Иван Тричковски

македонски фудбалер

Иван Тричковски (роден 18 април 1987) — македонски фудбалер, напаѓач на АЕЛ Лимасол и на македонската репрезентација.

Иван Тричковски
Лични податоци
Полно име Иван Тричковски
Роден на 18 април 1987(1987-04-18)(37 г.)
Роден во Скопје, СФРЈ
Држава Македонија Македонија
Висина &100000000000001820000001,82 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб АЕЛ Лимасол АЕЛ Лимасол
Број 10
Младинска кариера
Вардар Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2004-2006 Вардар Вардар 32 (6)
2006-2007 Работнички Работнички 26 (14)
2007-2010 Црвена ѕвезда Црвена ѕвезда 25 (3)
2009-2010Еносис Неон Паралимни Еносис Паралимни 29 (8)
2010-2012 АПОЕЛ АПОЕЛ 51 (17)
2012-2014 Клуб Бриж Клуб Бриж 19 (1)
2013-2014Васланд-Беверен Васланд-Беверен 33 (5)
2014-2015 Ал Наср Ал Наср 12 (3)
2015-2016 Легија Легија Варшава 11 (1)
2016–2024 АЕК Ларнака АЕК Ларнака 221 (115)
2024– АЕЛ Лимасол АЕЛ Лимасол 2 (1)
Репрезентација
2003-???? Македонија Македонија 17 3 (2)
2004-2006 Македонија Македонија 19 6 (3)
2006-2008 Македонија Македонија 21 9 (1)
2010-2021 Македонија Македонија 67 (7)

Бил прогласен за најдобар фудбалер во македонското првенство за 2007 година и најдобар македонски фудбалер во странство за 2011 година, додека настапувал за кипарскиот клуб АПОЕЛ. Тој е активен репрезентативец на Македонија и моментално се наоѓа на осмотто место по бројот на настапи за репрезентацијата со 67 одиграни натпревари.

Тричковски ја претставувал Македонија во младите репрезентации под 17, под 19 и под 21 година. Дебитирал за сениорската репрезентација во 2010 година, во натпревар против Азербејџан, во кој исто така го постигнал и својот прв гол во црвено-жолтиот дрес. Со македонската репрезентација, учествувал на Европското првенство 2020.

Клупска кариера

уреди

Почетоци и Вардар

уреди

Своојата кариера како професионален фудбалер ја започнал во 2004 година, кога дебитирал за екипата на Вардар во Првата македонска фудбалска лига. Својот прв гол во првенството го постигнал на 9 април 2005, во поразот со 2-1 од Беласица во Струмица. Следната сезона, во своето деби во европските натпреварувања, Тричковски го постигнал својот прв гол во ремито 1-1 против албанскиот Елбасан во квалификациите за Купот на УЕФА.[1][2] Тој поминал две ипол сезони со црвено-црните забележувајќи 6 лигашки погодоци.

Работнички, Црвена Ѕвезда и Еносис Паралимни

уреди

Во јануари 2006, Тричковски преминал во екипата на Работнички, каде играл година дена пред во јануари 2008 година да потпише за Црвена Ѕвезда.[3] Дебитирал за црвено-белите на 1 март 2008 година, во победата со 4-1 на домашен терен над лутиот соперник Партизан, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот. Следната сезона го забележил својот прв погодок во дресот на Црвена Ѕвезда во гостинската победа со 1-2 над Напредак. Во следните натпревари, тој забележал уште два гола, но во вториот дел од сезоната паднал во заден план и откако неговата кариера во клубот не се развила како што посакувал заминал во Кипар: таму најпрво играл на позајмица за екипата на Еносис Неон Паралимни, каде во сезоната 2009-2010 постигнал 8 гола на 29 натпревари, а потоа во мај 2010 потпишал тригодишен договор со АПОЕЛ од Никозија во трансфер вреден вреден 300.000 евра.[4]

АПОЕЛ

уреди

Дебитирал за новиот клуб во квалификациите за Лига Европа против литавнскиот Таурас, а во реваншот против истиот противник го постигнал и својот прв погодок за АПОЕЛ. Во сезоната 2010-2011, Тричковски постигнал 11 гола и како најдобар стрелец на клубот (изедначен со Естебан Солари) бил еден од најзаслужните за триумфот на АПОЕЛ во кипарското првенство.

 
Иван Тричковски, играјќи за АПОЕЛ во 2011.

Следната сезона со клубот го освоил Суперкупот на Кипар совладувајќи ја Омонија со 1-0, и бил важна алка во незаборавната "бајка" на АПОЕЛ во Лигата на шампионите каде клубот стигнал до четвртфиналето, а на патот до таму македонскиот напаѓач постигнал еден гол во натпреварот од групната фаза против Шахтар Донецк што завршил нерешено 1-1. Тричковски, исто така, играл и во реванш осминафиналниот натпревар против Олимпик Лион и бил еден од прецизните изведувачи на удар од 11 метри за својот клуб помагајќи АПОЕЛ да ги елиминира французите по изведување на пенали, откако по двата натпревари и продолженијата вкупниот резултат бил изедначен 1-1.[5]

Клуб Бриж и Васланд-Беверен

уреди

Во 2012 година, Тричковски потпишал за белгискиот Клуб Бриж за сума од 1.2 милиони евра.[6][7] Сепак, во текот на целата сезона со Бриж тој се мачел да се избори за минути на теренот, играјќи многу малку во првиот дел од сезоната. Својот прв гол го постигнал на 8 ноември 2012, во натпреварот против Њукасл Јунајтед во Лига Европа што завршил 2-2,[8] додека првиот гол во белгиското првенство го постигнал на 9 февруари 2013, во победата со 3-1 над Ауд-Хеверле Левен.

Сезоната ја завршил со 23 настапи и 2 гола, по што во јули 2013 бил позајмен на Васланд-Беверен, каде одиграл 35 натпревари постигнал 6 гола.[9]

Ал Наср и Легија

уреди

Во јули 2014 година, Тричковски го напуштил европскиот континент и се преселил во Ал Наср, клуб од Обединетите Арапски Емирати.[10] Тој постигнал гол уште на своето деби за Ал Наср во првенството, и тоа само 18 минути по неговото влегување во игра од клупата за резерви во победата со 3-0 против екипата на Шарџа.[11] Со клубот ги освоил и двата домашни купови во ОАЕ за сезоната 2014-2015: Купот на Претседателот и Лига купот. Сепак, откако во вториот дел од сезоната го загубил првотимскиот статус, одлучил да го напуштил клубот.

На 17 август 2015, напаѓачот потпишал за полската екипа Легија Варшава.[12] Слично како и во претходниот клуб, Тричковски постигнал гол на своето деби и за Легија во ремито 2-2 против Заглебје Лубин. И покрај тоа што бил стандарден во натпреварите од УЕФА Лига Европа, тој сепак не успеал да се избори за поголема минутажа во првенствените натпревари и си заминал од полската екипа после само три месеци.

АЕК Ларнака

уреди

На 25 јануари 2016, Тричковски се вратил во првенството на Кипар после повеќе од три години по неговиот последен престој во оваа земја, потпишувајќи договор со екипата на АЕК Ларнака.[13] Во сезоната 2017-2018, со АЕК го освоил Купот на Кипар постигнувајќи 3 гола на патот на клубот до титулата. Следната сезона, Тричковски бил избран за најдобар фудбалер во кипарското првенство во изборот на тренерите.[14]

Пред почетокот на сезоната 2019-2020, тој бил назначен за капитен на АЕК Ларнака, по пензионирањето на шпанецот Давид Катала.[15] Тоа како додатно да го мотивирало Тричковски, кој ја завршил сезоната како најдобар стрелец во кипарското првенство со 20 постигнати голови, што претставува и негов личен рекорд за најмногу постигнати голови во една фудбалска сезона.[16]

Во октомври 2021 година, Тричковски го продолжил договорот со својот клуб до 2024 година.[17]

Репрезентативна кариера

уреди
 
Тричковски (десно) заедно со соиграчот Стефан Ристовски, играјќи за Македонија на ЕП 2020.

Тричковски ја претставувал Македонија во селекциите под под 17, под 19, под 21 година и сениорската репрезентација.

За репрезентацијата под 17 години, Тричковски постигнал два гола во три настапи: против Италија на 21 септември 2003 година,[18] и Луксембург на 25 септември 2003, двата важечки за квалификациите за Европското првенство под 17 години.[19]

Потоа тој играл и во репрезентацијата под 19 години, за која забележал 6 настапи и постигнал 3 гола против репрезентациите на Азербејџан, Ерменија и Франција. Исто така, играл и во квалифкациите за Европското првенство под 19 години 2006.

За репрезентацијата под 21 година, настапувал во периодот 2006-2008.[20] Одиграл 9 натпревари, а единствениот гол го постигнал против Швајцарија во победата со 2-1 во квалифкациите за Европското првенство под 21 година 2009. Уште додека бил дел од репрезентацијата под 21 година, тој го добил првиот повик во сениорската репрезентација од селекторот Среќко Катанец, за пријателски натпревар против Србија во февруари 2008, но бил принуден да го откаже настапот поради повреда.[21]

За сениорската репрезентација дебитирал на 29 мај 2010, во пријателски натпревар против Азербејџан одигран во Бишофсхофен; Македонија победила со 3-1 во тој натпревар, а првиот гол за црвено-жолтите во 8-мата минута го постигнал Тричковски. Откако погодувал само на пријателски натпревари, на 26 март 2011, Тричковски го постигнал својот прв гол за Македонија во квалификациски натпревар против Ирска во поразот со 2-1 во Даблин.[22] На 6 септември 2018, Тричковски ја затресол мрежата на Гибралтар во новоформираното натпреварување УЕФА Лигата на нации.

Во јуни 2021, Тричковски бил повикан од селекторот Игор Ангеловски да ја претставува Македонија на Европското првенство 2020.[23] Тој играл на сите три натпревари од групната фаза, во која црвено-жолтите и го завршиле својот настап на турнирот. Веднаш по завршувањето на Европското првенство, Тричковски се простил од репрезентативниот дрес во кој забележал 67 настапи и 7 голови.[24]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Македонија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
29-5-2010 Бишофсхофен Азербејџан   1 – 3   Македонија Пријателска 1
2-6-2010 Филах Романија   0 – 1   Македонија Пријателска -   67'
11-8-2010 Ла Валета Малта   1 – 1   Македонија Пријателска 1   55'
3-9-2010 Братислава Словачка   1 – 0   Македонија Квал. за Евро 2012 -   80'
7-9-2010 Скопје Македонија   2 – 2   Ерменија Квал. за Евро 2012 -
8-10-2010 Андора ла Веља Андора   0 – 2   Македонија Квал. за Евро 2012 -
12-10-2010 Скопје Македонија   0 – 1   Русија Квал. за Евро 2012 -
17-11-2010 Горица Албанија   0 – 0   Македонија Пријателска -   66'
9-2-2011 Скопје Македонија   0 – 1   Камерун Пријателска -
26-3-2011 Даблин Ирска   2 – 1   Македонија Квал. за Евро 2012 1
4-6-2011 Скопје Македонија   0 – 2   Ирска Квал. за Евро 2012 -
10-8-2011 Баку Азербејџан   0 – 1   Македонија Пријателска -   46'
2-9-2011 Москва Русија   1 – 0   Македонија Квал. за Евро 2012 -
6-9-2011 Скопје Македонија   1 – 0   Андора Квал. за Евро 2012 -
7-10-2011 Ереван Ерменија   4 – 1   Македонија Квал. за Евро 2012 -
11-10-2011 Скопје Македонија   1 – 1   Словачка Квал. за Евро 2012 -
26-5-2012 Леирија Португалија   0 – 0   Македонија Пријателска -   85'
29-5-2012 Ешторил Ангола   0 – 0   Македонија Пријателска -   58'
15-8-2012 Скопје Македонија   1 – 0   Литванија Пријателска -   46'
7-9-2012 Загреб Хрватска   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2014 -   73'
11-9-2012 Глазгов Шкотска   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2014 -   38'
12-10-2012 Скопје Македонија   1 – 2   Хрватска Квал. за СП 2014 -
16-10-2012 Скопје Македонија   1 – 0   Србија Квал. за СП 2014 -   73'
6-2-2013 Скопје Македонија   3 – 0   Данска Пријателска -
22-3-2013 Скопје Македонија   0 – 2   Белгија Квал. за СП 2014 -   82'
26-3-2013 Брисел Белгија   1 – 0   Македонија Квал. за СП 2014 -   65'
3-6-2013 Малме Шведска   1 – 0   Македонија Пријателска -   46'
11-6-2013 Осло Норвешка   2 – 0   Македонија Пријателска -   46'
14-8-2013 Скопје Македонија   2 – 0   Бугарија Пријателска -   61'
6-9-2013 Скопје Македонија   2 – 1   Велс Квал. за СП 2014 1
10-9-2013 Скопје Македонија   1 – 2   Шкотска Квал. за СП 2014 -
5-3-2014 Скопје Македонија   2 – 1   Латвија Пријателска -   80'
26-5-2014 Куфштајн Камерун   2 – 0   Македонија Пријателска -
30-5-2014 Рјети Катар   0 – 0   Македонија Пријателска -   46'
12-10-2015 Борисов Белорусија   0 – 0   Македонија Квал. за Евро 2016 -
12-11-2015 Skopje Македонија   4 – 1   Црна Гора Пријателска -   58'
17-11-2015 Skopje Македонија   0 – 1   Либан Пријателска -
23-3-2016 Копер Словенија   1 – 0   Македонија Пријателска -
29-3-2016 Скопје Македонија   0 – 2   Бугарија Пријателска -   45'
29-5-2016 Бад Ерлах Азербејџан   1 – 3   Македонија Пријателска -   59'
2-6-2016 Скопје Македонија   1 – 3   Иран Пријателска -   61'
24-3-2017 Вадуц Лихтенштајн   0 – 3   Македонија Квал. за СП 2018 -   78'
28-3-2017 Скопје Македонија   3 – 0   Белорусија Пријателска -   55'
5-6-2017 Скопје Македонија   0 – 0   Турција Пријателска -   71'
11-6-2017 Скопје Македонија   1 – 2   Шпанија Квал. за СП 2018 -   85'
5-9-2017 Струмица Македонија   1 – 1   Албанија Квал. за СП 2018 -   87'
6-10-2017 Торино Италија   1 – 1   Македонија Квал. за СП 2018 -   80'
11-11-2017 Скопје Македонија   2 – 0   Норвешка Пријателска -   69'
23-3-2018 Белек Финска   0 – 0   Македонија Пријателска -   88'
27-3-2018 Аксу Азербејџан   1 – 1   Македонија Пријателска -   59'
6-9-2018 Гибралтар Гибралтар   0 – 2   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза 1   89'
9-9-2018 Скопје Македонија   2 – 0   Ерменија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   57'
16-11-2018 Вадуц Лихтенштајн   0 – 2   Македонија УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -   77'
19-11-2018 Скопје Македонија   4 – 0   Гибралтар УЕФА Лига на нации 2018-2019 - Прва фаза -     59'
9-9-2019 Рига Латвија   0 – 2   Македонија Квал. за Евро 2020 -
10-10-2019 Скопје Македонија   2 – 1   Словенија Квал. за Евро 2020 -   66'
8-10-2020 Скопје Македонија   2 – 1   Косово Квал. за Евро 2020 -   80'
11-10-2020 Талин Естонија   3 – 3   Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -     64'
14-10-2020 Скопје Македонија   1 – 1   Грузија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   80'
12-11-2020 Тбилиси Грузија   0 – 1   Македонија Квал. за Евро 2020 -   89'
15-11-2020 Скопје Македонија   2 – 1   Естонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1  
18-11-2020 Ереван Ерменија   1 – 0   Македонија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -  
1-6-2021 Скопје Македонија   1 – 1   Словенија Пријателска -   58'
4-6-2021 Скопје Македонија   4 – 0   Казахстан Пријателска 1   62'
13-6-2021 Букурешт Австрија   3 – 1   Македонија Евро 2020 - Прва фаза -   82' дет.
17-6-2021 Букурешт Украина   2 – 1   Македонија Евро 2020 - Прва фаза -   85' дет.
21-6-2021 Амстердам Македонија   0 – 3   Холандија Евро 2020 - Прва фаза -   56' дет.
Вкупно Настапи (8. место) 67 Голови 7

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 21 јуни 2021.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2004-2005   Вардар ПМЛ 10 3 КМ ? ? - - - - - - 10+ 3+
2005-2006 ПМЛ 15 2 КМ ? ? КУ 4[25] 1[25] - - - 19+ 3+
2006-јан. 2007 ПМЛ 7 1 КМ ? ? КУ 2[25] 0[25] - - - 9+ 1+
Вкупно Вардар 32 6 ? ? 6 1 - - 38+ 7+
јан.-јун. 2007   Работнички ПМЛ 10 5 КМ ? ? - - - - - - 10+ 5+
2007-јан. 2008 ПМЛ 16 9 КМ ? ? КУ 6[26] 0 - - - 16+ 9+
Вкупно Работнички 26 14 ? ? 6 0 - - 32+ 14+
јан.-јун. 2008   Црвена Ѕвезда СЛС 11 0 КС ? ? - - - - - - 11+ 0+
2008-2009 СЛС 14 3 КС ? ? КУ 2[25] 0 - - - 16+ 3+
Вкупно Црвена Ѕвезда 25 3 ? ? 2 0 - - 27+ 3+
2009-2010   Еносис Паралимни 1ДК 25+4[27] 7+1[27] КК ? ? - - - - - - 29+ 8+
2010-2011   АПОЕЛ 1ДК 22+5[27] 8+3[27] КК ? ? ЛЕ 5[25] 1[25] - - - 32+ 12+
2011-2012 1ДК 20+4[27] 5+1[27] КК ? ? ЛШ 13[26] 1 - - - 37+ 7+
Вкупно АПОЕЛ 42+9 13+4 ? ? 18 2 - - 69+ 19+
2012-2013   Клуб Бриж ПЛ 13+6[27] 1 КБ 1 0 ЛШ+ЛЕ 0+3 1 - - - 23 2
2013-2014   Васланд-Беверен ПЛ 28+5[27] 2+3[27] КБ 2 1 - - - - - - 35 6
2014-2015   Ал Наср ПЛ 12 3 КПО+ЛКО 7+0 3 - - - - - - 19 6
2015-јан. 2016   Легија Варшава ЕК 11 1 КП 0 0 ЛЕ 6 0 - - - 17 1
јан.-јун. 2016   АЕК Ларнака 1ДК 6+8[27] 3+4[27] КК 4 1 ЛЕ - - - - - 18 8
2016-2017 1ДК 23+3[27] 14 КК 4 4 ЛЕ 8[25] 6[25] - - - 38 24
2017-2018 1ДК 20+8[27] 8+3[27] КК 6 4 ЛЕ 7[25] 1[25] - - - 41 16
2018-2019 1ДК 18+5[27] 11+4[27] КК 3 1 ЛЕ 12[28] 8[29] СК 1 0 39 24
2019-2020 1ДК 18+1[27] 20 КК 2 0 ЛЕ 6[25] 5[25] - - - 27 25
2020-2021 1ДК 20+2[27] 10+2[27] КК 1 0 - - - - - - 23 12
Вкупно АЕК Ларнака 105+27 66+13 20 10 33 20 1 0 186 109
Вкупно во кариерата 370 137 30+ 14+ 74 24 1 0 475+ 175+

Титули

уреди

Клупски

уреди

  АПОЕЛ

уреди
2010–2011
2011

  Ал Наср

уреди
2014–2015
2014–2015

  Легија Варшава

уреди
2015–2016

  АЕК Ларнака

уреди
2017–2018

Индивидуални

уреди
2007
2011
2018-2019[14]
2019-2020 (20 гола)[16]

Наводи

уреди
  1. „KF Elbasani 1-1 Vardar“. 2005. Посетено на 21 јуни 2021.
  2. „Тричковски го спаси Вардар од пораз“. 16 јули 2005. Посетено на 21 јуни 2021.
  3. „Rampant Rabotnicki ready for restart“. UEFA.com. 2008-02-18. Посетено на 2008-02-23.
  4. Macedonian Football .com - Makedonski Fudbal .com - Ivan Trickovski presented at APOEL
  5. Lyon stunned as APOEL fairy tale continues; UEFA.com, 7 March 2012
  6. „Ivan Trickovski 4th new Summer signing at Club Brugge“. Club Brugge. 29 June 2012. Архивирано од изворникот на 2012-07-03. Посетено на 2012-10-16.
  7. „Клуб Бриж го претстави Тричковски (Club Brugge presented Tričkovski)“. supersport.com.mk. 29 June 2012. Архивирано од изворникот на 2013-01-12. Посетено на 2012-10-16.
  8. „Тричковски му даде гол на Њукасл, но Бриж не успеа да победи (ФОТО+ВИДЕО)“. mkd.mk. 8 ноември 2012. Архивирано од изворникот на 2022-03-16. Посетено на 2021-06-21.
  9. „Welkom Ivan Trickovski“ [Welcome Ivan Trickovski] (холандски). waasland-beveren.be. 20 July 2013. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 20 July 2013.
  10. „Тричковски официјално во Ал Наср“. ffm. 16 јули 2014. Архивирано од изворникот на 2022-03-15. Посетено на 21 јуни 2021.
  11. „Тричковски со гол на дебито за Ал Наср“. ekipa.mk. 22 септември 2014. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
  12. „Официјално: Тричковски е нов играч на Легија“. mkd.mk. 17 август 2015. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
  13. „Иван Тричковски промовиран во АЕК Ларнака“. mkd.mk. 25 јануари 2016. Text "https://www.mkd.mk/sport/fudbal/ivan-trichkovski-promoviran-vo-aek-larnaka" ignored (help); |access-date= бара |url= (help)
  14. 14,0 14,1 „Иван Тричковски e фудбалер на сезоната во Кипар“. makfax.com.mk. 16 мај 2019. Посетено на 21 јуни 2021.
  15. „Happy Birthday captain“. AEK Larnaca. 18 април 2020. Посетено на 27 август 2022.
  16. 16,0 16,1 „Иван Тричковски со „Златната копачка" и наградата за нај-напаѓач на Кипар!“. kurir.mk. 8 април 2021. Архивирано од изворникот на 2021-06-24. Посетено на 21 јуни 2021.
  17. „ОФИЦИЈАЛНО: Тричковски во АЕК Ларнака до 2024 година!“. gol.mk. 15 октомври 2021. Посетено на 27 август 2022.
  18. „Match Report“. UEFA.com. Посетено на 2008-02-23. [мртва врска]
  19. „Match Report“. UEFA.com. Посетено на 2008-02-23. [мртва врска]
  20. Football : Ivan Trickovski - Footballdatabase.com
  21. „Katanec calls-up uncapped Trickovski“. UEFA.com. 2008-01-23. Посетено на 2008-02-23.
  22. Irlanda, Trapattoni supera la Macedonia
  23. „Игор Ангеловски го објави списокот за ЕУРО 202020“. Архивирано од изворникот на 2021-06-02. Посетено на 22 мај 2021.
  24. „По Пандев, и Тричковски и Велкоски се откажаа од репрезентацијата“. tv21.tv. 22 јуни 2021. Посетено на 27 август 2022.
  25. 25,00 25,01 25,02 25,03 25,04 25,05 25,06 25,07 25,08 25,09 25,10 25,11 25,12 Во квалификациските кола.
  26. 26,0 26,1 4 настапи во квалификациските кола.
  27. 27,00 27,01 27,02 27,03 27,04 27,05 27,06 27,07 27,08 27,09 27,10 27,11 27,12 27,13 27,14 27,15 27,16 27,17 27,18 Плејоф.
  28. 6 настапи во квалификациските кола.
  29. 6 гола во квалификациските кола.

Надворешни врски

уреди