Список на познати македонски фудбалери

Ова е список на познати македонски фудбалери.

Напомена: Статијата не е целосна и може да претрпи надополнувања.

Кирил Симоновски-Џина

уреди

Најголемата фудбалска легенда на Македонија. 1938 година игра за екипата на Граѓански од Скопје во Првата лига на Југославија. Во 1942 година е дел од тимот на Македонија од Скопје којшто се натпреваруваше во првенството на Бугарија. Само поради големиот притисок од страна на бугарските власти оваа екипа не стигна до првото место

Во 1950 година го одиграл првиот натпревар за Вардар на средбата со Напредок во Крушевац (2:2). „Црвено-црниот" дрес го има облечено 75 пати. Статистиката вели дека постигнал 21 гол. Во Партизан има дадено 61 гол на 177 мечеви. Секогаш кога било најпотребно бил тренер на Вардар. Партизан го има водено на четири пати: 1957, 1963, 1966 и 1969 година. Бил тренер и на Аполон (Атина).

Џина е единствениот наш фудбалер што пред војната има настапено за некоја национална селекција и тоа за Б- репрезентацијата на две средби со Романија. За најдобрата репрезентација на Југославија има одиграно 11 натпревари. По Втората светска војна „сините" првиот официјален натпревар го одиграла во Прага и ја победиле Чехословачка со 0:2. Натпреварот се одиграл на 9 мај 1946. Кирил Симоновски бил капитен.

Благоје Видиниќ

уреди

Најтрофејниот македонски фудбалер. Почетоците ги има во Вардар за кого има одиграно 144 натпревари. Дебитираше во 1952 година против БСК во Скопје (1:0). Има настапувано и за екипите на Раднички (Белград), Сион (Швајцарија) и Клиперси (Калифорнија).

Во младинскaта репрезентација која што беше европски првак има три натпревари. Има два настапи за младата и еден за Б- селекцијата. За најдобрата репрезентација на Југославија има осум натпревари и три медали.

Има играно на ОИ во Мелбурн 1956 и Рим 1960 година. Од првата олимпијада се враќа со сребрен медал, а на следната го брани голот на олимпискиот шампион. Во финалето во Рим, Југославија беше подобра од Данска со 3:1. На првиот Куп на европски нации-Андри Делонај (н.з станува збор за првото Европско првенство во фудбал) на голот на селекцијата на Југославија е Видиниќ. Во финалето по сударот со Младеновиќ се повредил. Во продолжението брани повреден, а СССР натпреварот го добива со 1:2. Стрелец на голот еднаков титула е Погребњак.

Беше селектор на репрезентацијата на Заир. Тоа е првата селекција од Афириканскиот континент која учествуваше на едно светско првенство во Германија 1974 година. Бил селектор на Мароко на светското првенство во 1978 (Аргентина). Требаше да ја води и Колумбија, но тие ја откажаа организацијата на светското првенство, така овој ангажман отпадна. По завршувањето на селекторската кариерата е менаџер на „Адидас" за Латинска и Северна Америка. Благоја Видиниќ почина во Стразбур во 2007 година.

Кирил Дојчиновски

уреди

Роден е на 14. Октомври 1943г.

Станува збор за еден од најдобрите македонски фудбалери на сите времиња на позицијата центархалф. За националната репрезентација има одиграно 15 натпревари. Во периодот од 1967 до 1974 година игра за Црвена Звезда. Со ова екипа го има освено купот и првенството. Има играно против најголемите фудбалски величини: Бекенбауер, Еузебио, Пеле, Јохан Кројф и Лаф Јашин. Со Мете Спасовски има играно и на славната „Маракана" во Рио. Натпреварот се играл на 17 декември 1970 година. Бразил и Југославија одиграле 3:3. За селекцијата на Југославија има одиграно вкупно 6 натпревари.

Потоа преминува во тренерските води и ја предводи селекцијата на Ел Салвадор. Во Средна Америка работи и како тренер на Луис Анхел Фирпо, Мунисипал Лимено и Депортиво Платензе.

Беше и тренер на грчки Ираклис, ФК Македонија , ФК Вардар и ФК Брегалница Делчево.

Часлав Божиновски

уреди

Дете на Вардар. Еден од најдобрите кој настапи и во финалето на Купот на Југославија во 1961 година во Белград поротив Вартекс. Во дресот на Вардар има одиграно 296 натпревари, со 7 постигнати голови. Играше во онаа славна генерација со Дацевски, Шулинчевски, Сократ Мојсов, Мирко Илиевски, Тоде Георгеивски.

По завршувањето на фудбалската кариерата се посвети на тренерската професија.Долги години беше прв тренер на Вардар. Еден период беше во Тетекс и Победа. По осамостојувањето на Македонија ја вршеше функцијата државнен капитен на сите фудбалски селекции на нашата држава. Божиновски беше и тренер на олимписката репрезентација на Југославија и претседател на стручниот совет на тренерите во поранешната држава.

Драган Мутибариќ-Муто

уреди

Голманска легенда на Вардар. Неговиот гол го бранеше на 461 натпревар. Има постиганaто 8 голови, сите од пенал. Има 11 настапи за репрезентацијата на Југoславија. Бил дел од младинската репрезентација до 21 година што во 1968 година била европски првак во таа конкуренција. Таа година од Срем пристигна во Вардар. Во богатата и долга кариера го има брането голот на Шалке 04 и Швенинген (Германија), Трепча (кога играше во првата лига), Тетекс, Македонија Ѓ.П и Скопје. Кариерата ја заврши на 49 години во екипата на Микрогранулат (Гостивар) во Вардарски Регион.

Добитник е на 13-то ноемвриската награда на град Скопје. Во 1969 година бил прогласен за спортист на Македонија.Уште двапати бил на списокот на десетте најдобри според истиот избор. Во 1989 година е на голот на Македонија Ѓ.П. и точно 1,084 минути останува без примен гол.

Дарко Панчев

уреди

Фудбалерот на векот во Македонија, Дарко Панчев е роден на 7.Септември 1965 година во Скопје. Кариерата ја започна во младинската школа на ФК Вардар. Уште од самиот почеток се надзираше неговиот голгетерски инстинкт. Беше дел од Вардар од 1982 до 1988 година како носител на играта во „златната генерација". Екипата која што во 1986/7 година стигна до шампионската титула во првенството на Југославија според табелата на Славко Шајбер.

За четири години поминати во Вардар има одиграно 207 натпревари и постигнато 132 гола. Панчев се сели во Црвена Звезда, откако речиси сите екипи од големата четворка во поранешна Југославија се обидуваа да го доведат во своите редови . Со фантастичните игри во сезоната 1990/91 година стана сопственик на „Златната копачка" со 34 постигнати голови. За оваа екипа на 91 средба постигнал 94 погодоци. Беше еден од главните играчи во освојувањето на европската титула на Црвена Звезда во 1991 година. Играчот што го даде последниот гол во пенал-рулетот во историското финале во Бари, кога „црвено-белите" ја совладаа екипата на Олимпик Марсеј на пенали. Се закити и со титулата светски шампион откако постигна два погодоци на Интерконтиненталниот куп против шамиониот на Јужна Америка,чилеанскиот Коло Коло.

Откако светските гиганти покажаа огромен интерес за неговите услуги Панчев потпиша за Интер од Милано. Одисејата во ова екипа по него завршува неславно. Потоа со помал успех и без многу мотив настапува во: Лајпциг, Фортуна Диселдорф и Сион. По малку неочекувано со 32 години во 1997 престанува да игра фудбал.

Со залагање на претседателот на ФФМ, Хари Хаџи-Ристески, Драган Стојковиќ-Пикси и сегашниот претседател на УЕФА, Мишел Платини по пауза од цели десет години во август 2006г. на свечена церемонија во х. Александар Палас претставникот на Л'Екип му ја врачи оригиналната златна копачка на популарниот „Кобра".

Чедомир Јаневски

уреди

Јаневски е член на вардаровата „златна генерација" која го освои единствениот шампионски трофеј во поранешна СФРЈ. Играше заедно со Панчев, Најдоски, Савевски, Рингов....

Роден е на 3. Јули 1961г во Скопје. Беше префинет дефанзивец кој кариерата ја започна во ФК Скопје. Во 1982г. заминува во ФК Вардар каде одигра 160 натпревари и постигна 9 погодоци. Во Вардар останува до 1989г. кога заминува за Белгија во редовите на Брухе. Следно негово одредиште е Шарлероа (87-4), па Истанбулспор, Локерен (31-0) и на крајот Даринг Клуб Бланкенберге.

Веднаш по завршувањето на фудбалската кариера се здобива со УЕФА ПРО лиценца и запловува во тренерските води. Негов прв клуб е големиот белгиски Брухе (младинската екипа), потоа е помошен тренер на Олимпијакос, па прв тренер на Брухе, ФК Црвена Звезда и Енозис Неон Паралимни.

Јаневски одигра две репрезентативни средби за поранешна СФРЈ; а 5 пати го носеше и дресот на македонската репрезентација за која постигна и еден погодок.

Драган Канатларовски

уреди

Драган Канатлaровски е роден на 8.11.1960 година во Белград.. Првиот професионален настап го има за екипата на Пелистер од Битола во 1982 година. По три стандарно одиграни сезони, голем број екипи се заинтересирани за неговите услуги. Во 1985/86 година го облекува „црвено-црниот" дрес на најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар. Периодот 1989-1992 година игра за Црвена Звезда. Во првата сезона стигнува до тутулата и купот во првенството на Југославија. Потоа преминува во екипата на Ла Коруња каде останува две години. Во првата сезона е еден од најзаслужните што тогашниот второлигаш успева да се врати во „Ла Лига".

Има еден настап за репрезентацијата на Југославија и тоа против Полска во Лоѓ, 0:0. За Македонија има десет настапи и постигнал два гола. Дел е од репрезентацијата која што на 13 октомври 1993 година го одигра првиот историски натпревар со Словенија во Крањ. Победивме 1:4, а Канатларовски постигна еден погодок од пенал. На 7 јуни 1995 година го одигра последниот натпревар во „жолто-црвениот" дрес со Бегија во Скопје 0:5. Во неговата тренерска кариера ќе остане запишано дека на двапати бил селектор на нашата фудбалска репрезентација. Првиот пат во периодот 1999-2001 година во квалификаците за СП 2002 година. Вториот пат 2003-2005, станува збор за циклус квалификации за СП 2006 година. Бил тренер на екипите на: Беласица (2001-2002), Куманово (2002), Победа (2002-2004), Вардар (2005) и Локомотив Пловдив (2008).

Илија Најдоски

уреди

Илија Најдовски е роден на 24 март 1964 во Крушево. Едно од најголемите имиња на фудбалската игра во Македонија. Првите чекори ги прави во јуниорската екипа на Питу Гули во родното Крушево во 1978/79 година. Во периодот 1979 - 1983 година игра за екипата на Победа од Прилеп. Потоа игра во екипата на Вардар од Скопје. Во „црвено-црниот" дрес доживеал вистинска фудбалска афирмација. Во периодот од 1983 до 1988 година колку што е дел од „златната генерација" стигнува и до титулата шампион на Југославија. Во последното коло Вардар гостува во Мостар, каде што игра нерешено со Вележ (2:2), што според табелата на Славко Шајбер беше доволно за титула.

Блескавите мигови ги има доживеано во тимот на Црвена Звезда од Белград. Во периодот од 1988 до 1992 годиина ги има освено следните титули: Шампион на Југославија (1990, 1991 и 1992), Куп на Југославија (1990). Во финалето на Лигата на Шампионите одиграно 1991г. во Бари Црвена Звезда на пенали ја совлада екипата на Олимпик Марсеј (5:4), а „војводата" е еден од главните носители на играта во целиот тој натпреварувачки циклус. Неколку месеци подоцна Црвена Звезда ја декласира екипата на Коло Коло од Чиле (3:0) во финалето на Меѓународниот Куп во Токио. Пехарот е во рацете на капитенот Илија Најдоски. Како интернационалец има играно уште за екипите на: Реал Ваљадолид (92-94), Денизлиспор (94-95), ЦСКА од Софија (1996) и Сион (1996-1997).

За репрезентацијата на Југославија има одиграно 11 натпревари и постигнато еден гол. Дебитира на средбата со Северна Ирска во Белфаст (2:0). Бил и дел од последниот настап на репрезентацијата на поранешната држава во Амстердам. Холандија-Југославија 2:0.

Тони Савевски

уреди

На 14 јуни 1963 година во Битола е роден Тони Савевски. За репрезентацијата на Македонија има одиграно седум натпревари, а има настапено и на две средби за репрезентацијата на Југославија. Кариерата ја започнува во родниот град во екипата на Пелистер. Во 1987 потпишал договор со Вардар и стигнува до титулата првак на поранешената држава(според табелата на Славко Шајбер). Преминува во екипата на АЕК Атина.

Се друго е историја. Во првенството на Грција настапува 13 сезони и ќе останат забележани неговите 410 лига натпревари. Со екипата од глaвниот град на нашиот јужен сосед до титулата првак на Грција стигнал на четири пати: 1989, 1992, 1993 и 1994 година. Има и три купа на оваа земја: 1996, 1997 и 2000 година, а не треба да се заборават ни двата Супер купа (1989 и 1996). Во 1991 стигнува до Про Медитеран Купот. Неговата тренерска и менаџерска кариера е поврзана со Кипар. Во сезоната 2001-2002 е дел од екипата на Аполон од Лимасол. 2002-2004 е тренер на Омонија од Никозија. Тимот со којшто стигнува до првите титули како менаџер. Во 2003 е шампион на Кипар и освојувач на Супер куп

Митко Стојковски

уреди

Почетоците му се во Пелистер во 1989 година. Таа година екипата настапи во Втората лига на Југославија, а дебитанскиот натпревар за првата екипа го одигра против Слобода (Ужице).

Во 1995 година помина во Црвена Звезда за која што има одиграно 120 натпревари. На 100-тото дерби со Партизан постигна еден гол и беше прогласен за играч на натпреварот. Три сезони со успех играше во екипата на Овиедо од Виго, каде имаше свој навивачки клуб. Следните 2.5 години настапуваше во Штутгарт и беше дел од ростерот во последното финале на Купот на УЕФА одигран по стариот систем. Кариерата ја заврши во Пелистер со кого стигна до Купот на Македонија.

Горан Ставревски

уреди

Пред средбата Македонија- Канада на стадионот „Младост" во Струмица мала свечаност. По 39 одиграни натпревари од „жолто-црвениот" дрес се прости Горан Ставревски (роден 02.Јануари 1974).

Неговите репрезентативни колеги му подарија дрес со потписи од сите фудбалери. Беше стандарден репрезентативец во периодот 1998-2002 година.

Фудбалската кариера ја започна во малото Поешево, село со 60 куќи и двајца капитени на репрезентацијата (Ставревски и Тони Мицевски), потоа Новаци, Пелистер (1992-1998). Загреб (1998-2002) и Дијарбакир (2002-2007), па сè до репрезентивните настапи.

Она по што ќе го паметат навивачите секако е голот во 90 минута со глава за 1:1 со Република Ирска. Гол со кој на„островјаните" им го расипа баражот за СП . Во репрезентацијата дебитираше на 06. Септември 1998 на средбата со Малта (4-0).

Љупчо Марковски-Калц

уреди

Роден е на 24. Февруари 1967г.

Дете на Вардар. Ги има поминато сите негови селекции. Црвено-црниот дрес го носи повеќе од десет години, на околу 300 натпревари. За Вардар дебитира на средбата со Железничар во Сараево. Репрезентивниот дрес на Македонија го има носено на точно 30 натпревари.. Секако беше дел и од првата историска средба со Словенија во Крањ (1:4). Првиот репрезентивец што има одиграно 25 натпревари за селекцијата на Македонија.

Официјално се прости од репрезентативниот дрес на средбата со Малта во Скопје кога го изведе почетниот удар.

Денеска со голем успех е тренер на Скопје, екипа која што настапува во Втората лига на Македонија. Му беше помошник на селекторот Слободан Сантрач во сениорската репрезентација на Македонија. Моментално е во стручниот штаб на селекцијата до 21 година, како помошник на селекторот Бобан Бабунски.

Саша Ќириќ

уреди

Роден е на 11. Јануари 1968г. во Куманово.

Богатата фудбалска кариера ја започна во Слога од Умин Дол (Куманово). Има настапувано и за екипите на: Металург, Пелистер, на двапати за Вардар (66 натпревари, 76 голови), ЦСКА од Софија (14 настапи-18 голови), Арау Швајцарија (25 настапи-16 голови) . Во екот на кариерата настапува во четири екипи од Германија: Нирнберг (45 настапи-22 голови), Тенис Борусија (32-14) Ајнтрахт Франкфурт (25 -11 ), потоа повторно игра во Нирнберг (47 настапи-21 гол). Кариерата ја завршува во 2006г. во екипата на Офенбах (32 настапи-12 погодоци).

Во репрезентацијата на Македонија има 26 настапи и постигнал 8 голови. Според статистиката има одиграно околу 380 натпревари и постигнато повеќе од 200 голови. Има менаџерска лиценца на УЕФА, се занимава и со бизнис

Вујадин Станојковиќ

уреди

Вујадин Станојковиќ ( македонски : Вујадин Станојковиќ) (роден 10 септември, 1963 во Куманово ) е поранешен југословенски / македонски фудбалски тренер и поранешен играч.

Има настапено 21 пат и постигнато 1 гол за СФР Југославија во периодот од 1988 и 1992 година, вклучувајќи и два натпревари на Светското првенство 1990 . Помеѓу 1994 и 1995 година тој доби 7 настапи за Македонската национална репрезентација .

По пензионирањето Вујадин Стаојковиќ работеше како помошник тренер на македонската репрезентација. Во 2004 година тој беше назначен за директор на ФК Вардар . Од август 2006 година е помошник тренер на Сречко Катанец во македонската репрезентација .

Поврзано

уреди