ФК Фенербахче е професионален турски фудбалски клуб со седиште во градот Истанбул. Во моментов клубот се натпреварува во Супер лигата на Турција.

Фенербахче
Целосно имеФенербахче Спорт клуб
ПрекарФенер
Основан3 мај 1907
СтадионСтадион Шукру Сараџоглу
Истанбул, Турција
Капацитет53,715
ПретседателТурција Азиз Јилдирим
ТренерПортугалија Витор Переира
Лига Турска Супер лига
2023-242-ри
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Резервни бои
Тековна сезона

Клубот е основан во 1907 година од група на локални луѓе, а тоа го прави еден од првите фудбалски клубови формирани во Турција. Тие се еден од најуспешните фудбалски клубови во Турција,[1][2] со 19 титули во турското првенство, 6 Купа на Турција и 9 Суперкупа, а исто така тие никогаш во нивната историја не испаднале во пониските лиги. Клубот важи и за еден од клубовите со најмногу навивачи во Турција.

Клубот игра на Стадионот Шукру Сараџоглу кој е со капацитет од 53,715.

Историја

уреди

Фенербахче бил основан во Кадиќој областа во Истанбул од Зија Сонѓулен (1886-1936), Ајетулах бег (1888-1919) и Неџип Оканер (1892-1959). Оваа група на поединци го основале клубот тајно, со цел да се задржи на низок профил. Во тоа време, султанот Абдул Хамид II, му забранувал на турскиот народ да основа клубови, па дури и да игра фудбал. На првата средба, Сонѓулен бил избран за прв претседател на клубот. Сè до промените во законите, кои дошле со Младотурската револуција во 1907 година, активностите на Фенербахче биле обавувани под строга тајност.

Тимот се приклучи на Истанбулската фудбалска лига во 1909 година и во сезоната 1911-1912 го освоил своето прво првенство, минувајќи низ целата сезона без пораз.

Бои и амблеми

уреди

Официјалните бои на клубот се жолтата и сината ( ).

Титули

уреди

1959, 1960-1961, 1963-1964, 1964-1965, 1967-1968, 1969-1970, 1973-1974, 1974-1975, 1977-1978, 1982-1983, 1984-1985, 1988-1989, 1995-1996, 2000-2001, 2003-2004, 2004-2005, 2006-2007, 2010-2011, 2013-2014

1967-1968, 1973-1974, 1978-1979, 1982-1983, 2011-2012, 2012-2013

1968, 1973, 1975, 1984, 1985, 1990, 2007, 2009, 2014

  • Балкан куп
    • Победник (1) :

1966-67

  • Куп Ататурк
    • Победник (2) :

1964, 1998

  • Куп на премиерот
    • Победник (8) :

1945, 1946, 1950, 1973, 1980, 1988, 1992, 1998

  • Куп на турските спортски новинари
    • Победник (12) :

1969, 1973, 1975, 1976, 1978, 1979, 1980, 1982, 1985, 1986, 1994, 1995

  • Куп на Истанбул
    • Победник (16) :

1911-12, 1913-14, 1914-15, 1920-21, 1922-23, 1929-30, 1932-33, 1934-35, 1935-36, 1936-37, 1943-44, 1946-47, 1947-48, 1952-53, 1956-57, 1958-59

Стадион

уреди
 
Стадион Шукру Сараџолу

Фенербахче својте домашни натпревари ги игра на стадионот Шукру Сараџоглу, који се наоѓа во Кадиќој, азискиот дел на Истанбул. Стадионот е изграден во 1908 година, а реконструкцијата траела во периодот од 1999 до 2006 година. На овој стадион е одиграно финалето на Купот на УЕФА 2009.

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
 
Голманот Волкан Демирел е моментален капитен на клубот.
Бр. Позиција Играч
1   ГМ Волкан Демирел  
3   ОД Хасан Али Калдирим
4   ОД Маурисио Исла
5   СР Мехмет Топал
6   ОД Исмаел Којбаши
7   СР Алпер Потук
8   СР Викор Моузес
9   НП Роберто Солдадо
11   СР Мехмет Екичи
13   ГМ Карлос Камени
14   СР Махсун Чапкан
15   СР Сердар Азиз
16   СР Ферди Кадиоглу
17   НП Алберт Елис
18   СР Толгај Арслан
19   ОД Шенер Озбајракли
20   НП Андре Ају
Бр. Позиција Играч
21   СР Миха Зајц
22   НП Михаел Фреј
25   ГМ Берке Озер
26   СР Толга Чигерчи
28   СР Матје Валбуена
31   НП Ислам Слимани
32   СР Жаилсон
33   СР Роман Нојштадтер
35   ГМ Харун Текин
37   ОД Мартин Шкртел
39   НП Јасин Бензија
41   ОД Омер Чаки
44   ОД Садик Чифтпинар
54   ГМ Ертан Ерсу
66   ОД Огуз Каган Гучтекин
80   ОД Серхат Кот
99   СР Елиф Елмас

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-02-19. Посетено на 2015-10-30.
  2. http://www.fotomac.com.tr/multimedya/galeri/futbol/kuluplerin-seyirci-ortalamalari?tc=30&page=4