Историја на исламот

(Пренасочено од Исламска историја)
Дел од темата

Ислам



Историја на исламот

Верувања и обичаи

Божје единство
Вероисповед
МолитваПост
АџилакДобротворност

Главни дејци

Мухамед
АлиАбу Бакр
Дружината на Мухамед
Семејството на Мухамед
Исламски пророци

Текстови и Закони

КуранХадисШеријат
Исламско правоТеологија
Мухамедовите биографии

Гранки на исламот

СунизамШиизамСуфизам

Социополитички аспекти

АкадемциФилозофија
УметностНауки
АрхитектураГрадови
КалендарПразници
Жените во исламотВодачи
ПолитикаЏихадЛиберализам

Поврзано

Исламски лексикон
Индекс на статии за исламот

Историја на исламотисторијата на исламот како религија и општествена установа. Според исламот, погрешно е да се каже дека историјата на Исламот во Арабија започнала со муслиманскиот пророк Мухамед во VII век. Според исламската вера и Светиот текст, исламската историја започнува со Адам и Ева. Тие се сметаат за први апостоли на Бог. Подоцна, многу пророци како Аврам, Мојсеј, Исус, се предавале на истата вера, макар и во различни региони или во различни точки на времето.

Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала од Атлантскиот Океан на запад до Средна Азија на исток. Последователните империи како Омејадската империја, Абасидската, Фатимидската, Могулската, Сефидската, и Османлиската биле меѓу најголемите и најмоќните во светот. Исламската цивилизација создала безброј центри нс полето на културата и науката преку голем број на истакнати научници, астрономи, математичари, лекари, медицински сестри и филозофи во текот на Златниот век на исламот. Технологија цветела; имало многу инвестиции во економската инфраструктура, како што се системите за наводнување и каналите, и особено, за важноста на читањето на Куранот произлегло релативно високо ниво на писменост на општото население.

Подоцна, во XVIII век и XIX век, многу исламски региони паднале под раководство и влијание на Европските империјални сили. По Првата светска војна, на остатоците од Отоманското Царство биле создадени поголем број на европски протекторати или држави. Иако под влијание на различни идеологии, како што се комунизмот, во текот на поголемиот дел од XX век, исламскиот идентитет и доминацијаta на исламот врз политичките прашања бил дискутабилен за да истиот се зголеми во текот на XXI век. Брзорастечките западни интереси во исламските региони, преку меѓународните конфликти и глобализација довело до промена на влијанието исламот на светско ниво во XXI век[1].

Потекло и почеток

уреди

Според традиционалните погледи, стиховите од Коранот биле напишани во времето на Мухамед. Преданието кажува дека во 610 година, на Мухамед му се јавил Архангел Гаврил. Ова бил и почетокот на Куранот и Исламот Мека била освоена од страна на муслиманите во 630 година. Во прво време, Мухамед проповедал само пред своите најблиски роднини и пријатели, но по три години веќе тој јавно проповедал низ Мека, каде новата вера за првпат ја прифатиле сиромасите. Честопати неговиот настап на Каба доведувало до нередија помеѓу народот. Во 630 година во Мека бил убиен еден муслиманин, а тоа бил и походот Мухамед да започне пресудна војна за Мека.

До војна не ни дошло бидејќи Мухамед ја признал Мека за Свет град, и Каба за светилиште на еден Бог Алах. Голем број од населението ја прифатила новата вера. Од Мека, Мухамед започнал да го шири исламот, а со тоа и исламската држава, прогонувајќи многу немуслимански племиња и народи. Тој постојано сугерирал да неговите сојузници го прифатат исламот. За многу брзо време, цела Арабија била дел од исламската држава. По десет години откако преминал од Мека во Медина, Мухамед заминал на аџилак, учејќи ги своите следбеници за правилата и обичаите на аџилакот. Тој на тоа патување го одржал и својот последен говор (арапски: Khutbat al-Wadaa') советувајќи ги на муслиманите да не живеат со старите туку да ги прифатат новите обичаи. По само неколку месеци од овој говор, Мухамед се разболел и починал во својот дом во Медина на 8 јуни 632 година, без машки потомок. Неговиот гроб се наоѓа на местото на неговата куќа, денешната џамија Месџид ел-Небеви. Џамијата Ал Акса е местото кое се смета дека Мухамед воскреснал кон небото.

Рани калифати

уреди

Откако Мухамед починал, во исламската држава се појавиле серија од калифати: Абу Бакр Сидик, Умар, Утман и Али. Овие четири калифати се познати како Праведни калифати на сунитскиот ислам. По Праведниот Калифат биле создадени пголем број на калифати. Секоја калифат развивал свој посебен шариат. Имало моменти на натпревар на тврдењата помеѓу сунитските калифати.

Абасиди

уреди
АбасидиОмајадиПраведен Калифат

Абасидите се суниитска арапска династија чиишто калифи владееле во периодот од 750 до 1258 година. Името на оваа династија доаѓа од чичкото на Мухамед, Абаси (566-652), кој е всушност основачот на династијата. Искористувајќи го незадоволството во Месопотамија, Абасидите во 748 година дигнале востание против Омејадите убивајќи го владетелот Марван II. По ова била освоена цела Сирија, земја каде престолнина до тогаш бил градот Дамаск. За нов калиф бил прогласен Абул Абас (750 - 754). Неговиот брат и наследник Ал-Менсур (754 - 775) го преместил седиштето на калифатот во новооснованиот град Багдат (762). За време на владеењето на Харун Ал Рашид (786 - 809) и Мамун (813 - 833), калифатот достигнал највисок степен на економски и културен развој. Во времето на Харун Ал Рашид, Багдад бил најбогатиот град во светот, започнал т.н. златен век за науката и уметноста, која брзо се развивала.

 
Абасидскиот калифат во 820 година

Империја имала огромна површина, во својот состав ги вклучувала Персија, Египет, Арабија и Блискиот Исток. Со развојот на феудализмот зајакнале партикуларните тенденции. Некои намесници постепено започнале да се одвојуваат. Економските услови станале многу лоши, бидејќи обврските се зголемувале, населението сè повеќе било сиромашно, индустријата замрела[2]. Во 1055 година, селџучкиот хан Тогрул се наметнал за нов калиф и цела моќ била ставена во негови раце. калифатот постоел до 1258 година, односно до инвазијата на Монголците и нивното освојување на Багдад, при кое некои членови на династијата побегнале во Каиро, каде што султанот Баибарс осовал нов абасидски калифат кој се задржал до 1517 година.

Фатимиди

уреди

Фатимидскиот калифат произлегува од Тунис, но по освојувањето на Египет во 969 година, нивната престолнина бил преместена во Каиро. Под Фатимидите, Египет станал центар на калифатот, во кој биле вклучени Северна Африка, Сицилија, Палестина, Сирија, Јемен и Хејаз. Во времето на Фатимидите, Египет имал развиено силна трговска мрежа во Средоземното Море и Индискиот Океан.

Династијата била основана од страна на Абдула Ал Махди Билах во 909 година, кој имал директно потомство на Мухамед преку неговата ќерка Фатима и нејзиниот сопруг Имамот Алија (или калиф Али), првиот шиитски имам. Од таму доаѓа ѝ името на Фатимидскиот калифат. Абдула Ал Махди својата власт ја проширил во целата централна област на Магреб, која се состои од Алжир, Мароко, Тунис и Либија. Фатимидскиот калифат во 969 година освоил дел од Египет и Каиро, а во 972 година бил заземен цел Египет. Тие ја покориле Икшидидската династија и го основале денешниот модерен град Каиро[3]. Тие продолжиле со освојувањето на територии, сè додека не ги завладееле териториите од Тунис кон Сирија, преку Средоземното Море до Сицилија. За разлика од другите владетели околу овие области, Фатимидите најголем прилог давале на цивилната служба, а не на културното наследство. Сунитски муслимани се исти како и шиитите да заземаат високи владини позиции. Тие покажувале одредена толеранција кон христијаните и евреите.

 
Џамија Ал-Хаким, Каиро, Египет

Гувернери на Северна Африка во времето на оваа династија биле Зиридите кои во 1040 година успеале да се оделат од Фатимидите и да прогласат независност. По 1070 година, во составот на овој калифат сѐ уште биле Левант и Сирија, но во исто време тие биле нападнати од страна на селџуците. Веднаш по ова се дошло до објавување на Првата крстоносна војна, па територијата на Фатимидите го опфаќала само во Египет. По распаѓањето на Фатимидската династија, во 1169 година Саладин го зазел Египет, создавајќи ја новата Ајубидска династија.

Освојување на Пиринејскиот Полуостров

уреди

Маварското освојување на Пиринејскиот Полуостров (711-718) започнало во времето кога арапските Маври ги нападнале државите на Визиготите, кои се наоѓале на Пиринејскиот Полуостров. Војсководецот Тарик Ибн-Зијад, предводел војска претежно составена од Бербери го преминал протокот од африканската кон европската страна и го освоил Гибралтар. По осум години, Маврите успеале да заземат голем дел од Пиринејскиот Полуостров, освен северозападните региони Астурија и поголем дел од Баскија. Територијата која била освоена била позната под името ел-Андалус.

 
Внатрешноста на дворецот Алхамбра во Гранада, Шпанија

Владетелите на ел-Андалус биле доделени на ранг на емирство од Омајадскиот халиф Ал-Валид I во Дамаск. Во текот на нивното постоење, нивната империја станала десетта најголема империја на сите времиња по моќ и територија. Нивната династија била уништена од страна на Абасидската династија кои се преселиле кон Ал Анадулз и каде го основале Кордопскиот калифат[4]. Во времето на Ал Хакам II, халифатот успеал да обезбеди мир со христијански царства на северна Иберија,[5] и и истот го искористил за стабилизирање и развој на земјоделството преку изградба на канали за наводнување.[6] Економијата на земјата била во подем, биле градени нови улици и пазари. Кордоба имала 450.000 жители и претставувала еден од најзначајните центри во светот. Халифот во Кордоба основал библиотека која имала 400.000 книги. Калифатот најмногу се ангажирал во преведувањето на старогрчките записи од филозофијата. Ибн Рушд бил оној кој ги “вратил“ делата на Аристотел во Европа. Во Кордоба имало значајни достигнувања во областа на математиката, медицината и астрономијата. Овој период од владеењето на калифатот е познат како разцвет на муслиманското присуство на полуостров.[7]

Кордопскиот халифат се распаднал во 1031 година поради политичките поделби и граѓанските немири во текот на владеењето на Хишам II. Граѓанската војна довела до слабеење на Кордопскиот халифат. Во периодот од 929 до 1008 година владееле само три халифи, а веќе од 1008 до 1031 дури седум халифи. Последен халиф на Кордоба бил Хишам III. По неговата смрт, калифот бил разделен на повеќе мали таифи. Во времето на Реконквистата, овие мали кралства не биле во можност да се спротивстават на христијанските кралства.

Крстоносни војни

уреди

Во текот на VIII век, на територијата на Пиринејскиот Полуостров започнала Реконквистата, односно период на протерување на арапските Маври од полуостровот. Периодот на Реконквистата траел вкупно 774 години, до 1492 година. На 27 ноември 1095 година, една недела по Црковниот собор во катедралата, папа Урбан II повикал на Света војна кон неверниците со кое дал почеток на првата крстоносна војна.[8] Така, крстоносците ја зазеле Никеја, по што им се отворил патот кон Антиохија, која исто така многу брзо паднала. Така било создадено и Ерусалимското Кралство и други крстоносни држави. На овие темелнички усвојувања била создадена првата крстоносна држава, а во самиот Ерусалим биле отворени првите витешки школи.

Во 1187 година, Саладин, султан на Египет, по неколкудневната борба со крстоносците пред портите на Ерусалим успеал по преговорите со Балиан да го заземе градот.[9] Ова бил уште еден повод за нов крстоносен поход. Падот на Ерусалим во рацете на муслиманите кај европските народи предизвикал многу негативни реакции. Папата Григориј VIII издал наредба за нов крстоносен поход. Владетелите на Германија, Фридрих Барбароса, на Франција- Филип Август и на Англија, Хенри II на соборот во Мајнц се договориле за идните воени дејства. Сепак, на крајот, крстоносците не успеале да го заземат повторно Ерусалим.

Крстоносните војни се воделе до создавањето на Османлиското Царство. Овие војни имаат голема улога во историјата на муслиманската религија бидејќи ѝ покрај намерата, исламскиот свет не дозволил понатамошно ширење на христијанството.

Ислам во Африка

уреди

Ислам во Магреб

уреди

Идрисидската династија била првата арапска земја во западен Магреб (денешен Мароко), и опстојувала од 788-985 година. Династијата своето име ја добила по нејзиниот прв султан Идрис I.

Алморавидската династија била берберска и маварско-шпанска династија чие потекло води од Сахара. Во текот на XI век оваа династија владеела со поголемиот дел од Северна Африка и Пиринејскиот Полуостров, односно териториите на денешните држави: Мароко, Западна Сахара, Мавританија, Гибралтар, Тлемсен во Алжир, голем дел од Сенегал, Мали, Шпанија и Португалија.Владетелот Али ибн Јусуф во 1109 година ги освоил Синтра и Сантарем. Во следните години, 1119 и 1121 година извршил повторна инвазија на северната страна од полуостровот. Христијаните, Кралство Арагон со помош на Франките успеале да го заземат повторно градот Сарагоса. Во текот на Реконквистата, Алфонсо VII од Кастиља и Леон во 1138 година го победил на Али ибн Јусуф. Алфонсо I од Португалија го победил во 1139 година, а во 1147 по Битката за Лисабон, градот бил ослободен од страна на христијаните.

Од друга страна, Алморавидите имале и други непријатели, односно Алмохадите. Али ибн Јусуф починал во 1142 година, а неговиот наследник продолжил со поразите од христијаните и Алмохадите. Алмохадската династија пак била основана во XII век. Во текот на нивното постоење, тие ја имале заземено цела Северна Африка до Египет и ел-Андалус односно Маварска Шпанија. Династијата била основана од страна на Ибн Тумарт. Последен емир на Алмохадите бил Ирдис Ил, кој го поседувал само Маркеш а во 1269 година бил убиен од страна на негов роб.

 
Џамија Ал-Рифаи

Ислам во источна Африка

уреди

Исламот во Источна Африка би можел да датира уште од основањето на религијата и на почетокот со Хиџра, во 615 година, кога група муслимани советувани од Мухамед мигрирале во Абисинија (чин, познат како Прва миграцијата кон Абисинија). Покрај тоа, исламската традиција вели дека првиот муезин Билал ал-Хабеши, еден од најблиските другари на Мухамед, потекнувал токму од Абисинија.[10]

Исто така, според исламските верувања, исламот бил проширен у8ште на почетокот во Танзанија. Луѓето од 'Зајд' наводно биле првите муслимани кои имигрирале во Источна Африка. Исламот во Источна Африка дошол главно преку трговците. Африканските племиња многу бргу го прифатиле исламот, главно како резултат на блиските контакти со арапските трговци во областите околу Табора. Во Источна Африка, структурата на исламскиот авторитет се одржала преку улемите (верски експерт). Нивната база главно била во Занзибар. Овие држави имаале одреден степен на власт над поголемиот дел од муслиманите во источна Африка во тој момент. Тоа било така бидејќи поголемиот дел од муслиманите живееле односно биле под влијание на Султанатот во Занзибар, но сепак на главниот кадија му бил признаен верскиот авторитет.[11].

Ислам во Азија

уреди

Исламската улога во регионот се зголемила во VIII век, кога Мухамед бин Газим го освоил Синд, (Пакистан). Муслиманските освојувања продолжиле во времето на Махмуд и Газнавидите во текот на XII век на територијата на Северна Индија. Кутб-уд-Дин Ајбак, го зазел Делхи во 1206 година и го основал Делхискиот султанат.

Во текот на XIV век, Аладин Килџи ја воспоставил муслиманската власт на југ кон Гуџарат, Раџастан и Декан. Исто така, на овие простори биле формирани редица други муслимански династии во периодот од XIII век до XVIII век. Едни од најпознатите династии од топа време се династијата Кутб Шахи и Бахманскиот султанат, но сепак ниту една династија не успеела да создаде една силна империја како што била Могулската.

Југоисточна Азија

уреди

Исламот бил проширен на островите во југоисточна Азија, главно преку индиските муслимански трговци од Гуџарат кон крајот на XIII век.[12]. Набргу, многу Суфизам|суфиски мисионери започнале да создаваат нова суфиска литература преведувајќи од класичен арапски и персиски во малезиски јазик. Заедно со создавањето на оригинална исламска литература на малезиски јазик, самиот малезиски јазик бил трансформиран во исламски.[13] Од 1292 година, кога Марко Поло ја посетил Суматра, поголемиот дел од населението веќе го имало примено исламот. До крајот на XV век, исламот се вовел и на Филипините.

Монголска инвазија

уреди

Ерата на монголската инвазија започнала во раниот XIII век, под раководство на Џингис Хан кој ги обединил номадските монголски и турски племиња во 1206 преку политички манипулации и воена моќ. Тој набрзо дошол до конфликт со империјата на Џин Династијата од северна Кина. Под провокација на Кварезмидската Империја, тој се преместил во Средна Азија, заземајќи ги Трансоксијана и источна Персија, потоа дошол до Клавен Рус и Кавказ. Пред неговата смрт, Џингис Хан ја поделил својата империја на своите синови. Таа фамилија била водечката сила во империјата низ нејзините успеси.

Монголското Царство многу бргу успеалo да се прошири низ Средна Азија и Персија: персискиот град Исфахан бил заземен во 1237. Со изборот на Хан Монгке во 1251 година, Багдад станал главен град на империјата. Монголската армија броела преку 200 000 војници. Империјата била разделена по смртта на Монг Хан на два дела: династија Јуан или Илканат и Чагатаи Ханат или Златна орда.

Трите муслимански империи

уреди
 
Шах Сулејман I и неговите дворјани, Ишфахан, 1670 година. Сликарот е Али Кули Џабадор, и истата се чува во Санкт Петербург, во Институтот за ориентални студии во Русија, откако била купена од "цар Николај II

Во XV век и XVI век биле создадени три големи муслимански империи: Отоманско Царство која се простирила во поголемиот дел од Блискиот Исток, Балканот и Северна Африка; Сефевидската која се простирила во Иран; и Могулската империја во Јужна Азија. До крајот на XIX век, моќта на сите три империи опаднала за да на почетокот на XX век последната империја (Осламлиската) се распадне, преку кое била основана денешната модерна Република Турција.

Могулска империја

уреди

Во текот на XVI век во Индија на власт дошла една нова владејачка династија (персиски: سلطنتمغولی هند)) наречена Могулска династија, Урду: گوركانى,) - која успеала за првпат да го обедини потконтинентот по 1500 години. Првиот владетел бил Бабур кој успеал да ја соедини скоро цела Индија без јужниот дел. Оваа династија придонела за ширењето на исламот низ Индија. Империјата во своите најдобри времиња се простирала на поголемиот дел од денешна Индија, Пакистан, Бангладеш и во Авганистан сè до почетокот на XVIII век, кога земјата била поделена на поголем број на мали кралства.[12][14] Во текот на XVIII век и XIX век, империјата постепено започнала да се распаѓа, главно поради британската колонизација на полуостровот. Во 1526, Бабур бил поразен Султанатот на Њу Делхи кој го зедел средишниот дел и северниот дел на Индија. Императорот Акбар (1605-1556) ја обединил империјата и успеал да се прошири кон југ.

Оваа империја оставила големо културно наследство во поглед на индиската архитектура. Во текот на нивното владеење биле изградени: Таџ Махал, Делхиската тврдина, џамијата Бадшахи, тврдината Лахор итн. За време на владеењето на империјата, муслиманската заедница била во најголем подем низ цела Индија, особено во Гуџарат, Бенгал и Хајдерабад. Повеќе од една четвртина од населението го прифатил исламот како своја религија[14].

Сефевиско Царство

уреди

Сефевидите (персиски: صفویان) биле иранска династија од Ирански Азербејџан која опстојувала во периодот од 1501 до 1736, и со кој се воспоставил Дванаесетницата на Шиитскиот ислам како официјална религија на Иран и нејзините покраини обединети под ирански суверенитет.

Иако се смета дека Сефевидите се директни потомци на Абу Али ибн Талиб, тие првично биле сунити. Во 1524 година, на престолот се качил Тахмшап, кој дал голема иницијатива за заживување на уметноста во регионот. Во негово време било забрането пиење на вино, употреба на хашиш, коцкање итн.

Османлиско Царство

уреди
 
Султан Ахмедова Џамија

Империјата на Селџуците брзо се распаднала во втората половина на XIII век, особено по Монголската инвазија на Анадолија.[15] Тоа придонело до создавање на неколку турски кнежевства. во 1299 година, Осман I прогласил независност на својата беговина проследена преку неколку победи над Византија. Со тоа бил удрен темелот на идната голема муслиманска империја. Откако во 1354 година, Османлиите ги преминале Дарданелите и за првпат стапнале на европска почва, тие започнале со еден брз освојувачки поход во кои биле освоени голем дел од југоисточна Европа. Србија доживеала пораз во 1389 година на Косово Поле, кое го означило дефинитивната инвазија на Османлиите на Балканот. Османлиското Царство, еден од своете најголеми подеми го доживеало во времето на Мехмед II. Негова најголема заслуга е освојувањето на Цариград во 1453 година. Една од првите работи кои ги спроведиле Османлиите било промена на називите на освоените градови. Многу византиски цркви и манастири биле претворени во џамии. Падот на Цариград во 1453 година довело докрај на долговековното постоење на Византија. Во меѓувреме, градот станал престолнина, познат како Цариград или Стамбол. Османлиското Царство била една од најмоќните светски сили. Во тоа време, државата зазимала територија од 11.955.000 км2. Од 1517 година па сè до својата пропаст, султанот истоивремено се нарекувал и калиф, а царството од 1517 до 1922 година била прогласена за исламска држава. Својот најголем подем царството го достигнал во времето на Сулејман Величествениот во XVI век, кога империјата се простирала од Персискиот Залив на исток до Унгарија на северозапад, од Египет на југ до Кавказ на север.

Веќе во текот на XVII век, дошле првите порази на империјата од страна на Прусија, Русија и Австроунгарија. Во втората половина на XVIII век иницијативата за истиснување на Османлиите од Европа преминало целосно во рацете на Русија. Така, Русија заедно со Австрија добиле големи територии од Османлиското царство, додека Египет добил независност. Во следните години (1829), грција добила независност.

Официјалната религија во Османлиското Царство бил исламот, а званично царството од 1517 до 1922 година била прогласена за исламска држава. Во текот на своето постоење, империјата оставила големо културно наследство. Архитектурата во империјата започнува во Бурса и Едрене во текот на XIV век и XV век. Оваа архитектура е во голем степен наследник на архитектурата на селџуците, има големо влијание од Иран и исламските традиции на мамелуците, како и византиската архитектура. Падот на Цариград и префрлањето на престолнината на Османлиското Царство од Едрене во Цариград предизвикала голема промена во архитектурниот стил на империјата. Градба која била изградени во периодот на преместувањето на престолнината е џамијата Бајазид II, која се смета исто така за раниот период од развојот на османлиската архитектура, потоа Фатих џамија, Топкапи-сарај и други. По Падот на Цариград и преземањето на градот од страна на Османлиите, многу цркви и манастири, изградени со византиски стил, биле претворени во џамии. Една од најпознатите такви е Света Софија во Истанбул.

XX век

уреди

До крајот на векот, Османлиското Царство ги загубила скоро сите области на Балканот, на тие територии биле создадени новеите држави: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Египет, Грција, Ирак, Либан, Црна Гора, Романија, Саудиска Арабија, Србија, Сирија, Јордан, Турција, Северна Африка и на северниот брег на Црното Море.[16]. Империјата се распаднала по крајот на Првата светска војна.

Во текот на векот, некои муслимански земји, како Турција и Египет, се обиделе да го одвојат исламот од секуларната власт. Во други случаи, како Саудиска Арабија, новата влада донела нови религиозни изрази како што е на пример вехабизмот. Во август 1947 година дошло до поделба на Индија, од која биле создадени новите земји Индија и Пакистан. По поделбата на Индија, Пакистан станал најголемиот исламски центар во светот (по население) и десеттата најголема по Втората светска војна. Во 1971 година, по крвавата војна за независност на Бенгал, од Пакистан се создала уште една држава- Бангладеш.

Денес, Пакистан е втора најголема Исламска држава во светот по Индонезија. Пакистан е моментално единствената атомска централа на муслиманскиот свет.

Арапско-израелски конфликт

уреди

Поимот Арапско-израелски конфликт е назив за честите воени конфликти помеѓу евреите од Израел и арапската лига, вклучувајќи ја и Палестина. Конфликтот започнал со престанувањето на Британскиот мандат во Палестина во 1948 година и прогласување на независност на Израел. Многу земји, поединци и невладини организации од други места во светот се вклучени во овој конфликт од културни или религиозни причини, во зависност од тоа дали се приврзаници на исламот, арапската култура, христијанството, јудаизмот, Еврејската култура пак се борат за човековите права. Додека некои сметаат дека арапско-израелскиот конфликт е дел од (или претходник) глобалниот конфликт помеѓу западниот свет и арапскиот односно муслиманскиот свет,[17][18] други пак се противат ова гледиште.[19].

Иранска револуција

уреди

Иранската уставна револуција траела во периодот помеѓу 1905 и 1911 година. Револуцијата го означил крајот на иранското феудално општество и довела до формирање на парламент во Персија, преку кое била ограничена моќта односно власта на Шахот односно кралот. Така во Иран бил донесен првиот устав. Но, по конечната победа над Шахот, револуционерните блокови на модернистичките и конзервативните блокови започнале да се борат едни со други. Во меѓувреме започнала Првата светска војна. Во такви услови, независноста на Иран била ставена под прашалник. Системот на уставната монархија повторно бил воспоставен и тоа преку декрет издаден од страна на Музафер ал-Дин Шах.

Во 1979 година избувнала иранската револуција (исто така наречена и "Исламската револуција"[20][21][22]) која довела до трансформирање на Иран од кралство во тотална популистичка исламско-теократска република под власта на ајатолахот Рухолах Хомеини. По револуцијата, бил спроведен референдум преку кој била основана исламската република, бил прогласен новиот устав, а Рухолах Хомеини станал претседател на Иран[23]. Иако некои сметаат дека револуцијата сè уште е во тек, можеме да кажеме дека таа започнала во јануари 1978, со првиот голем протест,[24], а завршила со донесувањето на новиот устав. Во меѓувреме, Мухамед Реза Пахлеви ја напуштил земјата во јануари 1979.

Истовремено, САД, СССР и поголемиот дел од арапските влади на Блискиот Исток стравувале за нивната доминација во регионот. Соседот Ирак на чело со Садам Хусеин дал повод за отпочување на Иранско-ирачката војна на 22 септември 1980 година. Како главна причина за војната се смета спорните реони околу реката Шат ел-Араб, богати со нафта. Крајот на војната настапил со потпишувањето на мировен договор на 20 август 1988 година.

XXI век

уреди
 
Исламот денеска.(Зелено: Сунити, Црвено: Шиити

Ислам во Турција

уреди

Од основањето на Република Турција во 1923 година и реформите спроведени од страна на Ататурк, во земјата била постигната голема секуларност. Така, исламот постепено бил исфрлен од јавната сфера. Турција има секуларен устав, без официјална државна религија.[25] Устав на Турција|Уставот ја признава слободата на религијата за поединечни религиозни групи, додека верските заедници се ставени под заштита на државата и истите немаат право да се вклучат во политичкиот процес на државата (на пример, формирање религиозна партија). Ниту една политичка партија нема право да се определува како религиозна, иако како такви се сметаат конзервативните партии.[26][27] Во Турција е забрането носење шамии и слични религиски обележја на јавни места [28].

Поврзано

уреди

Користена литература

уреди

Books and journals

  • Armstrong, Karen (2000). Islam: A Short History. Modern Library. ISBN 978-0679640400.
  • Bloom and Blair (2000). Islam:A Thousand Years of Faith and Power.
  • Esposito, John (2000b). Oxford History of Islam. Oxford University Press. ISBN 978-0195107999.
  • Hart, Michael (1978). The 100:Ranking of the most influential persons in history. New York: Carol Publishing Group. ISBN 0-8065-1057-9.
  • Holt, P. M; Bernard Lewis (1977a). Cambridge History of Islam, Vol. 1. Cambridge University Press. ISBN 0521291364.
  • Holt, P. M; Ann K. S. Lambton, Bernard Lewis (1977b). Cambridge History of Islam, Vol. 2. Cambridge University Press. ISBN 0521291372.
  • Hourani, Albert; Ruthven, Malise (2003). A History of the Arab Peoples. Belknap Press; Revised edition. ISBN 978-0674010178.
  • Koprulu, Mehmed Fuad; Leiser, Gary (1992). The Origins of the Ottoman Empire. SUNY Press. ISBN 0791408191.
  • Lapidus, Ira M. (1988). A History of Islamic societes. Cambridge University Press. ISBN 0-521-22552-3.
  • Lewis, B. (1993). The Arabs in History. Oxford University Press. ISBN 0-19-285258-2.
  • Rahman, F. (1982). Islam & Modernity: Transformation of an Intellectual Tradition. University of Chicago Press. ISBN 0-226-70284-7.
  • Nasr, Seyyed Hossein (2003). Islam:Religion, History and Civilization. New York: HarperCollins Publishers. ISBN 0-06-050714-4.
  • Sonn, Tamara (2004). A Brief History of Islam. Blackwell Publishing Ltd. ISBN 1-4051-0900-9.
  • Ankerl, Guy (2000). Coexisting Contemporary Civilizations: Arabo-Mulsim, Bharati, Chinese, and Western. INUPress. ISBN 2-88155-004-5.
  • Hourani, Albert (2002). A History of the Arab Peoples. Faber & Faber. ISBN 0-571-21591-2.

Encyclopedias

  • P.J. Bearman, Th. Bianquis, C.E. Bosworth, E. van Donzel, W.P. Heinrichs (уред.). Encyclopaedia of Islam Online. Brill Academic Publishers. ISSN 1573-3912. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  • William H. McNeill, Jerry H. Bentley, David Christian, уред. (2005). Berkshire Encyclopedia of World History. Berkshire Publishing Group. ISBN 978-0-9743091-0-1. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: повеќе имиња: список на уредници (link)
  • The New Encyclopedia Britannica. Encyclopedia Britannica, Incorporated; Rev Ed edition. 2005. ISBN 978-1-59339-236-9. Отсутно или празно |title= (help)

Надворешни врски

уреди

Наводи

уреди
  1. http://www.islamonline.net/servlet/Satellite?c=Article_C&cid=1212925100226&pagename=Zone-English-ArtCulture%2FACELayout[мртва врска] Milestones of Islamic History
  2. Lapidus (1988), p.129
  3. Beeson, Irene (1969). „Cairo, a Millennial“. Saudi Aramco World: 24, 26–30 /October. Архивирано од изворникот на 2007-09-30. Посетено на 2007-08-09.
  4. Hourani, pg.41
  5. Glubb, John Bagot (1966). The course of empire: The Arabs and their successors. Prentice-Hall. стр. 128.
  6. Glick, Thomas F (2005). Islamic and Christian Spain in the early Middle Ages. BRILL. стр. 102. ISBN 9-0041-4771-3.
  7. Luscombe, David Edward; Jonathan Riley-Smith (2004). The new Cambridge medieval history. Cambridge University Press. стр. 599. ISBN 0-5214-1410-5. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help); |access-date= бара |url= (help)
  8. „Темплари-Историјат и митови на легендарниот витешки ред“, Шон Мартин, стр. 18.
  9. Hallam, Elizabeth. Chronicles of the Crusades: Eye-Witness Accounts of the wars Between Christianity and Islam. London: Weidenfeld and Nicolson, 1989. pp 155-155.
  10. Curtis, Edward E (2002). Islam in Black America: identity, liberation, and difference in African-American Islamic thought. SUNY Press. стр. 119. ISBN 0-7914-5370-7.
  11. Nimtz, Jr., August H. (1980). Islam and Politics in East Aftrica. the Sufi Order in Tanzania. Minneapolis: University of Minnesota Press.
  12. 12,0 12,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име AHGC.
  13. Nasr (2003), p. 143
  14. 14,0 14,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име odpftr.
  15. Holt (1977a), p.263
  16. Berkshire Encyclopedia of World History, vol.4, p.1402
  17. Causes of Anti-Americanism in the Arab World: A Socio-Political Perspective[мртва врска] by Abdel Mahdi Abdallah (MERIA Journal. Volume 7, No. 4 - December 2003
  18. Arab-Israeli Conflict: Role of religion (Israel Science and Technology)
  19. Arab-American Psychiatrist Wafa Sultan: There is No Clash of Civilizations but a Clash between the Mentality of the Middle Ages and That of the 21st Century
  20. Islamic Revolution, Iran Chamber.
  21. Islamic Revolution of Iran Архивирано на 18 февруари 2004 г., MS Encarta.
  22. The Islamic Revolution Архивирано на 27 февруари 2009 г., Internews.
  23. Iran Islamic Republic, Encyclopedia Britannica.
  24. The Iranian Revolution.
  25. Headscarf row goes to Turkey's roots. BBC News. 2003-10-29.
  26. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име TR_Secularism.
  27. Çarkoglu, Ali; Rubin, Barry (2004). Religion and Politics in Turkey. Routledge (UK). ISBN 0-4153-4831-5.
  28. The Islamic veil across Europe", British Broadcasting Corporation (17 ноември 2006). Посетено на 13 декември 2006.