Љубинко Друловиќ (роден на 11 септември 1968 година, во Нова Варош) - југословенски и српски фудбалски тренер и поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Љубинко Друловиќ
Лични податоци
Роден на 11 септември 1968(1968-09-11)(56 г.)
Роден во Нова Варош, СФРЈ
Држава Југославија Југославија
СР Југославија СР Југославија (1992-2003)
Србија и Црна Гора Србија и Црна Гора (2003-2006)
Србија Србија (од 2006)
Висина &100000000000001700000001,70 м
Играчки податоци
Позиција среден ред
Сегашен клуб Србија Србија У21 (селектор)
Повлекување 2005 (37 г.) - како играч
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1988-1989 Слобода Ужице Слобода Ужице 55 (9)
1990-1992 Рад Рад 77 (25)
1992-1993 Жил Висенте Жил Висенте 44 (17)
1994-2001 Порто Порто 225 (40)
2001-2003 Бенфика Бенфика 50 (5)
2003-2004 Партизан Партизан 26 (5)
2004-2005 Пенафиел Пенафиел 8 (0)
Репрезентација
1996-2001 СР Југославија СР Југославија 38 (3)
* Ажурирано на: 6 јануари 2011
** Ажурирано на: 17 ноември 2010

Кариерата ја започнал во Југославија, каде играл за екипите на Слобода Ужице и Рад, а потоа се преселил во Португалија каде го поминал најголемиот дел од својата играчка кариера и каде меѓу другите клубови го носел дресот и на гигантите Порто и Бенфика. Во Порто поминал седум сезони, освојувајќи 14 титули со клубот.

Во периодот 1996-2001, Друловиќ бил репрезентативец на СР Југославија, за која настапил на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000.

По завршувањето на играчката кариера, Друловиќ започнал да се занимава со тренерска работа. Покрај неколку клубови кој ги водел, тој исто така, бил селектор на репрезенациите на Србија и на Македонија. Од 2023 е селектор на српската репрезентација под 21 година.

Клупска кариера

уреди

Друловиќ е роден во Нова Варош, СФРЈ, а својата професионална кариера ја започнал во екипата на Слобода Титово Ужице со која дебитирал во сезоната 1988-1989 во втората југословенска лига. Следната година преминал во екипата на Рад за која настапувал две години во првата југословенска лига до распадот на истата.

Во летото 1992 година, тој потпишал двегодишен договор со португалскиот прволигаш Жил Висенте, каде се задржал до декември 1993 година, кога потпишал за славниот португалски клуб Порто; играјќи за двата клуба во сезоната 1993-1994, Друловиќ постигнал вкупно 18 голови што била неговата најплодна сезона во кариерата.[1]

Тој бил еден од ретките играчи на Порто кој придонеле за секоја од петте последователни титули во текот на 1990-тите години. Покрај тоа, во Порто тој останал запаметен по неговите додавања и асистенции за погодоци, пред се како резултат на неговата способност за прецизно нафрлување на топката, правејќи го тоа најчесто до главата на напаѓачот Марио Жардел,[2] кој како расен стрелец немал проблеми неговите додавања да ги претвора во голови, завршувајќи како најдобар стрелец во португалското првенство четири сезони по ред (1996-1997, 1997-1998, 1998-1999 и 1999-2000) освојувајќи притоа и две титули златна копачка за најдобар стрелец во Европа (1998-1999 и 2001-2002).

Во јуни 2001 година, тогаш веќе 33-годишниот Друловиќ се приклучил на екипата на Бенфика,[3] големиот ривал на Порто, каде сепак немал големи успеси. Во сезоната 2002-2003, тој се вратил во татковината каде потпишал за Партизан. Таму бил еден од највлијателните играчи на тимот, помагајќи им на црно-белите да изборат настап во групната фаза на Лигата на шампионите во сезоната 2003-2004, во која титулата ја освоил неговиот поранешен клуб Порто.

Една година подоцна, Друловиќ се вратил во Португалија завршувајќи ја својата кариера во екипата на Пенафиел заедно со поранешниот соиграч од Порто, Антонио Фоља.[4]

Репрезентативна кариера

уреди

Своето деби за репрезентацијата на СР Југославија, Друловиќ го имал на 28 декември 1996 година, играјќи во пријателскиот натпревар против Аргентина одигран во Мар дел Плата, кој завршил со победа на аргентинците со 3-2; во истиот натпревар тој го постигнал и својот прв гол за репрезентацијата. После тој натпревар, тој продолжил редовно да добива повик во репрезентацијата во следните пет години, забележувајќи вкупно 38 настапи и 3 гола.

Тој бил дел од составот на СР Југославија на Светското првенство 1998, каде не забележал ниту еден настап, и на Европското првенство 2000, каде ги одиграл сите четири натпревари на патот на неговата репрезентација до четвртфиналето.[5] Во групната фаза на првенството, тој постигнал гол во ремито 3-3 против Словенија,[6] а имал и 4 асистенции за други голови на Југославија во текот на турнирот.

Својот последен натпревар за репрезентацијата го одиграл на 6 октомври 2001, во победата со 6-2 над Луксембург во квалификациите за Светското првенство 2002.

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― СР Југославија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
28-12-1996 Мар дел Плата Аргентина   2 – 3   СР Југославија Пријателска 1   86'
7-2-1997 Хонгконг Русија   1 – 1 прод.
(5 – 4 пен.)
  СР Југославија Пријателска -   82'
10-2-1997 Хонгконг Хонгконг   1 – 3   СР Југославија Пријателска -   67'
12-3-1997 Белград СР Југославија   0 – 0   Русија Пријателска -   67'
2-4-1997 Прага Чешка   1 – 2   СР Југославија Квал. за СП 1998 -   85'
30-4-1997 Белград СР Југославија   1 – 1   Шпанија Квал. за СП 1998 -
8-6-1997 Белград СР Југославија   2 – 0   Словачка Квал. за СП 1998 -   69'
12-6-1997 Сеул Гана   1 – 3   СР Југославија Пријателска -
20-8-1997 Санкт Петербург Русија   0 – 1   СР Југославија Пријателска -
10-9-1997 Братислава Словачка   1 – 1   СР Југославија Квал. за СП 1998 -   67'
11-10-1997 Та Кали Малта   0 – 5   СР Југославија Квал. за СП 1998 -   67'
15-11-1997 Белград СР Југославија   5 – 0   Унгарија Квал. за СП 1998 -   46'   73'
28-1-1998 Тунис Тунис   0 – 3   СР Југославија Пријателска -   45'
25-3-1998 Богота Колумбија   0 – 0   СР Југославија Пријателска -
29-5-1998 Белград СР Југославија   3 – 0   Нигерија Пријателска -   74'
3-6-1998 Лозана СР Југославија   1 – 0   Јапонија Пријателска -   46'
18-11-1998 Белград СР Југославија   1 – 0   Ирска Квал. за Евро 2000 -   75'
23-12-1998 Рамат Ган Израел   2 – 0   СР Југославија Пријателска -   65'
8-6-1999 Солун СР Југославија   4 – 1   Малта Квал. за Евро 2000 -   78'
18-8-1999 Белград СР Југославија   0 – 0   Хрватска Квал. за Евро 2000 -   46'
1-9-1999 Даблин Ирска   2 – 1   СР Југославија Квал. за Евро 2000 -   52'
5-9-1999 Белград СР Југославија   3 – 1   Македонија Квал. за Евро 2000 -
8-9-1999 Скопје Македонија   2 – 4   СР Југославија Квал. за Евро 2000 1
9-10-1999 Загреб Хрватска   2 – 2   СР Југославија Квал. за Евро 2000 -   57'
23-2-2000 Скопје Македонија   1 – 2   СР Југославија Пријателска -
28-3-2000 Белград СР Југославија   1 – 0   Кина Пријателска -   46'
30-5-2000 Сонгнам Јужна Кореја   0 – 0   СР Југославија Пријателска -   59'
13-6-2000 Шарлероа СР Југославија   3 – 3   Словенија Евро 2000 - Прва фаза 1 детали
18-6-2000 Лиеж Норвешка   0 – 1   СР Југославија Евро 2000 - Прва фаза -   81' детали
21-6-2000 Бриж СР Југославија   3 – 4   Шпанија Евро 2000 - Прва фаза - детали
25-6-2000 Ротердам Холандија   6 – 1   СР Југославија Евро 2000 - Четвртфинале -   70' детали
3-9-2000 Луксембург Луксембург   0 – 2   СР Југославија Квал. за СП 2002 -
15-11-2000 Букурешт Романија   2 – 1   СР Југославија Пријателска -
2-6-2001 Москва Русија   1 – 1   СР Југославија Квал. за СП 2002 -   73'
6-6-2001 Тофтир Фарски Острови   0 – 6   СР Југославија Квал. за СП 2002 -   70'
15-8-2001 Белград СР Југославија   2 – 0   Фарски Острови Квал. за СП 2002 -   62'
1-9-2001 Базел Швајцарија   1 – 2   СР Југославија Квал. за СП 2002 -   67'
6-10-2001 Белград СР Југославија   6 – 2   Луксембург Квал. за СП 2002 -   44'
Вкупно Настапи 38 Голови 3

Тренерска кариера

уреди

Друловиќ ја започнал својата тренерска кариера во скромниот португалски клуб ГД Туризенсе, во 2006–07 година.[7] На крајот од сезоната, тој добил професионална тренерска лиценца.

На почетокот на април 2008 година, Друловиќ станал тренер во екипата на ФК Банат од Зрењанин во српската Суперлига.[8] Како петти тренер во сезоната – тој го заменил Жарко Солдо. Кога го презел тимот бил на осмата позиција од вкупно 12.[9] Тимот бил во опасност од испаѓање во понизок ранг, бидејќи до крајот на сезоната останале само уште 11 кола. На крајот, на 17 мај во последното коло, тој не можел да му помогне на тимот да избори опстанок во лигата по поразот со 4:1 од екипата на ФК Војводина.[10]

Во јуни 2008 година, Друловиќ се преселил во Словенија и потпишал со клубот на НК Драва од Птуј. Речиси две години подоцна, во јануари 2010 година, бил назначен за тренер на ЦД Примеиро де Агосто од Анголската Гирабола лига.[11]

Статистика во кариерата

уреди

Репрезентативна статистика

уреди
Извор:[12]
  СР Југославија
Година Настапи Голови
1996 1 1
1997 11 0
1998 6 0
1999 6 1
2000 9 1
2001 5 0
Вкупно 38 3

Титули

уреди

Играч

уреди

  Порто

уреди
1994–1995, 1995–1996, 1996–1997, 1997–1998, 1998–1999
1993–1994, 1997–1998, 1999–2000, 2000–2001
1993, 1994, 1996, 1998, 2001

Тренер

уреди

  Примеиро де Агосто

уреди
2010

  Србија У19

уреди
2013

Индивидуални признанија

Тренерска статистика

уреди

- тренер на репрезенатацијата на Македонија од април 2015 година до октомври 2015 година

Во тој период репрезентацијата на Македонија одиграла вкупно 5 натпревари и постигнала резултат од 4 порази и 1 нерешен резултат.

Натпревари на селекторската клупа на Македонија

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
14-6-2015 Жилина Словачка   2 – 1   Македонија Квал. за Евро 2016 Аријан Адеми
Кап: Т. Пачовски
5-9-2015 Луксембург Луксембург   1 – 0   Македонија Квал. за Евро 2016 - Кап: Т. Пачовски
8-9-2015 Скопје Македонија   0 – 1   Шпанија Квал. за Евро 2016 - Кап: Т. Пачовски
9-10-2015 Скопје Македонија   0 – 2   Украина Квал. за Евро 2016 - Кап: Т. Пачовски
12-10-2015 Борисов Белорусија   0 – 0   Македонија Квал. за Евро 2016 - Кап: Т. Пачовски
Вкупно Настапи 5 Голови 1

Наводи

уреди
  1. Da Cunha, Pedro Jorge (18 April 2019). „Drulovic: "O Robson não me convocou e disse 'não há lugar no avião'"“ [Drulovic: "Robson did not select me and said ‘no room on the plane’"] (португалски). Mais Futebol. Посетено на 7 December 2020.
  2. Catarino, Luís (26 June 2015). „O fotogénico Monstro do Lago Ness“ [The photogenic Loch Ness Monster] (португалски). Primeiro Toque. Архивирано од изворникот на 29 June 2016. Посетено на 20 May 2016.
  3. „Quiosque: Drulovic dois anos no Benfica (A Bola, Record, O Jogo)“ [Newsstand: Drulovic two years in Benfica (A Bola, Record, O Jogo)] (португалски). TVI 24. 12 June 2001. Посетено на 13 March 2020.
  4. „Drulovic regressa para jogar no Penafiel“ [Drulovic returns to play in Penafiel] (португалски). Relvado. 8 July 2004. Архивирано од изворникот на 2022-01-24. Посетено на 13 March 2020.
  5. „Euro 2020 facts and statistics“. Diario AS. 29 November 2019. Посетено на 13 March 2020.
  6. „Milošević stars as Yugoslavia beat the odds“. UEFA. 6 October 2003. Посетено на 20 May 2016.
  7. „Drulovic rescinde com o Tourizense“ [Drulovic rescinds with Tourizense]. Jornal de Notícias (португалски). 21 November 2006. Посетено на 13 March 2020.
  8. „Ljubinko Drulović novi trener Banata“ [Ljubinko Drulović new Banat manager] (српски). MTS Mondo. 4 April 2008. Архивирано од изворникот на 2008-04-08. Посетено на 5 April 2008.
  9. „Banat se uzda u čudo“ [Banat relying on a miracle] (српски). MTS Mondo. 16 May 2008. Архивирано од изворникот на 2008-05-17. Посетено на 16 May 2008.
  10. „MSL: Banat ispao, ostalo 3 razlike“ [MSL: Banat dropped, 3 other differences] (српски). B92. 17 May 2008. Посетено на 17 May 2008.
  11. „1º de Agosto hire new coach“. Angola Press News Agency. 8 January 2010. Архивирано од изворникот на 2012-02-27. Посетено на 10 January 2010.
  12. „Ljubinko Drulović“. European Football. Посетено на 20 May 2016.
  13. „FSS: Ivanović i Drulović najbolji“ [FAS: Ivanović and Drulović are the best] (српски). B92. 17 December 2013. Посетено на 13 March 2020.

Надворешни врски

уреди