Бошко Ѓуровски (28 декември 1961, Жилче, СР Македонија, СФРЈ) - поранешен југословенски и македонски фудбалер и македонски тренер.

Бошко Ѓуровски
Лични податоци
Роден на 28 декември 1961(1961-12-28)(62 г.)
Роден во Тетово, Југославија
Позиција одбрана
Младинска кариера
?-? ФК Тетекс Тетово
1976-1978 ФК Црвена Ѕвезда
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1978-1989 ФК Црвена Ѕвезда 237 (41)
1989-1995 ФК Сервет 163 (9)
Репрезентација
1982-1989 Југославија 4 (0)
1994-1995 Македонија 7 (3)
Тренер на екипи
1998-2001 ФК Сервет (асистент)
1999 ФК Сервет
2001-2002 ФК Црвена Ѕвезда (асистент)
2002 ФК Раднички Обреновац
2002-2003 ФК Рад
2006-2007 ФК Црвена Ѕвезда(асистент)
2007 ФК Црвена Ѕвезда
2008-2013 Нагоја Грампус (асистент)
2013-2015 Македонија

Животопис

уреди

Бошко Ѓуровски е постар брат на фудбалерот Милко Ѓуровски.

Професионална кариера

уреди

Својата кариера, Ѓуровски ја започнал во ФК „Тетекс“ од Тетово, а настапувал и во ФК „Црвена Ѕвезда“ и ФК „Сервет“. По крајот на својата кариера, работел како тренер и асистент во повеќе клубови, а од 1 јануари 2014 година бил селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. По лошите резултати на репрезентацијата, на 7 април 2015 година, Управнито одбор на ФФМ одлучил предвремено да го раскине договорот со Ѓуровски, а за тоа нему му била исплатен надомест од 21.000 евра.[1]

Наводи

уреди
  1. „ФФМ раскина со Ѓуровски“, Утрински весник, година XVI, број 4754, среда, 8 април 2015, број, стр. 23.