Митко Стојковски
Митко Стојковски (роден на 18 декември 1972 година) ― македонски поранешен професионален фудбалер кој играл како одбранбен играч.
Митко Стојковски | |||
---|---|---|---|
Стојковски со трофејот на Купот на Македонија 2000/01 после победата од 2–1 над Слога Југомагнат во финалето. | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 18 декември 1972 | ||
Роден во | Битола, СР Македонија, СФРЈ | ||
Висина | 1.83 m | ||
Позиција | Лев одбранбен играч | ||
Младинска кариера | |||
Пелистер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
1989–1991 | Пелистер | 54 | (1) |
1991–1995 | Црвена ѕвезда | 123 | (2) |
1995–1997 | Реал Овиедо | 63 | (1) |
1998–2000 | Штутгарт | 20 | (0) |
2000–2001 | Пелистер | 34 | (2) |
Репрезентација | |||
1994–2002 | Македонија | 28 | (5) |
Клупска кариера
уредиСтојковски својата кариера ја започнал играјќи во неговиот матичен клуб Пелистер, тогаш играјќи во Втората југословенска лига. Во 1991 година неговите вештини биле забележани и тој се преселил во европскиот првак од 1991 година, Црвена звезда каде што останал четири сезони и одиграл преку 120 натпревари. Во легендарното 100-то вечно дерби против нивниот најголем ривал Партизан, тој постигнал гол и бил прогласен за играч на натпреварот. Во 1995 година, тој потпишал со шпанскиот лалигашки клуб Реал Овиедо каде одиграл 67 првенствени натпревари во две сезони со екипата. Во 1998 година, Штутгарт потпишал со него и тој бил дел од екипата што стигна до финалето на Купот на победниците на Куповите во 1998 година, каде што загубиле од Челси. По две и пол години минати во Германија, тој се вратил во Пелистер каде се пензионирал во 2001 година со освојување на Купот на Македонија истата година.[1]
По пензионирањето, еден период бил спортски директор во ФК Пелистер.
Меѓународна кариера
уредиСтојковски за репрезентацијата на Македонија дебитирал на пријателскиот натпревар против Словенија во март 1994 година. На 9 ноември 1996 година, Стојковски и Македонија го победиле Лихтенштајн со 1-11. Митко Стојковски бил во почетната единаесетка и постигнал два гола во 30. и 43. минута.[2][3] Има забележано 28 натпревари, постигнувајќи вкупно 5 гола.[4] Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар против Израел во ноември 2002 година.[5]
Почести
уредиЦрвена ѕвезда
- Прва лига на Југославија и Прва лига на СР Југославија: 1991/92, 1994/95
- Куп на СР Југославија: 1992/93, 1994/95
Штутгарт
- Вицепрвак во Лигакуп на Германија: 1998
- Вицепрвак во Купот на победниците на куповите: 1997/98
Пелистер
Наводи
уреди- ↑ Mitko Stojkovski at FFM
- ↑ Здравески, Филип (10 јануари 2009). „LIE – MKD match report“. macedonianfootball.com. Архивирано од изворникот 2019-06-29. Посетено на 3 август 2023.
- ↑ „Пред 26 години, Македонија ја оствари најубедливата победа, 11-1 во Лихтенштајн!“. sport1.mk. 9 ноември 2022. Архивирано од изворникот 2023-07-31. Посетено на 3 август 2023.
- ↑ RSSSF. „Republic of Macedonia - Record International Players“.
- ↑ „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 27 јули 2023.
Надворешни врски
уреди- Профил во Македонскиот фудбал (на англиски)
- Mitko Stojkovski
- Митко Стојковски на National-Football-Teams.com
- Митко Стојковски – Профил на службената страница на ФИФА