Горан Мазнов

македонски фудбалер

Горан Мазнов (Струмица, 22 април 1981) — македонски поранешен фудбалер кој играл во нападот.[1]

Горан Мазнов
Мазнов во 2010 година
Лични податоци
Роден на 22 април 1981(1981-04-22)(43 г.))
Роден во Струмица, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001850000001,85 м
Позиција Напад
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999–2001 Слога Југомагнат 21 (4)
2001–2004 Спартак Москва 2 (0)
2002Торпедо-ЗИЛ Москва (позајмица) 13 (1)
2003–2004Балтика (позајмица) 56 (11)
2005 Работнички 12 (7)
2005–2006 Дијарбекирспор 30 (7)
2006–2007 Локерен 23 (4)
2007–2010 Том Томск 79 (21)
2011–2012 Керкира 18 (3)
2012–2013 Металург 28 (4)
2013–2014 Шкендија 9 (3)
2014–2015 Шкупи 30 (14)
2015–2016 Беласица
2016 Дојранско Езеро
Репрезентација
2001–2009 Македонија 45 (10)

Клупска кариера

уреди

Тој има настапувано во екипата на Том од градот Томск во Русија. Во Том дошол во вториот дел од првенството и на седум натпревари постигнал 9 гола. Во март 2009 година тој бил единствениот стрелец за Том Томск во изненадувачката гостинска победа над ЦСКА Москва. Во странство тој последен пат играл за Керкира.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој го имал своето сениорско деби за Македонија во јули 2001 година на пријателскиот натпревар против Катар и има одиграно вкупно 45 натпревари, постигнувајќи 10 гола.[2] Неговиот последен репрезентативен натпревар бил во јуни 2009 година за време на квалификациите за Светското првенство 2010 против Норвешка во Скопје.[3]

Наводи

уреди
  1. Half-season concluded in 3.MFL Southeast
  2. Appearances for (North) Macedonia National Team – RSSSF
  3. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 12 мај 2023.

Надворешни врски

уреди