Мирсад Јонуз (9 април 1962, Свети Николе, Југославија) — поранешен југословенски и македонски фудбалски голман и поранешен македонски тренер.

Мирсад Јонуз, во дресот на ФК Победа од Прилеп

Фудбалска кариера уреди

Мирсад Јонуз е роден во Свети Николе на 9 април 1962 година. Неговото семејство е од Милино каде Мирсад израснал.

Како фудбалер, Јонуз играл на местото голман, а настапувал во повеќе клубови, како:

Тренерска кариера уреди

Јонуз ја започнал тренерската кариера во ФК Работнички Кометал, кого успеал да го внесе во Првата Македонска фудбалска лига. Во овој клуб работел од 1996 до 2000 година, а потоа, од 2002 до 2003 година бил тренер на ФК Победа, при што, го освоил Купот на Македонија. Во 2003 година повторно се вратил во Работнички Кометал.

Во август 2003 година, Јонуз бил избран за селектор на младата репрезентација на Македонија. Како селектор на младата репрезентација на Македонија, дебитирал во Охрид, на 18 август 2003 година, на средбата Македонија - Албанија која завршила со победа на Македонија од 1-0. На 16 мај 2009 година, Мирсад Јонуз бил избран на функцијата селектор на сениорската репрезентација на Македонија. Во ноември 2012 година, тој станал тренер на кипарскиот прволигаш ФК Неа Саламина од Ларнака.[1]

Наводи уреди

  1. "Јонуз се договори со Неа Саламина", Дневник, година XVI, број 5022, петок, 23 ноември 2012, стр. 23.