Фудбалска репрезентација на Португалија

Фудбалска репрезентација на Португалија (португалски: Seleção Portuguesa de Futebol, изречена [sɨlɛsɐw puɾtugezɐ dɨ futɨbɔl]) ја претставува Португалија на меѓународните фудбалски натпреварување од 1921 година. Таа е контролирана од Португалската фудбалска федерација, управното тело за фудбал во Португалија.

 Португалија
Грб на фудбалскиот сојуз
Прекари(и)A Seleção das Quinas (Selection of the Quinas); The Navigators[1]
СојузПортугалска фудбалска федерација (FPF)
КонфедерацијаУЕФА УЕФА (Европа)
СелекторПортугалија Фернандо Сантос
КапитенКристијано Роналдо
Најмногу настапиКристијано Роналдо (154)
Најдобар стрелецКристијано Роналдо (85)
Домашен стадионСтадион Луж
ФИФА кодPOR
Домашни бои
Гостински бои
Пласман на рангирањето на ФИФА
Моментално7 (25 октомври 2018)
Највисок3 мај–јуни 2010, октомври 2012, април–јуни 2014, септември 2017 – април 2018
Најнизок43 (август 1998)
Прв меѓународен натпревар
Шпанија Шпанија 1 - 4 Португалија Португалија
(Мадрид, Шпанија; 18 декември 1921)
Најголема победа
Лихтенштајн Лихтенштајн 0- 8 ПортугалијаПортугалија
(Лисабон, Португалија; 18 ноември 1994)
Најлош пораз
 Португалија 0 - 8  Англија
(Лисабон, Португалија; 25 мај 1947)
Светско првенство
Учества7 (првпат во 1966)
Најдобар резултаттрето место 1966
Европско првенство
Учества7 (првпат во 1984)
Најдобар резултатшампиони, 2016

Првото учество на Португалија на големо турнирско финале биле на Светското првенство во 1966 година, каде тимот бил забележлив со познатиот напаѓач Еузебио освојувајќи го третото место. Следните двапати Португалија се квалификувала на Светските првенства во 1986 и 2002 година, поминувајќи го првиот круг двапати. Португалија, исто така, стигнала до полуфиналето на финалниот турнир на Евро 1984, губејќи 3-2 во дополнително време од домаќините и идните победници репрезентацијата на Франција. Тимот стигнал до полуфиналето на Евро 2000, Светското првенство 2006 и Евро 2012, како и финалето на Евро 2004, второто како домаќини. На Евро 2016, Португалија го освоила својот прв голем трофеј, поразувајќи го домаќинот Франција со 1-0 по продолженија, со голот на Едер. Со победата, Португалија се квалификувала и го направила своето прво појавување на ФИФА Купот на конфедерации на кој се одржал во Русија, каде што завршиле како трети.

Стадион домаќин на тимот е Естадио национал во Оеирас, иако повеќето од нивните домашни натпревари често се играле на други стадиони низ целата земја. Сегашниот тренер е Фернандо Сантос, а капитен е Кристијано Роналдо, кој исто така го држи рекордот на тимот со најмногу настапи и голови.

Историја

уреди

Почетни обиди за пласман на Светското првенство

уреди

Португалија не била поканета на Светското првенство во 1930 година, кое имало само финална фаза и без квалификациски циклус. Тимот учествувал во квалификациите за Светското првенство во 1934 година, но не успеал да ги елиминира своите противници од Шпанија, забележувајќи два порази во двомеч рундата, со резултати од 9-0 во Мадрид и 2-1 во Лисабон за вкупен резултат од 11-1.

Во квалификациите за Светското првенство во 1938 година, Селесао одиграла еден натпревар против Швајцарија на неутрален терен во Милано, кој завршил со резултат 2-1 за швајцарците, со што завршиле надежите на Португалија да се квалификува на турнирот. Поради меѓународниот конфликт предизвикан од страна на Втората светска војна, Светско првенство до 1950 година не се одржало, а потоа репрезентацијата на Португалија одиграл многу малку натпревари против други репрезентации. Сепак, поразот на домашен терен со 10-0 од Англија, две години по војната, сè уште претставува највисок пораз во историјата на репрезентацијата.[2]

1950-тите и раните 1960-ти

уреди

Со рестартирањето на натпреварите, тимот требал да одигра двојна рунда против Шпанија, исто како и во квалификациите во 1934 година. По поразот од 5: 1 во Мадрид, тие успеале да извлечат реми со 2-2, па квалификациите завршиле со резултат од 7-3. Додека тие не се квалификувале на теренот, подоцна биле поканети да ја заменат Турција, која се повлекла од учеството; но сепак Португалија исто така одбила да учествува.

За квалификациите за Светското првенство во 1954 година, екипата играла против репрезентацијата на Австрија. Австријците победиле во првиот натпревар со понижувачки 9-1 резултат. Најдоброто што можел да го направи репрезентацијата било да се одржи тимот да не загуби повторно, па така одиграче со безначаен нерешен резултат во Лисабон, а кругот завршил со пораз од 9-1.

Во квалификациите за Светското првенство во 1958 година, Португалија првпат победила на квалификациски натпревар, дома со 3-0 дома против Италија. Сепак, тие завршиле последни во групната фаза во која исто така се одржала и Северна Ирска; но само првопласираниот тим, Северна Ирска, би се квалификувала.

Во 1960 година УЕФА го создала Европското фудбалско првенство. Првото издание било нокаут-турнирот, последните четири екипи учествувале во последната етапа, која имала само натпревар, додека постарите фази содржеле два натревари. За првиот круг, Селекао победила со 2-0 против Источна Германија и 3-2 во Порто за вториот натпревар, завршувајќи со победата од 5-2 со двата натпревари. Четвртиот противник била фудбалската репрезентација на Југославија. И покрај освојувањето на првиот натпревар од 2-1, тие го загубиле вториот натпревар со 5-1 во Белград односно со вкупен резултат 6-3.

Англија и Луксембург биле противниците на квалификациите на Светското првенство во 1962 година на репрезентацијата на Португалија, која завршила второ место во групата зад Англија. Како и во претходните квалификации за Светскиот куп, само првиот во групата се квалификувал.

На Европското првенство во 1964 година. Португалија играла против Бугарија во првиот круг. Португалците загубиле во Софија, но победиле во Лисабон. Со конечен резултат од 4-4, потребна била мајсторка на неутрален терен. Во Рим, Португалија загубила со 1-0.

Светското првенство 1966 и 1970-тите

уреди

Во квалификациите за Светско првенство во 1966 година, Португалија била во иста група со Чехословачка, Романија и Турција. Тие биле на врвот на групата со само еден нерешен резултат и еден пораз во сите шест натпревари и конечно се квалификувале во финалната фаза на Светско првенство кое се одржала во Англија. Значајни резултати биле двете победи на гостински терен против Чехословачка и Турција и победа на домашен терен од 5-1 против Турците.

Тимот започна со три победи во групната фаза, сместени во групата Ц, каде ја победиле Унгарија со 3:1, Бугарија со 3:0 и 3: 1 против двократниот светски првак во тоа време Бразил. Второ, тие ја победиле изненадувачката Северна Кореја во четврт-финалето со 5: 3, додека со Еузебио добиле четири маркери поништувајќи го дефицитот од 3-0. Подоцна, тие стигнале до полуфиналето каде што биле победени од домаќините Англија со 2-1, Португалија ќе играла во Ливерпул, но бидејќи Англија била домаќин, ФИФА одлучила дека натпреварот требал да се одигра во Лондон, поради што неочекувано патуваше португалскиот тим од Ливерпул до Лондон. Португалија потоа го поразила Советскиот Сојуз со 2: 1 за третото место и најдоброто пласман на Светските првенства. Еузебио бил најдобриот стрелец на Светското првенство со девет гола.

Во квалификациите за Еуро 1972, Португалија морала да ја освои својата група која ги сочинуваа екипите на Белгија, Данска и Шкотска. Португалија завршила на второто место зад Белгија.

За квалификациите во 1974 година, Португалија не успеала да ја порази Бугарија (2: 2) во решавачкиот натпревар, со што не се квалификувала.

Португалија се соочила со тешка конкуренција од силниот тим на Полска за местото на Светското првенство во 1978 година во Аргентина. Тие завршиле на второто место, зад Полска.

Кон крајот на 1970-тите до почетокот на 1990-тите

уреди

Репрезентацијата бил во кфалификацискиот циклус во група заедно со Австрија, Белгија, Норвешка и Шкотска за да се бори за првото место во групата, што ќе им овозможело да одат во финалната фаза на УЕФА Еуро 1980. Португалија го освоила третото место.

За квалификациите во 1982 година, португалскиот тим морал да се соочи со Израел, Северна Ирска, Шкотска и Шведска за првите две места во групата. Португалија завршила на четвртото место.

За време на квалификациите за Евро 1984, Португалија била во група со Финска, Полска и Советскиот Сојуз. Португалија ја освоила групата со победа над Советскиот Сојуз. Португалија завршила во групата Б, заедно со Шпанија, Западна Германија и Романија. Во првите два натпревари, тие врзале два нерешени реузлтати, 0-0 и 1-1 против Западна Германија и Шпанија. Со победата од 1-0 над Романија го освоиле второто место во групата, за да се квалификуваат во нокаут фазата, каде што биле совпаднати со домаќините, Франција. Натпреварот се играл 90 минути, но се играло и во дополнително време; Португалија имала водечки резултат од 2-1, но Франција постигнала фва гола во 114 и 119 минути за да ја елиминира Португалија со 3-2 и да се квалификува во финалето.

За Светското првнство во 1986 година, Селекао игрла во група против Чехословачка, Малта, Шведска и Западна Германија за двете места што ќе им гарантираат билет за Мексико. Потребната победа во последниот натпревар против Западна Германија во Штутгарт, Португалија станала првата екипа што ја победила Западна Германија на домашен терен на официјален натпревар. Тимот многу рано испаднал од групната фази по една победа и два порази. Почнале со победа од 1-0 против Англија, но подоцна биле поразени од Полска и Мароко 1-0 и 3-1, соодветно. Нивниот престој во Мексико бил обележан со аферата Салтилјо, каде што играчите одбивале да тренираат за да освојат повеќе награди од Фудбалската федерација.

За Европското првенство во 1988 година, португалскиот тим се обидел да ја помине својата квалификациска група со Италија, Малта, Шведска и Швајцарија; но сепак, тие завршиле трети.

Во квалификациите на Светското првенство во 1990 година, Португалија била во група заедно со Белгија, Чехословачка, Луксембург и Швајцарија, каде што се борела за едно од првите две места во групата. Играјќи дома против Чехословачка, натпреварот завршил со 0: 0 со што им се овозможило на Источноевропејците да го добијат второто место.

За време на натпреварите за квалификациите за ЕВРО 1992, Холандија, Грција, Финска и Малта биле конкурентните тимови. каде што Португалците завршиле втори веднаш зад Холанѓаните.

 
Луис Фиго играјќи за Португалија на Светското првенство во фудбал 2006 година

За квалификациите за Светското првенство 1994, Португалија играла во иста група како Естонија, Италија, Малта, Шкотска и Швајцарија за двете највисоки места. Тие завршиле на третото место зад Италија и Швајцарија.

1995 до 2006: Златната генерација

уреди

На Европското првенство во 1996 година, Португалија завршила на првото место во групата Д, а во четврт-финалето, тие загубиле со резултат 1-0 од репрезентацијата на Чешка. Овој тим бил познат како "Златна генерација", група на млади фуфбалри кои го освоиле ФИФА У-20 Светското првенство во 1989 и 1991 година и сега го прдводеле националниот состав; тие, исто така, стигнале до полуфиналето на Европското првенство во 2000 година одржано во Белгија и Холандија, но биле елиминирани во групната фаза на Светското првенство во 2002 година и покрај високите репутации.[3]

 
Момент од финалето на Европското првенство 2004 во кое Португалија загубила од Грција со 1–0.

Португалија не успеала да се квалификува за Светското првенство во Франција во 1998 година. Во квалификациите за Европското првенство 2000, Португалија завршила на второто место во својата група зад првопласираната Романија. Сепак, како најдобра второпласирана екипа во квалификациите, Португалија обезбедила пласман на завршниот турнир во Белгија и Холандија. На завршниот турнир, тие се паднале во групата А заедно со репрезентациите на Германија, Романија и Англија. Во првото коло Португалија ја совладала Англија со 3-2, потоа Романија со 1-0, а во последното коло и бранителот на титулата Германија со 3-0, завршувајќи на првото место во групата со максимални 9 бодови. Потоа во четвртфиналето Португалија била подобра и од Турција. Во полуфиналето против Франција, тие биле елиминирани по продолженијата (натпреварот завршил 1-1 по 90 минути) кога Зинедин Зидан од пенал го постигнал златниот гол со кој ги одвел триколорите во финалето. Судијата Гинтер Бенко досудил дискутабилен пенал за играње со рака, откако Абел Шавије изблокирал еден удар кон голот на Португалија. На Шавије, Нуно Гомеш и Пауло Бенто им биле доделени долги суспензии по последователното туркање на судијата.[4].

Во текот на квалификациите за Светското првенство во 2002 година, Португалија ја освоила групата. Неколку проблеми и слаби одлуки се случиле за време на подготовката и самиот турнир - шопингот на играчите бил широко објавен во португалскиот печат. Сомнителното управување со избори и некои аматеризам, вклучувајќи го и истиот недостаток за договорот за наградите. Португалија завршила трета во својата група, и била последователно елиминирана. Менаџерот Антонио Оливеира бил отпуштен после Светското првенство. Португалија влегла на турнирот како фаворит за освојување на групата Д, но тие биле поразени со резултат од 3-2 од САД. Потоа се вратиле победувајќи ја Полска од 4-0. Потребниот нерешен резултат за премин во осминафиналето, го изгубиле во последниот натпревар со домаќинот Јужна Кореја.[5]

 
Кристијано Роналдо, најдобар фудбалер и капитен на Португалија во оваа деценија.

Следното големо натпреварување било Европското првенство во 2004 година, кое се одржало во Португалија. На подготовките, фудбалската федерација склучила договор со Луис Фелипе Сколари за управување со тимот до завршувањето на турнирот. Португалскиот тим влегол на турнирот како фаворит да го освои. Домаќинот бил поразен на првиот натпревар против Грција со резултат од 1-2. Својата прва победа ја оствариле против Русија со резултат 2-0, а потоа ја совладале и Шпанија со 1-0. Во продолжение на турнирот во четвртфиналето, тие играле против Англија, со нерешен резултат од 2: 2 во регуларниот дел од натпреварот, но со изведувањето на пеналите, Португалија издвојувала победа. Португалија ја победила и Холандија со 2-1 во полуфиналето. Тие биле поразени од Грција со 1-0 во финалето.

По завршувањето на турнирот, многу играчи кои припаѓале на Geração de Ouro (Златна генерација), ги завршиле своите репрезентативни фудбалски кариери, со тоа што само Луис Фиго останал во тимот, и покрај привременото пензионирање.

Сребрената постава за Португалија била појавата на Кристијано Роналдо. Роналдо бил избран во УЕФА Еуро Ал Стар Тимот. Додека Португалија настапувала на турнирот, Сколари се согласил во нов двегодишен договор со Федерацијата.

Португалија завршила на првото место во квалификацискиот круг за Светското првенство 2006 година. Португалија го освоила првото место во групата Д на Светското првенство, со победи над Ангола (1-0), Иран (2-0) и Мексико (2-1). Холандија изгубила од Португалија со 1-0 во 16-финалната рунда во Нирнберг, во очајничкиот натпревар обележан со 16 жолти картони, и четворица играчи испратени надвор од теренот. Португалија одиграла 0-0 со Англија во регуларниот дел, но по продолженијата, таа тримуфирала на пенали со резултат 3-1 за да стигне до својот прв полуфинален натпревар од Светското првенство од 1966 година. Португалија загубила со 1-0 против Франција во полуфиналето. Португалија се соочила со Германија за третото место плеј-оф натпревар со пораз од 3-1. На крајот на краиштата, тимот ја освои наградата "Најзабавен тим" за нивната игра за време на Светското првенство. Уште еднаш Сколари бил замолен да прифати нов договор со Федерацијата, кој ќе остане менаџер до крајот на следното натпреварување.

Неодамнешната историја и победата на Европското првенство

уреди

За Европското првенство 2008 година, Португалија завршила на второто квалификациско место зад Полска и победила на првите два натпревари во групата против Турција и Чешка, иако загубиле од домаќините Швајцарија, Португалците се пласирале во четврт-финалето против Германија, каде го загубиле со резултат 2-3. По турнирот, Сколари заминал од селекторското место за да го преземе Челзи.

Португалија завршила на второто место во квалификациите за Светското првенство во 2010 година под водство на Карлос Квироз, а потоа ја совладале Босна и Херцеговина во плеј-оф натпреварот, притоа учествувајжќи на секој турнир во деценијата. Непобедливата низа од 19 натпревари, во која тимот постигнал само три гола, завршила со пораз од евентуалните шампиони Шпанија во кругот од 16 со резултат 1-0. Квироз подоцна бил критикуван за поставување на неговиот тим на претерано претпазлив начин.[6] По Светското првенство, репрезентативецот Симао, Пауло Фереира, Мигел и Тиаго се пензионирале од репрезентативниот дрес. На Квирош му било забрането да ја тренира националната екипа еден месец откако тој се обидел да го блокира допинг-тестот за тимот додека се подготвувал за Светското првенство, како и насочување на навредливи зборови кон тестерите. .[7] Како последица на тоа, тој добил уште шест месеци суспензија. По неколку медиумски испади од Квирош против шефовите на Португалската фудбалска федерација, делумно го поттикнало неговото отпуштање.[8] Пауло Бенто бил назначен за негова замена како главен тренер.[9] Тимот на Бенто се квалификувал за Евро 2012, каде што биле извлечени со Германија, Данска и Холандија во грубо шпекулираната "група на смрт". Тие го загубиле својата прв натпревар со резултат од 0-1 од Германија, а потоа ја победиле Данска со 3: 2. Конечниот натпревар во групната фаза бил одигран против Холандија. Откако Ван дер Ваарт му донел водство на Холаните од 1-0, Роналдо стрелал двапати за да обезбеди победа од 2:1. Португалија завршила на второ место во групата и се квалификувала за нокаут фаза. Португалија ја поразила Чешка со 1-0 во четврт-финалето со погодокот на Роналдо. Полуфиналниот натпревар против Шпанија завршил 0-0 во регуларниот тек од натпреварот, но Португалија загубила со 4-2 на пенали.

Во квалификациите за Светското првенство во 2014, Португалија имала скор од 4-2 на сите одиграни натпревари, а во плеј-оф против репрезентацијата на Шведска, со сите четири голови постигнати од Роналдо, се пласирала на мундијалот и била извлечена во Групата Г со САД, Германија и Гана. Нивниот прв натпревар против Германците бил нивниот најголем пораз на Светското првенство, пораз од 4-0. Тие продолжиле со нерешен резултат од 2-2 против САД и победа со 2-1 против Гана. Сепак, тимот бил елиминиран поради недоволната гол разлика наспрема Американците.[10]

 
Португалскиот состав пред почеток на натпревар на Светското првенство 2018

Португалија ги започнала квалификациите за Европското првенство 2016 со домашен пораз од 0-1 од Албанија, што резултирало со отпуштање на селекторот Бенто од неговото раководно место, а како негова замена бил назначен Фернандо Сантош во септември 2014 година.[11] Откако тимот сепак се квалификувал за Европското првенство и бил извлечен во групата Ф заедно со дебитантот Исланд, Австрија и Унгарија; со три нерешени резултати тие минале понатаму во нокаут фазата како една од четирите (од шест) најдобри третопласирани репрезентации. Португалија ја победила Хрватска со 1-0 во осминафиналето, по продолженија со гол на Рикардо Кварежма,[12] а потоа ја поразила Полска со 5-3 на пенали за пласман во полуфиналето.[13] Во полуфиналето тие го поразиле Велс со 2-0 во со головите на Роналдо и Нани и така се пласирале во финалето на Стад де Франс против домаќинот Франција.[14] Во раната фаза од финалето Кристијано Роналдо се здобил со повреда и морал да го напушти теренот; неговата замена Едер го постигнал единствениот гол во натпреварот во 109-тата минута.[15][16] Роналдо ја освоил Сребрената копачка, постигнувајќи три гола и создавајќи три асистенции.

По нивната победа на Европското првенство 2016, Португалија учествувала на Купот на конфедерации во 2017 година, каде што завршила на третото место. Тие се пласирале и на Светското првенство 2018 во Русија, каде биле поразени од Уругвај во осминафиналето.

Настапи на турнирите

уреди

Светско првенство

уреди
Светско првенство Квалификации за
Светско првенство
Домаќин/Година Рунда Поз. ОН П Н З ДГ ПГ ОН П Н З ДГ ПГ
  1930 Не учествувале
  1934 Не се квалификувале 2 0 0 2 1 11
  1938 1 0 0 1 1 2
  1950 2 0 1 1 3 7
  1954 2 0 1 1 1 9
  1958 4 1 1 2 4 7
  1962 4 1 1 2 9 7
  1966 Полуфинале 3. 6 5 0 1 17 8 6 4 1 1 9 4
  1970 Не се квалификувале 6 1 2 3 8 10
  1974 6 2 3 1 10 6
  1978 6 4 1 1 12 6
  1982 8 3 1 4 8 11
  1986 Групна фаза 17. 3 1 0 2 2 4 8 5 0 3 12 10
  1990 Не се квалификувале 8 4 2 2 11 8
  1994 10 6 2 2 18 5
  1998 10 5 4 1 12 4
    2002 Групна фаза 21. 3 1 0 2 6 4 10 7 3 0 33 7
  2006 Полуфинале 4. 7 4 1 2 7 5 12 9 3 0 35 5
  2010 Осминафинале 11. 4 1 2 1 7 1 12 7 4 1 19 5
  2014 Групна фаза 18. 3 1 1 1 4 7 12 8 3 1 24 11
  2018 Осминафинале 13. 4 1 2 1 6 6 10 9 0 1 32 4
  2022 Ќе учествуваат во квалификациите Ќе учествуваат во квалификациите
Вкупно 7/20 26 13 4 9 43 29 129 67 33 29 230 135

Европско првенство

уреди
Европско првенство Квалификации за Европско првенство
Година Рунда Поз. ОН П Н И ДГ ПГ Состави ОН П Н И ДГ ПГ Ref.
  1960 Не се квалификувале 4 3 0 1 8 8 [17]
  1964 3 1 0 2 4 5 [18]
  1968 6 2 2 2 6 6 [19]
  1972 6 3 1 2 10 6 [20]
  1976 6 2 3 1 5 7 [21]
  1980 8 4 1 3 10 11 [22]
  1984 Полуфинале 4. 4 1 2 1 4 4 Состав 6 5 0 1 11 6 [23]
  1988 Не се квалификувале 8 2 4 2 6 8 [24]
  1992 8 5 1 2 11 4 [25]
  1996 Четвртфинале 5. 4 2 1 1 5 2 Состав 10 7 2 1 29 7 [26]
    2000 Полуфинале 4. 5 4 0 1 10 4 Состав 10 7 2 1 32 4 [27]
  2004 Финале 2. 6 3 1 2 8 6 Состав Се квалификувале како домаќин [28]
    2008 Четвртфинале 7. 4 2 0 2 7 6 Состав 14 7 6 1 24 10 [29]
    2012 Полуфинале 4. 5 3 1 1 6 4 Состав 10 6 2 2 27 14 [30]
  2016 Шампиони 1. 7 3 3 1 9 5 Состав 8 7 0 1 11 5 [31]
  2020 Ќе учествуваат во квалификациите 0 0 0 0 0 0
В К У П Н О 7/15 35 18 8 9 49 31 107 61 24 22 194 101 [32]

ФИФА Куп на конфедерации

уреди
Година Рунда Позиција ОН П Н* И ДГ ПГ
  1992 Не се квалификувале
  1995
  1997
  1999
    2001
  2003
  2005
  2009
  2013
  2017 Трето место 3-то 5 3 2 0 9 3
Вкупно Трето место 1/10 5 3 2 0 9 3

Летни олимписки игри

уреди
Летни олимписки игри
Година Рунда Позиција ОН П Н* И ДГ ПГ
  1896 Немало фудбалски турнир
  1900 Не се квалификувале
  1904
  1908
  1912
  1920
  1924
  1928 Четвртфинале - 3 2 0 1 7 5
  1932 Немало фудбалски турнир
  1936 Не се квалификувале
  1948
  1952
  1956
  1960
  1964
  1968
  1972
  1976
  1980
  1984 Не се квалификувале
  1988
Од 1992 Види Олимписка фудбалска репрезентација на Португалија
Вкупно Четвртфинале 1/19 3 2 0 1 7 5

УЕФА Лига на нации

уреди
УЕФА Лига на нации
Година** Дивизија Рунда Поз ОН П Н* И ДГ ПГ
  2018–19 А Полуфинале Топ 4 4 2 2 0 5 3
Вкупно 1/1 4 2 2 0 5 3

Играчи

уреди

Моментален состав

уреди
Бр. Поз. Играч Год. Настапи Голови Клуб
1 ГМ Руи Патрисио 15 февруари 1988(1988-02-15)(36 г.) 77 0     Вулверхемптон
22 ГМ Бето 1 јуни 1982(1982-06-01)(42 г.) 16 0     Гезтепе
12 ГМ Клаудио Рамос 16 ноември 1991(1991-11-16)(32 г.) 1 0     Тондела
3 ОД Пепе 26 февруари 1983(1983-02-26)(41 г.) 103 7     Бешикташ
6 ОД Жозе Фонте 22 декември 1983(1983-12-22)(40 г.) 36 0     Лил
21 ОД Седрик 31 август 1991(1991-08-31)(33 г.) 33 1     Саутхемптон
5 ОД Рафаел Гереиро 22 декември 1993(1993-12-22)(30 г.) 30 2     Борусија Дортмунд
4 ОД Луис Нето 26 мај 1988(1988-05-26)(36 г.) 19 0     Зенит Ст. Петербург
2 ОД Жоао Кансело 27 мај 1994(1994-05-27)(30 г.) 12 3     Јувентус
ОД Марио Руи 27 мај 1991(1991-05-27)(33 г.) 8 0     Наполи
18 ОД Рубен Дијас 14 мај 1997(1997-05-14)(27 г.) 7 0     Бенфика
19 ОД Кевин Родригес 5 март 1994(1994-03-05)(30 г.) 3 0     Реал Сосиедад
14 СР Вилијам Карваљо 7 април 1992(1992-04-07)(32 г.) 53 2     Бетис
10 СР Жоао Марио 19 јануари 1993(1993-01-19)(31 г.) 42 2     Интер
13 СР Данило Переира 9 септември 1991(1991-09-09)(33 г.) 31 1     Порто
8 СР Ренато Санчес 18 август 1997(1997-08-18)(27 г.) 18 1     Бајерн Минхен
20 СР Пици 6 октомври 1989(1989-10-06)(35 г.) 13 2     Бенфика
16 СР Бруно Фернандес 8 септември 1994(1994-09-08)(30 г.) 11 1     Спортинг Лисабон
СР Рубен Невеш 13 март 1997(1997-03-13)(27 г.) 9 0     Вулверхемптон
9 НП Едер 22 декември 1987(1987-12-22)(36 г.) 35 5     Локомотив Москва
11 НП Бернанрдо Силва 10 август 1994(1994-08-10)(30 г.) 33 3     Манчестер Сити
23 НП Андре Силва 6 ноември 1995(1995-11-06)(29 г.) 31 15     Севиља
17 НП Гонсало Гуедес 29 ноември 1996(1996-11-29)(27 г.) 14 3     Валенсија
15 НП Рафа Силва 17 мај 1993(1993-05-17)(31 г.) 13 0     Бенфика
7 НП Кристијано Роналдо   5 февруари 1985(1985-02-05)(39 г.) 154 85     Јувентус

Статистика на играчите

уреди
  Активни репрезентативци

Играчи со најмногу настапи

уреди

Последна промена 13 април 2020.[33]

# Име Реп. кариера Настапи Голови Позиција
1 Кристијано Роналдо 2003– 164 99 напаѓач
2 Луис Фиго 1991–2006 127 32 среден ред
3 Жоао Мутињо 2005– 121 7 среден ред
4 Нани 2006–2017 112 24 напаѓач
5 Фернандо Коуто 1995–2007 110 8 одбрана
6 Пепе 2007– 109 7 одбрана
7 Бруно Алвес 2007–2018 96 11 одбрана
8 Руи Кошта 1993–2004 94 26 среден ред
9 Рикардо Карваљо 2003–2016 89 5 одбрана
10 Паулета 1997–2006 88 47 напаѓач

Играчи со најмногу постигнати голови

уреди

Последна промена 13 април 2020.[33]

# Име Реп. кариера Голови Настапи Позиција
1 Кристијано Роналдо 2003– 99 164 напаѓач
2 Паулета 1997–2006 47 88 напаѓач
3 Еузебио 1961–1973 41 64 напаѓач
4 Луис Фиго 1991–2006 32 127 среден ред
5 Нуно Гомеш 1996–2011 29 79 напаѓач
6 Елдер Постига 2003–2014 27 71 напаѓач
7 Руи Кошта 1993–2004 26 94 среден ред
8 Нани 2006–2017 24 112 напаѓач
9 Жоао Пинто 1991–2002 23 81 напаѓач
10 Нене 1971–1984 22 66 напаѓач

Погледнете исто така

уреди

Наводи

уреди
  1. „Narratives of Difference in Globalized Cultures“. 2017 – преку Google Books.
  2. https://desporto.sapo.pt/futebol/mundial-2010/artigos/inglaterra-impos-maior-derrota-de-sempre-a-portugal
  3. Warren, Dan (4 September 2002). „Portugal's golden goodbye“. BBC Sport. Посетено на 16 October 2018.
  4. „Uefa suspends Portuguese trio“. BBC. 2 July 2000.
  5. „Fifa suspends Pinto“. BBC. 19 June 2002.
  6. „:.: Deco: "Futebol direto não é o nosso jogo" – Jornal Record :.:“. Record.xl.pt. Посетено на 20 June 2014.
  7. „:.: Carlos Queiroz suspenso por um mês – Jornal Record :.:“. Record.xl.pt. 18 August 2010. Посетено на 20 June 2014.
  8. „:.: Processo disciplinar a Carlos Queiroz – Jornal Record :.:“. Record.xl.pt. Посетено на 20 June 2014.
  9. „abola.pt“. abola.pt. 6 June 2014. Архивирано од изворникот на 2017-05-04. Посетено на 20 June 2014.
  10. Borzello, Joe (16 June 2014). „2014 FIFA World Cup: Germany dominates Portugal, 4–0“. CBS Sports. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 16 June 2014.
  11. „Portugal coach Paulo Bento leaves role after shock Albania defeat“. BBC Sport. 11 September 2014. Посетено на 11 September 2014.
  12. „Croatia vs Portugal Euro 2016 match report: Ricardo Quaresma's late strike settles dreadful encounter after a Cristiano Ronaldo rebound“. 25 June 2016.
  13. „Lewandowski finally gets off the mark, but Portugal beat Poland on penalties“. 30 June 2016.
  14. „Ronaldo breaks Welsh hearts and sends Portugal to Paris“. 6 July 2016.
  15. „Portugal 1 France 0“. BBC Sport. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
  16. „Cristiano Ronaldo's tears of sadness turn to joy on Portugal's greatest night“. The Guardian. 10 July 2016. Посетено на 11 July 2016.
  17. „Квалификации за ЕП 1960“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  18. „Квалификации за ЕП 1964“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  19. „Квалификации за ЕП 1968“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  20. „Квалификации за ЕП 1972“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  21. „Квалификации за ЕП 1976“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  22. „Квалификации за ЕП 1980“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  23. „Квалификации за ЕП 1984“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  24. „Квалификации за ЕП 1988“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  25. „Квалификации за ЕП 1992“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  26. „Квалификации за ЕП 1996“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  27. „Квалификации за ЕП 2000“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  28. „Квалификации за ЕП 2004“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  29. „Квалификации за ЕП 2008“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  30. „Квалификации за ЕП 2012“. UEFA.com. Посетено на 28 април 2015.
  31. „Квалификации за ЕП 2016“. UEFA.com. Посетено на 11 октомври 2015.
  32. „Portugal team profile“. UEFA.com. Посетено на 11 октомври 2015.
  33. 33,0 33,1 Фудбалери со најголем број на настапи и најдобри стрелци на португалската фудбласка репрезентација, rsssf.com; пристапено: 13 септември 2020.

Надворешни врски

уреди