Кавказ — област во Евроазија што на север граничи со Русија, на југоисток со Турција, на запад со Црно Море, на исток со Касписко Море и на југ со Иран. Во Кавказ спаѓа и планинскиот венец Кавказ (Кавкаски Пл.) и околните низини.

Топографска карта на Кавказот.
Политичка карта на Кавказот.

Кавказ се граница помеѓу Европа и Азија, а за териториите во тој регион различно се смета дека му припаѓаат на еден или и на двата континента. Највисок врв на Кавказ е Елбрус (5.642 м) кој се смета и за највисок врв во Европа.

Кавказ е еден од лингвистички и културно најразновидните региони во светот. Денешните национални држави на Кавказ се пост-советските држави: Грузија, Ерменија, Азербејџан и делови од Русија. Руските делови се Ставрополски крај, Краснодарски крај а исто така и автономните републики Адигеја, Калмикија, Карачаево-Черкесија, Кабардино-Балкарија, Северна Осетија-Аланија, Ингушетија, Чеченија и Дагестан. Три територии во регионот тврдат дека се независни, но не се меѓународно признати: Абхазија, Нагорно-Карабах и Јужна Осетија.

Кавказ има огромно еколошко значење. На Кавказ има повеќе од 6400 видови растенија од кои 1300 се ендемски во регионот.[1] Меѓу кавкаските животни спаѓаат леопардот, кафеавата мечка, волци, европскиот бизон, планински кози и златниот орел. Во кавкаскиот пејзаж преовладува мешана шума и значајни површини од карпеста површина над шумскиот појас.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Ендеми на Кавказ (англиски)