<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

9 ноември — 313-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (314-и во престапна година). Остануваат 52 денови до крајот на годината.

Настани:

1494  Семејството Медичи завладеало со Фиренца.
1799  Во Франција се случува државниот „Преврат на 18 бример“ предводен од Наполеон Бонапарт.
1918  Во Берлин, по побуната на воената морнарица и работничкиот штрајк, царот Вилхелм II абдицирал. Тоа бил крајот на Германското Царство и почеток на Вајмарската Република. Власта ја презел водачот на социјалдемократите Фридрих Еберт.
1921  Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика за неговата работа на фотоелектричниот ефект.
1938  Кристална ноќ во Германија: нацистите убиле 92 Евреи, a 25-30.000 биле одведени во концентрациони логори. Започнала физичката ликвидација на Евреите.
1944  НОВ: Ослободен е Велес.
1971  Народна Република Кина е примена во членството на Обединетите Нации.
1985  Советскиот шаховски велемајстор Гари Каспаров во 23 година од животот стана најмлад светски првак во историјата на шахот, по победата над Анатолиј Карпов.
1989  Демократска Република Германија (Источна) ја отвори својата граница кон Сојузна Република Германија „падна“ Берлинскиот ѕид.
1993  На конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), во Рим, се изврши гласањето за нов генерален директор, а приемот на Република Македонија во ФАО предизвика големо интересирање.
1993  Војската на босанските хрвати, по неколкудневно бомбардирање, го урнала Стариот мост во Мостар, изграден во 1566 г.

Родени:

1389  Изабела Валоа — сопруга на Ричард II.
1818  Иван Тургењев — руски писател († 1883)
1841  Едвард VIIкрал на Обединетото Кралство.
1855  Александрос Зајмис — грчки премиер.
1885  Велимир Хлебников — руски поет.
1888  Жан Моне — француски политичар.
1902  Митрофан Неделин — советски генерал.
1914  Хеди Ламар — австриско-американска глумица († 2000)
1922  Имре Лакатош — унгарски филозоф.
1929  Имре Кертес — унгарски писател.
1932  Јордан Костадинов — прв претседател на ОМО Илинден.
1934  Карл Саган — американски астроном († 1996)
1936  Михаил Таљ — советски шахист († 1992)
1945  Валериј Сердјуков — гувернер на Ленинградската област.
1950  Алдо Климан — книжевник, критичар, публицист и собирач на македонски и хрватски старини.
1953  Мерима Његомир — српска фолк-пејачка.
1955  Биља Крстиќ — српска пејачка.
1960  Андреас Бреме — германски фудбалер.
1972  Ерик Дејн — американски глумец.
1974  Алесандро дел Пјеро — италијански фудбалер.

Починале:

959  Константин VII Порфирогенит — византиски цар.
1623  Вилијам Кемден — англиски историчар.
1778  Џовани Батиста Пиранезииталијански уметник (графичар)
1923  Димитар Ацев — македонски комунист.
1970  Шарл де Гол — француски генерал и државник.
1972  Елисие Поповски — делегат на Првото заседание на АСНОМ.
1918  Гијом Аполинер — француско-италијански писател.
1991  Ив Монтан — француски глумец.
1992  Александар Дубчек — чехословачки политичар.
1997  Хеленио Херера — аргентински фудбалер и тренер.