Светско првенство во фудбал 1998
Светското првенство во фудбал 1998 година било 16-то Светско фудбалско првенство, меѓународен фудбалски турнир кој се одржува на секој четири години и на кој право на учество имаат сите членки на ФИФА кои ги минале квалификациите. Првенството се одржало во Франција од 10 јуни до 12 јули 1998 година. Земјата-домаќин била избрана од страна на ФИФА по втор пат во историјата на натпреварувањето, совладувајќи го Мароко во процесот на наддавање. Така, Франција добила можност вторпат да го организира првенството (првиот бил во 1938 година), а по деветти пат тој се одржал во Европа. Ова било првото Светско првенство што се одржало под претседателство на Сеп Блатер. Со времетраење од 32 дена, ова бил најдолгиот мундијал во историјата.
Светско првенство во фудбал 1998 Coupe du Monde - France 98 | |
---|---|
![]() Официјално Лого | |
Податоци за првенството | |
Земја | ![]() |
Екипи | 32 |
Финални резултати | |
Прво место ![]() | ![]() |
Второ место ![]() | ![]() |
Трето место ![]() | ![]() |
Четврто место | ![]() |
Статистики на првенството | |
Број на натпревари | 64 |
Постигнати голови | 169 (2.64 по натпревар) |
Гледачи | 2.784.687 (43.511 по натпревар) |
Голгетер | ![]() |
Најдобар играч | ![]() |
Најдобар млад играч | ![]() |
Најдобар голман | ![]() |
Фер плеј награда | ![]() ![]() |
← 1994 2002 → |
Квалификациите започнале во март 1996 и завршиле во ноември 1997. Ова првенство било првото на кое групната фаза била проширена од 24 на 32 екипи, со осум групи од по четири екипи. Вкупниот број натпревари на турнирот биле 64, кои се одиграле на 10 стадиони во 10 градови домаќини, а воведниот и завршниот натпревар биле одиграни на новоизградениот Стад де Франс, во Сен Дени.
Титулата на ова првенство му припаднала на домаќинот, репрезентацијата на Франција, која во финалето го победила Бразил со резултат 3-0. Тоа била прва титула за Франција, со што тие станале седма земја која триумфирала на Светското првенство во фудбал и шесттата нација на која тоа и успеало на домашно тло (по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина).
Изборот на домаќинУреди
Одлуката за организаторот на светското првенство била донесена во јули 1992 година. Кандидати за организација на светското првенство биле: Франција, Мароко и Швајцарија. Во Цирих на 1 јули 1992 година, ФИФА и го доделила организаторството на Франција. Франција во гласањето го победила Мароко со 12 гласа наспроти 7. Швајцарија не ги исполнила потребните барања па поради тоа не била вклучена во гласањето.[1]
Резултати од гласањето[2] | |||
---|---|---|---|
Држава | Рунда 1 | ||
Франција | 12 | ||
Мароко | 7 |
КвалификацииУреди
Од вкупно 174 репрезентации колку се пријавиле за учество на светското првенство, 172 учествувале во квалификациите за завршниот турнир додека само Франција како организатор на турнирот и Бразил како актуелен шампион имале обезбедено учество на светското првенство. Останатите 30 репрезентации учеството го обезбедиле преку квалификациите.
Четири репрезентации за првпат се квалификувале на Светско првенство во нивната историја: Хрватска, Јамајка, Јапонија и Јужноафриканска Република. Иран и Тунис се квалификувале на СП по првпат после 1978 година, додека Парагвај и Данска првпат се квалификувале по 1986 година. Домаќинот Франција, исто така, се вратил на завршницата на светските првенства по 12 години (ги пропуштиле претходните две првенства). Меѓу поквалитетните репрезентации кој не успеале да се пласираат на првенството биле: Уругвај (кој пропуштиле второ првенство по ред) како и трето пласираната репрезентација на Светското првенство 1994 во САД - репрезентацијата на Шведска. Русија не успеала да се квалификува на првенството за првпат по 1978 година. Највисоко рангираната екипа што не се квалификувала била Чешка (рангирана на 3. место), додека најниско рангираната екипа која се квалификувала била Нигерија (рангирана на 74. место).
Квалификувани репрезентации по конфедерацииУреди
Следниве 32 репрезентации, се квалификувале за Светското првенство.
|
|
|
ЖдрепкаУреди
Германија, Италија, Аргентина, Шпанија, Романија и Холандија биле поставени за носители, заедно со бранителот на титулата Бразил и домаќинот Франција. За првпат во историјата извлекувањето на групите било изведено на фудбалски стадион - било тоа на Велодром во Марсеј, на 4 декември 1997 година.
Група 1 | Група 2 | Група 3 | Група 4 |
---|---|---|---|
Краток преглед на првенствоУреди
форматот на натпреварување на првенството бил поинаков од оној на Светското првенство 1994 година бидејќи се натпреварувале 32 репрезентации наместо претходните 24. 32-те репрезентации биле поделени во осум групи од по четири тима. Победниците на групите, како и второпласираните продолжувале понатаму во осминафиналето. За разлика од првенствата кој се одржале во периодот помеѓу 1986 и 1994 година на овој турнир не постоела можност третопласираните тимови да поминат понатаму. Почнувајќи од ова првенство, репрезентациите морале да патуваат на својте натпревари во групната фаза на натпреварувањето, бидејќи различни стадиони во различни градови биле домаќини на групите.
Исто така било уведен и правилото "златен гол" кое се применувало во случај кога регуларниот дел од натпреварот ќе завршел нерешено. Покрај тоа бил уведн и електричниот семафор со кој четвртиот судија го покажувал надополнетото време и замените.
Турнирот бил отворен со натпреварот меѓу Бразил и Шкотска која завршила со победа на бранителот на титулата со 2-1. Норвешка го напрвила најголемото изненадување во групата А со победа над Бразил со 2-1, постигнувајќи два гола во завршницата од натпреварот за пресврт. И двете репрезентации без проблеми поминале понатаму без проблеми. Италија без проблеми го освоила првото место во групата Б, а пак на Чиле му биле доволни и сите три нерешени натпревари за да помине во нокаут-фазата. Откако пред четири години во финалето на претходното првенство, го промашил клучниот пенал сега Роберто Баџо ја спасил Италија од пораз против Чиле за конечни 2-2.
Франција сигурно го освоила првото место во групата Ц, иако Зинедин Зидан во натпреварот против Саудиска Арабија (завршила 4-0 за Фрацузите) заработил црвен картон кој му донел два натпревари суспензија. Од таа група како второпласирана понатаму поминала Данска. Нигерија била изненадувачки победник во групата Д (т.н. група на смртта), додека Шпанија била најголемото разочарување на турнирот неуспевајќи да ја помине групната фаза. Нигерија ги победила со 3-2 во фантастичен натпревар, а понатаму поминала и селекцијата на Парагвај.
Од групата Е понатаму поминале репрезентациите на Холандија и Мексико. Мексико во двата натпревари во кој одиграл нерешено се спасувал од пораз но и тоа било доволно за да помине понатаму. Германија и Југославија многу лесно поминале понатаму во групата Ф.
Благодарение на голот пред крајот на натпреварот, Романија ја победила Англија со резултат 2-1 и на тој начин го осигурала првото место во групата Г, пред Англија. Аргентина со три победи го освоила првото место во групата Х, пред Хрватска која завршила како втора.
Во осминафиналето Италија ја победила Норвешка со резултат 1-0, додека Бразил убедливо го совладал Чиле со 4-1. Лоран Блан станал првиот играч во историјата на светските фудбалски првенства кој постигнал "Златен гол", со кој ја однел Франција во четвртфиналето, откако ја елиминирале селекцијата на Парагвај (1-0 по продолженија) во оваа фаза. Данска неочекувано лесно ја победила Нигерија со 4-1. Понатаму поминала и репрезентацијата на Германија која направила пресврт против Мексико за да победи со 2-1, а со истиот резултат Холандија била подобра од Југославија. Хрватска благодарение на голот од белата точка на Давор Шукер ја победила Романија со 1-0 и така изборила место во четвртфиналето. Најинтересниот натпревар во осминафиналната фаза го одиграле селекциите на Аргентина и Англија. Регуларниот дел од натпреварот завршил нерешено со резултат 2-2 (во првите 10 минути биле досудени два контроверзни пенали за двете репрезентации, а подоцна тогаш осумнаесетгодишниот Мајкл Овен бил стрелец на неверојатен гол за 2-1 за Англија, но пред крајот на првото полувреме Занети израмнил на 2-2). Натпреварот го одбележил инцидентот по кој Дејвид Бекам бил исклучен за удирање на противничкиот играч Диего Симеоне. Меѓутоа, и покрај тоа што имале играч помалку, Англичаните играле многу храбро и биле разочарани кога им бил поништен погодок кој го поостигнал Сол Кембел во продолженијата, за наводн прекршок над аргентинскиот голман. На крајот Аргентина победила по изведувањето на пенали (вкупен резултат 6-5) и станала последниот четвртфиналист.
Четвртфиналето донело дуел меѓу Франција и Италија во кој не бил виден ниту еден гол (0-0 по 120 минути игра), па одлучувале пеналите каде домаќинот на турнирот бил подобар со 4-3. Одлучувачка била 5-тата серија кога ударот на Лујџи Ди Бјаџо завршил во пречката. Во многу возбудлив и интересен натпревар, фаворитот Бразил накрајот сепак успеал да ја победи Данска со резултат 3-2, а Хрватска го направила највероватно најголемото изненадување на ова светско првенство победувајќи ја Германија со високи 3-0. Бидејќи Германија испаднала во четвртфиналето и на претходното првенство, ова било првпат во нивната репрезентативна историја да неуспеат да стигнат до четирите најдобри селекции на две првенства по ред. Натпреварот меѓу репрезентациите на Холандија и Аргентина бил многу груб и насилен; Холанѓаните играли со играч помалку на теренот откако Артур Нуман бил исклучен во 76-тата минута за опасен старт над Диего Симеоне. Подоцна во натпреварот, и аргентинскиот репрезентативец Ариел Ортега заработил црвен картон за неспортско удирање на холандскиот голман Едвин ван дер Сар. Тоа скапо ја чинело Аргентина, и неколку минути по исклучувањето на Ортега, Денис Бергкамп постигнал одличен погодок и со резултат 2-1 ја однел својата земја во полуфиналето на турнирот.
Во полуфиналето Патрик Клајверт постигнал доцен изедначувачки погодок за Холандија (1-1) па нивниот натпревар против Бразил отишол во продолженија, а бидејќи таму немало голови натпреварот бил одлучен на пенали во кој бранителот на трофејот бил подобар. Во финалето им се придружиле Французите кој благодарение на двата гола на нивниот одбранбен играч Лилијан Тирам стигнале до пресврт од 0-1 до 2-1 и победа во полуфиналето над Хрватска. Интересно е тоа што за Тирам ова биле неговите први голови во неговата репрезентативна кариера, а и останале единствените на неговата сметка кога тој решил да се повлече од националниот дрес во 2008 година. Во натпреварот за третото место Хрвтска ја победила со 2-1 Холандија и на тој начин го комплетирала своето деби од соништата на светските првенства (како самостојна држава).
Првпат во историјатот на Светските првенства во финалето играле бранителот на титулата и домаќинот на првенството. Веќе по крајот на првото полувреме Францција имала убедливо водство по двата гола на Зинедин Зидан постигнати со глава (во 27. минута и во судикото продолжение од првото полувреме). Во вториот дел, Емануел Пети само го докрајчил Бразил со погодок во судиското продолжение од второто полувреме комплетирајќи ја убедливата победа на својата репрезентација над шампионот од претходното првенство. Била тоа прекрасна вечер за домаќинот на првенството. Проценето е дека милион луѓе излегле на улиците во Париз за да ја прослават победата сè до раните утрински часови. Франција со ова станала седма држава на која и пошло од рака да го освои светското фудбалско првенство, придружувајќи им се на Уругвај, Италија, Германија, Бразил, Англија и Аргентина.
За време на првенството Франција примила само два гола - рекорд кој подоцна бил изедначен од Италија (во 2006) и Шпанија (во 2010). Најдобар стрелец на турнирот бил хрватскиот напаѓач Давор Шукер (со 6 гола) кој постигнал гол на секој натпревар за неговата репрезентација (освен во групата против Аргентина кој завршил 0-1 во корист на Аргентинците). За најдобар играч на турнирот бил прогласен бразилскиот напаѓач Роналдо.
Официјална песна на турнирот била "The Cup of Life" во изведба на Рики Мартин, а официјална химна на првенството била "La Cour des Grands" во изведба на Јусу Н'Дур и Аксел Ред.
СтадиониУреди
Турнирот се играл на 10 различни стадиони:
Сен Дени | Марсеј | Париз | Ленс |
---|---|---|---|
Стад де Франс | Стадион Велодром | Парк на Принцовите | Стад Феликс Боларт |
48°55′28″N 2°21′36″E / 48.92444° N; 2.36000° E | 43°16′11″N 5°23′45″E / 43.26972° N; 5.39583° E | 48°50′29″N 2°15′11″E / 48.84139° N; 2.25306° E | 50°25′58.26″N 2°48′53.47″E / 50.4328500° N; 2.8148528° E |
Капацитет: 80,000 | Капацитет: 60,000 | Капацитет: 49,000 | Капацитет: 44,000 |
Лион | Нант | Тулуза | Сент Етјен |
Жерлан | Стад де ла Божоар | Стадион Тулуза | Стад Жофроа Гишар |
45°43′26″N 4°49′56″E / 45.72389° N; 4.83222° E | 47°15′20.27″N 1°31′31.35″W / 47.2556306° N; 1.5253750° W | 43°34′59.93″N 1°26′2.57″E / 43.5833139° N; 1.4340472° E | 45°27′38.76″N 4°23′24.42″E / 45.4607667° N; 4.3901167° E |
Капацитет: 41,300 | Капацитет: 39,500 | Капацитет: 37,000 | Капацитет: 36,000 |
Бордо | Монпеље | ||
Парк Лескјур | Стад де ла Мосон | ||
44°49′45″N 0°35′52″W / 44.82917° N; 0.59778° W | 43°37′19.85″N 3°48′43.28″E / 43.6221806° N; 3.8120222° E | ||
Капацитет: 35,200 | Капацитет: 34,000 | ||
Список на судииУреди
|
|
|
РезултатиУреди
Фаза по групиУреди
Група АУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бразил | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 3 | +3 | 6 |
Норвешка | 3 | 1 | 2 | 0 | 5 | 4 | +1 | 5 |
Мароко | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 5 | 0 | 4 |
Шкотска | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 6 | -4 | 1 |
10 јуни 1998 | |||
Бразил | 2 - 1 | Шкотска | Стад де Франс, Сен Дени |
Мароко | 2 - 2 | Норвешка | Стад де ла Мосон, Монпеље |
16 јуни 1998 | |||
Шкотска | 1 - 1 | Норвешка | Парк Лескјур, Бордо |
Бразил | 3 - 0 | Мароко | Стад де ла Божоар, Нант |
23 јуни 1998 | |||
Бразил | 1 - 2 | Норвешка | Стадион Велодром, Марсеј |
Шкотска | 0 - 3 | Мароко | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
Група БУреди
Тим | Поени | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Италија | 3 | 2 | 1 | 0 | 7 | 3 | +4 | 7 |
Чиле | 3 | 0 | 3 | 0 | 4 | 4 | 0 | 3 |
Австрија | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 4 | -1 | 2 |
Камерун | 3 | 0 | 2 | 1 | 2 | 5 | -3 | 2 |
11 јуни 1998 | |||
Италија | 2 - 2 | Чиле | Парк Лескјур, Бордо |
Камерун | 1 - 1 | Австрија | Стад де Тулуза, Тулуза |
17 јуни 1998 | |||
Чиле | 1 - 1 | Австрија | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
Италија | 3 - 0 | Камерун | Стад де ла Мосон, Монпеље |
23 јуни 1998 | |||
Италија | 2 - 1 | Австрија | Стад де Франс, Сен Дени |
Чиле | 1 - 1 | Камерун | Стад де ла Божоар, Нант |
Група ЦУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Франција | 3 | 3 | 0 | 0 | 9 | 1 | +8 | 9 |
Данска | 3 | 1 | 1 | 1 | 3 | 3 | 0 | 5 |
ЈАР | 3 | 0 | 2 | 1 | 3 | 6 | 0 | 4 |
Саудиска Арабија | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 7 | -5 | 1 |
12 јуни 1998 | |||
Саудиска Арабија | 0 - 1 | Данска | Стад Феликс Боларт, Ленс |
Франција | 3 - 0 | ЈАР | Велодром, Марсеј |
18 јуни 1998 | |||
ЈАР | 1 - 1 | Данска | Стад де Тулуза, Тулуза |
Франција | 4 - 0 | Саудиска Арабија | Стад де Франс, Сен Дени |
24 јуни 1998 | |||
Франција | 2 - 1 | Данска | Стад Жерлан, Лион |
ЈАР | 2 - 2 | Саудиска Арабија | Парк Лескјур, Бордо |
Група ДУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Нигерија | 3 | 2 | 0 | 1 | 5 | 5 | 0 | 6 |
Парагвај | 3 | 1 | 2 | 0 | 3 | 1 | +2 | 5 |
Шпанија | 3 | 1 | 1 | 1 | 8 | 4 | +4 | 4 |
Бугарија | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 7 | -6 | 1 |
12 јуни 1998 | |||
Парагвај | 0 - 0 | Бугарија | Стад де ла Мосон, Монпеље |
13 јуни 1998 | |||
Шпанија | 2 - 3 | Нигерија | Стад де ла Божоар, Нант |
19 јуни 1998 | |||
Нигерија | 1 - 0 | Бугарија | Парк на Принцовите, Париз |
Шпанија | 0 - 0 | Парагвај | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
24 јуни 1998 | |||
Нигерија | 1 - 3 | Парагвај | Стад де Тулуза, Тулуза |
Шпанија | 6 - 1 | Бугарија | Стад Феликс Боларт, Ленс |
Група ЕУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Холандија | 3 | 1 | 2 | 0 | 7 | 2 | +5 | 5 |
Мексико | 3 | 1 | 2 | 0 | 7 | 5 | +3 | 5 |
Белгија | 3 | 0 | 3 | 0 | 3 | 3 | 0 | 3 |
Јужна Кореја | 3 | 0 | 1 | 2 | 2 | 9 | -7 | 1 |
13 јуни 1998 | |||
Јужна Кореја | 1 - 3 | Мексико | Стад Жерлан, Лион |
Холандија | 0 - 0 | Белгија | Стад де Франс, Сен Дени |
20 јуни 1998 | |||
Белгија | 2 - 2 | Мексико | Парк Лескјур, Бордо |
Холандија | 5 - 0 | Јужна Кореја | Велодром, Велодром |
25 јуни 1998 | |||
Холандија | 2 - 2 | Мексико | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
Белгија | 1 - 1 | Јужна Кореја | Стадион Паркот на Принцовите, Париз |
Група ФУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Германија | 3 | 2 | 1 | 0 | 6 | 2 | +4 | 7 |
Југославија | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 2 | +2 | 7 |
Иран | 3 | 1 | 0 | 2 | 2 | 4 | -2 | 3 |
САД | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 5 | -4 | 0 |
14 јуни 1998 | |||
Југославија | 1 - 0 | Иран | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен |
15 јуни 1998 | |||
Германија | 2 - 0 | САД | Паркот на Принцовите, Париз |
21 јуни 1998 | |||
Германија | 2 - 2 | Југославија | Стад Феликс Боларт, Ленс |
САД | 1 - 2 | Иран | Стад Жерлан, Лион |
25 јуни 1998 | |||
САД | 0 - 1 | Југославија | Стад де ла Божоар, Нант |
Германија | 2 - 0 | Иран | Стад де ла Мосон, Монпеље |
Група ГУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Романија | 3 | 2 | 1 | 0 | 4 | 2 | +2 | 7 |
Англија | 3 | 2 | 0 | 1 | 5 | 2 | +3 | 6 |
Колумбија | 3 | 1 | 0 | 2 | 1 | 3 | -2 | 3 |
Тунис | 3 | 0 | 1 | 2 | 1 | 4 | -3 | 1 |
15 јуни 1998 | |||
Англија | 2 - 0 | Тунис | Велодром, Марсеј |
Романија | 1 - 0 | Колумбија | Стад Жерлан, Лион |
22 јуни 1998 | |||
Колумбија | 1 - 0 | Тунис | Стад де ла Мосон, Монпеље |
Романија | 2 - 1 | Англија | Стад де Тулуза, Тулуза |
26 јуни 1998 | |||
Колумбија | 0 - 2 | Англија | Стад Феликс Боларт, Ленс |
Романија | 1 - 1 | Тунис | Стад де Франс, Сен Дени |
Група ХУреди
Тим | Одиг | Поб | Нер | Пор | ДГ | ПГ | ГР | Поени |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Аргентина | 3 | 3 | 0 | 0 | 7 | 0 | +2 | 6 |
Хрватска | 3 | 2 | 0 | 1 | 4 | 2 | +1 | 6 |
Јамајка | 3 | 1 | 0 | 2 | 3 | 9 | 0 | 4 |
Јапонија | 3 | 0 | 0 | 3 | 1 | 4 | -2 | 1 |
14 јуни 1998 | |||
Аргентина | 1 - 0 | Јапонија | Стад де Тулуза, Тулуза |
Јамајка | 1 - 3 | Хрватска | Стад Феликс Боларт, Ленс |
20 јуни 1998 | |||
Јапонија | 0 - 1 | Хрватска | Стад де ла Божоар, Нант |
21 јуни 1998 | |||
Аргентина | 5 - 0 | Јамајка | Паркот на Принцовите, Париз |
26 јуни 1998 | |||
Аргентина | 1 - 0 | Хрватска | Парк Лескјур, Бордо |
Јапонија | 1 - 2 | Јамајка | Стад Жерлан, Лион |
ЕлиминацииУреди
Осминафинале | Четвртфинале | Полуфинале | Финале | |||||||||||
27 јуни - Париз | ||||||||||||||
Бразил | 4 | |||||||||||||
3 јули - Нант | ||||||||||||||
Чиле | 1 | |||||||||||||
Бразил | 3 | |||||||||||||
28 јуни - Сен Дени | ||||||||||||||
Данска | 2 | |||||||||||||
Нигерија | 1 | |||||||||||||
7 јули - Марсеј | ||||||||||||||
Данска | 4 | |||||||||||||
Бразил (11m.) | 1 (4) | |||||||||||||
29 јуни - Тулуза | ||||||||||||||
Холандија | 1 (2) | |||||||||||||
Холандија | 2 | |||||||||||||
4 јули - Марсеј | ||||||||||||||
Југославија | 1 | |||||||||||||
Холандија | 2 | |||||||||||||
30 јуни - Сент Етјен | ||||||||||||||
Аргентина | 1 | |||||||||||||
Аргентина (11m.) | 2 (4) | |||||||||||||
12 јули - Сен Дени | ||||||||||||||
Англија | 2 (3) | |||||||||||||
Бразил | 0 | |||||||||||||
27 јуни - Марсеј | ||||||||||||||
Франција | 3 | |||||||||||||
Италија | 1 | |||||||||||||
3 јули - Сен Дени | ||||||||||||||
Норвешка | 0 | |||||||||||||
Италија | 0 (3) | |||||||||||||
28 јуни - Ленс | ||||||||||||||
Франција (11m.) | 0 (4) | |||||||||||||
Франција (прод.) | 1 | |||||||||||||
8 јули - Сен Дени | ||||||||||||||
Парагвај | 0 | |||||||||||||
Франција | 2 | |||||||||||||
29 јуни - Монпеље | ||||||||||||||
Хрватска | 1 | Трето место | ||||||||||||
Германија | 2 | |||||||||||||
4 јули - Лион | 11 јули - Париз | |||||||||||||
Мексико | 1 | |||||||||||||
Германија | 0 | Холандија | 1 | |||||||||||
30 јуни - Бордо | ||||||||||||||
Хрватска | 3 | Хрватска | 2 | |||||||||||
Романија | 0 | |||||||||||||
Хрватска | 1 | |||||||||||||
ОсминафиналеУреди
27 јуни 1998 16:30 |
Италија | 1 - 0 | Норвешка | Велодром, Марсеј Гледачи: 55,000 Судија: Бернд Хејнеман (Германија |
---|---|---|---|---|
Виери 18' | Извештај |
27 јуни 1998 21:00 |
Бразил | 4 - 1 | Чиле | Стадион Паркот на Принцовите, Париз Гледачи: 45,500 Судија: Марк Бата (Франција) |
---|---|---|---|---|
Цезар Сампајо 11', 27' Роналдо 45+1' (пен..), 70' |
Извештај | Салас 68' |
28 јуни 1998 16:30 |
Франција | 1 - 0 (прод.) | Парагвај | Стад Феликс Боларт, Ленс Гледачи: 38,100 Судија: Али Бујсаим (ОАЕ) |
---|---|---|---|---|
Блан 113' | Извештај |
28 јуни 1998 21:00 |
Нигерија | 1 - 4 | Данска | Стад де Франс, Сен Дени Гледачи: 77,000 Судија: Урс Мејер (Швајцарија) |
---|---|---|---|---|
Бабангида 78' | Извештај | Мелер 3' Лаудруп 12' Санд 60' Хелвег 76' |
29 јуни 1998 16:30 |
Германија | 2 - 1 | Мексико | Стад де ла Мосон, Монпеље Гледачи: 29,800 Судија: Витор Мело Переира (Португалија) |
---|---|---|---|---|
Клинсман 75' Бирхоф 86' |
Извештај | Ернандез 47' |
29 јуни 1998 21:00 |
Холандија | 2 - 1 | Југославија | Стад де Тулуза, Тулуза Гледачи: 33,500 Судија: Хозе Гарсија Аранда (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
Бергкамп 38' Едгар Давидс 90+2' |
Извештај | Комљеновиќ 48' |
30 јуни 1998 16:30 |
Романија | 0 - 1 | Хрватска | Парк Лескјур, Бордо Гледачи: 31,800 Судија: Хавиер Кастрили (Аргентина) |
---|---|---|---|---|
Извештај | Шукер 45+2' (пен.) |
30 јуни 1998 21:00 |
Аргентина | 2 - 2 (прод.) (4 – 3 пен.)
|
Англија | Стад Жофроа Гишар, Сент Етјен Гледачи: 30,600 Судија: Ким Милтон Нилсен (Данска) |
---|---|---|---|---|
Батистута 6' (пен.) Занети 45+1' |
Извештај | Ширер 10' (пен.) Овен 16' | ||
Пенали | ||||
Берти Креспо Верон Гаљардо Ајала |
4 – 3 | Ширер Инс Мерсон Овен Бати |
ЧетвртфиналеУреди
3 јули 1998 16:30 |
Италија | 0 – 0 (прод.) (3 – 4 пен.)
|
Франција | Стад де Франс, Сен Дени Гледачи: 77,000 Судија: Хју Далас (Шкотска) |
---|---|---|---|---|
Report | ||||
Пенали | ||||
Р. Баџо Албертини Костакурта Виери Ди Бјаџо |
3 – 4 | Зидан Лизаразу Трезеге Анри Блан |
3 јули 1998 21:00 |
Бразил | 3 – 2 | Данска | Стад де ла Божоар, Нант Гледачи: 35,500 Судија: Гамал Ал-Гандур (Египет) |
---|---|---|---|---|
Бебето 11' Ривалдо 27', 60' |
Report | Јоргенсен 2' Б. Лаудруп 50' |
4 јули 1998 16:30 |
Холандија | 2 – 1 | Аргентина | Велодром, Марсеј Гледачи: 55,000 Судија: Артуро Брицио Картер (Мексико) |
---|---|---|---|---|
Клајверт 12' Бергкамп 89' |
Report | Лопез 18' |
4 јули 1998 21:00 |
Германија | 0 – 3 | Хрватска | Жерлан, Лион Гледачи: 39,100 Судија: Руне Педерсен (Норвешка) |
---|---|---|---|---|
Report | Јарни 45+3' Влаовиќ 80' Шукер 85' |
ПолуфиналеУреди
7 јули 1998 21:00 |
Бразил | 1 – 1 (прод.) (4 – 2 пен.)
|
Холандија | Велодром, Марсеј Гледачи: 54,000 Судија: Али Бујсаим (ОАЕ) |
---|---|---|---|---|
Роналдо 46' | Report | Клајверт 87' | ||
Пенали | ||||
Роналдо Ривалдо Емерсон Дунга |
4 – 2 | де Бур Бергкамп Коку Р. де Бур |
8 јули 1998 21:00 |
Франција | 2 – 1 | Хрватска | Стад де Франс, Сен Дени Гледачи: 76,000 Судија: Хозе Гарсија Аранда (Шпанија) |
---|---|---|---|---|
Тирам 47', 69' | Report | Шукер 46' |
Натпревар за трето местоУреди
Хрватска ја победила Холандија и така го изборила третото место на турнирот. Давор Шукер го постигнал победничкиот гол во 35-та минута за да си ја обезбеди златната копачка.[3]
11 јули 1998 21:00 |
Холандија | 1 – 2 | Хрватска | Парк на Принцовите, Париз Гледачи: 45,000 Судија: Епифанио Гонзалез (Парагвај) |
---|---|---|---|---|
Зенден 21' | Report | Просинечки 13' Шукер 35' |
ФиналеУреди
Финалето на првенството се одржало на 12 јули 1998 година на Стад де Франс, во Париз. Французите со 3:0 ги поразиле актуелните бранители на насловот Бразил, а два гола на натпреварот постигнал Зинедин Зидан додека третиот гол длабоко во судиското продолжение бил дело на Емануел Пети. Со ова Франција ја освоила прва светска титула, и станала шестиот национален тим по Уругвај, Италија, Англија, Западна Германија и Аргентина која го освоил на домашен терен. Тие, исто така, му го нанесле најтешкиот пораз на Бразил од 1930.[4]
12 јули 1998 21:00 |
Бразил | 0 – 3 | Франција | Стад де Франс, Сен Дени Гледачи: 80,000 Судија: Саид Белкола (Мароко) |
---|---|---|---|---|
Report | Зидан 27', 45+1' Пети 90+3' |
СтатистикаУреди
Најдобри стрелциУреди
- 6 гола
- 5 гола
- 4 гола
- 3 гола
- 2 гола
- 1 гол
- автоголови
- Јусеф Чипо (за Норвешка)
- Том Бојд (за Бразил)
- Пјер Иса (за Франција)
- Синиша Михајловиќ (за Германија)
НаградиУреди
Шампиони на Светското Првенство во 1998 |
---|
Франција Прва титула |
Златна копачка: | Златна топка: | Награда Јашин: | ФИФА Фер Плеј Трофеј: | Најинтересен Тим: |
---|---|---|---|---|
Давор Шукер |
Роналдо |
Фабиен Бартез |
Англија Франција |
Франција |
ФИФА Идеален тим на првенствотоУреди
Голмани | Одбрана | Среден ред | Напаѓачи |
---|---|---|---|
Роберто Карлос |
НаводиУреди
- ↑ „FIFA World Cup™ host announcement decision“ (PDF). FIFA.com (engleski). Посетено на 2. 3. 2014. Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help)CS1-одржување: непрепознаен јазик (link) - ↑ „FIFA World Cup™ host announcement decision“ (PDF). FIFA. Посетено на 15 July 2012.
- ↑ „Debutant takes third place with win over the Netherlands“. CNNSI. Associated Press. 11 July 1998. Посетено на 28 January 2012.
- ↑ Paul, Oberjuerge (12 July 1998). „France plays perfect host; hoists World Cup in Paris“. Gannett News Service. Paris: SoccerTimes. Посетено на 27 January 2012.