Дејан Блажевски
Дејан Блажевски (1985) — македонски фудбалер, напаѓач на Вардар и повремен член на македонската фудбалска репрезентација.
Дејан Блажевски | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 6 декември 1985 | ||
Роден во | Скопје, СФРЈ Југославија | ||
Висина | м | 1,72||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Вардар | ||
Број | 9 | ||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2006-2008 | Пелистер | 57 | (12) |
2008-2010 | Агротикос | 64 | (8) |
2010–2011 | Верија | 29 | (2) |
2011-2012 | Пиерикос | 34 | (2) |
2012-2014 | Турново | 54 | (39) |
2014 | Хазар | 19 | (3) |
2015- | Вардар | 59 | (29) |
Репрезентација ‡ | |||
2012- | Македонија | 4 | (1) |
* Ажурирано на: 3 јули 2012 ** Ажурирано на: 3 јули 2012 |
Клупска кариера
уредиТурново
уредиВо есенскиот дел на сезоната 2013-2014 година, Блажевки бил прв стрелец во првата македонска фудбалска лига, постигнувајќи 19 голови, додека во календарската 2013 година, Блажевски постигнал вкупно 30 голови. Оттука, на 26 декември 2013 година, Фудбалската федерација на Македонија го прогласила Блажевски за најдобар македонски фудбалер кој игра во домашното првенство.
Вардар
уредиНа 1 март 2015, го направил своето официјално деби за Вардар, постигнувајќи два гола во победата на гости над Силекс со 3-0. Во следното коло, на дебито пред домашната публика, повторно бил стрелец во победата со 2-1 над Металург.
Репрезентативна кариера
уредиБлажевски го направил своето деби за македонската сениорска репрезентација на 14 ноември 2012, Во периодот кога селектор бил Чедомир Јаневски, во победата со 3-2 над Словенија.[1]
Наводи
уреди- ↑ "Блажевски одигра година за паметење, Дневник, година XVII, број 5351, петок, 27 декември 2013, стр, 26.