Благоја Видиниќ (11 јуни 1934[1] – 29 декември 2006) — македонски фудбалер и тренер, поранешен играч, и поранешен олимпиец од српско потекло.

Благоја Видиниќ
Лични податоци
Полно име Благоја Видиниќ
Роден на 11 јуни 1934
Роден во Скопје, Кралство Југославија
Починал на 29 декември 2006(2006-12-29) (возр. 72)
Починал во Стразбур, Франција
Висина &100000000000001980000001,98 м
Позиција Голман
Младинска кариера
?-1951 Вардар Скопје
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1951–1955 Вардар Скопје 144 (0)
1955–1961 Раднички Белград 123 (0)
1962–1964 ОФК Белград 33 (0)
1964–1966 ФК Сион
1967 Лос Анџелес Торос 20 (0)
1968 Сан Диего Торос 4 (0)
1969 Ст. Луис Старс 23 (0)
Вкупно 286 (0)
Репрезентација
1956–1960 Југославија 8 (0)

Роден во Скопје, тој играл за екипите на ФК Вардар, ФК Раднички Белград и ОФК Белград во Југославија, потоа во ФК Сион од Швајцарија.[2] Во 1967 се преселил во САД и играл за тимот на Лос Анџелес Торос во Западноамериканската фудбалска лига, настапувајќи 20 пати таа сезона.[3] Сезоната 1968 ја започнал во новоформираниот клуб наследник Сан Диего Торос, пред да се префрли во Ст. Луис Старс.[3]

Тој ја претставувал Југославија како голман на Летните олимписки игри во 1956 и 1960 година, освојувајќи го сребрениот медал на првото и златниот медал на второто учество.[1][4] Тој исто така настапувал и на европското првенство во 1960 година кога Југославија завршила на второто место.

По повлекувањето од фудбалот, Видиниќ станал тренер и предводел две африкански репрезентации на Светското првенство во фудбал: Мароко во 1970 и Заир во 1974.[5]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 International stats at Архивирано на 11 ноември 2012 г.. Fifa.com. Посетено на 2011-06-01.
  2. „Blagoje Vidinić“. National Football Teams. Посетено на 2011-06-01.
  3. 3,0 3,1 Stats at North American Soccer League players. Nasljerseys.com (1934-06-11). Посетено на 2011-08-02.
  4. Фудбалска федерација на Македонија...Football Federation of Macedonia. Ffm.com.mk. Посетено на 2011-06-01.
  5. Stats at. Worldfootball.net (2006-12-29). Посетено на 2011-06-01.