ФК Ујпешт
Újpest FC
Целосно имеФудбалски Клуб Ујпешт
ПрекариLilák (Лилакови)
Основан1884; пред 139 години (1884)
(како Újpesti Torna Egylet)
СтадионФеренц Суса Стадион
(Капацитет: 13,501)
СопственикБелгијаРоланд Душателе
ПретседателБелгијаРодерик Душателе
ТренерСрбијаНебојша Вигњевиќ
ЛигаНБ I
2023/249-o
Мреж. местоСлужбено мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Оваа статија се однесува на фудбалскиот клуб Ујпешт. Слична статија: Спортско Друштво Ујпешт (унгарски: Újpesti Torna Egylet).

Фудбалскиot Клуб Ујпешт е унгарски професионален фудбалски клуб, со седиште во Ујпешт, Будимпешта, кој се натпреварува во НБ I liga. Ујпешт е формиран во 1885 година, а во првата унгарска лига игра од 1905 година и има испаднато од таа лига само еднаш од тогаш. Клубот е член на првата дивизија 102 последователни години. Ујпешт бил унгарски шампион дваесет пати, девет пати го има освоено унгарскиот куп и трипати унгарскиот суперкуп. На меѓународнита сцена Ујпешт се двократни победници на Митропа купот и победници на купот на нациите во 1930 година. Тие, исто така, стигнале до полуфиналето на европскиот куп 1973-74 и купот на победниците на куповите 1961-62, а биле второпласирани во купот на саемските градови 1968-1969 година. Од 1922 година, нивниот дом е стадионот Ференц Суса во Ујпешт. Нивното најголемо соперништво е со фудбалскиот клуб од Будимпешта, Ференцварош, и тоа се смета за локално дерби.

Фудбалскиот клуб Ујпешт е дел од спортското друштво на Ујпешт. Во ова спортско друштво се вклучени и други спортски секции како што се хокеј на мраз, ватерполо, атлетика, борење, бокс, џудо, карате, пливање, кајак, гимнастика, а уште е вклучено и таканареченото кружоочко друштво (унгарски: baráti kör).

Во март 2008 година клубот стартуваше со своја ТВ станица која ги пренесува сите спортски случувања поврзани со клубовите од спортското друштво Ујпешт.

Историја на клубот

уреди

Почетоци

уреди

Клубот е формиран на 16 јуни 1885 од страна на наставникот Јанош Гол во Ујпешт, посебен град во тоа време, кој се простирал веднаш до границите на Будимпешта под името Ујпешти Торна Егиле (унгарски: Újpesti Torna Egylet), (македонски: Спортска Асоцијација Ујпешт). Формиран е првин како општ спортски клуб, во кој се одвивале натпревари во гимнастика и мечување, а неговото мото било "упорност, сила, хармонија" (унгарски: Épség, Erő, Egyetértés). Во 1899 година бил формиран фудбалскиот клуб во градот Ујпешт под името Фудбалски Клуб Ујпешт и клубот ги имал истите бои на дресовите како и денеска, виолетовата и белата боја. Првиот официјален натпревар на ФК Ујпешт бил на 29 април 1900 година против III. Керулети ТВЕ. Натпреварот завршил нерешено со резултат 1:1. Во 1901 година, двата клуба (УТЕ и Ујпешт ФК) се споиле и го формирале фудбалскиот клуб Ујпешт. Клубот се приклучил веднаш во втората лига на новоформираната унгарска лига. Ујпешт е еден од двата тима во Унгарија, кои никогаш не пропуштиле ни сезона од формирањето на унгарската лига.

Ујпешт биле промовирани во првата дивизија во 1904 година и тие успешно опстојувале во тој ранг, сè до сезоната 1911-12 кога само по една сезона помината во втората лига завршиле како шампиони и успешно се вратиле во најдобрата конкуренција по едногодишното испаѓање.

Прва златна ера

уреди

     ФК Ујпешт 1939 година
Клубот го изградил новиот Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадион во 1922 година, што означувало отворање на нова ера на проширување на збирката на медали на клубот. Легендарната "Фогл-порта" (унгарски: Fogl-gát), била масивна одбранбена формација на браќата Карољ Фогл и Јожеф Фогл кои успешно ја спроведувале играјќи за репрезентацијата како и за ФК Ујпешт. Оваа формација била клучна точка за успесите на клубот. Од 1926 година, по воведувањето на професионален фудбал во Унгарија, фудбалскиот тим играл под името Ујпешт ФК. Доцните 20-ти и 30-ти години го донеле првото златно доба на клубот, обележано со завршувањето на врвот на унгарската прва дивизија 5 пати по ред и успехот на меѓународната сцена освојувајќи го Митропа купот во 1929 и 1939 година, а исто така и титулата куп на нациите во 1930 година. Тимот завршил на една од првите три позиции во секоја сезона помеѓу 1926 и 1942 година, и играл во пет финалиња на купот на Унгарија во текот на 20-тите и 30-тите години.

Ујпешт имал дадено 5 играчи на Светското првенство во 1938 година кои го освоиле второто место и сребрениот медал за Унгарија. Овие фудбалери биле Ѓерѓ Сич, Антал Салај, Иштван Балог I, Јене Винце и тогаш ѕвездата на унгарскиот фудбал, Ѓула Женгелер.

По Втората светска војна

уреди

Првите години по Втората светска војна ја означуваат и втората златна ера на Ујпешт. Во овој период ФК Ујпешт бил трипати по ред шампион на Унгарија, а дури деветмина фудбалери на ФК Ујпешт станале дел од унгарската репрезентација. Играчите како Ференц Суса, Бела Егреши, Шандор Балог II, Иштван Њерш и Михаљ Наѓмароши поставуваат рекорди како што се победа на 30 последователни натпревари или постигнување 187 гола во една сезона. Во текот на педесеттите години тогашниот режим го избрал Ујпешт како официјален клуб кој треба да ја претставува полицијата а името на клубот е променето во Будимпештанска Дожа (унгарски: Budapesti Dózsa) а потоа и во Ѓерѓ Дожа (унгарски: György Dózsa), прилично вообичаена практика во земјите од Источниот блок, само што во повеќето од нив "полициските клубови" се именувани како "Динамо". Откако бил убиен одбранбениот фудбалер на Ујпешт, Шандор Сич од тогашната комунистичка влада 1951. година, наишле послаби сезони за клубот. Како резултат на тоа само двајца фудбалери на Ујпешт заиграле за репрезентацијата на светското првенство во 1954 година. Во 1956 година, во текот на револуцијата клубот се преименувал во ФК Ујпешт враќајќи го своето старо име меѓутоа оваа одлука била повлечена од унгарската влада и повторно им било наметнато името Ујпешт Дожа за разлика од Ференцварош и МТК на кои им било дозволено да настапуваат со своето старо име. По 13 години без освоена титула Ујпешт повторно станал шампион во сезоната 1959/60 и стигнал до полуфиналето на Купот на победниците на куповите каде што загубил од Фиорентина со 2:0 и 1:0. Во истата година се појавила и новата ѕвезда на Ујпешт, Јанош Гереч.

Понов период

уреди

Ујпешт ја освоил унгарската лига во сезоната 1959-60. Како шампиони на тогашната прва лига избориле право на настап на Европскиот куп наредната сезона. На 28 септември 1960 година, Ујпешт ја победил Црвена Звезда Белград со 2:1 на стадионот на Југословенската Народна Армија (ЈНА) во Белград а на 12 октомври 1960 на реванш натпреварот одигран на стадионот Меѓери Ут, успеале да слават со 3:0. Во првата рунда од натпреварите, на 6 ноември 1960 година, Ујпешт бил поразен од Бенфика на стадионот Луж во Лисабон со 6:2. На 30 ноември 1960, Ујпешт ја совладал Бенфика со 2-1 на Народниот Стадион (унгарски: Népstadion) во Будимпешта но тоа не било доволно за проаѓање во наредната рунда.

Во истата сезона, Ујпешт обезбедил место во купот на саемските градови. Во првиот круг, на 16 октомври 1960 година, Ујпешт загубил 3:2 на Св. Андреј стадионот во Бирмингем од тимот на Бирмингем Сити, додека во вториот натпревар, кој се одиграл на 26 октомври 1960 година, Ујпешт загубил 2:1 на стадионот Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti). Следната сезона Ујпешт играл во купот на победниците на куповите каде што во првата рунда се сретнал со малтешкиот претставник Флориана на стадионот на независноста. Во првиот натпревар резултатот бил 5-2 за унгарскиот тим додека во реваншот на стадионот Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) во Унгарија било 10-2 за Ујпешт. Во втората рунда од натпреварите Ујпешт се сретнал со Ајакс од Амстердам. Првиот натпревар се одиграл на Олимпискиот стадион во Амстердам каде што Ујпешт бил поразен со 2-1 меѓутоа на реванш натпреварот кој се одиграл на стадионот Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti), тимот на Ујпешт успеал да победи со 3-1 и да обезбеди пласман во четвртфиналето. Во четвртфиналето Ујпешт успеал да го помине тимот на Данфермлајн Атлетик од Шкотска со вкупен резултат 5-3 и тоа првин победувајќи на домашен терен со 4-3 а потоа и на гостински терен на стадионот Ист Енд Парк со 1-0. Така тимот на Ујпешт се изборил за влез во полуфиналето каде што се сретнал со тимот на Фиорентина. Во нивното прво европско полуфинале Ујпешт ги загубил и двата натпревари каде што на првиот натпревар на стадионот Артемио Франки во Фиренца загубил со резултат 2-0 додека на реваншот биле поразени со резултат 1-0.


21 март 1962
Фиорентина Италија 2–0 Унгарија Ујпешт Дожа Артемио Франки, Фиренца
Судија: Џон Кели (Англија)
Хамрин гол 6'47' Извештај

Извештај 2

11 април 1962
Ујпешт Дожа Унгарија 0–1 Италија Фиорентина Меѓери ут, Будимпешта
Судија: Фридрих Маер (Австрија)
Извештај

Извештај 2

Барту гол 56'


Во сезоната 1968-69 тимот на Ујпешт се натпреварувал во купот на саемските градови. Тимот на Ујпешт бил убедлив во првите две рунди од натпреварувањето убедливо победувајќи ги тимовите на УС Луксембург во првата и тимот на Арис од Солун во втората рунда. Во третата рунда од натпреварите Ујпешт успеал да го помине тимот на Легиа Варшава каде што на првиот натпревар кој се одиграл на стадионот на полската армија било 1-0 додека на реваншот во Унгарија овие тимови одиграле нерешено 2-2. Во четвртфиналето Ујпешт успеал двапати да го совлада тимот на Лидс Јунајтед првин победувајќи го со 1-0 на стадионот Еланд Роуд во Лидс а потоа и со 2-0 на домашен терен. Нареднит противник на Ујпешт во полуфиналето бил тимот на Гезтепе од Измир, Турција. Тимот на Гезтепе бил убедливо совладан со што тимот на Ујпешт испишал историја за првпат влегувајќи во финалето на едно европско натпреварување. Во финалето тимот на Ујпешт се сретнал со тимот на Њукасл Јунајтед.


29 мај 1969
Њукасл Јунајтед Англија 3–0 Унгарија Ујпешт Дожа Сент Џејмс Парк, Њукасл
Гледачи: 60,000
Монкур гол 63' гол 72'
Скот гол 83'
11 јуни 1969
Ујпешт Дожа Унгарија 2–3 Англија Њукасл Јунајтед Меѓери ут, Будимпешта
Гледачи: 37,000
Бене гол 31'
Гереч гол 44'
Монкур гол 46'
Арентофт гол 50'
Фогон гол 74'


Ујпешт го освоил Купот на Унгарија во 1969 година победувајќи го тимот на Хонвед од Будимпешта во финалето со 3-2. Освојувањето на купот им овозможило учество во купот на саемските градови наредната година. Во првиот натпревар Ујпешт загубил 2-1 во Белград од тимот на Партизан додека на домашен терен во Унгарија, тимот на Ујпешт успеал да слави со 2-0. Наредната пречка во втората руда од ова натпреварување бил тимот на Бриж од Белгија. Тимот на Бриж извојувал висока победа на домашен терен од 5-2 меѓутоа Ујпешт славел на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) со 3-0 и успеал да помине понатаму благодарејќи на правилото за повеќе постигнати голови на гостински терен. Ујпешт се збогувал со учеството на ова натпреварување во третата рунда кога на двапати загубил од германскиот тим Карл Зајс Јена првин со 1-0 на гостински терен а потоа и со 3-0 на домашен терен.

Успеси во 70-тите

уреди

Седумдесеттите години на минатиот век се означени како втора златна ера за тимот на Ујпешт. Назначувањето на Лајош Бароти како прв тренер на Ујпешт во 1967 година се покажало како исклучително добар потег на управата на овој клуб. По двата сребрени медали Ујпешт ја освоил унгарската лига во 1969 година а играл и во финалето на купот на саемските градови истата година кога загубил од Њукасл Јунајтед со вкупен резултат 6-2. Тимот започнал со неверојатни 7 победи во низа во лигата, ги освоил сите сезони од 1969 до 1975 година поставувајќи неверојатни рекорди во повоениот период како што се постигнување на точно 500 гола во седум сезони или пораз на само 4 домашни натпревари во 10 сезони. Клубот имал успеси и во домашните натпреварувања каде што успеал да го освои унгарскиот куп за првпат во 1969 година а потоа и да го повтори овој успех уште двапати во 1970 и 1975 година.
Лајош Бароти - тренер на ФК Ујпешт од 1967 до 1971 година
На меѓународната сцена покрај финалето во купот на саемските градови, тимот на Ујпешт Дожа учествувал во четвртфиналето на Европскиот куп трипати по ред како и еднаш во полуфиналето во 1974 кога загубиле само од подоцнежните победници тимот на Баерн Минхен. Клубот се сметал за еден од најдобрите тимови во Европа кои победувале тимови како што се англискиот шампион Лидс во 1969 година, шпанскиот шампион Валенсија во 1971 година, шкотскиот шампион Селтик од Глазгов во 1972 или португалскиот врвен тим Бенфика во 1973 година.

Познатата напаѓачка формација на Ујпешт Дожа од седумдесеттите[1]

Тимот на Ујпешт бил познат по напаѓачка игра и секогаш играл на постигнување на гол повеќе од противникот. Познатата напаѓачка формација на Ујпешт во тоа време била Фазекаш, Гереч, Бене, Дунаи II и Замбо која била усовршена од тренерот Лајош Бароти. Бене станал пет пати по ред најдобар стрелец на унгарското првенство додека Фазекаш и Дунаи II освоиле сребрени копачки. По заминувањето на Бене и Дунаи II од тимот, на нивните места дошле Андраш Теречек и Ласло Фекете. Со нив тимот на Ујпешт успеал да го освои првенството на Унгарија уште во два наврати и тоа 1978 и 1979 година. Теречек бил одличен организатор на игра и дриблер и станал популарн помеѓу навивачите на Ујпешт како магионичар кој непредвидливо ги проигрува своите соиграчи додека Фекете освоил сребрена копачка како втор најдобар стрелец во Европа.

Ласло Фазекаш - фудбалер на Ујпешт Дожа од 1965 до 1980 година. 402 настапи - 252 голa
Шандор Замбо - фудбалер на Ујпешт Дожа од 1962 до 1980 година. 410 настапи - 20 голa
Ујпешт го освоил унгарскиот куп во 1970 година победувајќи го тимот на Комлој Бањаш со 3-2 во финалето. Тие исто така го освоиле и унгарското првенство таа сезона со што обезбедиле пласман во Европскиот куп каде што првин ја совладале Црвена Звезда на домашен терен со 2–0 меѓутоа на реванш натпреварот биле поразезни со 4–0 што значело збогување од европските натпревари.

Ујпешт повторно го освоил унгарското првенство во сезоната 1970-71 што значело излез на европска сцена во сезоната 1971-72. Во натпреварувањата од Европскиот куп Ујпешт најпрвин се сретнал со шведскиот претставник Малме. На 15 септември 1971 Ујпешт го победил Малме со 4–0 на домашен терен додека на 29 септември истата година на стадионот Малме тимот на Малме успеал да победи со 1–0. Во втората рунда тимот на Ујпешт се сретнал со шпанскиот шампион Валенсија на стадионот Местаља каде што успеал да победи со 0–1 а потоа и на домашен терен успеа да го победи тимот на Валенсија по вторпат, овој пат со резултат 2–1. Следниот противник на тимот на Ујпешт бил шкотскиот првак Селтик во нокаут фазата. Првиот натпревар Ујпешт го одиграл на домашен терен на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадионот каде што бил поразен со 1–0. Реваншот се одиграл на Селтик Парк стадионот во Глазгов каде што тимовите одиграле нерешено 1–1 што значело збогување од понатамошното натпреварување за тимот на Ујпешт.

Следната сезона тимот на Ујпешт повторно станал шампион на Унгарија што значело пласман во натпреварувањата од Европскиот куп за сезона 1972-73. На 13 септември 1972, Ујпешт го победил тимот на Базел со 2–0 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti;) стадионот во првата рунда од натпреварите. На 27 септември 1972 тимот на Базел успеал да се реваншира и го победил тимот на Ујпешт со 3–2 на Св Јакоб-Парк стадионот во Швајцарија меѓутоа сепак тимот на Ујпешт успеал да се квалификува со вкупен резултат од 4–3. На 25 октомври 1972, Ујпешт бил поразен од Селтик со 2–1 додека на домашен терен тимот на Ујпешт успеал да победи со 3–0 и да обезбеди двомеч со италијанскиот гигант Јувентус во нокаут фазата. На првиот меч што се одигра на стадионот Олимпико во Торино тимовите одиграле нерешено 0–0. Вториот натпревар во Унгарија завршил исто така нерешено меѓутоа резултатот бил 2–2 што значело испаѓање на Ујпешт од понатамошните натпревари.

Ујпешт повторно станал шампион на Унгарија и во сезоната 1972-73 и со тоа избориле пласман на натпреварувањате од Европскиот куп во сезоната 1973-74. На 19 септември 1973 Ујпешт го победил ирскиот шампион Вотерфорд Јунајтед со 3–2 на РСЦ Вотерфорд стадионот во Република Ирска. На 3 октомври 1973 Ујпешт повторно го победил тимот на Вотерфорд Јунајтед овој пат со 3–0 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадионот.

Во втората рунда на 24 октомври 1973, Ујпешт одиграл нерешено со тимот на Бенфика на стадионот Луж во Лисабон а единствениот стрелец за домашните бил еден од најдобрите европски фудбалери на сите времиња Еузебио. На 7 ноември 1973, Ујпешт успеал да го победи тимот на Бенфика со 2–0 на домашен терен и да се квалификува во нокаут фазата. Во нокаут фазата тимот на Ујпешт првин ремизирал 1–1 со чехословачкиот претставник Спартак Трнава на Anton Malatinski стадионот во Трнава на 6 март 1974 година. На 20 март 1974, натпреварот помеѓу Ујпешт и Спартак Трнава завршил со ист резултат и во Унгарија но сепак Ујпешт поминал понатаму бидејќи бил поуспешен во изведување на пенали (4–3). На 10 април, Ујпешт одиграл нерешено со германскиот шампион Баерн Минхен на Народниот Стадион (унгарски: Népstadion) во Будимпешта. На 24 април 1974, на Олимпискиот стадион во Минхен тимот на Баерн Минхен успеа да го победи тимот на Ујпешт со 3–0 а подоцна и да го освои овој турнир.

Ујпешт повторно станал шампион на Унгарија и во сезоната 1973-74 што значело и учество во европскиот куп на шампиони наредната година. На 18 септември 1974 година тимот на Ујпешт го победил бугарскиот шампион Левски Софија со 3–0 на стадионот Ѓорѓи Аспарухов во Софија. На 2 октомври 1974, тимот на Ујпешт повторно бил подобар од бугарскиот шампион овој пат на домашен терен победувајќи го со резултат 4–1 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадионот. На 6 ноември 1974 тимот на Ујпешт бил поразен со 3–0 од тимот на Лидс Јунајтед на Еланд Роуд стадионот во Англија со што го завршиле натпреварувањето во европскиот куп за таа сезона.

Ујпешт станале шампиони и во сезоната 1974-75 и со тоа повторно избориле место во европскиот куп на шампионите во сезоната 1975-76. На 17 септември 1975, Ујпешт го победил швајцарскиот претставник Цирих со 4–0 на домашен терен додека на натпреварот одигран во Цирих тимот на Ујпешт загубил со 5–1 меѓутоа се квалификувал за наредната рунда благодарејќи на правилото за повеќе постигнати голови на гостински терен. На 22 октомври 1975 година тимот на Ујпешт бил поразен од португалскиот претставник Бенфика со 5–2 на стадионот Луж во Лисабон. На 5 ноември 1975, Ујпешт го победил тимот на Бенфика со 3–1 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадионот. Истата сезона Ујпешт успеал и да триумфира во унгарскиот куп против тимот на Сомбатхељ Халадаш со 3–2 во финалето.

Ујпешт повторно станал шампион и во сезоната 1977-78 и со тоа си загарантирале место во европскиот куп на шампионите во сезоната 1978-79. На 13 септември тимот на Ујпешт одиграл нерешено со тимот на Збројовка Брно на стадионот Лужанками во Брно, Чехословачка. Во вториот натпревар одигран на 27 септември 1978 година, тимот на Ујпешт загубил од Збројовка Брно со 2–0 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti) стадионот и испаднал од понатамошното натпреварување.

Ујпешт повторно станал шампион и во сезоната 1978-79 и со тоа си загарантирале место во европскиот куп на шампионите во сезоната 1979-80. На 19 септември 1979, тимот на Ујпешт успеал да го победи тимот на Дукла Прага со 3–2 на домашен терен меѓутоа изгубиле со 2–0 на стадионот Летна во Прага и така го завршиле натпреварувањето за таа сезона со што завршила и втората златна ера за клубот.

Пад на квалитетот во 80-тите

уреди

Во 80-тите години на минатиот век, целокупнииот унгарски фудбал бележи голем пад а оваа состојба не го одминува ниту фудбалскиот клуб Ујпешт. Во целата декада Ујпешт освојува само едно второ и едно трето место во унгарската лига меѓутоа има солидни резултати во унгарскиот куп освојувајќи го во три наврати и тоа 1982, 1983 и 1987 година. На европска сцена Ујпешт не забележал поголеми успеси но има неколку вредни за споменување како што се победата во УЕФА купот над шведскиот претставник Гетеборг кој ја држел тутулата од ова натпреварување, потоа победата над германскиот претставник Келн кој важел за силен тим во тоа време, како и победата над шкотскиот претставник Абердин во купот на победниците на куповите со што тимот успеал да обезбеди пласман во четвртфиналето на ова натпреварување во 1984 година.

Тимот на Ујпешт победил во унгарскиот куп 1982 година победувајќи го тимот на Видеотон со 2–0 во финалето. Со оваа победа тие обезбедиле пласман во купот на победниците на куповите за 1982-83 сезона. Во првата рунда тие се сретнале со шведскиот претставник Гетеборг каде што на натпреварот во Шведска одиграле нерешено 1–1 додека на домашен терен успеале да победат со 3–1. Во втората рунда од натпреварите тимот на Ујпешт го добил за противник тимот на Реал Мадрид којшто на двпати успеал да победи и тоа првин со 3–1 на стадионот Сантјаго Бернабеу во Мадрид а потоа и во Унгарија со резултат 1–0.

Ујпешт победил во унгарскиот куп повторно 1983 година победувајќи го тимот на Хонвед од Будимпешта со 3–2 во финалето и со тоа обезбедил учество во купот на победниците на куповите за 1983-84 сезона. Во првиот натпревар од ова натпреварување на 14 септември 1983 година, тимот на Ујпешт се сретнал со тимот на АЕК Атина каде што загубил со 2–0 во Атина, Грција. На 28 септември 1983, на реванш натпреварот тимот на Ујпешт успеал да победи со 4–1 и успеал да се пласира во втората рунда од натпреварите. На 19 октомври 1983 година тимот на Ујпешт го победил тимот на Келн со 3–1 на домашен терен додека на гости загубил со 4–2 на 2 ноември 1983 но сепак се пласирал понатаму поради правилото за повеќе постигнати голови на гостински терен. Иако Ујпешт успеал да го победи шкотскиот претставник Абердин со 2–0 на домашен терен во првиот натпревар од четвртфиналето, сепак на гостински терен во Шкотска загубиле со 3–0 со што значело испаѓање од натпреварувањата за таа сезона.

По неколку годишна пауза тимот на Ујпешт повторно триумфирал во унгарскиот куп 1987 година победувајќи го тимот на Пакш со 3–2 во Секешфехервар. Така уште еднаш во оваа декада Ујпешт обезбедил место во купот на победниците на куповите за 1987-88 сезона каде што испаднал уште во првото коло од холандскиот претставник Ден Хаг првин победувајќи го со 1–0 во Будимпешта меѓутоа резултатот во реванш натпреварот бил 3–1 за тимот на Ден Хаг.

Во сезоната 1989-90 тимот на Ујпешт станал шампион на Унгарија со што добил можност да игра во Европскиот куп на шампионите за 1991-92 сезона. Прв противник на тимот на Ујпешт бил италијанскиот шампион Наполи. На стадионот Сан Паоло во Неапол мечот завршил со резултат 3–0 за тимот на Наполи. Головите ги постигнале Барони и Марадона. На 3 октомври на реванш натпреварот тимот на Ујпешт повторно загубил овој пат со 2–0 и испаднал од понатамошното натпреварување.

Пост-комунистичко доба

уреди

По падот на комунизмот, тимот на Ујпешт (во тоа време Ујпешт Дожа), го вратил своето старо име Ујпешт ФК. Клубот ја почнал новата декада со титула во унгарското првенство 1989-90 сезона, а играл со успех и во купот на Унгарија освојувајќи го 1992 година. Тие исто така го освоиле и првото издание на унгаркиот супер куп 1992 година. Меѓутоа, резултатите во унгарското првенство биле повторно под нивото во 1993 кога ја освоиле четиринаесеттата позиција што значело играње плеј-аут со екипите од дното на табелата. Кога го сочувале местото во првата унгарска лига, почнале да доаѓаат и подобри резултати следните години.
Золтан Ковач - фудбалер на ФК Ујпешт во три наврати со вкупно 249 настапи и дадени 100 голa
Тимот со играчи како што биле Ѓерѓ Вебер и Золтан Слезак почнал да напредува и да освојува втори и трети места на половината од декадата, кога конечно во сезоната 1997-98 ја освоиле шампионската титула кога на тимот му се приклучиле Золтан Ковач и Миклош Херцег.

На 20 мај 1992, тимот на Ујпешт го освоил унгарскиот куп победувајќи го тимот на Вац со 1–0 во финалето кое се одиграло во Бекешчаба во областа Бекеш. Во сезоната 1992-93 тимот на Ујпешт обезбедил место во купот на победниците на куповите каде што во првата рунда од натпреварувањето се сретнале со италијанскиот претставник Парма. На стадионот Енио Тардини во Парма италијанскиот претставник победил со 1–0 додека на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti;) стадионот во Будимпешта натпреварот завршил нерешено 1–1 со што тимот на Ујпешт ги завршил натпреварите во овој куп за 1992-93 сезона.

Тимот на Ујпешт станал шампион на Унгарија во сезоната 1997-98 и со тоа обезбедил место квалификациите за влез во Лигата на шампионите. На 22 јули 1998 година Ујпешт загубил на првата средба од квалификациската рунда од тимот на Зимбру Кишињев со 1–0 на стадионот Зимбру во Кишињев, Молдавија. На реванш натпреварот тимот на Ујпешт успеал да слави со 3–1 на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti;) стадионот на натпреварот одигран на 29 јули 1998 година. Во втората квалификациска рунда тимот на Ујпешт се сретнал со австрискиот претставнил Штурм Грац. На 12 август 1998 во првиот натпревар на стадионот Грац-Либенау тимот на Штурм Грац победил со 4–0. На вториот натпревар одигран во Унгарија на Меѓери ут (унгарски: Megyeri úti;) стадионот тимот на Штурм Грац бил повторно подобар противник овојпат победувајќи со 3–2. Тимот на Ујпешт бил елиминиран од понатамошно натпреварување со вкупен резултат 7–2.


Понова историја

уреди

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Позиција Играч
1 Србија ГМ Филип Пајовиќ
2 Унгарија ОД Криштоф Суч
4 Унгарија ОД Давид Калноки-Киш
5 Унгарија ОД Роберт Литауски Капитен
6 Унгарија СР Јожеф Виндекер
7 Унгарија НП Кристиан Шимон
8 Унгарија СР Бенјамин Чеке
9 Унгарија НП Патрик Тишлер
10 Унгарија СР Донат Зотер
14 Мали СР Аласан Диало
16 Шведска СР Антон Салетрос (позајмен од АИК)
17 Македонија НП Виктор Ангелов
18 Црна Гора СР Бојан Санковиќ
19 Црна Гора ОД Мијушко Бојовиќ
Бр. Позиција Играч
21 Унгарија СР Бенјамин Балаш
22 Унгарија ОД Давид Мол
23 Унгарија ГМ Давид Банаи
25 Македонија НП Ремзифаик Селмани
26 Унгарија СР Даниел Наѓ
27 Унгарија СР Бенце Павковиќ
28 Нигерија СР Обина Н'вободо
30 Унгарија ОД Петер Бауер
32 Унгарија ГМ Золтан Ковач
37 Унгарија СР Герго Нимет
49 Србија СР Бранко Пауљевиќ
86 Унгарија НП Шома Новотни
Унгарија ГМ Бенце Гундел-Такач

Позајмени играчи

уреди
Бр. Позиција Играч
Унгарија СР Гергу Холдампф (позајмен во Сопрони ВСЕ)

Трофеи

уреди

Домашни

уреди

Интернационални

уреди

Пријателски

уреди

Наводи

уреди
  1. „Формација на ФК Ујпешт“. footballuser.com. Посетено на June 25, 2017.