Ферхан Хасани

македонски фудбалер

Ферхан Хасани (албански: Ferhan Hasani; роден на 18 јуни 1990 година, во Тетово) ― македонски фудбалер од албанско потекло, напаѓач, кој моментално е без клуб.

Ферхан Хасани
Хасани во дресот на Шкендија во 2017 година
Лични податоци
Роден на 18 јуни 1990(1990-06-18)(34 г.)
Роден во Тетово, СР Македонија, СФРЈ
Држава Македонија Македонија
Висина 1.85 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Слободен играч Слободен играч
Младинска кариера
1998–2007 Шкендија Шкендија
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2007–2011 Шкендија Шкендија 35 (12)
2012–2013 Волфсбург Волфсбург 4 (0)
2013–2015 Брондби Брондби 35 (7)
2015–2018 Шкендија Шкендија 64 (46)
2018–2019 Ал-Раед Ал-Раед 24 (2)
2020 ХЈК Хелсинки ХЈК Хелсинки 9 (5)
2021 Партизани Тирана Партизани Тирана 12 (0)
2022–2023 Шкендија Шкендија 38 (4)
2023–2024 Хелсингер Хелсингер 15 (2)
Репрезентација
2006 Македонија Македонија 17 ? (?)
2010–2012 Македонија Македонија 21 13 (3)
2010–2021 Македонија Македонија 43 (2)

Кариерата ја започнал во Шкендија Тетово, во која се враќал уште двапати во својата кариера. Освен за Шкендија, тој играл и за клубови надвор од Македонија во неколку различни држави како Германија, Данска, Саудиска Арабија, Финска и Албанија.

Своето деби за репрезентацијата на Македонија го имал на 22 декември 2010 година, во пријателски натпревар против Кина.[1] Подоцна, тој ја претставувал земјата на Европското првенство 2020.

Биографија

уреди

Хасани е роден во Тетово, СР Македонија, од семејство на етнички албанци. Како дете, Хасани пораснал со прекарот Буба затоа што бил побрз со топката за разлика од неговите врсници.[2]

Својте први фудбалски чекори, Хасани ги направил во екипата на Шкендија на која и се приклучил на 8-годишна возраст во 1998 година.[2]

Клупска кариера

уреди

Шкендија

уреди

Кога Шкендија била во Втората лига, Хасани добила шанса да игра за сениорската екипа на 17 години. Во втората од неговите две сезони со сениорската екипа, Хасани постигнал 13 гола на 27 натпревари, со што се наметнал како најдобар напаѓач во екипата и дал важен придонес во сезоната 2009-2010, за тоа Шкендија да избори промоција во Првата македонска лига.[2]

Тој станал миленик на навивачите постигнувајќи гол од слободен удар против ривалот Вардар[2] во последниот натпревар од сезоната 2010-2011. На полувремето од натпреварот против Металург, Хасани бил претставен како најдобар играч за сезоната.[2]

По добрата сезона се појавиле шпекулации дека хрватскиот клуб Хајдук Сплит и германскиот клуб Волфсбург,[3] биле заинтересирани за потписот на напаѓачот, како и холандскиот Гронинген и Гент од Белгија. Сепак, тој останал во Шкендија и во првата половина од следната сезона 2011-2012. Сезоната за него започнала добро сè додека не заработил повреда, која го оддалечила од терените до втората половина од годината. Хасани дал пет гола и осум асистенции до зимската пауза.[4]

Волфсбург

уреди

На 16 декември 2011 година, Хасани потпишал тригодишен договор со Волфсбург, приклучувајќи му се на германскиот клуб од Првата Бундеслига на почетокот на 2012 година.[4][5][6] Тренерот на Волфсбург, Феликс Магат, изјавил дека новите аквизиции Хасани и Слободан Медојевиќ се „двајца млади играчи кои одиграа исклучително добро во нивните лиги и се таленти од кои очекуваме да бидат големи играчи“.[7]

На 30 септември 2012 година, Хасани го направил своето деби за Волфсбург, влегувајќи во игра во 45-тата минута против Мајнц 05.

За време на зимскиот трансфер период од сезоната 2012-2013, Хасани привлекол интерес од хрватскиот клуб Динамо Загреб. Било објавено дека Волфсбург и Динамо ги договориле условите и останувале да се извршат само медицинските тестови на 25 јануари.[8][9] Тренерот на Динамо, Круно Јурчиќ изјавил: „Тој е крилен напаѓач кој може да игра на двете страни и тој е играч кој ни треба. Сум го видел кога работев за репрезентацијата на Хрватска и ја скаутирав Македонија, па кога дојде прилика да го ангажираме, не се двоумевме“.[9] Но, сепак трансферот пропаднал.

Со намалувањето на составот на Волфсбург и недостиг на голема минутажа, Хасани побарал да си замине за време на летото, а интерес за него пројавиле Динамо Дрезден и Брондби.[10]

Брондби

уреди

На 2 септември 2013 година, Хасани одлучил да се приклучи на Брондби. Според данските медиуми, сумата на трансферот изнесувала 260 илјади евра. Тој потпишал двегодишен договор и бил претставен со дресот со број 22.[11] Хасани дебитирал на 15 септември 2013 година и го постигнал својот прв гол по само две минути игра, победничкиот во успехот против Оденсе.[12] На 1 декември 2013 година, постигнал гол од слободен удар од 25 метри против градскиот ривал ФК Копенгхаген.[13]

Во 23-тото коло во Суперлигата на Данска, Хасани заработил повреда на коленото, поради која бил надвор од акција за следните три натпревари. На 18 април, тој добил дозвола да се врати за натпреварот против Сендерјиске. Ферхан влегол од клупата за резерви во 70-тата минута, а во 88-мата минута го постигнал третиот гол за Брондби во натпреварот, со удар со десната нога во десниот агол покрај голман на Сендерјиске.[14]

По успешната претсезона, во која постигнал гол против Ливерпул,[15] Хасани претрпел нова повреда, пропуштајќи го почетокот на сезоната. На 7 декември, Хасани се вратил кога Брондби го победил Силкеборг со 1–0. Хасани го постигнал голот на 50-годишнината од постоењето на Брондби и имал успешна сезона со клубот кој завршил на третото место во Суперлигата.

Враќање во Шкендија

уреди

По завршувањето на неговиот двегодишен договор со Брондби, агентот на Хасани, Фали Рамадани и клубот не можеле да се договорат за нов договор што резултирало со заминување на Хасани во текот на летниот трансферен период.[16] На Ферхан му било подарено цвеќе од страна на клубот кога Брондби биле домаќини на Есбјерг во последното коло од данската сезона.[16]

Хасани потпишал тригодишен договор со Шкендија, во која се вратил по повеќе од три години.

Во сезоната 2017-2018, Хасани ја предводел Шкендија до освојување на лигата и купот. На 27 натпревари постигнал 22 гола и забележал 15 додавања. По завршувањето на договорот, било најавено дека Хасани ќе си замине од Шкендија, а најголем интерес за него постоел од Галатасарај.[17]

Ал-Раед

уреди

На 17 август 2018 година, Хасани ги договорил личните услови и потпишал за клубот од Саудиска Арабија, Ал-Раед.[18] Во клубот поминал една сезона во која вкупно во првенството и купот забележал 26 настапи и 3 гола.

Хелсинки и Партизани

уреди

На 18 октомври 2019 година, ХЈК Хелсинки го објавил потпишувањето на Хасани на едногодишен договор.[19]

На 26 јануари 2021 година потпишал за албанскиот клуб Партизани Тирана.

Второ враќање во Шкендија

уреди

На 6 јануари 2022 година повторно се вратил во Шкендија.[20]

Хелсингер

уреди

На 2 јуни 2023 година, Хасани потпишал двегодишен договор со Хелсингер, клуб од данската прва дивизија.[21] Откако клубот испадна на крајот од сезоната, во август 2024 година Хасани го напуштил клубот.[22]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Хасани (лево) со македонската репрезентација во дуел со Јуриј Жирков од Русија во 2011 година.

Хасани го направил своето целосно меѓународно деби на 22 декември 2010 година против Кина во пријателски натпревар.[23] На крајот од фудбалската сезона, Хасани бил повикан во македонскиот состав за претстојниот натпревар со Ирска за квалификациите за Европското првенство 2012. Тој влегол како замена во десеттата минута, а Македонија загубила со 0–2 од Ирска.[24] Откако Македонија во квалификациите теоретски изгубила пласман за Европското првенство 2012, Хасани бил повикан да игра за селекцијата до 21 година против Србија за квалификациите за Европското првенство за фудбалери до 21 година. Хасани бил клучен бидејќи постигнал гол за Македонија, што резултирало со нерешено 1-1.[25]

На 29 февруари 2012 година, Хасани го постигнал својот прв гол на гостински пријателски натпревар против Луксембург кога Македонија претрпела пораз од 1–2.[26]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
22-12-2010 Бишофсхофен Кина   1 – 0   Македонија Пријателска -   46'
4-6-2011 Скопје Македонија   0 – 2   Ирска Квал. за Евро 2012 -   10'
10-8-2011 Баку Азербејџан   0 – 1   Македонија Пријателска -   85'
2-9-2011 Москва Русија   1 – 0   Македонија Квал. за Евро 2012 -   66'
6-9-2011 Скопје Македонија   1 – 0   Андора Квал. за Евро 2012 -   68'
15-11-2011 Прилеп Македонија   0 – 0   Албанија Пријателска -   68'
29-2-2012 Луксембург Луксембург   2 – 1   Македонија Пријателска 1
26-5-2012 Леирија Португалија   0 – 0   Македонија Пријателска -   68'
29-5-2012 Ешторил Ангола   0 – 0   Македонија Пријателска -   58'
15-8-2012 Скопје Македонија   1 – 0   Литванија Пријателска -   46'
11-9-2012 Глазгов Шкотска   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2014 -   38'
12-10-2012 Скопје Македонија   1 – 2   Хрватска Квал. за СП 2014 -   82'
16-10-2012 Скопје Македонија   1 – 0   Србија Квал. за СП 2014 -
14-11-2012 Скопје Македонија   3 – 2   Словенија Пријателска -   87'
22-3-2013 Скопје Македонија   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -   82'
26-3-2013 Брисел Белгија   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2014 -   46'
3-6-2013 Малме Шведска   1 – 0   Македонија Пријателска -   46'
11-6-2013 Осло Норвешка   2 – 0   Македонија Пријателска -   83'
5-3-2014 Скопје Македонија   2 – 1   Латвија Пријателска -
27-3-2015 Скопје Македонија   1 – 2   Белорусија Квал. за Евро 2016 -
14-6-2015 Жилина Словачка   2 – 1   Македонија Квал. за Евро 2016 -    23', 84'
8-9-2015 Скопје Македонија   0 – 1   Шпанија Квал. за Евро 2016 -
9-10-2015 Скопје Македонија   0 – 2   Украина Квал. за Евро 2016 -   22'
5-9-2016 Скадар Албанија   2 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -   74'
6-10-2016 Скопје Македонија   1 – 2   Израел Квал. за СП 2018 -
9-10-2016 Скопје Македонија   2 – 3   Италија Квал. за СП 2018 1   84'
12-11-2016 Гранада Шпанија   4 – 0   Македонија Квал. за СП 2018 -   87'
5-6-2017 Скопје Македонија   0 – 0   Турција Пријателска -   63'
6-10-2017 Торино Италија   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -   61'   64'
9-10-2017 Струмица Македонија   4 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2018 -   46'
11-11-2017 Скопје Македонија   2 – 0   Норвешка Пријателска -   58'
13-10-2018 Скопје Македонија   4 – 1   Лихтенштајн УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -
16-10-2018 Ереван Ерменија   4 – 0   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   76'
16-11-2018 Вадуц Лихтенштајн   0 – 2   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   77'
19-11-2018 Скопје Македонија   4 – 0   Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   59'
21-3-2019 Скопје Македонија   3 – 1   Латвија Квал. за Евро 2020 -   23'
7-6-2019 Скопје Македонија   0 – 1   Полска Квал. за Евро 2020 -   85'
10-6-2019 Скопје Македонија   1 – 4   Австрија Квал. за Евро 2020 -   67'
11-10-2020 Талин Естонија   3 – 3   Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   46'
28-3-2021 Скопје Македонија   5 – 0   Лихтенштајн Квал. за СП 2022 -   66'
1-6-2021 Скопје Македонија   1 – 1   Словенија Пријателска -   81'
21-6-2021 Амстердам Македонија   0 – 3   Холандија Евро 2020 - Прва фаза -   68' дет.
22-10-2022 Абу Даби Саудиска Арабија   1 – 0   Македонија Пријателска -   58'
Вкупно Настапи 43 Голови 2

Статистика на кариерата

уреди

Клупска статистика

уреди

Репрезентативна статистика

уреди
Обновено на 9 октомври 2016[27]
Репрезентација Година Наст. Гол.
  Македонија
2010 1 0
2011 5 0
2012 8 1
2013 4 0
2014 1 0
2015 4 0
2016 3 1
Вкупно 26 2

Титули

уреди

Шкендија

2010-2011, 2017-2018
2015-2016, 2017-2018
2010-2011

Поединечни

Наводи

уреди
  1. „Ferhan Hasani expected to join Gent“. Macedonianfootball.com. 29 јули 2010. Посетено на 3 мај 2023.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 „Ferhan Hasani – best player in 2010/11“. Посетено на 3 мај 2023.
  3. „Шкендија стартуваше некомплетна“. 12 јуни 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  4. 4,0 4,1 Mau, Daniel; Ehlert, Felix (16 декември 2011). „Mazedonier Hasani bringt sich beim VfL ins Gespräch“ [Македонецот Хасани се внесува во разговор во Вфл] (германски). Архивирано од изворникот на 5 септември 2012. Посетено на 3 март 2023.
  5. „Ferhan Hasani reaches agreement with Wolfsburg“. 16 декември 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  6. „Tričkovski, Hasani honoured in FYROM“. UEFA.com. 24 декември 2011. Посетено на 3 мај 2023.
  7. „Wolfsburg signs prospects from Serbia, Macedonia“. CNN. 2 јануари 2012. Архивирано од изворникот на 2014-01-03. Посетено на 3 мај 2023.
  8. Majdak, Matij (20 јануари 2013). „Dolazi iz Wolfsburga: Ferhan Hasani novi je igrač Dinama...“ (хрватски). Посетено на 3 мај 2023.
  9. 9,0 9,1 „Hasani inches from signing for Dinamo, only medical left“. Архивирано од изворникот на 24 јануари 2013. Посетено на 3 мај 2023.
  10. Zlateski, Aleksandar (2 септември 2013). „Hasani in talks with Brøndby, Dynamo Dresden“. MacedonianFootball.com. Посетено на 3 мај 2023.
  11. „Ferhan Hasani signs with Brøndby IF“ (дански). www.brondby.com. 4 септември 2013. Архивирано од изворникот на 2013-09-06. Посетено на 3 мај 2023.
  12. Pedersen, Kim Damsgaard (16 септември 2013). „Debutant bag Brøndbys første sæsonsejr“ (дански). tipsbladet. Посетено на 3 мај 2023.
  13. Nielsen, Allan (1 декември 2013). „FCK slår Brøndby med tre mål på ni minutter“. Politiken (дански). Denmark: politiken.dk. Посетено на 3 мај 2023.
  14. „Brøndby sænker Sønderjyske med Makienok“ (дански). 18 април 2014. Посетено на 3 мај 2023.
  15. „Ferhan Hasani scores superb solo goal to hand Brøndby pre-season friendly victory over Liverpool“. 16 јули 2014. Посетено на 3 мај 2023.
  16. 16,0 16,1 „Ferhan Hasani will leave Brøndby this summer“. Посетено на 2 јули 2015.
  17. „Ferhan Hasani Galatasaray için mi geldi?“. Посетено на 3 мај 2023.
  18. „Hasani continues in Saudi Arabia“. Посетено на 3 мај 2023.
  19. „Ferhan Hasani Klubiin“. hjk.fi/ (фински). Helsingin Jalkapalloklubi. 18 октомври 2019. Посетено на 3 мај 2023.
  20. „YRTARE: FERHAN HASANI RIKTHEHET NË KLUBIN E TIJ TË ZEMRËS“ (албански). Шкендија. 6 јануари 2022. Архивирано од изворникот на 2023-05-03. Посетено на 3 мај 2023.
  21. „FC Helsingør henter stærk midtbanegeneral fra Nordmakedonien - FC Helsingør“. 2 June 2023.
  22. Afslører: Ferhan Hasani er færdig i dansk klub, tipsbladet.dk, 26 August 2024
  23. Zdraveski, Filip (5 јуни 2011). „CHN – MKD match report“. MacedonianFootball.com. Посетено на 3 мај 2023.
  24. Zlateski, Aleksandar (5 јуни 2011). „Player Ratings: Macedonia – Ireland 0:2“. Посетено на 3 мај 2023.
  25. Zlateski, Aleksandar (8 октомври 2011). „Macedonia U21 – Serbia U21 1:1“. Посетено на 3 мај 2023.
  26. „Maurice Deville fait couler la Macédoine“. Luxemburger Wort (француски). 29 февруари 2012. Посетено на 3 мај 2023.
  27. „Hasani, Ferhan“. National Football Teams. Посетено на 3 мај 2023.

Надворешни врски

уреди
  • Профил во Macedonian Football (на англиски)