Ванче Шиков

Македонски фудбалер

Ванче Шиков (роден 19 јули 1985 во Кавадарци, Југославија) — македонски фудбалер кој игра за Работнички во македонското фудбалско првенство и за фудбалската репрезентација на Македонија.

Ванче Шиков
Лични податоци
Полно име Ванче Шиков
Роден на 19 јули 1985(1985-07-19)(38 г.)
Роден во Кавадарци, СР Македонија, СФРЈ
Висина &100000000000001940000001,94 м
Позиција Централен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Работнички
Број 4
Младинска кариера
Тиквеш
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2002–2003 Тиквеш 16 (1)
2003–2006 Шкода Скеча 55 (2)
2006–2007 Победа 10 (1)
2007–2008 Олимпијакос 0 (0)
2007Керкика (позајм) 12 (2)
2007–2008Аполон (позајм) 22 (0)
2008–2011 Етникос Ахнас 77 (4)
2011–2014 Волин 68 (3)
2014–2016 Австрија Виена 46 (2)
2016 Нефчи Баку 9 (0)
2017 Работнички 15 (0)
Репрезентација
Македонија 21 12 (1)
2005– Македонија 35 (3)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 5 март 2014
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 15 јуни 2014

Фудбалска кариера

уреди

Ванче Шиков својата фудбалска кариера ја започнал во ФК Тиквеш од Кавадарци. Во 2002 година поттпишал за грчкиот прволигаш Шкода Скеча каде одиграл 55 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2006 Шиков потпишал со најтрофејниот грчки фудбалски клуб Олимпијакос од Атина. По потпишувањето на договорот, во сезоната 2007-2008, Олимпијакос го позајмил Шиков на позајмица во Керкира каде одиграл 13 натпревари и постигнал 2 гола. Во 2008 година Шиков се преселил во кипарското фудбалско првенство и потпишал за тимот на Етникос Ахна каде за 3 години одиграл 77 натпревари и постигнал 4 гола.

По трите поминати години на Кипар во летото 2011 потпишал 3 годишен договор со украинскиот прволигаш Волин[1]. Откако му завршил договорот со Волин, летото 2014 Шиков како слободен играч потпишал двегодишен договор со Австрија Виена.[2]

За фудбалската репрезентација на Македонија има одиграно 35 натпревари и има постигнато 3 гола.

Репрезентативни голови

уреди
# Датум Место Противник Гол Резултат Натпреварување
1 2 јуни 2010 Филах   Романија 1–0 Победа Пријателски натпревар
2 8 октомври 2010 Андора ла Веља   Андора 2–0 Победа Квалификации за ЕУРО 2012
3 7 октомври 2011 Ереван   Ерменија 4–1 Пораз Квалификации за ЕУРО 2012

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди