/2013 - 15/10/2013 2 0 0 2 1:6 0 0 2
  Ѓуровски, БошкоБошко Ѓуровски 1/1/2014– 7/4/2015 1 1 2:1 1 3

Моментален состав

уреди

Ова е списокот на играчи повикани за натпреварите против Хрватска на 12 октомври и Србија на 16 октомври во квалификациите за Светското првенство во Бразил 2014.

Настапи и голови од 19 ноември 2018.

# Поз. Играч Датум на раѓање (години) Настапи Голови Клуб
1 ГМ Столе Димитриевски 25 декември 1993(1993-12-25)(30 г.) 24 0     Рајо Валјекано
22 ГМ Дејан Илиев 25 февруари 1995(1995-02-25)(29 г.) 0 0     Арсенал
12 ГМ Дамјан Шишковски 18 март 1995(1995-03-18)(29 г.) 0 0     РоПС
4 ОД Кире Ристевски 22 октомври 1990(1990-10-22)(34 г.) 30 0     Ујпешт
6 ОД Висар Муслиу 13 ноември 1994(1994-11-13)(30 г.) 12 1     Шкендија
3 ОД Ѓоко Зајков 10 февруари 1995(1995-02-10)(29 г.) 9 0     Шарлероа
2 ОД Кристијан Тошевски 6 мај 1994(1994-05-06)(30 г.) 6 0     Вардар
15 ОД Егзон Бејтулаи 7 јануари 1994(1994-01-07)(30 г.) 5 0     Шкендија
14 ОД Мите Цикарски 6 јануари 1993(1993-01-06)(31 г.) 3 0     ПАС Јанина
11 СР Ферхан Хасани 18 јуни 1990(1990-06-18)(34 г.) 35 2     Ал-Раед
20 СР Стефан Спировски 23 август 1990(1990-08-23)(34 г.) 27 1     Ференцварош
8 СР Езѓан Алиоски 12 февруари 1992(1992-02-12)(32 г.) 25 4     Лидс Јунајтед
17 СР Енис Барди 2 јули 1995(1995-07-02)(29 г.) 19 3     Леванте
16 СР Бобан Николов 28 јули 1994(1994-07-28)(30 г.) 13 1     МОЛ Види
5 СР Аријан Адеми 29 мај 1991(1991-05-29)(33 г.) 9 2     Динамо Загреб
21 СР Елиф Елмас 27 септември 1999(1999-09-27)(25 г.) 8 0     Фенербахче
10 НП Горан Пандев (C) 27 јули 1983(1983-07-27)(41 г.) 99 33     Џенова
7 НП Иван Тричковски 18 април 1987(1987-04-18)(37 г.) 54 5     АЕК Ларнака
9 НП Александар Трајковски 5 септември 1992(1992-09-05)(32 г.) 47 15     Палермо
23 НП Илија Несторовски 12 март 1990(1990-03-12)(34 г.) 27 8     Палермо
19 НП Крсте Велковски 20 февруари 1988(1988-02-20)(36 г.) 12 0     Сараево

Статистика на играчите

уреди

Играчи со најмногу настапи

уреди

Последна промена 22 мај 2020.

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Горан Пандев 2001-2021 122 38 напаѓач
2 Гоце Седлоски 1996-2010 100 8 одбрана
3 Величе Шумуликоски 2002-2013 84 1 среден ред
4 Артим Шаќири 1996-2006 72 15 среден ред
5 Игор Митрески 2001-2011 70 1 одбрана
6 Стефан Ристовски 2011- 68 2 одбрана
Александар Трајковски 2011- 68 18 напаѓач
8 Иван Тричковски 2010- 67 7 напаѓач
9 Николче Новески 2004-2013 64 5 одбрана
10 Петар Милошевски 1998-2009 59 0 голман

Играчи со најмногу постигнати голови

уреди

Последна промена 22 мај 2020.

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Горан Пандев 2001-2021 38 122 напаѓач
2 Александар Трајковски 2011- 18 68 напаѓач
3 Ѓорѓи Христов 1995-2003 16 48 одбрана
4 Артим Шаќири 1997-2007 15 72 среден ред
5 Илија Несторовски 2016- 10 46 напаѓач
Горан Мазнов 2001-2009 10 45 напаѓач
7 Езѓан Алиоски 2013- 9 47 среден ред
Илчо Наумоски 2003-2012 9 45 напаѓач
9 Саша Ќириќ 1996-2003 8 26 напаѓач
Гоце Седлоски 1996-2010 8 100 одбрана

Жолти картони

уреди
# Име Кариера Жолти картони
1 Илчо Наумоски 2003 - 16
2 Гоце Седловски 1996 - 2010 16
3 Величе Шумуликоски 2001 - 15
4 Игор Митрески 2000 - 14
5 Горан Пандев 2001 - 13
6 Александар Васоски 2000 - 11
7 Николче Новески 2004 - 9
8 Ѓорѓи Христов 1995 - 2005 7
9 Бобан Бабунски 1993 - 2000 7
10 Миле Крстев 1996 - 2005 7

Црвени картони

уреди
# Име Кариера Црвен картон
1 Дарко Панчев 26-04-1995 1
2 Илија Најдоски 31-08-1994 1
3 Митко Стојковски 02-04-1997 1
4 Тони Мицевски 17-05-1997 1
5 Ѓорѓи Христов 18-05-1998 1
6 Миле Крстев 06-06-2001 1
7 Зекирија Рамадан 10-01-2002 1
8 Величе Шумуликоски 04-09-2004 2
9 Гоце Седловски 24-03-2007 1
10 Ванче Шиков 04-09-2010 1
11 Горан Пандев 02-09-2011 1

Табела на сите репрезентации со кои играла Македонија

уреди

Преглед на резултатите од сите натпревари на македонската Фудбалска репрезентација со други репрезентации.[38]

Против Детали Одиграно Победи Нерешни Изгубени ДГ ПГ ГР
  Австрија детали 3 0 0 3 3 9 -6
  Австралија детали 1 0 0 1 0 1 -1
  Албанија детали 8 4 2 1 10 4 +6
  Андора детали 6 4 1 1 9 1 +8
  Ангола детали 1 0 1 0 0 0 0
  Ерменија детали 6 2 2 2 11 11 0
  Азербејџан детали 4 4 1 0 10 3 +7
  Бахреин детали 1 0 1 0 1 1 0
  Белгија - 2 0 1 1 1 6 -5
  Босна и Херцеговина - 5 1 3 1 8 8 0
  Бугарија - 5 1 1 3 1 5 -4
  Канада - 2 1 0 1 3 1 +2
  Камерун - 2 0 0 2 0 3 -3
  Кина - 3 0 1 2 0 2 -2
  Хрватска - 6 1 2 3 8 9 -1
  Кипар - 2 1 1 0 4 1 +3
  Чешка - 3 0 1 2 2 9 -7
  Данска - 2 0 1 1 1 2 -1
  Еквадор - 1 1 0 0 2 1 +1
  Египет - 1 0 1 0 2 2 0
  Англија - 4 0 2 2 3 5 -2
  Естонија - 4 3 1 0 8 3 +5
  Финска - 4 1 0 3 2 11 -9
  Унгарија - 2 0 1 1 0 5 -5
  Исланд - 4 2 1 1 4 2 +2
  Иран - 3 1 1 1 4 5 -1
  Ирска - 6 1 1 4 5 11 -6
  Израел - 3 0 0 3 3 6 -3
  Јамајка - 1 1 0 0 2 1 +1
  Јужна Кореја - 2 0 1 1 3 4 -1
  Лихтенштајн - 5 4 1 0 20 4 +16
  Литванија - 1 1 0 2 2 4 -2
  Луксембург - 2 1 0 1 5 3 +3
  Малта - 6 5 1 0 15 2 +13
  Молдавија - 3 0 3 0 3 3 0
  Црна Гора - 2 1 0 1 3 3 0
  Холандија детали 4 0 2 2 3 8 -5
  Нигерија - 1 0 1 0 0 0 0
  Норвешка - 2 0 1 1 1 2 -1
  Оман - 1 0 0 1 0 2 -2
  Парагвај - 1 1 0 1 0 1 -1
  Полска - 2 0 1 1 1 4 -3
  Португалија - 2 0 1 1 0 1 -1
  Катар - 3 1 1 1 2 2 0
  Романија - 5 1 0 4 5 11 -6
  Русија - 4 0 0 4 0 7 -7
  Саудиска Арабија - 1 0 1 0 1 1 0
  Шкотска - 2 1 0 1 1 2 -1
  Србија - 3 1 1 1 3 6 -3
  Србија и Црна Гора - 3 0 0 3 4 9 -5
  Словачка - 5 0 2 4 2 12 -10
  Словенија - 2 2 0 0 6 1 +5
  Шпанија - 3 0 0 3 2 8 -6
  Шведска - 2 0 0 2 1 3 -2
  Турција - 7 1 1 5 9 14 -5
  Украина детали 2 1 1 0 1 0 +1
  САД - 1 0 1 0 0 0 0
  Велс - 2 1 0 1 2 2 0
Вкупно 163 46 46 70 191 220 -29

Наводи

уреди
  1. „The FIFA/Coca-Cola World Ranking“. FIFA.com. 2019-02-07. Архивирано од изворникот на 2016-06-25. Посетено на 2019-02-16.
  2. Официјално мрежно место на Фудбалската федерација на Македонија, „Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија“ (пристапено на 14.10.2018)
  3. Players statistics at MacedonianFootball.com)
  4. Players statistics at MacedonianFootball.com)
  5. Darko Churlinov profile at MacedonianFootball.com)
  6. 6,0 6,1 „Поразите ги доближија црвено-жолтите кон стотката“, Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 24.
  7. „Македонија во 2014 влезе со полош пласман за едно место“, Дневник, година XVIII, број 5367, петок, 17 јануари 2014, стр. 25.
  8. "Една победа - едно место погоре за Македонија", Дневник, година XVIII, број 5415, петок, 14 март 2014, стр. 25.
  9. 9,0 9,1 „Македонија пред Белорусија и Луксембург на почетокот од квалификациите“, Дневник, година XVIII, број 5542, петок, 15 август 2014, стр. 21.
  10. 10,0 10,1 „Македонија во состојба на слободно паѓање“, Дневник, година XVIII, број 5570, петок, 19 септември 2014, стр. 26-27.
  11. „Македонија се врати меѓу првите сто репрезентации во светот“, Дневник, година XVIII, број 5599, петок, 24 октомври 2014, стр. 24-25.
  12. „Поразот од Словачка ја врати Македонија на 103. позиција“, Дневник, број 5629, година XVIII, петок, 28 ноември 2014, стр. 27.
  13. „Македонија заврши на 100. позиција“, Дневник, година XVIII, број 5646, петок, 19 декември 2014, стр. 27.
  14. „Македонија не игра, а се најде на 104. место“, Дневник, година XIX, број 5691, петок, 13 февруари 2015, стр. 23.
  15. „Македонија е послабо пласирана и од Фарските Острови“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 21.
  16. „Македонија скокна до 100. место на ФИФА рејтинг-листата“, Дневник, година XIX, број 5782, петок, 5 јуни 2015, стр. 22.
  17. „Македонија направи два чекора напред “, Дневник, година XIX, број 5834, петок, 7 август 2015, стр. 23.
  18. „Македонија падна уште седум места и ја дели 162. позиција со Сингапур и Молдавија“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 23.
  19. 19,0 19,1 „Македонија заврши со фенерот“, Дневник, број 5292, година XVII, четврток, 17 октомври 2013, стр. 27.
  20. „Нова мода со пискотници, пцости и фрлање дресови“, Дневник, број 5292, година XVII, четврток, 17 октомври 2013, стр. 26-27.
  21. „Пандев се збогува, Бабунски пали светло во тунелот“, Дневник, број 5293, година XVII, петок, 18 октомври 2013, стр. 24-25.
  22. „Ѓуровски запали светло во мрачниот фудбалски тунел“, Дневник, број 5339, година XVII, петок, 13 декември 2013, стр. 25.
  23. "Македонија заврши со фенерот", Дневник, број 5292, година XVII, четврток, 17 октомври 2013, стр. 27.
  24. Официјално мрежно место на ФФМ, „Победа! Македонија - Луксембург 3-2“ (пристапено на 14.10.2014).
  25. ФФМ, „Украина ја доби битката во Лавов, Македонија заслужи најмалку бод“ (пристапено на 14.10.2014.)
  26. „LIDER, „Минимален пораз на македонските фудбалери од Украина" (пристапено на 14.10.2014)“. Архивирано од изворникот на 2016-03-30. Посетено на 2014-10-14.
  27. „Македонија одигра добро, а не донесе бодови од Украина“, Дневник, година XVIII, број 5591 вторник, 14 октомври 2014, стр. 23.
  28. Официјално мрежно место на ФФМ, „Повторно пораз во одлична игра, Македонија – Словачка 0:2“ (пристапено на 7.12.2014).
  29. Официјално мрежно место на ФФМ, „Болен пораз од Белорусија“ (пристапено на 31.3.2015)
  30. Официјално мрежно место на ФФМ, „Пораз на дебито на Друловиќ“ (пристапено на 18.6.2015)
  31. Официјално мрежно место на ФФМ, „Пораз од Луксембург во напревар кој мораше да се добие“ (пристапено на 14.10.2015)
  32. Официјално мрежно место на ФФМ, „Македонија претрпе минимален пораз од Шпанија“ (пристапено на 14.10.2015)
  33. Официјално мрежно место на ФФМ, „Реми без голови за крај на квалификациите“ (пристапено на 14.10.2015)
  34. „Ѓуровски: Не коментирам судење“, Дневник, година XVIII, број 5409, петок, 7 март 2014, стр. 24-25.
  35. „Спорт 365 - Македонија со пораз од Камерун (0:2) (пристапено на 1.6.2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-06-03. Посетено на 2014-06-01.
  36. ХИТ портал - Македонија одигра без голови со Катар (пристапено на 1.6.2014)
  37. „Република, „Приспивна во Скопје, Македонија – Австралија 0-0" (пристапено на 31.3.2015)“. Архивирано од изворникот на 2015-03-31. Посетено на 2015-03-31.
  38. Football Federation of Macedonia Архивирано на 7 октомври 2010 г. Репрезентација - Статистика (македонски)

Надворешни врски

уреди