Алмохадска династија
Алмохади или Мухавиди (арапски: al-Muwahhidun, Единство во Бога[5][6]) биле берберска и маварско-шпанска династија (1147—1269), која била основана во 12 век. Во текот на нивното постоење, тие ја имале заземено цела Северна Африка до Египет и ел-Андалус односно Маварска Шпанија[7][8][9]. Династијата била основана од страна на Ибн Тумарт.
Алмохадска империја الموَحدون al-Muwahhidun | |||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1121–1269 | |||||||||||||||||||||
Flag | |||||||||||||||||||||
Статус | Империја | ||||||||||||||||||||
Главен град | Маракеш , Севиља | ||||||||||||||||||||
Говорени јазици | Класичен Арапски, Берберски , Мозарапски, Средновековен Хебрејски, African Romance | ||||||||||||||||||||
Вероисповед | Сунитски ислам, Римокатоличка, Јудаизам, Ибади, Суфизам | ||||||||||||||||||||
Уредување | Монархија | ||||||||||||||||||||
Халиф | |||||||||||||||||||||
• 1121-1130 | Абд ал-Мумин | ||||||||||||||||||||
• 1266–1269 | Идрис II | ||||||||||||||||||||
Историја | |||||||||||||||||||||
• Основана | 1121 | ||||||||||||||||||||
• Престанала да постои | 1269 | ||||||||||||||||||||
Површина | |||||||||||||||||||||
[3] | 2.300.000 km2 (890,000 sq mi) | ||||||||||||||||||||
1200 est.[4] | 2.000.000 km2 (770,000 sq mi) | ||||||||||||||||||||
Валута | Динар, Dobla Zaena, Dobla almohad) | ||||||||||||||||||||
|
Потекло
уредиДинастијата потекнува од Ибн Тумарт[10][11][12][13][14], кој бил член на берберското племе кое потекнува од регионот на планината Атлас. Ибн Тумарт бил син на свештеник, и како мал бил познат по својата побожност. Како мал тргнал на аџилак кон Мека. Пристигнал во Багдад каде се приклучил на ортодоксниот ислам каде на чело се наоѓал Ал Ашир. Тој всушност сам се стекнал со своето учење односно создал посебна идеологија комбинирајќи го учењето на Ал Ашир. На некој начин тој бил против антропоморфизот во муслиманската ортодоксија.
Основање
уредиКога се вратил во Мароко, Ибн Тамарт имал 28 години. Тој се занимавал со проповедање. Жестоко се спротивставувал на продажбата на вино и други луксузни стоки кои биле спротивни на исламските учења. Бил толку храбар што ја нападна сестрата на алморавидскиот емир Али Ила. По ова, емирот му дозволил да ја одбегне казната.
Тој се засолнил кај својот роднина Масмуд кај планината Атлас. Овде се сретнал со еден Бербер од Алжир по име Абд ал Мумин, кој бил војник и висок државник. Со основање на војска, во почетокот тој претрпел пораз во борбата со Алморавидите. Починал во 1128 година. Во 1130 година Абд ал-Мумин воспоставил своја власт, од каде започнале и успешните војни со Алморавидите.
Во 1147 година бил заземен градот Маракеш во Мароко. Во 1148 година ја зазел Кордоба, во 1154 година Гранада. Преку овие освојувања се прогласил за халиф. До неговата смрт, неговите територии се протегале од цела Северна Африка до Египет, ја имал заземено и Маварска Шпанија односно ел-Андалус. Негов наследник бил синот му Абу Јакуб Јусуф (влаеел во периодот од 1163-1184) и Јакуб ал-Мансур (1184-1199). Севиља во 1163 година станала престолнина на ел-Андалус.
Во почетокот, халифите протерале голем број на евреи и христијани во Кастиља, Арагон и Португалија. Јакуб ал-Мансур ја добил титулата победник по неговата победа во 1195 година над кралот на Кастиља Алфонсо III од Кастиља. Сепак не успеал да го зазеде Толедо.
Пропаѓање
уредиНаследник на Ал-Мансур бил Мухамед ал-Насир (1199-1214). Во 1212 година доживеал тежок пораз од страна на Кралство Кастиља, Кралство Арагон, Кралство Навара и Португалија. Тој пораз го означил пропаѓањето на династијата. Набргу доживеал нови порази од страна ан христијаните на Пиринејскиот Полуостров. Во 1236 година била изгубена Кордоба, во 1248 година Севиља. По ова, како единствена маварска држава останала Гранада. Истото се слуќувало и во Северна Африка. Династијата започнала да ги губи своите територии и таму. Нивни најголеми непријатели им биле Маринидите, кои ја основале следната мароканска династија. Последен емир бил Ирдис Ил, кој го поседувал само Маркеш а во 1269 година бил убиен од страна на негов роб.
Наводи
уреди- ↑ „Qantara“. Архивирано од изворникот на 2016-06-11. Посетено на 2013-02-21.
- ↑ „Qantara“. Архивирано од изворникот на 2016-06-11. Посетено на 2013-02-21.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ „Definition of ALMOHAD“. www.merriam-webster.com. Посетено на 2021-01-09.
- ↑ „Almohad definition and meaning | Collins English Dictionary“. www.collinsdictionary.com. Посетено на 2021-01-09.
- ↑ „Almohads | Berber confederation“. Encyclopedia Britannica (англиски). Посетено на 2021-05-05.
- ↑ Gerhard Bowering; Patricia Crone; Mahan Mirza; Wadad Kadi; Muhammad Qasim Zaman; Devin J. Stewart (2013). The Princeton Encyclopedia of Islamic Political Thought. Princeton University Press. стр. 34. ISBN 978-0-691-13484-0.
- ↑ „Almohads – Islamic Studies“. Oxford Bibliographies. 6 Jan 2020. Посетено на 11 Feb 2020.
- ↑ Naylor, Phillip C. (2015-01-15). North Africa, Revised Edition: A History from Antiquity to the Present (англиски). University of Texas Press. стр. 97. ISBN 978-0-292-76190-2.
- ↑ Arjomand, Said Amir (2022-10-25). Messianism and Sociopolitical Revolution in Medieval Islam (англиски). Univ of California Press. стр. 285. ISBN 978-0-520-38759-1.
- ↑ Bowering, Gerhard; Crone, Patricia; Mirza, Mahan (2013). The Princeton Encyclopedia of Islamic Political Thought (англиски). Princeton University Press. стр. 34. ISBN 978-0-691-13484-0.
- ↑ Julien 1970, стр. 108
- ↑ السلاوي, أبي العباس شهاب الدين أحمد/الدرعي (2014). الاستقصا لأخبار دول المغرب الأقصى 1-3 ج1 [Survey of the news of the countries of the Far Maghreb 1-3 Part 1] (арапски). Dar Al Kotob Al Ilmiyah دار الكتب العلمية. стр. 243. ISBN 978-2-7451-5495-8.