Политичка партија
Политичка партија или политичка странка е здружение на луѓе со исти политички цели и убедувања, кои се стремат да ја освојат државната власт за да ги остварат своите цели. Политиката на партијата често претставува агрегација на интересите во рамките на партијата, кои неизбежно варираат дури и помеѓу членовите на иста партија. При одредени изборни ситуации, потипични при пропорционални отколку при мнозински избори, владата може да биде формирана од повеќе партии, при што таквата влада се вика коалициона влада.
Серијал за Политика: |
---|
Подсерии од Политика |
Партиски системи
уредиПартиските системи можат да бидат еднопартиски, двопартиски и повеќепартиски.
- Во еднопартиските системи само една партија може да биде на власт. Во одредена држава со еднопартиски систем може да биде дозволено постоењето и на други партии, но во тој случај тие не можат да дојдат на власт. Ваква беше ситуацијата со неколку источноевропски комунистички системи како Источна Германија, Полска, Чехословачка и Бугарија.
- Двопартиски системи има во оние држави каде што се доминантни само две политички партии и каде победник на изборите може да биде само една од нив. Типичен пример за двопартиски системи се САД и Јамајка.
- Повеќепартиски системи се системи каде што врз политичките процеси во земјата влијаат три и повеќе партии. Најголемиот број демократски системи имаат повеќепартиски системи.
Политичките партии во светот
уредиБројот на политичките партии се разликува од земја до земја. така, во 2016 година, во Бугарија имало 137 партии, во Босна и Херцеговина имало 130 партии, а во Хрватска 122 партии. Во Србија биле регистрирани 90 партии, во Шведска имало 75 партии, во [[Македонија 58, во Црна Гора 45, а во Словенија имало 30 партии. Како земји со помал број партии се издвојуваче: Албанија (13), Косово (18) и Велика Британија, со 12 партии.[1]
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Политички партии низ светот Архивирано на 23 јули 2005 г.
- Политички ресурси на мрежата
- Леви политички партии низ светот Архивирано на 1 јули 2019 г.
Наводи
уреди- ↑ Искра Коровешоска, „Во Босна и Херцеговина има 130 политички партии, во Велика Британија само 12“, Дневник, година XX, број 6224, петок, 25 ноември 2016, стр. 4.