Фудбалска репрезентација на Норвешка

Фудбалската репрезентација на Норвешка е фудбалска репрезентација на Норвешка и е контролиран од страна на Норвешката фудбалска асоцијација, управен орган во норвешкиот фудбал. Домашен терен на Норвешка е стадионот Улевал во Осло и нивен моментален сечектор е Егил Олсен. На последната ранг список на ФИФА, Норвешка се наоѓа на 27-то место на најдобрите репрезентацијаови во светот.[1]

 Норвешка
СојузНорвешка фудбалска асоцијација
КонфедерацијаУЕФА (Европа)
СелекторНорвешка Егил Олсен
КапитенБреде Хангеланд
Најмногу настапиЈон Арне Рисе (109)
Најдобар стрелецЈерген Јуве (33)
Домашен стадионУлевал)
ФИФА кодNOR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално27 (февруари 2013)
Највисок2 (октомври 1993)
Најнизок59 (декември 2008)
Прв меѓународен натпревар
Шведска Шведска 11 - 3 Норвешка Норвешка
(Гетеборг, Шведска; 12 јули 1908)
Најголема победа
Норвешка Норвешка 12 - 0 Исланд 
(Берген, Норвешка; 28 јуни 1946)
Најлош пораз
 Данска 7 - 0 Шкотска Шкотска
(Копенхаген, Данска; 7 октомври 1917)
Светско првенство
Учества3 1938
Најдобар резултатосминафинале 1998
Европско Фудбалско Првенство
Учества1 (Првпат во во 2000)
Најдобар резултат1-ва рунда, во 2000

Норвешка учествувала трипати на Светските првенства (во 1938, 1994 и 1998), и еднаш на Европско првенство (во 2000). Најголем успех на овие турнири им е осминафиналето на Светското првенство 1998 во Франција.

Историја

уреди

Резултатите на Норвешка во меѓународниот фудбал обично биле послаби од оние на нивните скандинавски соседи Шведска и Данска, но тие имале на златна доба во доцните 1930-тите. Олимписки тим достигнал до третото место на Олимпијадата во 1936-тата, по победата над домаќините Германија во почетокот на турнирот. Норвешка, исто така, се квалификувала за Светското првенство 1938, каде што загубила со 2-1 по продолженија од подоцнежниот шампион репрезентацијата на Италија. Ова испаднало да биде последното појавување на Норвешка на завршницата на Светските првенства во 56 години.

Во повоените години, па вклучувајќи ги и 1980-тите, Норвешка обично била сметана како еден од послабите државни репрезентации во Европа. Тие никогаш не се квалификувале за Светско или Европско првенство во овој период, и обично завршувале во близина на дното на квалификациската група. Сепак, Норвешка имала репутација на тим кој повремено може да направи некој шок-резултат, како на пример: победата со 3-0 над актуелниот европски првак Југославија во 1965 година, победата со 1-0 над Франција во 1968 година, и победата со 2-1 против Англија во 1981 година, што ја предизвикала познатата проповед на радио коментаторот Бјерге Лилелиен: "Вашите момчиња се победниците од пеколот" .

Норвежаните го имале својот најуспешен период од 1990 до 1998 година под водството на легендарниот тренер Егил Олсен. Заедно со зголемениот квалитет на норвешки играчи, на Олсен му бил даден целосен кредит за преземање на репрезентацијата на Норвешка и од анонимен тој го претворил во страшен противник, почитуван низ целиот свет. Својот врв го достигнале во средината на 90-тите години кога тимот бил рангиран дури на второ место на ранг-списокот на ФИФА. Олсен ја започнал својата тренерска кариера на клупата на Норвешка со победа од 6-1 дома над Камерун на 31 октомври 1990 година и завршил со неа на 27 јуни 1998 година, откако со пораз од 0-1 биле елиминирани од Италија во осминафиналето на Светското првенство 1998 во Франција.

На Светското првенство 1994 во САД, Норвешка испаднала уште во групната фаза по победата против Мексико, поразот од Италија и ремито со Република Ирска. На СП во Франција 1998, Норвешка била елиминирана од страна на Италија во осминафиналето по завршувањето на второто место во својата група, откако изиграле нерешено со Мароко и Шкотска и го победиле Бразил со 2-1.

Поранешниот тренер на младата репрезентација под 21-на година Нилс Јохан Семб го заменил Олсен кој планирал да се повлече од фудбалот. Под водство на Семб, Норвешка се квалификувала за Европското првенство 2000, кое останува нивниот последен настап на големо натпреварување. Семб поднел оставка по крајот на неуспешната квалификациска кампања во 2003 година, и бил заменет од страна на Аге Хареиде. Под водство на Хареиде, Норвешка била блиску до пласман на Светското првенство 2006 и на Евро 2008, но на крајот не успеа и во двата случаја. Потоа, во 2008 година, сето тоа се распадна, како Норвешка не успеала да добие ниту еден натпревар за целата календарска година. Хареиде поднел оставка кон крајот на 2008 година. Неговата замена, на почетокот на привремена основа, било враќањето на Егил Олсен, кој го започнал својот втор престој на клупата со победа против Германија, а потоа потпишал три-годишен договор.

Најдобриот натпревар на Норвешка во историјата е веројатно победата со 2-1 над Бразил на 23 јуни 1998 година (натпревар, пред кој Бразил веќе беа победници во групата). Иако губеле со 1-0 на седум минути, пред крајот Норвежаните со головите на Торе Андре Фло и Кјетил Рекдал од пенал, направиле целосен пресврт и славеле со 2-1. Норвешка е всушност единствениот тим во светот кој играл против Бразил и никогаш не загубил. Во својте четири натпревари на сите времиња против Бразил, Норвешка имаат две победи, и двапати натпреварите завршувале нерешено.

Достигнувања на големите турнири

уреди

Светски првенства

уреди
Година Фаза
  1930 не се натпреварувале
  1934 не се натпреварувале
  1938 1. рунда
  1950 не се натпреварувале
  1954 не се квалификувале
  1958 не се квалификувале
  1962 не се квалификувале
  1966 не се квалификувале
  1970 не се квалификувале
  1974 не се квалификувале
  1978 не се квалификувале
  1982 не се квалификувале
  1986 не се квалификувале
  1990 не се квалификувале
  1994 1. рунда
  1998 Осминафинале
   2002 не се квалификувале
  2006 не се квалификувале
  2010 не се квалификувале
Вкупно 3/18

Европски првенства

уреди
Година Фаза
  1960 не се квалификувале
  1964 не се квалификувале
  1968 не се квалификувале
  1972 не се квалификувале
  1976 не се квалификувале
  1980 не се квалификувале
  1984 не се квалификувале
  1988 не се квалификувале
  1992 не се квалификувале
  1996 не се квалификувале
   2000 1. рунда
  2004 не се квалификувале
   2008 не се квалификувале
   2012 не се квалификувале
Вкупно 1/13

Список на играчи со најмногу настапи

уреди
 
Јон Арне Рисе-Рекордерот по бројот на настапи
# Играч Кариера Натпревари
1 Јон Арне Рисе 2000–денес 109
2 Торбјерн Свенсен 1947–1962 104
3 Хенинг Берг 1992–2004 100
4 Ерик Торстведт 1982–1996 97
5 Џон Карју 1998–2011 91
6 Ојвинд Леонардсен 1990–2003 86
7 Кјетил Рекдал 1987–2000 83
8 Бреде Хангеланд 2002–present 82
9 Штефен Иверсен 1998–2011 79
10 Ерик Мјикланд 1990–2000 78

Список на играчи со најмногу постигнати голови

уреди
# Играч Кариера Голови Натпревари Просек
1 Јерген Јуве 1928–1937 33 45 0.73
2 Ејнар Гундерсен 1917–1928 26 33 0.79
3 Харалд Хенум 1949–1960 25 43 0.58
4 Џон Карју 1998–2011 24 91 0.26
5 Оле Гунар Солшер 1995–2007 23 67 0.34
Торе Андре Фло 1995–2004 23 76 0.30
7 Гунар Торесен 1946–1959 22 64 0.34
8 Штефен Иверсен 1998–2011 21 79 0.27
9 Јан Аге Фјертофт 1986–1996 20 71 0.28
10 Од Иверсен 1967–1979 19 45 0.42
Олав Нилсен 1962–1971 19 62 0.31
Ојвинд Леонардсен 1990–2003 19 86 0.22

Моментален состав

уреди

Почести повикувања

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
ГМ Руне Алменинг Јарстеин 29 септември 1984(1984-09-29)(40 г.) 28 0   Викинг
ГМ Еспен Буге Петерсен 10 мај 1980(1980-05-10)(44 г.) 7 0   Молде
ОД Јон Арне Рисе 24 септември 1980(1980-09-24)(44 г.) 109 16   Фулам
ОД Бреде Хангеланд(c) 20 јуни 1981(1981-06-20)(43 г.) 82 4   Фулам
ОД Том Хегли 24 февруари 1984(1984-02-24)(40 г.) 28 1   Клуб Брухе
ОД Вадим Демидов 10 октомври 1986(1986-10-10)(38 г.) 16 0   Селта Виго
ОД Торе Региниусен 10 април 1986(1986-04-10)(38 г.) 14 2   Розенборг
ОД Џонатан Пар 21 октомври 1988(1988-10-21)(36 г.) 9 0   Кристал Палас
ОД Вегард Форен 16 февруари 1988(1988-02-16)(36 г.) 6 0   Саутхемптон
ОД Вегар Еген Хеденстад 26 јуни 1991(1991-06-26)(33 г.) 4 0   Фрајбург
СР Кристијан Гриндхајм 17 јули 1983(1983-07-17)(41 г.) 52 2   Волеренга
СР Рубен Итегард Јенсен 4 мај 1988(1988-05-04)(36 г.) 22 0   Тромсе
СР Маркус Хенриксен 25 јули 1992(1992-07-25)(32 г.) 15 1   Аз Алкмаар
СР Магнус Волф Ајкрем 8 август 1990(1990-08-08)(34 г.) 9 0   Молде
СР Хавард Нордтвејт 21 јуни 1990(1990-06-21)(34 г.) 8 1   Борусија Менхенгладбах
СР Александар Тети 4 април 1986(1986-04-04)(38 г.) 14 0   Норич Сити
СР Валон Бериша 7 февруари 1993(1993-02-07)(31 г.) 8 0   Ред Бул Салцбург
НП Ерик Хусеклеп 5 септември 1984(1984-09-05)(40 г.) 33 7   Бран
НП Мохамед Абделауе 23 октомври 1985(1985-10-23)(39 г.) 24 6   Хановер 96
НП Тарик Елјунузи 23 февруари 1988(1988-02-23)(36 г.) 18 6   Розенборг
НП Александер Седерлунд 3 август 1987(1987-08-03)(37 г.) 11 0   Хаугесунд
НП Џошуа Кинг 15 февруари 1992(1992-02-15)(32 г.) 4 1   Блекбурн Роверс

Наводи

уреди
  1. „FIFA Ranking“. Архивирано од изворникот на 3 ноември 2015. Посетено на 2013-03-08.