Исламски пост
Рамазан е месец на пост во целиот муслимански свет. Тој е еден душевен ибадет којшто на верникот му го зголемува трпението и му го зајакнува телото. Пропишан е втора година по хиџра. Во месецот Рамазан почнала објавата на Куранот, како патоказ и јасен доказ за човештвото.
Постот како институција бил пропишан и на поранешните народи пред Мухамеда а.с.. Познато е дека и Муса а.с. постел четириесет дена. Постот е воспитно исламско средство кое нè учи да се совладаме себеси и нашите зли наклоности, кај нас развива сомилост и дарежливост, нè учи да бидеме храбри и издржливи.
Дефиниција на постот гласи: Воздржување од јадење, пиење, пушење, интимен однос од пред зора па сè до заоѓање на сонцето, со цел постигнување на Аллахово задоволство и награда.
Должен е да пости секој возрасен, паметен, присутен муслиман, и муслиманка која е надвор од месечен циклус или крвавење после породување.
Оваа статија исламот е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |