Александар Трајковски
Александар Трајковски (роден на 5 септември 1992 во Скопје) — македонски фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач на Хајдук и на македонската репрезентација.
Александар Трајковски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Полно име | Александар Трајковски | ||
Роден на | 5 септември 1992 | ||
Роден во | Скопје, Македонија | ||
Држава | Македонија | ||
Висина | м | 1,80||
Позиција | среден ред, напад | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Хајдук Сплит | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
2008–2009 | Цементарница 55 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2009–2010 | Цементарница 55 | 11 | (2) |
2010–2011 | Интер Запрешич | 15 | (4) |
2011–2014 | Зулте Варегем | 49 | (6) |
2014 | → Мехелен | 22 | (3) |
2014–2015 | Зулте Варегем | 34 | (5) |
2015–2019 | Палермо | 104 | (16) |
2019-2022 | Мајорка | 23 | (0) |
2021-2022 | → Олборг | 7 | (1) |
2022- | → Ал-Фајха | 5 | (0) |
2023- | Хајдук Сплит | 6 | (1) |
Репрезентација ‡ | |||
2011–2014 | Македонија 21 | 15 | (3) |
2011– | Македонија | 79 | (20) |
* Ажурирано на: 7 октомври 2017 ** Ажурирано на: 9 октомври 2017 |
Кариера
уредиТрајковски ја започнал својата кариера во Цементарница 55 во сезоната 2009-10 каде од младинскиот тим бил префрлен во првиот тим. Одличните игри на Трајковски го привлекле вниманието на хрватскиот клуб Интер Запрешиќ, во чии редови преминал на крајот од сезоната. Тој имал 17 години и не можел да игра сè додека не наполнил 18 години.
Добрите игри на Трајковски во хрватскиот клуб во вториот дел од сезоната 2010-11 го привлекле вниманието на Динамо Загреб и Андерлехт, кој доставил понуда до Интер Запрешиќ од 500.000 евра, но понудата била одбиена. Сепак, Трајковски на крајот на сезоната потпишал за друг белгиски клуб, Зулте Варегем кој за него платил 1 милион евра. Во 2013, тој бил позајмен на белгискиот клуб Мехелeн.[1]
Во летото 2015, Трајковски потпишал петгодишен договор со италијанскиот клуб Палермо.[2] Својот прв натпревар за новиот клуб, Трајковски го имал на 23 август 2015, на натпреварот од првото коло од Серија А против Џенова, влегувајќи од клупата во 33. минута. Во следното коло, во победата од 1-0 против Удинезе, тој ги одиграл сите 90. минути за својот клуб.[3] Својот прв погодок за "сицилијанците" го постигнал на 2 декември 2015, во поразот со 3-2 на домашен терен од Алесандрија во четвртото коло од Купот на Италија.
Репрезентација
уредиРепрезентативни голови
уреди- Резултатот на Македонија е запишан прв .[4]
# | Датум | Стадион | Противник | Гол | Резултат | Натпреварување |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 14 август 2013 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Бугарија | Пријателски натпревар | ||
2. | 6 септември 2013 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Велс | Квалификации за СП 2014 | ||
3. | 9 октомври 2014 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Луксембург | Квалификации за ЕП 2016 | ||
4. | 27 март 2015 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Белорусија | |||
5 | 12 ноември 2015 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Црна Гора | 2–0 | 4–1 | Пријателски натпревар |
6 | 3–0 | |||||
7 | 4–0 | |||||
8 | 2 јуни 2016 | Арена „Филип II Македонски“, Скопје | Иран | |||
9 | 5 септември 2017 | Стадион Младост, Струмица | Албанија | Квалификации за СП 2018 | ||
10 | 6 октомври 2017 | Стадион Олимпико, Торино | Италија | |||
11 | 9 октомври 2017 | Стадион Младост, Струмица | Лихтенштајн |
Наводи
уреди- ↑ Трајковски на позајмица во Мехелен Архивирано на 3 јуни 2014 г. telegraf.mk; 31 август 2013
- ↑ „TRAJKOVSKI E' ROSANERO“. palermocalcio.it. Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 8 June 2015.
- ↑ Трајковски водач во Серија А Архивирано на 5 март 2016 г. Македонски Спорт; 30 август 2015
- ↑ „Aleksandar Trajkovski Profile“ (англиски). eu-football.info. Посетено на 15 June 2015.
Надворешни врски
уреди- Профил на Macedonian Football (англиски)