Ѓоко Хаџиевски (роден на 31 март 1955) — македонски фудбалски тренер и поранешен фудбалер.

Ѓоко Хаџиевски
Лични податоци
Полно име Ѓокица Хаџиевски
Роден на 31 март 1955(1955-03-31)(69 г.)
Роден во Битола, НР Македонија, ФНРЈ
Позиција тренер
Младинска кариера
1971-1973 Караорман
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
-1974 Преспа
1974- Балкан
Тетекс
Љуботен
-1982 Вардарски
1982 Вардар 0 (0)
1982-1984 Пелистер
Тренер на екипи
1988–1990 Пелистер
1991–1993 Вардар
1993–1994 ЦСКА (Софија)
1994–1995 Вардар
1995–1996 Војводина
1996–1999 Македонија
2000 Џубило Ивата
2001–2003 Вардар
2003–2004 Касторија
2004–2005 Докса Драма
2005–2006 Касторија
2006–2007 Вихрен
2007–2009 Баку
2007 Азербејџан
2009–2010 Атромитос
2010–2011 Симурк
2011–2012 Наџран
2012–2013 Ал-Тавон
2013–2014 Наџран
2014 Ал-Кадишијах
2014–2015 Пелистер
2016–2017 Хата
2018 Ал Дафра
2019 Беласица
2019–2021 Емирејтс
2021–2022 Хаџер
2022 Хата
2023 Наџран

Ран живот и образование

уреди

Иако е роден во Битола, Хаџиевски е Ресенчанец. Татко му е од Ресен, додека мајка му е од Битола. Во Битола доста престојувал кај неговите дедо и баба. Додека растел, тој ги гледал првотимците на Преспа каде што татко му бил тренер. Неговите родители имале желба да стане архитект, поради што тој и се запишал во Средното архитектонско школо во Струга, а подоцна и на Архитектонскиот факултет во Скопје, каде што завршил една година пред да се префрли на ДИФ.[1]

Играчка кариера

уреди

Младинска кариера

уреди

По запишувањето во средно, почнал да игра за младинците на Караорман.[1]

Сениорска кариера

уреди

Од клубот Преспа, Хаџиевски на свои 19 години дошол во Скопје, во Вардар, од каде што веднаш го препратиле во клубот Балкан. Таму бил под водство на тренерот Стојан Стојановски-Колац. Потоа следувале настапи за Тетекс,[2] Љуботен, Вардарски, пред да дојде моментот конечно да потпише за Вардар на негови 27 години во 1982 година, но повторно без можност да заигра за клубот поради задолжителниот рок во војска.[1]

Поради неможноста повторно да се влучи во редовите на Вардар и тешкотиите во Скопје, тој заминал во Битола. Таму се вработил во Сојузот за физичка култура и последните две години од играчката кариерата ги играл во Пелистер во Втората југословенска лига и се пензионирал на 29 години.[1][2]

Тренерска кариера

уреди

Клупска кариера

уреди

Веднаш по активното играње фудбал, тој постанал тренер. Првин како кормилар на младинците на Пелистер, а потоа и на првиот состав. Зел под негово раководство 100 деца и во 1984 година станал тренер на пионерите од 10 до 16 години. Од таа генерација се Митко Стојковски, Петар Милошевски и низа други. Со таа пионерска генерација станале прваци на Југославија. Хаџиевски станал претседател на тренерскиот одбор на Југославија.[1]

Во 1988 година станал тренер на првата екипа на Пелистер. Од клупата на Пелистер направил трансфер во Вардар во 1991 година. Тогаш Хаџиевски и Вардар се унапредиле од Втората во Првата југословенска лига. Во сезоната 1991/92, Црвена ѕвезда била бранител на титулата, а Хаџиевски и Вардар ја победиле во првото коло, што била последната сезона. Во првото самостојно првенство на Македонија освоил двојна круна, без пораз. По сезоната 1992/93, отишол во ЦСКА од Софија и таму бил првиот странски тренер во бугарскиот фудбал.[1]

Тој поднесол оставка како тренер на Вардар во летото 2003 година и Зоран Стратев ја презел неговата функција.[3]

Помеѓу март 2004 и декември 2005 година, тој бил тренер на Докса Драма.

Помеѓу август 2006 година[4] и февруари 2007 година, тој бил тренер на Вихрен од Свети Врач.[5]

Хаџиевски бил ангажиран како тренер на ФК Баку во летото 2007 година. Тој ја освоил титулата во Премиер лигата на Азербејџан со Баку во 2009 година.

Во декември 2014 година, Хаџиевски повторно станал тренер на Пелистер,[6] но во мај 2015 година, по испаѓањето на Пелистер од Првата лига, Хаџиевски поднесол оставка како тренер.[7]

Во 2023 година, Хаџиевска станал тренер на Наџран по трет пат.[1]

Во неговата тренерска кариера, раководел со други екипи како што се Вихрен од Свети Врач), Касторија од Костур, Докса Драма од Драма, Атромитос од Кипар, Баку од Азербејџан, Џубило Ивата од Јапонија.

Репрезентативна кариера

уреди

Хаџиевски еден период ја водел Б репрезентацијата на Југославија.[1]

Хаџиевски бил изгласан за прв селектор на Македонија по осамостојувањето, но поради тоа што веќе бил тренер на софиска ЦСКА, а и при брзата промена на тогашното раководство на ФФМ, не добил веднаш шанса и бил сменет со Андон Дончевски, кој ја водеше репрезентација во нејзините почетоци.[1]

Хаџиевски во 1996 година конечно ја презеде македонската репрезентација и ја водел во два квалификациски циклуси.[1] На 9 ноември 1996 година, Хаџиевски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11.[8][9]

На 31 октомври 2007 година, тој бил именуван за привремен тренер на Азербејџан, бидејќи Шахин Диниев поднесол оставка.[10]

Почести и награди

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 Никола Петровски (30 март 2023). „По скалилата на успехот на Ѓоко Хаџиевски: „Татко ми сакаше да станам архитект, а постојано ме носеше на фудбал". fakulteti.mk. Посетено на 4 август 2023.
  2. 2,0 2,1 „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 5 март 2009. Посетено на 2008-11-19.
  3. Uefa.com:News
  4. Uefa.com:News
  5. Uefa.com: News
  6. „Ѓоко Хаџиевски промовиран на клупата на Пелистер (ФОТО)“. Ekipa.mk. 4 декември 2014. Архивирано од изворникот на 7 декември 2014. Посетено на 4 август 2023.
  7. „Gjoko Hadzievski departs from Pelister“. MacedonianFootball.com. 18 мај 2015. Посетено на 4 август 2023.
  8. Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 4 август 2023.
  9. „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 4 август 2023.
  10. Uefa.com: News

Надворешни врски

уреди