Љупчо Марковски - Калц (роден на 24 февруари 1967 година) ― македонски фудбалски тренер и поранешен играч кој играл како средишен одбранбен играч. Тој тековно е тренер на Скопје.

Љупчо Марковски
Лични податоци
Роден на 24 февруари 1967(1967-02-24)(57 г.)[1]
Роден во Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Позиција Средишен одбранбен играч
Клупски податоци
Сегашен клуб Скопје
Младинска кариера
Вардар
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985–1993 Вардар 98 (8)
1993–1995 ЦСКА (Софија) 47 (0)
1995–1999 Вардар 51 (1)
Репрезентација
1993–1998 Македонија 30 (1)
Тренер на екипи
2005–2006 Македонија (помошник)
2008–2009 Работнички (помошник)
2009–2014 Скопје
2014–2017 Вардар (младински тренер)
2017–2022 Скопје
2022 Работнички
2022–2023 Тетекс 1953
2023– Скопје
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Играчка кариера уреди

Меѓународна кариера уреди

Тој го имал своето деби за сениорската репрезентација на Македонија на пријателскиот натпревар во октомври 1993 година на гостувањето против Словенија, кој беше прв службен натпревар за неговата земја во историјата, и има стекнато вкупно 30 натпревари, постигнувајќи 1 гол.[2] Неговиот последен меѓународен натпревар бил пријателскиот натпревар во јуни 1998 година против Босна и Херцеговина.[3]

Тренерска кариера уреди

Марковски станал тренер на Работнички во јуни 2022 година.[4] Тој не останал долго во Работнички бидејќи си поднел оставка во септември истата година, по поразот од 5:0 од Шкупи.[5]

На крајот на декември 2022 година, тој станал тренер на второлигашкиот клуб Тетекс 1953.[6] Во јуни 2023 година, Марковски и Тетекс 1953 се договориле на меѓусебна спогодбена разделба.[7]

Во јули 2023 година, Марковски повторно станал тренер на Скопје.[8]

Почести уреди

Како играч:

Како тренер:

Наводи уреди

  1. Љупчо Марковски на WorldFootball.net
  2. „Macedonia - Record International Players“. rsssf.com. Посетено на 27 јули 2023.
  3. „Player Database“. eu-football.info. Посетено на 27 јули 2023.
  4. Трајан Маневски (8 јуни 2022). „Љупчо Марковски-Калц е нов тренер на Работнички“. sportmanija.mk. Архивирано од изворникот 2022-06-08. Посетено на 27 јули 2023.
  5. Ристе (12 септември 2022). „Љупчо Марковски – Калц веќе не е тренер на Работнички“. sportskoradio903.com.mk. Архивирано од изворникот 2022-10-02. Посетено на 27 јули 2023.
  6. „Љупчо Марковски - Калц е нов тренер на Тетекс“. sport1.mk. 27 декември 2022. Посетено на 27 јули 2023.
  7. „Љупчо Марковски – Калц и Тетекс се разделија“. ekipa.mk. 29 јуни 2023. Архивирано од изворникот 2023-06-29. Посетено на 27 јули 2023.
  8. „Љупчо Марковски повторно тренер на Скопје: „Не можев да ја одбијам понудата на клубот за кој имам само убави спомени". ekipa.mk. 15 јули 2023. Архивирано од изворникот 2023-07-17. Посетено на 27 јули 2023.

Надворешни врски уреди